Briar
Што е Briar?
Briar е апликација за разменување пораки и слики дизајнирана за активисти, новинари, и секому кому му е потребен безбеден, лесен и робустен начин на комуникација. Како работи Briar? За разлика од традиционалните апликации за разменување пораки, Briar не се потпира на централен сервер – пораките се синхронизирани директно помеѓу уредите на корисниците. Ако Интернетот е паднат, Briar може да се синхронизира преку Bluetooth или Wi-Fi, зачувувајќи ги информациите да не се изгубат при падот на Интернет мрежата. Ако се врати Интернет мрежата, Briar може да се синхронизира преку Тор мрежата, заштитувајќи ги корисниците и нивните врски со соговорниците од следење и надзор. |
Упатството (анг.) за користење опишува како се користи Briar и неговите можности. Техничките детали се достапни на wiki.
Briar користи директни, енкриптирани поврзувања помеѓу корисниците за да спречи следење, надзор и цензура.
Обичните софтвери за разменување пораки се потпираат на централизирани сервери и со тоа ги изложуваат пораките и односите на луѓето на следење и надзор.
Briar овозможува приватно разменување пораки / четување, јавни форуми и блогови кои заштитени од следните закани на следење, надзор и цензура:
★ СЛЕДЕЊЕ И НАДЗОР ВРЗ МЕТА-ПОДАТОЦИТЕ. Briar ја користи Тор мрежата за да оневозможи прислушувачите (средишни луѓе под што се подразбираат оние кои го пресретнуваат сигналот: хакерите, вработените во Интернет провајдерите, операторите, владините агенции) да дознаат кои корисници разговараат меѓу себе. Секоја корисничка контакт листа е енкриптирана и складирана на уредот на корисникот.
★ СЛЕДЕЊЕ И НАДЗОР НА СОДРЖИНАТА НА ПОРАКИТЕ. Сите комуникации помеѓу уредите се енкриптирани од-крај-до-крај, заштитувајќи ја содржината од пресретнување и упаѓање во неа.
★ ФИЛТРИРАЊЕ НА СОДРЖИНАТА. Енкрипцијата од-крај-до-крај на Briar превенира филтрирање по клучен збор и бидејќи е дизајнирана да биде децентрализирана не постојат сервери за блокирање.
★ ИЗВРШНИ НАРЕДБИ. Секој корисник кој се претплатува (зачленува) на форум зачувува копија од содржината на форумот, па со оглед на тоа не постои единствена точка каде објавата може да биде избришана.
★ НАПАДИ ЗА ИСФРЛАЊЕ ОД УПОТРЕБА. Форумите на Briar немаат централизиран сервер кој би можел да биде нападнат и секој претплатник (член) има пристап до нивната содржина дури и кога тие се исклучени (офлајн).
★ ИСКЛУЧУВАЊА (ПАЃАЊА) НА ИНТЕРНЕТ МРЕЖАТА. Briar може да работи преку Bluetooth или Wi-Fi за да ги зачува информациите за време на прекините на Интернет поврзувањето.
Briar е дизајниран да биде отпорен на следење, надзор и цензура од противниците кои ги имаат следниве можности:
• Сите широко-појасни комуникациски канали (Интернет, телефонска мрежа, итн.) се сеопфатно мониторирани од противниците.
• Противниците можат да го блокираат, одложуваат, возвраќаат и модификуваат сообраќајот на широко-појасните комуникациските канали.
• Противниците имаат ограничена можност да мониторираат кратко-појасни комуникациски канали (Bluetooth, Wi-Fi, итн).
• Противниците имаат ограничена можност да го блокираат, одложуваат, возвраќаат и модификуваат сообраќајот на кратко-појасните комуникациските канали.
• Противниците можат да распоредат неограничен број на уреди на кои има инсталирано Briar.
• Постојат корисници кои можат да ги зачуваат безбедни своите уреди – тоа се оние кои не се земени во предвид за целта на моделот на закана, да бидат контролирани од противниците.
• Противниците имаат ограничена можност да ги убедат корисниците да им веруваат на нивните агенти – така што бројот на социјални поврзувања помеѓу агентите на противниците и остатокот од мрежата е лимитиран.
• Противниците на можат да ги пробијат стандардните криптографски основи.
Идни планови и цели на Briar:
Нашите долгорочни планови одат далеку преку разменувањето пораки: ќе ги користиме можностите на податочна синхронизација на Briar за да поддржиме безбедни, дистрибуирани апликации вклучувајќи „мапирање на кризи“ и симултано уредување на документи од повеќе корисници истовремено.
Нашата цел е да им овозможиме на луѓето во секоја земја да создадат безбедни места каде ќе можат да дебатираат за секоја тема, план, настан и да организираат социјални движења.

Што ако немате Андроид?
Во тој случај:
1. Преземете го BlueStacks од овој линк и инсталирајте го на вашиот компјутер.
BlueStacks всушност претставува Android емулатор.
2. Потоа преземете го Briar од овој линк и инсталирајте го во BlueStacks (само двоен клик ќе го инсталира внатре автоматски).
3. Во BlueStacks нема потреба да бидете логирани на вашиот Google Account.
4. Стартувајте го Briar и кликнете доле десно на копчето „+“ и одберете една од двете опции:
- Копче 1 - Посредно (доколку не сте физички до контактот);
- Копче 2 - Непосредно (доколку сте физички до контактот и вашите уреди се еден до друг).
5. Посредно: Доколку контактот со кој сакате да се поврзете не сте во можност физички да се сретнете со него, тогаш кликнете на првото копче и ќе бидете однесени на страна на која треба да си размените линкови за поврзување со контактот. Тоа сторете го преку e-mail или СМС порака.
6. Откако ќе го добиете линкот на контактот кликнете на Continue / Продолжи.
Потоа треба да му дадете ИМЕ на контактот, и треба да почекате истиот процес да го направи и тој од другата страна.
7. Сега можете да си разменувате пораки и да си испраќате слики безбедно и анонимно.

© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.