★ Кога ќе отидете со глувчето (маусот) врз зборовите со црвени букви, курсорот ќе се појави со „?“ и ќе ви се појави дообјаснување за дадениот поим/термин.
★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
Историјат на безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Македонија / Република Северна Македонија (1991-денес)
1991 – Модернизација на Службата за државна безбедност - СДБ
Со Билансот (денешен ребаланс кој се прави на половина календарска година) на приходите и расходите на републичкиот буџет за 1991 година биле предвидени 150.000.000 динари за „Програма за модернизација на Службата за безбедност за периодот 1991—1995 година“.
Курсот на динарот во август 1991 година бил 22.7 динари = 1 американски долар.
150.000.000 динари = 6.607.929 американски долари (состојба на валутите од август 1991 година) што конвертирано во денешна вредност, имајќи ја во предвид инфлацијата од 85.67% во однос на цените од 1991 година
денес 24.11.2018 година 6.607.929 американски долари од 1991 година вредат колку денешни 12,269,061 американски долари,
или во македонски денари: 664.615.034 или со букви 664 милиони 615 илјади и 34 денари, во евра со денешен курс 61.5: 10.806.748 евра.
Со Законот за Изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи од 1980 година (Сл. весник бр.36/91) од 6 август 1991 година се врши преименување на „Секретаријатот за внатрешни работи на СРМ“ во „Министерство за внатрешни работи на РМ“, а во состав на Министерството работите од државната безбедност продолжува да ги работи Службата за државна безбедност.
1992 – Сектор-Служба за Воена Безбедност и Разузнавање - ССВБиР
Произлезен со акт за систематизација на Министерство за Одбрана после трансформирањето на Републичкиот Секретаријат за народна одбрана на СР Македонија во Министерство за одбрана по осамостојувањето.
Во организацијата на Министерството за одбрана е набројана како:
V. (5-ти) СЕКТОР-СЛУЖБА ЗА ВОЕНА БЕЗБЕДНОСТ И РАЗУЗНАВАЊЕ
Сектор-Службата за воена безбедност и разузнавање врши работи во врска со планирањето, организирањето и спроведувањето на разузнавањето, контраразузнавањето и заштитата на силите во Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
1992 – Ј2 Разузнавање, контраразузнавање и безбедност
Основано со: Уставот преку основањето на АРМ.
Мисија:
Собирање, анализирање и произведување на разузнавачки производи, за:
- заштита на територијалниот интегритет, независноста и пошироките интереси на Р. Македонија
- учество со декларирани сили во операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти предводени од НАТО;
- Разузнавачка поддршка на хуманитарни операции и операции за поддршка на мирот при справување со природни катастрофи и хуманитарни кризи.
Задачи:
1. Воено разузнавање:
- Планира, организира и спроведува разузнавачка поддршка за потребите на ГШ на АРМ, потребни за донесување одлуки при употреба на АРМ во различни видови операции во Р. Македонија и странство;
2. Контраразузнавање:
- Планира, организира и спроведува мерки за КРз во АРМ;
- Детектира непријателско разузнавачки капацитети за собирање податоци;
- Увид во можностите на непријателското разузнавање за попречување на непријателското влијание;
- Обезбедува КРз операции заради заштита на силите.
3. Безбедност:
- Увид во критичните точки на физичката безбедност;
- Координација и извршување на безбедносна проверка и контрола.
4 Штабно планирање:
- Поддршка на процесот на планирање и донесување на одлуки;
- Поддршка на процесот на планирање и одржување на функционални врски со ССВБиР со цел обезбедување на квалитетни разузнавачки податоци и анализи;
- Поддршка на задачите и обврските од доменот на работата на ГШ со кои се подржува мисијата;
- Одговара за планирање и извршување на заштита на разузнавачки вежби.
1992 – Царинска Управа
Царинската управа е орган на државната управа во состав на Министерството за финансии со својство на правно лице. До 1991 година царинската служба делуваше во рамките на поранешна СФРЈ, а со осамостојувањето на Република Македонија се формираше и Царинската управа на Република Македонија. На 14 април 1992 година Собранието на Република Македонија го усвои Царинскиот закон со кој е основана Царинската управа на Република Македонија која од тој момент го стекна суверенитетот и контролата на целото царинско подрачје на Република Македонија и токму овој ден се прославува како Ден на царината.
Во состав на Царинска Управа функционира и Одделението за разузнавање при Секторот за контрола и истраги.
1995 – Од СДБ во Дирекција за безбедност и контраразузнавање – ДБК
Службата за државна безбедност - СДБ (поранешна СДБ за Македонија) прекинала до постои со донесување на новиот Закон за Внатрешни работи (Сл. Весник на Р.М. бр.19/95) од 06.04.1995 година, така што надлежностите на СДБ преминале во надлежности Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање - ДБК како составен дел од Министерството за внатрешни работи.
Сите сектори освен Сектор 1 на СДБ преминале во ДБК.
Основана: како составен дел од Министерството за внатрешни работи, каде според чл.3 ст.1 се вели:
„За извршување на работите сврзани со безбедноста и контраразузнавање се основа Дирекција за безбедност и контраразузнавање (во натамошниот текст: Дирекцијата), како орган во состав на Министерството.“
Произлегува од:
Поранешната Служба за државна безбедност – СДБ.
Делокруг на работа:
Според чл.1:
- спречувана на насилно уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија;
- обезбедување на определени личности и објекти;
Надлежности:
Според чл.13 ст2. надлежна е за:
заштита од шпионажа, тероризам или други активности насочени кон загрозување или уривање на демократските институции утврдени со Уставот на Република Македонија со насилни средства, како и заштита од потешки форми на организиран криминал.
Опис на работа:
Според чл.16 се вели:
„Во вршењето на работите од својата надлежност работниците на Дирекцијата имаат право да собираат податоци, известувања и информации од својот делокруг.
Граѓаните, органите, претпријатијата и другите правни лица се должни да им овозможат уредно вршење на работите на работниците на Дирекцијата.“
Од содржината на членот 16 е произлезена фразата „Нема: Нејќам, не сакам.“ т.е. тоа се однесува на тоа дека кога ДБК некој ќе го повика на разговор тој не може да одбие и мора да дојде.
Посебно овластување на вработените во ДБК:
Вработените во ДБК и со новиот закон им останало посебното овластување како и на вработените во СДБ да можат во итни случаи да го запрат кое возило сакаат и да му наредат на возачот да излезе и да им го отстапи возилото. Тоа произлегувало од чл.33 од Законот за Внатрешни работи (Сл. Весник на Р.М. бр.19/95) од 06.04.1995 година, каде се вели:
„Заради фаќање на извршител на кривично дело кога непосредно го гонат, заради превезување на жртва на кривично дело, елементарна непогода или друг несреќен случај до најблиската здравствена организација, како и за извршување на други службени задачи од итна природа, овластените службени лица и работниците со посебни должности и овластувања на Дирекцијата само за извршување на службени задачи од итна природа, имаат право да се послужат со сообраќајни средства и со средства за врски до кои можат да дојдат, ако тоа не можат да го извршат на друг начин. За употребата на сообраќајното средство или средството за врска му се издава потврда на сопственикот, односно корисникот на средството.
Сопственикот, односно корисникот на сообраќајното средство или средството за врска има право на надоместок на стварната штета предизвикана со употребата на средството.
Надоместокот на штетата од став 2 на овој член паѓа на товар на Буџетот на Република Македонија.“
Од овој член произлегува фразата „Излегуј ДБК!“.
Одговара пред:
Според чл.14 Министерот за внатрешни работи и Влада на Република Македонија
Надзор:
Според чл. 17:
„Собранието на Република Македонија врши надзор над работата на Дирекцијата преку соодветна комисија.“
Органограм:
Според чл.15:
„На предлог на директорот на Дирекцијата, министерот донесува акти за организација и работа и за систематизација на работните места на Дирекцијата, на кој Владата на Република Македонија дава согласност.
Во актот за систематизација на работните места на Дирекцијата се утврдуваат работните места со посебни должности и овластувања.“
Според овој член актот за организација и работа, и актот за систематизација на работните места во ДБК е класифициран со степен: „СТРОГО ДОВЕРЛИВО - СД“.
