Упатство против
Следење и Надзор на Комуникации - СНК
Обично се користи фразата „следење и надзор на комуникациите“ – тука ќе ги разделиме.
Најпрво, што е тоа што е вредно за следење и надзор, и што се надзира и следи во комуникациите?
Се следат интересни луѓе.
Најпрво, што е тоа што е вредно за следење и надзор, и што се надзира и следи во комуникациите?
Се следат интересни луѓе.
Се што е паметно се следи – се што е глупаво се контролира!
Следење на вработените – во една фирма законски се прави преку детективска агенција која е овластена да прави проверки на профили на вработени – кај нас секоја фирма во исто време е и детективска агенција. По правило најдалеку би требало да имаат внатрешна контрола – ама малку е тоа. Генерално се складираат сите податоци што можат да се соберат во текот на работата. Тоа може да биде од кој кога влегол на работа, кога излегол, кој го барал на телефон, што разговарал со него (по можност), колку време се задржал на работа, што јадел, која крвна група е – ако умира шефот треба да се знае кој може крв да даде – горе-доле може вработените да се користат и како банка за крв – битно е шефот да се спаси на работникот како ќе му даде Господ, понатаму како го користат слободното време – кое е движењето во текот на денот, со кого комуницираат (за што по можност, содржината е битна), што користи некој дома во однос на производи, и за исхрана и за хигиена, понатаму каде патува, со кого се гледа, каде престојува во кој хотел, со која картичка плаќал, користи ли попусти, купони – ако користи од кај му е линкот, т.е. од кај ги добил, понатаму, љубовни/интимни контакти – овие им се омилени – најлесни се за користење за уценување – понатаму – имаат ли алергии, згодно е ако треба некој да проумре од компликации. Уште понатаму, се собираат сите податоци, броеви, шифри, броеви на печати/штембили, шифри за дигитални сертификати, интереси на патувања, читања книги, филмови, музика, концерти, –- траекторија на секојдневна рутина на движење, од каде јаде, од каде кафе си купува (телефонот се пингира редовно), однос со семејство и фамилија, однос со пријатели – кој од кај го познава и така до недоглед – генерално се што може да се знае се складира – од тоа се прави профил, вработениот дури и да си даде отказ – профилот ќе се продаде, едноставно има вредност на пазарот.
I. Начин за откачување од надзор на комуникации:
ПРЕД ДА ЗАПОЧНЕТЕ БИЛО ШТО ДА ПРАВИТЕ ИНСТАЛИРАЈТЕ НАЈНОВ ТОР ЗА ПРЕКУ НЕГО ДА ПРЕБАРУВАТЕ И ПРЕЗЕМАТЕ (ДАУНЛОАДИРАТЕ/СИМИЊАТЕ) СЕ ШТО ВИ ТРЕБА!!!
https://udba-mk.weebly.com/tor.html
0. На компјутерот (компјутерите) инсталирајте Emsisoft Emergency Kit и скенирајте со него – во меѓу другото го детектира и Финфишерот.
https://www.emsisoft.com/en/software/eek/download
1. Кога ги променувате лозинките/шифрите, правете го тоа преку нова виртуелна машина. Инсталирајте VMWare Workstation.
https://www.vmware.com/go/getworkstation-win
2. Виртуелната машината нека биде со официјален х64-битен Windows 7 SP1 (Refresh iso), неактивиран.
- користете DuckDuckGo во Tor за да го најдете:
en_windows_7_ultimate_with_sp1_x64_dvd_u_677332.iso
Од апдејти не инсталирајте ништо - оти ќе ви симне телеметри, инсталирајте само најнов прелистувач (и тој со селектирана опција при инсталација - да не праќа податоци). И тој прелистувач да биде симнат однатре од виртуелната. Не инсталирајте VMWare tools (драјвери)!
3. Направете бекап и форматирајте го компјутерот со Paragon Partition Free manager - ги брише остатоците од Boot секторите - порано телеком користеа блокажа на BIOS-от врзана со бутирачкиот сектор на матичната плоча кај што се инсталира OEM сертификатот (во времето на Windows Vista), за да не можат луѓето да си ги форматираат компјутерите купени од T-Home и да им инсталираат XP. Paragon-от брише се 100%.
