Tor / Top
Тор (анг. The Onion Router - TOR) е слободен софтвер кој овозможува анонимна активност на Интернет и отпор кон цензурата. Дизајниран е да им овозможи на корисниците анонимно сурфање на Интернет, со што нивните активности и локација нема да можат да бидат откриени од страна на владините безбедносни агенции, корпорациите или било кој друг.
Преведени двата збора од фразата „onion routing“ - „кромид“ и „пренасочување“ се однесува на програмски слоеви на криптирање, залепени еден до друг како лушпи од кромид, користени за анонимизирање на комуникацијата. |
Tor Browser 9 достапен на македонски јазик!
Како настанал Тор?
Проектот првично бил развиен во 90-тите години на минатиот век од Морнаричката лабораторија за истражување на САД од страна на математичарот Пол Сиверсон и компјутерските научниците Мајкл Рид и Дејвид Голдшланг, со намера за заштита на американската разузнавачка онлајн комуникација. Во 2004-та година бил објавен под слободна лиценца.
Што претставува Тор мрежата?
Тор мрежата е група на волонтерски сервер оператори кои што им овозможуваат на луѓето да ја унапредат нивната приватност и безбедност на Интернет. Тор корисниците ја ставаат во функција оваа мрежа со поврзување низ серија од виртуелни тунели наместо да се поврзуваат преку директна врска, што попатно им овозможува и на организациите и на индивидуалците да споделуваат информации преку јавни мрежи без да ја загрозуваат нивната приватност. Тор го пренасочува Интернет сообраќајот преку доброволна мрежа која е изградена од повеќе од 5000 релеа (посредувачки, засилувачки и преусмерувачки точки на сигналот) со цел да се сокрие локацијата на корисникот од оние кои вршат надзор на мрежата или анализа на мрежниот сообраќај. Користењето на Тор ја прави многу тешка скоро невозможна Интернет активноста да биде следена, или откриена кој корисник стои зад неа, овде потпаѓа: посетувањето на веб страните, онлајн постовите, инстант пораките и други форми на комуникација.
Во истата линија, Тор е ефективна алатка за заобиколување на цензурата, овозможувајќи им на неговите корисници да им пристапат на блокираните или цензурираните дестинации или содржини. Тор исто така може да биде користен за врз него да биде развиван софтвер од страна на програмерите за да создаваат нови алатки за комуникација со вградени карактеристики кои ја ставаат приватноста на прво место.
Најлесна споредба е да земеме дека наместо до дадена локација да стигнете директно, да тргнете по некои заобиколни патишта, со многу раскрсници по патот, и плус на тоа да ги бришете вашите траги. Е сега ако некој ве види на сред пат тешко дека ќе може да каже каде сте се упатиле, а исто така ни од каде доаѓате. Сега на ваше место ставете ги вашите податоци и ќе Ви стане јасно како Тор функционира.
Според извадок од протечена класифицирана информација со степен државна тајна (анг. Top Secret) на Националната Безбедносна Агенција – НСА (анг. National Security Agency - NSA) го карактеризира Тор како:
„Крал на високата сигурност, со мала латенција (успорување) за Интернет анонимноста“ „без конкуренција за престолот“.
Тор денес постои како засебен Интернет пребарувач кој го прави многу лесен и достапен за користење. Всушност Тор е изграден врз основата на Интернет прелистувачот Mozilla Firefox кој е со отворен код, што пак како предност го има тоа што сите проширувања (екстензии) кои работат за Firefox работат и за него, и плус за користење ја има земено портабилната верзија, така што неговата употребливост оди чекор понатаму па може да се инсталира и на УСБ, со што може да се вклучи на секој компјутер.

Зошто ни е потребен Тор?
Користејќи го Тор се заштитувате од секојдневни форми на следење на Интернетот познати како „анализи на сообраќајот“. Анализите на сообраќајот може да бидат користени за да се идентификува кој со кого разговара преку јавните мрежи. Знаењето на изворот и дестинацијата на вашиот Интернет сообраќај им дозволува на други да ги следат вашите навики и интереси. Ова може да влијае на вашиот буџет, на пример, преку дискриминација на цена базирана на вашата земја или компанијата од која пребарувате. Може да ја донесе во опасност дури и вашата работа или физичката безбедност преку откривање на тоа кој сте Вие и каде се наоѓате (вашата моментална локација). На пример, ако патувате во странство и се приклучите на компјутерите на вашиот работодавач за да проверите или пратите е-пошта, можете несакајќи да ја откриете вашата националност или професија на секој кој ја надгледува мрежата, па дури и поврзувањето да е енкриптирано.

Како работат анализите на Интернет сообраќајот?
Интернет пакетите со податоци кои имаат два дела: податочен дел и заглавје - кое се користи за транспортирање на податоците. Податочниот дел е се она што може да биде испратено, без разлика дали е тоа е-пошта, веб страна или аудио датотека. Дури и да ги енкриптирате податоците на вашата комуникација, анализите на сообраќајот сеуште можат да откријат доволно за тоа што правите, и евентуално што зборувате. Ова е вака затоа што анализите на сообраќајот се фокусираат на заглавјето, кое што го открива изворот, дестинацијата, големината, времето итн.
Ако се логирате на Гугл или Фејсбук преку Тор, локалниот Интернет Провајдер (пример. оне.ВИП, Т-Хоме или др.) не знае дека ги посетувате Гугл и Фејсбук. Гугл и Фејсбук не знаат каде се наоѓате географски во светот. Како и да е, кога ќе се логирате тие знаат кој сте вие. Ако не сакате да споделувате информации, контролата сега е во ваши раце.

Како работи Тор?
На изглед работи како обично прокси, кое ја маскира Вашата IP адреса:
На изглед работи како обично прокси, кое ја маскира Вашата IP адреса:
Но, всушност во позадина се случува многу пософистициран процес на тоа:
Кој го користи Тор?
★ Луѓето го користат Тор за да останат безбедно поврзани со нивните пријатели и семејството и да избегнат да бидат следени од реклами.
★ Новинарите го користат Тор за безбедно истражување на стории за кои пишуваат.
★ Бизнисмените го користат Тор за да ја зачуваат приватноста на своите деловни тајни.
★ Активистите го користат Тор за слободно да ги искажуваат нивните мислења и верувања.
★ Безбедносните органи и истражителите го користат Тор за анонимно мониторирање на веб страните и услугите на осомничените.
★ Блогерите го користат Тор за да ги соберат луѓето кон социјална реформа.
★ Работниците го користат Тор за да се борат за правда без страв дека ќе ја изгубат работата.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.