Како се воделе досиејата и евиденцијата во ДБК?
Види: галерија
Извор: Црните Страници на УДБА
Наша Забелешка (н.з.):
ВНИМАНИЕ!
Доколку ја читате „Црните страници на УДБА“ издадена од државен архив на Р. Македонија, имајте во предвид две работи:
– прво, дека истата е пишувана под надзор на тогашниот директор на Државен Архив Филип Петровски – ВМРОвски идеолог, и
- второ и тој самиот не можел да знае што од документите кои се донесени во Државен Архив се оригинали, односно дали во просториите на тогашна УДБ-а/СДБ/ДБК е уништуван материјал, дали е вршен фалсификат на старите документи пред тие да бидат доставени до Државниот Архив. Постои можност оригинална документација да била уништена како што беше уништена документацијата на УБК во 2015 година.
Земете во предвид дека оганот е пронајден уште во камено доба, за уништување не е потребна дробилица.
Црните страници на УДБ-а, СДБ, ДБК, УБК, треба да ги пишуваат паталците од нив, а не партиските и политички гаталци кои се во вечна служба на разузнавачките служби.
1995 – Од Сектор 1. Разузнвање на СДБ во Агенција за разузнавање - АР
Основана: како самостоен орган на државна управа со Закон за Агенција за разузнавање
(Сл. Весник на Р.Македонија бр.19/95) од 06.04.1995 година.
Произлегува од: Сектор 1. Разузнавање на Службата за државна безбедност - СДБ на Р. Македонија.
Опис на работа и надлежности:
Според чл.2. од законот:
Агенцијата е надлежна да собира податоци и информации од значење за безбедноста и одбраната на Република Македонија и стопанските, политичките и другите интереси на државата.
Одговара пред:
Според чл.4 од законот:
За својата работа и работата на Агенцијата директорот му одговара на претседателот на Република Македонија.
Владата на Република Македонија може да побара одговорност на директорот за работата на Агенцијата.
Надзор:
Собранието на Република Македонија врши надзор над работата на Агенцијата преку Комисијата за Надзор на работата на безбедносните служби.
2000-јануари – Афера прислушување „Големото Уво“ Афера „Големо уво“ — афера која избувнала во Македонија кон крајот на 2000 година, кога било откриено дека Министерство за внатрешни работи на Македонија прислушкувало стотици политичари, новинари и дипломати. Аферата „Големо уво“ започнала кога лидерот на опозициската СДСМ, Бранко Црвенковски, на 17 јануари 2000 година на прес-конференција во седиштето на партијата обелоденел стенограми од разговори на политичари, новинари и дипломати кои биле прислушкувани. |
На 22 јануари, Основното јавно обвинителство испратило барање до Основниот суд Скопје 1, барајќи да се спроведат истражни мерки и сослушување на 70 сведоци. Обвинителот Марко Зврлевски во текот на спроведување на истрагата барал одговор од Бранко Црвенковски да каже кој му ги дал транскриптите, но тој одбил да одговори. Се смета дека материјалите на Црвенковски му биле дадени од страна на Зоран Верушевски, поранешен директор на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање.
Вештачењето што било направено во 2001 година, покажало дека Министерството за внатрешни работи и Македонски телекомуникации имале соодветна опрема за прислушување.
Вештачењето што било направено во 2001 година, покажало дека Министерството за внатрешни работи и Македонски телекомуникации имале соодветна опрема за прислушување.
Извори
Види: „Афера - Големо уво“Ова е верзија за тоа како настанала аферата, раскажана и поткрепена со докази во објава на Љупчо Палевски, поранешен претседател на СДСМ - Скопје, објавена на неговиот портал treta.mk од 15.07.2018 година.
ВНИМАНИЕ!
Текстот е прераскажан а не преземен во интегрална верзија поради авторските права врз него.
Земете во предвид дека оваа верзија е поткрепена со скенирани документи во фотокопија а не во оригинал.
Според неговата верзија:
--- Аферата била осмислена од страна на тогашниот опозициски лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, како решение за разнишување на тогашна власт на ВМРО-ДПМНЕ предводена од тогашниот премиер Љубчо Ѓорѓиевски, со цел да се врати на власт.
Операцијата била изведена со логистичка поддршка на тогашниот министер за одбрана Никола Кљусев и тогашниот помошник-министер за одбрана за воено разузнавање и безбедност, Сашо Мијалков. Тие набавиле софистицирана опрема за прислушување од тогашни реномирани светски производители преку фирма-увозник „БЕМА-ДООЕЛ“ сместена во населбата Капиштец и нема ниту еден вработен.
Парите за опремата биле платени од Министерството за финансии со кое тогаш раководел Борис Стојменов. За целата оваа операција не биле известени тогашниот премиер Љубчо Ѓорѓиевски и тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска.
Од опремата за прислушување, по патот од Царина до Министерството за одбрана, „исчезнал“ т.н. „мозокот на опремата“ т.е. софтверот од 20-тина ЦД-а за прислушување.
Се сметало дека тие завршиле во рацете на Бранко Црвенковски, кој во стан во Лептокарија во Скопје поседувал опрема за прислушување, која всушност била старата опрема за прислушување на военото разузнавање која му ја дал тогашниот раководител Сашо Мијалков.
Инсталираната опрема за прислушување со новиот софтвер била оперирана од Зоран Верушевски, поранешен директор на ДБК (1997г.) и Лазар Китановски, а биле вклучени и уште неколку оперативци од кои двајца од нив биле судени во случајот „Шпион“.
Откога се собрале доволно материјали од нелегалното прислушување на политичари и новинари, Бранко Црвенковски на прес-конференција во јаунари 2000 година ја објавил аферата и им поделил транскрипти од прислушуваните разговори на новинарите.
За оваа афера биле обвинети тогашната министерка за внатрешни работи Доста Димовска, началникот на управата за оперативна техника (5-та управа) на ДБК Александар Цветков и министерот за одбрана Љубен Пауновски.
Сашо Мијалков и Никола Кљусев не биле обвинети затоа што неколку месеци пред да се објави аферата биле сменети од нивните функции поради неовластено тргување со Српски фабрики за оружје испорачувајќи им огромни количини на барут и друг репро материјал.
Исходот од аферата било тоа што Доста Димовска си поднела оставка и тогашниот претседател на РМ Борис Трајковски ја назначил за Директорка на Агенцијата за Разузнавање. ---
Во 2003 година по промена на власта било покренато обвинение против Доста Димовска и Александар Цветков за аферата „Големото уво“. Двајцата, скопското обвинителство ги товарело како нарачатели.
Аферата завршила со Одлука (бр. 07-396 од 07.04.2003 година) за „Помилување-ослободување од гонење без спроведување на постапка“ (објавена во Сл. Весник на Р.М. бр.25/03 од 8 април 2003 година) донесена од тогашниот Претседател на Р.М. Борис Трајковски, обвинетите Доста Димовска поранешна министерка за внатрешни работи (1998-2001г.) во Владата на Љубчо Георгиевски и тогашна директорка на Агенцијата за Разузнавање, и поранешниот началник на управата за оперативна техника (5-та управа) на ДБК Александар Цветков, двајцата биле аболирани за случајот „Големото Уво“ од 2000 година во кој биле прислушувани 190 јавни личности.
Поради незадоволство од исходот, дел од новинарите кои биле прислушувани, ја тужеле Р. Македонија и пред судот во Стразбур во 2006 година. Во 2013 година, 17 новинари го добиле случајот во судот во Стразбур.
2000-јули 5 – Декласификација на досиејата за лица водени од службата за државна безбедност
По иницијатива на тогашниот премиер на Р. Македонија Љубчо Георгиевски беше направена декласификација на личните досиеја водени дотогаш од страна на сите служби за државна безбедност кои работеле во Р. Македонија започнувајќи од 1945 година, и за таа цел беше донесен Законот за Постапување со досиеја за лица водени од службата за државна безбедност (Сл. весник на Р. Македонија бр.52/2000) од 05.07.2000 година.