Конкретно се користи WinPE bootable disk - бутабилно ЦД кое треба сами да го создадете.
https://www.paragon-software.com/free/pm-express/
4. На ново свежо форматиран и инсталиран оперативен систем во нова виртуелна машина направете му бекап на телефонот.
Се бекапира:
- листата на контакти – која се експортира во формат Excel .csv; на целата листа се прави „Select all“ па copy-paste во Notepad, па вратете ја назад во нов Excel и зачувајте ја како „nekoeime.csv“.
- од медија земете само слики и видеа (без музиката), тоа комплет ставете го во една папка, и таа папка скенирајте за вируси со анти-вирусот Kaspersky Total Security (со најнови дефиниции) - исто free не помислувајте да кракувате било што, не ви требаат вируси/тројанци, ова го правите во насока да се исчистите, а не да се заразите дополнително. Пред почетокот на скенирањето исклучете го интернетот – затоа што некои детектирани вируси таму каде што се најдени можат заедно со фајлот да бидат препратени до серверите на Kaspersky (заради тоа препраќање го забранија во САД, во секој случај е најефективен во однос на медијата).
https://www.kaspersky.com/downloads/thank-you/total-security-free-trial
- додека сте во виртуелната машина ставете USB стик - ќе биде вчитан директно во виртуелната. Без да го отворате да видите што има на него, форматирајте го директно на full (дештиклирајте „Quick format“). Овој процес ќе трае зависно од големината на USB-то затоа подобро користете некое помало.
- префрлете ја медијата и Excel документот на USB-то.
- USB-то не го вадете со Eject – туку само извадете го физички од компјутерот (ако има ламбиче – тоа треба да не трепти во моментот на вадење) - во спротивно откога ќе му направите Eject во виртуелната автоматски ќе се вчита на хостот (физичкиот компјутер) - не го сакате тоа сега.
5. Телефонот вратете го на factory reset.
6. Претходната виртуелна машина се брише. И се инсталира трета нова.
(претходната што сте ја користеле за бекап на телефонот избришете ја затоа што виртуелните машини можат да комуницираат меѓу себе, додека за комуникација со хостот им требаат драјвери - вие секако не ги инсталирате.)
7. Од страната на фирмата-производител на телефонот се симнува оригиналниот или најнов firmware (оперативен систем) и телефонот се флешува со него преку USB кабел. Постои можност во процесот да се изгуби македонскиот јазик за менито.
8. На преинсталираниот мобилен телефон исто така преку виртуелна машина му се враќа бекапот.
НИКОГАШ НЕ МУ ВЕРУВАЈТЕ 100% НА ОПЕРАТОРОТ ДЕКА ИНСТАЛИРАЛ „ЧИСТ“ оперативен систем (firmware/rom) на телефонот - дајте реално во оваа кодошка држава зошто би го направиле тоа?!
Сега, ако ве тераат од работа да имате инсталирано некоја „задолжителна“ апликација, тогаш не го користете тој телефон и за мејлови, фејсбук итн... ќе ви требаат два телефони.
II. Начин за откачување од следење на комуникации:
Следењето за разлика од надзорот се однесува директно на физичката локација – се следи мобилниот апарат каде се наоѓа во единица време преку пингирање односно преку логирање на неговото „фаќање“ мрежа од предавателите на мрежата.
Не сите телефони можат да бидат следени односно евидентирани од мрежата во однос на GPRS/GPS. Телефоните кои се од многу стар датум – односно произведени од пред 2000-та година ја немаат оваа технологија. Па затоа можат да се видат луѓе од висок профил како наместо модерен смарт телефон користат некоја „цигла“ што не е од овој век.
Понатаму, низ текот на периодот 2001-2006 година постоеја кодови за Нокиа телефоните со чие внесување во телефонот „го откачуваа“ од мрежата, при што операторот го чита трошењето на импулсите и не доаѓа до крадење, но физички не може да го лоцира каде е телефонот.
Поприфатлива варијанта за повеќето луѓе во денешно време е да го исклучуваат целосно телефонот кога не им е потребен.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.