Според чл.1 од законот:
„Со овој закон се уредува постапката на информирање и пристап до личните досиеја, водени од страна на поранешната Служба за државна безбедност, односно Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање при Министерството за внатрешни работи за периодот од 1945 година до денот (13.07.2000г.) на влегувањето во сила на овој закон, постапката за нивно натамошно чување, користење и уништување, како и контрола врз законитоста на преземените активности, согласно со овој закон.“
2000-јули 21 – Од ДБК во УБК
Според чл.65 ст.1 алинеја 1 од Законот за Организација и работа на органите на државната управа (Сл. весник на Р. Македонија бр.58/2000) од 21.07.2000 година:
„Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање продолжува да работи како Управа за безбедност и контраразузнавање, орган во состав на Министерството за внатрешни работи.“
УБК била само номинативно набројана како дел од државната управа но промената не била внесена во тогашниот Закон за внатрешни работи од 1995 година.
2002-ноември - Попис
Во последните два реда од транскриптот пишува:
„Ова е хаос, повеќе во оваа држава не се почитува ни попис ни ништо. Не може луѓе да бидат приведени основното...“
Објаснување на сликата:
Ова е транскрипт за прислушуван разговор случен во периодот од 1-ви до 15-ти ноември 2002 година за време на спроведувањето на „Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија“ помеѓу Бранко Црвенковски тогашен премиер и Борис Трајковски тогашен претседател на РМ.
Потеклото на овој транскрипт е од емисијата „KOD - Razuznavackite igri na Verushevski i cvrtstite divogradbi vo Ohrid“ од 29.09.2019 година објавена на YouTube каналот на Снежана Лупевска Созен.
Оваа „слика“ од транскриптот е добиена на начин што повеќе фрејмови од видеото во максимална Full HD резолуција се искомбинирани на начин да се отстрани водениот печат кој во различна единица време се наоѓа на различна позиција поради движење на видео камерата врз документот а се тоа со цел транскриптот да биде читлив. Водениот печат т.е. логото на емисијата КОД во секој случај е зачувано и е ставено во средината на документот за да се запази изворот и потеклото на транскриптот.
Земете во предвид дека овде се работи за прочистување на видеото како би се добила читлива слика а не за фотомонтажа, овде нема ништо монитрано, и на крај секако можете да го погледнете изворно видеото од емисијата на следниов линк:
Линк до емисијата: KOD - Razuznavackite igri na Verushevski i cvrtstite divogradbi vo Ohrid
(Видеото е позиционирано на точното време 21м и 05сек.)
Наводите што ги изнесува новираката додека во позадина одат кадрите се погрешни, бидејќи аферата „Големото уво“ е обзнанета на 17 јануари 2000 година а не во 2001 година како што наведува таа, а транскриптите кои биле поврзани со таа афера логично е да датирале заклучно со крајот на 1999 година. Со оглед на податокот кога бил одржан пописот во 2002 година односно во периодот од 1-ви до 15-ти ноември чудно е како овој транскрипт од 2002 година протекол во јавноста или поточно од каде го добила новинарката Лупевска?!
2003 – Реорганизација на МВР
Според Законот за Изменување и дополнување (Сл. весник на РМ 33/03) од 14.05.2003 за "Законот за Внатрешни работи" од 1995 со неговите измени и дополнувања од 1997 и 2002 (Сл. весник на Република Македонија" број 19/95, 55/97 и 38/02) направена е реорганизација во МВР.
Иако ДБК официјално е преименувана во УБК уште на 21.07.2000 година, тогаш Закон за внатрешни работи не бил променет, и во него останала вброена како Дирекција.
Ова е коригирано дури со измената и дополнувањето од мај 2003 година.
Друга значајна промена што е донесена со измената и дополнувањето од мај 2003 година е тоа што после 8 години односно после 1995 година повторно е изделена Јавната безбедност како орган кој врши внатрешни работи во Министерството со ново име „Биро за Јавна Безбедност - БЈБ“ (од осамостојувањето до 1995 година се викала „Служба за јавна безбедност“) кое по хиерархија е еднакво со УБК.
Во јавноста е познато дека во еден период во Република Македонија биле користени двојни печати на ДБК и УБК истовремено, односно била правена двојна т.е. паралелна документација.
Се работи за периодот: 21.07.2000-14.05.2003 година.
Тој период е всушност периодот:
од 21.07.2000 година – денот на донесување на новиот Закон за Организација и работа на органите на државната управа кога ДБК номинативно била преименувана во УБК, па се до носењето на измената на Законот за Внатрешни работи:
на 14.05.2003 година.
Овој период од скоро 3 години е време во кое е направен намерен правен вакуум, додека директори биле: Бојан Бојановски (1998-2001) ДА, Горан Митевски (2001-2002) ВМРО-ДПМНЕ, Никола Спасовски (2002-2003) ВМРО-ДПМНЕ. Ова е исто така периодот кратко пред, за време и по завршувањето на воениот конфликт во 2001 година.
2003 – Управа за финансиска полиција
Основана: како составен дел на Министерството за финансии со Законот за Финансиска полиција (Сл. весник на РМ број 55/02) од 16.07.2002 година, а започнала со работа на 26.06.2003 година.
Опис на работа и надлежности:
- Откривање и криминалистичко истражување на кривични дела кои се гонат по службена должност како што се: перење пари и други приноси од казниво дело од членот 273, недозволена трговија од членот 277, криумчарење од членот 278, даночно затајување од членот 279 од Кривичниот законик и други кривични дела со противправна имотна корист од значителна вредност, како и фаќање и пријавување на нивните сторители, обезбедување на докази, други мерки и активности што можат да користат за непречено водење на кривичната постапка по службена должност или по Наредба на Јавниот обвинител преку извршување на надлежностите во Правосудната полиција согласно со закон;
- Прибирање и анализирање податоци за готовински трансакции, превземање предистражни и други мерки кога постојат основи на сомнение за сторени кривични дела, следење на трагата на парите со цел за откривање на казниви дела утврдени со закон, увид и преглед на сметководствени податоци и евиденции во компјутерски системи во присуство на одговорно лице или од него овластено лице и други работи согласно со закон; Вршење на форензичка компјутерска анализа на привремено одземени, компјутерски системи и други електронски уреди.
Во состав на Управата за финансиска полиција функционира и Секторот за криминалистичко разузнавачка анализа.
2007 – кражба на дигиталната архива на УБК
На 31-ви август 2007-ма година, во јавноста излегол текст со наслов „Нашите разузнавачи отчукани во Бугарија“ во дневниот весник „Дневник“ за кражба на дигиталната архива на Управата за безбедност и контраразузнавање - УБК при МВР. Автор на текстот е новинарка на поранешниот весник „Дневник“, Даниела Вељановска, која пак се повикува на неименуван извор од МВР.
„Вработен во УБК, И.С., ископирал тајни податоци и ги доставил до бугарската Служба за државна сигурност
Сите податоци за тајни агенти, соработници, планови, тековни акции и други строго доверливи потоци на Управата за безбедност и контраразузнавање биле украдени од архивата, дознава „Дневник“ од извори во Министерството за внатрешни работи.
Во архивата на контраразузнавачката служба упаднал вработен во УБК, кој пред еден месец пребегал во Бугарија. Тој успеал кришум да ги ископира доверливите податоци од главниот компјутер на три дискети и на едно цеде. Неофицијално, тој податоците веќе ги доставил до бугарската Служба за државна сигурност. Во МВР вчера изјавија дека не била регистрирана таква кражба.
Главниот осомничен е лице со иницијали И.С.. Тој работел како аналитичар во УБК, а е внук на поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска, актуелна директорка на Македонски културен центар во Софија. Во Управата за безбедност и контраразузнавање последниве недели се врши засилена оперативна истрага за кражбата на податоците под шифрирано име „Софија“. Шефот на бугарската Служба за државна сигурност му се јавил на актуелниот директор на македонската УБК Сашо Мијалков на неговиот приватен мобилен телефон „за да го поздрави“, што било прв сигнал дека нешто не во ред. Нашите разузнавачи се посомневале дека некој им го доставил бројот на бугарските разузнавачи. Почнала потрага по „кртот“, а по прегледот на снимките на сигурносните камери во просторијата во која е главниот компјутер се открило дека сторителот е И.С.. Тој ги ископирал податоците во ноќна смена, кога во Управата има само неколку вработени. Набрзо по кражбата заминал во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. УБК неколкупати телефонски разговарала со него и барала да се врати, но тој одбил. Не се знае каде точно е во Бугарија.
Изворите на „Дневник“ посочуваат дека биле украдени и податоците за планови за извлекување теренски агенти во случај на опасност. Неофицијално, исчезнати се податоци со кои ќе се разоткрие нашата разузнувачка мрежа и за чија обнова ќе бидат потребни две децении.“
2009 – Демократизација и Законски злоупотреби во МВР и УБК
Со Законот за Внатрешни работи (Сл. Весник на Р. Македонија бр.92/09) од 24.07.2009 година се прави важна промена во однос на поставеноста на собирањето на податоци од страна на службените лица на Управата за безбедност и контраразузнавање кога истите ги бараат од граѓани. Имено во член 20 од овој закон се дава право на граѓанинот да одбие да соработува со органите на државната безбедност.
Собирањето на податоци од граѓани според оваа промена оттогаш натаму може да се врши само со претходна согласност на граѓанинот. Ова е наведено во чл.20:
„Собирањето на податоци од граѓани може да се врши само со претходна согласност на лицето со кое се врши разговорот.“
Во истиот закон за првпат е дефинирано собирањето на податоци со користење на тајни соработници на доброволна основа, според чл.22, ст.2 каде се вели:
„Соработката со државјани на Република Македонија и со странци се воспоставува на доброволна основа и никој не смее да биде присилен да биде таен соработник на Управата.“
Во чл.23 од истиот закон првпат е дефинарана употребата на посебни мерки и постапки за тајно собирање на податоци, каде се вели:
„Управата може да собира податоци со користење на посебни мерки и постапки за тајно собирање на податоци под услови и на начин пропишани со закон.“
Со новиот закон во чл.41.ст.3 УБК била задолжена наместо еднаш годишно да поднесува извештај до Комисијата за надзор над нејзината работа двапати годишно.
„Управата двапати годишно ја известува Комисијата на Собранието за извршување на активностите утврдени во програмата.“
Со членот 164 од Законот каде се вели:
„1) Работник во Министерството, кој на денот на влегувањето во сила на овој закон, е распореден на работно место за кое не ги исполнува пропишаните услови по однос на потребното образование, бидејќи има средно или више образование, а во актот за систематизација на работните места е пропишано високо образование, го задржува распоредувањето на работното место за кое е пропишано високо образование, ако:
- во преодниот период во траење од пет години, сметано од денот на започнувањето на примената на членот 162 од овој закон ги исполни условите за остварување на правото на пензија утврдени со овој и друг закон и
- во рок од четири години од денот на влегувањето во сила на овој закон го дополни своето образование, односно во Министерството достави соодветно уверение за завршено високо образование.
2) Работниците кои согласно со ставот 1 алинеи 1 и 2 на овој член не ги исполнуваат условите, односно не го остварат правото за пензија, односно кои нема во Министерството да достават уверение за завршено високо образование, ќе бидат распоредени на работни места за кои ги исполнуваат условите утврдени во актот за систематизација на работните места со средно образование.“
е направена традиционална дискриманиција во однос на член 32 од Уставот каде се вели:
„Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и материјална обезбеденост за време на привремена невработеност. Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место. Секој вработен има право на соодветна заработувачка. Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права вработените не можат да се откажат. Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.“
и наместо да се вработат нови млади, способни, образовани и кометентни кадри се оставени да работат старите и им се дава можност да се дошколуваат и тоа за голед дел од нив паднало на товар на буџетот на министерството за внатрешни работи.
Со овој закон за првпат се прави длабока законска малверзација поголема и од таа со двојните печати помеѓу ДБК-УБК.
Имено во член 165 стои:
„1) Актите за организација и работа и за систематизација на работните места, согласно со овој закон, министерот ќе ги донесе во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
2) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од шест месеца од денот на влегувањето во сила на овој закон.
3) До донесувањето на подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе продолжат да се применуваат подзаконските прописи донесени врз основа на Законот за внатрешни работи (“Службен весник на Република Македонија” број 19/95, 15/97, 55/97, 38/2002, 33/2003, 19/2004, 51/2005, 84/2008 и 6/2009), доколку не се во спротивност со одредбите на овој закон.“
Ова вака значи дека онолку време колку што Министерот и директорот на УБК не ги донеле актот за организација и работа и актот за систематизација на работните места толку време работеле по закон кој бил вон сила, односно работеле незаконски. Иако е пропишан рок од 6 месеци за носење на овие акти, никаде не е пропишана санкција што ако истите не бидат донесени, само намерно во ставот 3 после зборовите „До донесувањето“ рокот од 6 месеци е испуштен.
Со новиот Закон за внатрешни работи (Сл. весник на Р. Македонија бр.42/14) од 03.03.2014 година рокот за донесување на актот за организација и работа и актот за систематизација на работните места
во член 207 рокот на нивно донесување е пролонгиран од 6 месеци во стариот закон на 9 месеци во овој закон:
„(1) Актите за организација и работа и за систематизација на работните места, согласно со овој закон, министерот ќе ги донесе во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
(2) Подзаконските прописи предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од девет месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.“
Од се ова се заклучува дека не е јасно кога првпат била направена нова систематизацијата на УБК, а кога ќе се земе во предвид и последната изјава од 05 ноември 2018 година на сегашниот директор на УБК Горан Николовски дека во 73 години постоење на службата за државна безбедност ништо се нема сменето освен тоа што се разделиле разузнавањето и контраразузнавањето може да се заклучи дека секој донесен Закон за внатрешни работи во однос службата за државна безбедност е мртво слово на папиру!
Според изјава на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер дека “Актот за систематизација на работните места во МВР претставува класифицирана информација со степен “СТРОГО ДОВЕРЛИВО”“.
2011 - Единица за следење комуникации на МВР
Во МВР до 2008 година постоел Сектор за телекомуникации, и не е јасно дали служел само за одржување и сервисирање на комуникациските уреди во рамките на министерството и полициските станици и испостави или бил наменет и за следење на комуникации.
Иако не е спомнато во новиот Закон за внатрешни работи од 2009 година ниту во понатамошните негови измени во органограмот од февруари 2011 година на МВР јасно е исцртана „Единицата за следење комуникации“ како составен дел од „Одделот за прикриени операции“ дел од „Центарот за организиран и сериозен криминал“ кој потпаѓа под БЈБ - а не под УБК.
Оваа единица народски е позната како V (петта) Управа на МВР (не на УБК. УБК си има своја V (петта) Управа која правилно се вика „Сектор за оперативна техника“)
Називот „V (петта) Управа“ е останат од систематизацијата на старата Служба за Државна Безбедност која и била претходник на ДБК во периодот 1991 до 1995 година.
2012 – процес: Лустрација
Лустрација е политика која го ограничува учеството на поранешните комунисти и посебно шпиони од комунистичката тајна полиција, во извршувањето на јавните функции.
Лустрација во Македонија
Во 2012 година бил донесен потполно нов закон за лустрација, како замена на законот од 2008 година. Законот од 2012 година, чиј официјален назив бил Закон за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, донесол повеќе новини во споредба со претходниот закон, како: јавно објавување на лустрираните лица; продолжување на опфатот на лустрацијата до 2006 година; можност како извори на информации за лустрирање да бидат не само државните органи, туку и физички и правни лица итн. Исто така, со овој закон се проширила дефиницијата за соработка со тајната полиција. За разлика од законот од 2008 година, во кој соработката се дефинирала како „тајна, свесна, континуирана и организирана соработка и активност, заснована со писмен документ со органите на државната безбедност“, во законот од 2012 година Комисијата за верификација на фактите (како орган надлежен за спроведување на лустрацијата) добила овластување да лустрира и лице евидентирано во досиејата на органите за државна безбедност како „таен соработник, оперативна врска или таен информатор при оперативно прибирање, известување и податоци што биле предмет на обработка, чување и користење од органите на државната безбедност.“
Во 2015 година, во согласност со Извештајот на Прибе, како дел од решавањето на политичката криза во Македонија, процесот на лустрација бил запрен, а Комисијата за верификација на фактите продолжила да работи до завршувањето на судските процеси иницирани на дел од лустрираните лица. До тој момент, во Македонија биле лустрирани 300 лица, иако Комисијата за верификација на фактите проверила 30.000 лица. Меѓу лустрираните лица биле и поранешни министри за внатрешни работи и други високи полициски функционери, како: Љубомир Фрчкоски, Добри Величковски, Јован Трпеновски, Стеван Павлески, потоа судијата во Уставниот суд Трендафил Ивановски итн. Притоа, 20 лустрирани лица повеле судска постапка и добиле позитивна пресуда од Управниот суд, која потоа лустраторите ја обжалиле до Вишиот управен суд. Петмина лустрирани лица правдата ја побарале пред Судот за човековите права во Стразбур.
Законот за лустрација престана да важи на 1 септември 2015г.
Извори
Види: ЛустрацијаКоментар за Законот за лустрација дал и Стејт Департментот на САД во чиј извештај стоело дека:
„Владата ја користи лустрацијата како средство за напад врз политичките противници и поранешни нелојални членови. Во јуни парламентот усвои нов закон за лустрација кој содржеше бројни елементи од претходните закони кои два пати паднаа како неуставни во Уставниот суд. Дел од случаите кои беа објавени, открија дека мнозинството од идентификуваните како лустрирани, всушност, биле жртви на комунистичката тајна полиција, а не полициски доушници".
Основана: Комисијата за верификација на фактите (т.н. Лустрациска комисија) како самостоен орган на државна управа е формирана од Собранието на Р. Македонија со Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција (Службен весник на Р.М. бр.14/08) од 29 јануари 2008 година.
Опис на работа и надлежности: Утврдување на исполнување на дополнителен услов за носител или носител на јавна функција, за нивна несоработка со органите на државната безбедност.
Што значи терминот „лустрација“?
Терминот „лустрација“ потекнува од латинскиот збор „lustratio“ што значи „свечено очистување на гревовите“. Во Рим, на секои 5 години се организирале церемонии за прочистување од лоши работи. Ритуалот бил придружен со многу факели, музика и игра.
2010-2013 Модернизација на УБК
Модернизацијата на УБК се случувала секоја година во периодот 2010-2012.
Опремата МВР ја набавувало од Гама Груп од Велика Британија преку фирмата „Финзи“ Македонија. По првата набавка реализирана преку „Финзи“ во јули 2010, следела нова во декември 2011 година, со образложение дека УБК има потреба и од дополнителна опрема, за која биле предвидени и трошоци за обука.
Иако била платена и комплетна обука за ракување со опремата на вработените од Секторот за оперативна техника (V-та управа) во Минхен. Во УБК никогаш не успеале да ги активираат и користат сите нејзини модули, поради тоа што недостасувал доволно едуциран кадар, од што пак единственото што може да се заклучи е дека пратените службеници никогаш не ја завршиле обуката.
Мобилна опрема за прислушување т.н. „Жолто комбе“
Во јуни 2012 година било побарано ново доопремување на основната опрема со барање за „подвижен видео надзор“. Тогаш било набавено и специјално возило (комбе) за кое покрај стандардната опрема, нарачателите од УБК во спецификацијата побарале и дополнителна: тоалет, плус две седишта, специјални заштитни стакла, видео сервер, видео модем, неколку монитори, стабилизатор на слика, контролен приемник, тетра радио, антена-преклопник, специјални батерии, засилувачи на сигнали и звук и цел сет други технички средства кои требало да овозможат и поширок и таргетиран аудио, видео и фото надзор! Комбето било опремено да функционира 24/7, а од него можело да се снима, слуша и фотографира од мали и непосредни дистанци - со паркирање до кафулиња, ресторани, станбени објекти, државни институции, партиски штабови, дипломатски претставништва, судови...
Во натпис во британското списание „Computer weekly“ се опишува во каков се облик се продава мобилната опрема на Гама Груп и како истата функционира.
Според нив, таа може да се носи и во ташна, куфер, па дури и на телото на операторот кој прислушува, а за поголема ефикасност и поради поголемата потреба од полнење со електрична енергија, се продава и камуфлирана верзија сместена во џип или комбе.
Опремата има опсег со радиус од 1,5 - 2 километри и се појавува како основна станица за мобилните телефони. Комбето со мобилната опрема се паркира во тој радиусот за да ги прислушува комуникациите на објектот на следење т.е. да ги снима прислушуваните разговори и испратените СМС пораки. Па така, кога објектот на следење воспоставува повик или праќа СМС порака, мобилната опрема станува мост помеѓу телефонот на следениот објект и вистинската основна станица. Корисникот на телефонот и вистинската основна станица не забележуваат ништо различно за време комуникацијата.
Софтверот: ФинФишер (види повеќе тука)
ФинФишер претставува група на софтвери кои се користат за 24/7 надгледување на мобилни телефони, електронска пошта, интернет прелистувачи па се‘ до целосно преземање и контрола врз компјутери, тв-приемници... Без да знае корисникот, софтверот може да следи што пишува тој на тастатурата, има пристап до сите лозинки на компјутерот и на мобилниот телефон, може да се вклучи на неговата камера и микрофон. Според она што го објави истражувачката група Ситизен лаб во извештајот, во Македонија постоел „command and control" ФинФишер сервер, што значи сервер за собирање на сите податоци од надгледуваните.
Овој софистициран и скап софтвер бил произведуван од германската компанија „Еламан гмбх“ во партнерство со британската групација „Гама груп интернешнел“.
„Викиликс“ објави и видео-презентации од производителот, низ кои се прикажува како се инсталира овој софтвер, какви можности има и колку е опасен за приватноста на граѓаните.
Дотогаш најголем буџет во историјата на било која служба за државна безбедност во Македонија
Со буџетот на РМ донесен во 2012 а предвиден за 2013 година, на Министерството за внатрешни работи му се распоредени 1.397.087.000 (1 милијарда 397 милиони и 87 илјади) денари од кои 850.000.000 (850 милиони) денари биле наменети за Управата за безбедност и контраразузнавање - УБК, (според два разговори помеѓу директорот на УБК Сашо Мијалков и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и помеѓу Гордана Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески за Буџетот за 2013 година објавени во „бомба“ 15).
850 милиони денари или 13.709.677 (13 милиони 709 илјади 677) евра воедно се смета дека е најголемиот буџет било кога доделен на било која служба за државна безбедност на Македонија.
2015 – Управа за финансиско разузнавање
Основана: како составен дел на Министерството за финансии со Закон за Спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Сл. Весник на Р. Македонија бр.130/14) од 03.09.2014 година, а започнала со работа од 21.04.2015 година.
Опис на работа и надлежности:
Според чл.40 од законот:
Прибирање, обработување, анализа, чување и доставување на податоците добиени од субјектите кои се обврзани за преземање мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам.
2015 – Афера прислушување „Бомби“ од 2008-2015 На 9 февруари 2015 година, Зоран Заев, лидер на тогашната опозициска партија СДСМ, ги објави првите од серијата незаконски следени телефонски разговори кои содржеа дискусии помеѓу високи владини функционери и функционери од партијата на власт, откривајќи наводно владино мешање во судството, контрола врз издавачката политика на поголем број медиуми и мешање во изборите. Со објавените снимки се разоткри незаконското следење на комуникациите на илјадници граѓани, вклучително на владини министри, државни службеници, судии и новинари. |
Со прислушувањето се разоткри голема операција на следење комуникации што предизвика сериозна правна и етичка загриженост за нејзиното влијание врз владеењето на правото и човековите права во земјата. До 3 мај 2015 година Заев и СДСМ одржаа 28 прес-конференции, а во текот на некои во јавноста беа објавувани снимки во форма на тонски записи и транскрипти. Објавените разговори станаа популарно познати како „бомби“. Севкупно беа објавени 38 „бомби“ т.е. сетови со разговори.
СДСМ тврдеше дека следењето на комуникациите се вршело по наредба на Никола Груевски, тогашен премиер и лидер на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, и на неговиот братучед и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Според Заев, цел на овој масивен владин план за следење биле повеќе од 20,000 луѓе. Од ВМРО ДПМНЕ не го оспорија постоењето на снимките, но негираа дека имале каква било врска со нив, тврдејќи дека следењето на за активностите и предметите во надлежност на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) комуникациите е извршено од страна на странски разузнавачки служби, и дека снимките биле селективно изменети, „креирани, монтирани, сечени, лепени или прелепувани“. Објавувањето на разговорите доведе до голема политичка криза.
Почнувајќи од 5 мај 2015 година, илјадници граѓани и активисти протестираа низ земјата барајќи оставка од Груевски и неговиот кабинет. На 12 мај оставки од своите функции поднесоа директорот на УБК Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, додека, пак, премиерот Груевски не се повлече од неговата позиција.
СДСМ тврдеше дека следењето на комуникациите се вршело по наредба на Никола Груевски, тогашен премиер и лидер на владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, и на неговиот братучед и директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.
Според Заев, цел на овој масивен владин план за следење биле повеќе од 20,000 луѓе. Од ВМРО ДПМНЕ не го оспорија постоењето на снимките, но негираа дека имале каква било врска со нив, тврдејќи дека следењето на за активностите и предметите во надлежност на Специјалното Јавно Обвинителство (СЈО) комуникациите е извршено од страна на странски разузнавачки служби, и дека снимките биле селективно изменети, „креирани, монтирани, сечени, лепени или прелепувани“. Објавувањето на разговорите доведе до голема политичка криза.
Почнувајќи од 5 мај 2015 година, илјадници граѓани и активисти протестираа низ земјата барајќи оставка од Груевски и неговиот кабинет. На 12 мај оставки од своите функции поднесоа директорот на УБК Сашо Мијалков, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, додека, пак, премиерот Груевски не се повлече од неговата позиција.
Случај: ПУЧ (КОК – 77/15)
Основни информации
Во периодот помеѓу јануари и февруари 2015 година, по јавното објавување на Зоран Заев дека тој планира да ги објави незаконски пресретнатите разговори, на барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Основниот суд – Скопје издаде мерки на претпазливост против него и против други 5 лица осомничени за незаконско прислушување, шпионажа и дестабилизација на земјата. По наредба на судот беа притворени поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска (вработена во Стопанска банка АД како преведувач по англиски јазик), Звонко Костовски, вработен во УБК, Ѓорѓи Лазаревски), вработен во МВР и Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица. На Заев не му беше изречена мерка притвор. На 25 февруари 2015 година, Костовски се изјасни како виновен за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање од член 151(4)(1) од Кривичниот законик и за кривичното дело помагање шпионажа од член 316(4) од Кривичниот законик. Судот го осуди Костовски на затворска казна до три години.
На 30 април 2015 година, ОЈО ГОКК поднесе обвиненија против останатите обвинети во случајот познат под името Пуч. ОЈО ГОКК го обвини Заев за кривичното дело насилство спрема претставници на највисоките државни органи сторено во обид, согласно членовите 311 и 19 од Кривичниот законик; Верушевски беше обвинет за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање од член 151(4)(1), 23 и 45 од Кривичниот законик, шпионажа од член 316(4) од Кривичниот законик и помагање и поттикнување на кривичното дело насилство спрема претставници на највисоките државни органи, согласно членовите 311 и 24 од Кривичниот законик. Покрај тоа, Соња Верушевска беше обвинета за кривичните дела помагање и поттикнување на кривичното дело шпионажа од член 316(4) и 24 од Кривичниот законик; Лазаревски беше обвинет за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање од член 151(4)(1), 23 и 45 од Кривичниот законик и помагање шпионажа од член 316(4) и 24 од Кривичниот законик; и Палифров беше обвинет за кривичното дело помагање и поттикнување на кривичното дело насилство спрема претставници на највисоките државни органи, согласно членовите 311 и 24 од Кривичниот законик.
Преглед на обвинението
СЈО тврди дека, во периодот помеѓу 2010 година и 22 јануари 2015 година, поранешниот директор на УБК, Верушевски, се стекнал со чувствителни и доверливи информации во врска со социо-политичката и економска ситуација во земјата (вклучително фотографии и профили за најистакнатите јавни личности). Верушевски планирал да ги достави информациите до неодредени странски разузнавачки служби. Верушевски му наредил на Костовски (главен инженер во одделот за одржување и телекомуникации на 5-тата Управа на УБК, а потоа началник во одделението за информатика и техничка поддршка на операциите) да ги следи разговорите на неколку политички личности и видни јавни функционери во земјата, вклучувајќи ги тогашниот премиер, Груевски, министерката за внатрешни работи, Јанкулоска, министерот за транспорт и врски, Јанакиески, директорот на УБК, Мијалков, како и истакнати личности од опозицијата како што е Радмила Шеќеринска. Костовски ги внел нивните телефонски броеви во системот за следење на комуникациите кој се користел во УБК. Покрај тоа,Костовски ги снимал разговорите, а снимките ги зачувал на УСБ стикови кои потоа ги предал на Лазаревски. Лазаревски потоа ги дал пресретнатите комуникации на Верушевски за тој да ги предаде на странските разузнавачки служби. Соња Верушевска ја преведувала содржината на снимките.
Според обвинението, освен споделувањето на гореспоменатите информации со странски разузнавачки служби, Верушевски ги споделил информациите и со Заев. На тајни средби Верушевски го советувал Заев за тоа како тој требал да ги искористи незаконски добиените информации. Средбите се закажувале со помош на Палифров, кој служел како допирна точка помеѓу нив двајцата, примајќи ги во својата куќа и предавајќи ги податоците на опозицискиот лидер (во пишана и електронска форма). Откако ги добил информациите, Заев му се заканил на тогашниот премиер Груевски за да формира привремена влада со кадри на СДСМ, принудувајќи го на предвремени избори.
Настани во текот на судењето
На 1 јуни 2015 година, Основниот суд – Скопје го потврдил обвинението.
Судењето започнало на 5 август 2015 година. На 18 декември 2015 година,СЈО го презеде случајот поради неговата силна врска со скандалот со прислушувањето. На 18 јануари 2017 година, СЈО се откажа од обвинението објаснувајќи дека фактичката состојба претставена во обвинението не е конзистентна со доказите кои СЈО ги прибрало претходно во текот на истрагите Тврдина и Таргет. СЈО дополнително објасни дека оваа одлука била донесена со цел да се соберат дополнителни докази со кои целосно би се разјасниле фактите, а со што ќе се овозможело да се донесе точна и законска обвинителска одлука.
Спогодбата за признавање вина на Звонко Костовски
На 16 септември 2016 година, СЈО поднесе барање за заштита на законитоста до Врховниот суд и побара од судот да ја поништи осудителната пресуда на Костовски поради повреда на Кривичниот законик, во согласност со член 414 (1)(3) од ЗКП и поради нејасна и контрадикторна пресуда или пресуда во која не е наведен мотивот, во согласност со член 415 (1)(11) од ЗКП. Во поглед на кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање од член 151(4)(1), СЈО тврдеше дека ОЈО ГОКК не обезбедило докази во поглед на извршувањето на кривичното дело, освен контроверзното признание на обвинетиот. Според СЈО, иако осудата била заснована на спогодба за признание на вина, судијата требал да ја провери нејзината веродостојност и требал да провери дали постоеле докази во прилог на признанието. Во член 483 од ЗКП се наведува дека обвинителството треба да ја поднесе предлог спогодбата за признание на вина и одмерување на казната до судијата на претходната постапка „заедно со сите докази“.
На 6 ноември 2017 година, Врховниот суд делумно го уважи барањето на СЈО за заштита на законитоста. Врховниот суд го поддржа аргументот на СЈО во поглед на кривичното дело потпомагање во вршење шпионажа согласно членовите 316(4) и 24 од Кривичниот законик. Соодветно на тоа,судот ја поништи осудителната пресуда во врска со ова обвинение и исто така ја поништи и казната. Сепак, Врховниот суд не го прифати аргументот снимање од член 151(4)(1), 23 и 45 од Кривичниот законик. Покрај тоа,Врховниот суд забележа недоследност помеѓу усните аргументи на СЈО и пишаните аргументи на СЈО во барањето за заштита на законитоста.
Жарко Ѓуров: На 21.06.2012 година на одбраната на мојата дипломска на правен факултет со наслов „Компјутерски и интернет криминал - компаративна анализа на законската регулатива на Република Македонија во однос на другите земји и предлог законски мерки и решенија за нивно регулирање“ прв пат во РМ е официјално прикажано како се хакира „Skype“ и „MSN“.
Некоја година потоа ги имаме:
- Зоран Верушевски со Скајп псевдоним „оркестар11“ регистриран на име и презиме „Златко Велевски“, и
- Ѓорги Лазаревски со Скајп псевдоним „кока кола10а“,
кои го врбувале инжинерот Звонко Костовски од УБК во аферата ПУЧ да шпионира и неовсластено прислушува, кој сега е спогоден со Обвинителството да лежи во затвор заради Скајп-комуникација која датира од 2012 година.
На следниве видеа можете да видите колку всушност е „веродостојна“ Skype и MSN комуникацијата:
Доказот со Скајп комуникацијата судот не можел и не смеел да го земе во предвид. Истиот требало да суди врз база на останатите докази а Скајп-комуникацијата да ја отфрли како доказ.
На што се однесуваше терминот „Странски служби“?
Поранешниот началник на 5-тата Управа на УБК (поттикнувач) и поранешен помошник во МВР (како стварен извршител) се сомничат дека во периодот октомври/ноември 2014 година (по околу еден месец откога дошол Заев кај Груевски да му каже за „бомбите“) ја злоупотребиле нивната положба и овластување со тоа што преку противзаконско јавно наддавање нарачале опрема за прислушување од странска компанија. Според СЈО, ова кривично дело било сторено со цел да се зајакне тврдењето на поранешниот премиер Груевски дека странски разузнавачки служби ја шпионирале земјата во време на скандалот со прислушувањето.
Дали странски служби прислушувале во Р. Македонија?
- Тоа може со сигурност да се потврди единствено ако македонските судови донеле пресуда за шпионажа која ја извршило странско лице преку злоупотреба на телекомуникациски уреди. Таква пресуда досега не и е позната на јавноста
2015 – Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Специјално Јавно Обвинителство - СЈО)
Основано: со Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (Сл. Весник бр.159/15) од 15.09.2015 година.
Опис на работа и надлежности:
Специјалното јавно обвинителство е надлежно за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Незаконското следење на комуникациите се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително но не и ограничено на аудио снимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред15 јули 2015 година.
Во тој контекст законодавецот јасно ги одвоил и разликува две категории на процесна надлежност, исклучиво на ова Јавно обвинителство. Едната е кривичните дела да бидат поврзани со неовластено следење на комуникациите и втората е кривичните дела да произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Поврзаноста опфаќа многу поширок спектар и таа ги опфаќа сите криминални дејствија извршени во насока на злоупотреба на системите за следење на комуникациите.
СЈО досега има поднесено 20 обвинителни акти.
Случаи во кои СЈО поднело обвиненија во врска со скандалот со прислушувањето
„Тврдина-Таргет“– КОК бр.47/17 (Тврдина-Таргет)
Истрагата за предметот со кодно име „Тврдина“ беше отворена на ден 29.03.2016 година, а за предметот „Таргет“ на ден 17.11.2016 година. Поради нивната поврзаност, при подготовка на обвинението предметите се споени во еден единствен предмет. Обвинението е подигнато на ден 30.06.2017 година.
Опис на обвинението
На 30 март 2016 година, СЈО ја објави истрагата наречена Тврдина која опфаќа уништување на опрема за прислушување наводно извршено од страна на четворица обвинети, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Јанкулоска и поранешниот началник на Петтата управа во УБК, Горан Грујевски. На 18 ноември 2016 година, СЈО ја објави истрагата именувана Таргет, а со која се разоткри кој, како и со која цел го вршел незаконското следење на комуникациите. Обвинетите се вработени во УБК, меѓу кои и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Преглед на обвинението
Факти за истрагата Тврдина (од февруари 2015 година до март 2016 година):
СЈО тврди дека во февруари 2015 година, по објавувањето на прислушуваните разговори, Грујевски и Мијалков се обиделе да го сокријат фактот дека незаконското следење комуникации се одвивало во просториите на УБК. Мијалков му наредил на Грујевски да ги уништи системите за следење Vernit и Nice Track во време кога Nice Track сè уште бил во употреба. Грујевски, заедно со шефот на Одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски, ја активирал внатрешната процедура (преку воспоставување ад хок Комисија), а уништување на застарена и нефункционална опрема во отсуство на какви било законски основи. Процесот бил одобрен на највисоко владино ниво од поранешниот Министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Според обвинението, со уништувањето на опремата за следење била нанесена штета на државниот буџет во висина од 87.261.058,50 денари.
Уништувањето на системите Nice Track и Vermit било изведено во две фази. Првата фаза од уништувањето на доказите се одвивала на 28 март 2015 година во отпадот за железо на правниот субјект БУ-БО Металика, каде системите за следење на комуникациите биле демонтирани и ставени во преси. Грујевски, Јакимовски и Никола Бошковски, вработен во УБК, го организирале транспортот на материјалите до отпадот за железо со товарни возила во сопственост на МВР. Уништувањето било извршено од страна на неколку лица кои се споменуваат во обвинението во својство на сведоци (вклучувајќи двајца вработени на БУ-БО Металика и сите членови на гореспоменатата комисија). Уништувањето било документирано со фотографски докази и видео снимки направени од страна на еден од членовите на комисијата.
Втората фаза на уништување докази се одвивала на 3 април 2015 година.
Грујевски наредил на одреден број избрани членови на комисијата да се осигурат дека системите за прислушување се целосно уништени. Уништувањето се одвивало во просториите на правниот субјект Еко Циркон, во Маџари (општина Гази Баба). Таму, двајца од вработените на таа компанија го ставиле згмечениот материјал во дробилка и истиот го издробиле. Оваа постапка на уништување доказен материјал била повторно документирана со фотографии и видео снимки направени од истиот член на комисијата. Откако ги уништиле системите за следење комуникации, комисијата им поднела извештај на Мијалков и Јанкулоска, докажувајќи им дека задачата била завршена, а потоа Бошковски ги уништил фотографиите и видео снимките направени од операцијата.
Елена Џиланова, началник на Секторот за телекомуникации во МВР, е обвинета за кривичното дело помагање на сторител после извршување на кривично дело, а во согласност со член 365 (2)(1) од Кривичниот законик. Видно од обвинението, Џиланова на 28 јануари 2016 година му помогнала на Грујевски (нејзин директен претпоставен) да ги сокрие доказите од следените телефонски броеви. Поконкретно, таа ги отстранила податоците од трите LI IMS60 сервери кои биле во сопственост на T-Мобиле, ОНЕ и ВИП, при што самите податоци ги префрлила на мемориски стик. Под изговор дека УБК има потреба да архивира одредени податоци, Џиланова побарала од лице вработено во Ериксон, задолжено за одржување на серверите, да покаже како да ги архивира податоците.
Следствено на тоа, лицето покажало како да ги архивира податоците во трите сервери користејќи различни кориснички имиња.
Факти за истрагата Таргет (од 2008 година до 31 декември 2015 година):
СЈО тврди дека поранешниот директор на УБК, Мијалков, формирал злосторничко здружение со цел спроведување незаконско следење на комуникации од големи размери, а за да се стекне со информации за сите општествени сфери со што се стекнал со политичка и деловна корист.
Наводни соосновачи на злосторничкото здружение се началникот на 5-тата Управа на УБК Грујевски и шефот на оперативното одделение (ОО), Надица Николиќ . Сите обвинети лица се товарат за кривичното дело злосторничко здружение во согласност со член 394(1) од Кривичниот законик и злоупотреба на службена положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.
Според обвинението, превземајќи дејства по наредби издадени од Мијалков, Грујевски и Николиќ им наложиле на седуммина свои потчинети да внесуваат телефонски броеви во системите за прислушување (Vernit, Nice Track и IPS62) со цел да ги набљудуваат комуникациите во УБК. Потоа службениците ги транскрибирале разговорите и транскриптите ги предале на Грујевски. Четворица од овие службеници се обвинети за учество во злосторничко здружение согласно член 394(2) од Кривичниот законик и Злоупотреба на службена должност и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик. Сепак, СЈО нема поднесено обвиненија против трите други службеници кои, исто така, помагале во незаконското пресретнување на комуникациите. Наместо тоа, овие службеници се наведени како сведоци. Во обвинението се наведува дека тие службеници биле членови на криминална група поради хиерархиската поставеност на УБК и од страв за своите животи.
Еден од тие сведоци е Звонко Костовски, главен инженер во одделот за одржување и електрокомуникации на 5-тата Управа на УБК, а потоа раководител во одделот за информатичка и техничка поддршка на операции. Костовски го надгледувал техничкиот процес за проведување незаконско следење комуникации. По барање на лидерите на групата, тој креирал посебни кориснички профили и ги групирал самите профили во заедничка папка со име „важно“, овозможувајќи на секој од креаторите и членови на групата пристап до системот за надзор на комуникации и можност да ги слушаат пресретнатите комуникации на своите компјутери.
Потоа, Костовски ги префрлил разговорите на ЦД и УСБ стикови и истите ги предал на Ѓорѓи Лазаревски, а овој пресретнатите комуникации ги дал на Зоран Верушевски, кој потоа ги доставил на Заев. На 30 декември 2015 година, Заев ги доставил снимките до СЈО. СЈО тврди дека обвинетите ги повредиле уставно гарантираните права на слобода и доверливост на кореспонденција и други форми на комуникации, како и приватноста на повеќе од 4819 луѓе.
„Тврдина 2“ - К.бр.1905/16 (Тврдина 2)
Проширување на предметот „Тврдина-Таргет“ по поднесен обвинителен предлог на ден 14.09.2016 година.
Преглед на обвинението
СЈО тврди дека во периодот помеѓу 16 февруари и 26 јуни 2015 година поранешниот началник во 5-тата Управа на УБК, Грујевски, издал наредба на шест административни службеници да уништат документација поврзана со прислушуваните комуникации. Грујевски и другите шест лица се обвинети за фалсификување службена исправа согласно член 361(2)(1) од Кривичниот законик.
Според обвинението, Грујевски, надвор од својата надлежност, им наредил на другите шест обвинети да формираат комисија со задача да се погрижи за инвентарот и за уништување на материјалите од Одделот за оперативна техничка поддршка на операции (ООТПО) на УБК. Причина за издавање ваква наредба било да се уништи сета документација од 2007 до 2015 година, а во врска со опремата за прислушување. Уништувањето било извршено во областа на Брест и Петровец од страна на две лица кои во обвинението се споменуваат во својство на сведоци. Вториот сведок ја ставил документацијата во област опкружена со камења и истата ја запалил.
На 24 јуни 2015 година, по извршеното уништување докази, вработените од УБК го информирале началникот дека сета документација од списокот со инвентар била уништена.
2015 Проект: „Интелигенција“
Предложен од: ЕУ и САД
Во 2015 година во извештајот на германскиот експерт на ЕУ Рајнхард Прибе направен по скандалот со масовното прислушување е нагласена неопходна потреба од реформа во целиот безбедносно-разузнавачки систем на Република Македонија.
Оваа реформа беше поддржана од ЕУ и САД.
Педлогот за реформскиот проект на безбедносно-разузнавачки систем на Р.М. на тогашната Техничка Влада од 2015 година каде технички министер за внатрешни работи беше Оливер Спасовски му бил испратен под кодно име „Intelligence“, што во превод од англиски значи проект „Разузнавање“.
Проектот се состоел од два дела:
првиот дел е: реформа во начинот на следење на комуникациите, во кој имало предложено 4 модели:
1. свичовите да се преместат кај провајдерите,
2. свичовите да се преместат во обвинителството,
3. формирање независно тело за контрола - (одбран модел – денешна ОТА)
4. за кривични дела свичовите да бидат кај провајдерите, а за прашања за безбедноста на државата да останат во УБК.
вториот дел е: реформа во целиот безбедносно-разузнавачкиот систем.
Но МВР на чело со министерот Оливер Спасовски го отфрлиле предлогот за целосна реформа, и предложиле реформа само на УБК каде е спомената и АР, поради тоа што и двете служби се произлезени од СДБ која пак била нивен заеднички претходник.
МВР предложи 3 модели:
1. УБК да остане во состав на МВР
2. УБК да се издвои како посебен орган - (одбран модел, на 21.11.2018г.)
3. УБК и АР да се соединат во една служба како посебен орган на државната управа.
Најважната работа за овој проект која треба да ја запаметите е дека сегашниот министерот за внатрешни работи а тогашен технички министер за внатрешни работи со неговиот експертски тим во МВР, проектот „Intelligence“ толку многу го разбрале што успеале насловот да му го преведат грешно, па наместо да го преведат „Разузнвање“, што е единствениот превод во безбедносна смисла го превеле проект „Интелегенција“.
Тие не сфатиле дека хомонимот „Intelligence“ кога се користи на различно место има различно значење, па така ако се каже „intelligence quotient - IQ“ се мисли на „човекова интелигенција“, а доколку се каже „Intelligence Officer“ се мисли на „офицер за разузнавање или разузнавач“ или за „Security intelligence“ се мисли на „разузнавање“.
Тоа е исто како наместо „Central Intelligence Agency - CIA“ што во превод е „Централна Разузнавачка Агенција - ЦИА“ да ја преведат „Централна Интелигентна Агенција - ЦИА“.
Иако им беше посочена срамната грешка, ден денес министерот на телевизија го кажува овој проект како проект „Интелигенција“.
Единственото место каде што сме ги слушнале двата хомоними во една иста реченица во конкретната смисла е во филмот „Snowden“ кој бил снимен по вистинската приказна за Едвард Сноуден аналитичарот на НСА од САД кој ги протече тајните документи за масовниот надзор од страна на САД во 2013 година, каде во 23 минута од филмот каде работникот (кој го глуми Nicolas Cage) што работи да речеме во некоја антикварница со некои стари разузнавачко безбедносни машини од Втора Светска војна, во разговор со Едвард Сноуден споредувајќи свое софтверско решение со нечие поскапо а полошо кое било одбрано, му вели "You would think intelligence would count for something in the intelligence business?!". или преведено и адаптирано на македонски „Ти мислиш дека интелигенцијата значи нешто во разузнавачкиот бизнис?!“
2018-ноември-1 - Оперативно - техничка агенција - ОТА
Основана: Со Законот за Оперативно - техничка агенција (Службен весник на Р.М. бр.71/18) од 19.04.2018 година. Започна со работа на 01.11.2018 година.
Одговара пред: Собранието на Р.М., Владата и Агенцијата за електронски комуникации – АЕК.
Опис на работа и надлежности:
Според чл.2:
(1) OTA се основа како самостоен и независен државен орган кој обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи.
(2) OTA дејствува како посреднички орган кој воспоставува технички премин помеѓу операторот и овластените органи, без можности за активирање или спроведување на снимањето на следените комуникации. ОТА не поседува техничка можност за пристап до содржината на следената комуникација.
(3) Техничката поврзаност од ставот (1) на овој член, се обезбедува исклучиво врз основа на судска наредба заради спроведување на следењето на комуникациите во согласност со Законот за следење на комуникациите.
(4) Заради вршење на надлежноста од ставовите (1) и (2) на овој член, на ОТА ѝ се обезбедуваат медијациски уреди за следење на комуникациите.
2018-ноември-21 – Најавен нов модел за реформа на УБК
УБК ќе се одвои во посебен орган на државна управа.
2018-ноември-30 - Прислушување во ОЈО на Р.Македонија и во Основниот суд Скопје 1, Скопје
На 30.11.2018 година републичкиот јавен обвинител на РМ, Љубомир Јовески, обелодени дека биле пронајдени два хард диска со снимени телефонските разговори од фиксната линија во зградата на Основното јавно обвинителество на кои имало разговори од 20.09.2016 година. Хард дисковите биле откриени во посебна просторија во ОЈО каде била сместена и телефонската опрема. Отворена е предистражна постапка за да се утврди кој имал пристап и дали можеби некој од надвор можел да има контакт со телефонските линии, дали снимањето на разговорите траело и пред септември 2016, а се испитува и целокупната тендерска документација за набавка на телефонските уреди и опремата.
Подоцна истиот ден, премиерот Зоран Заев обелодени дека ист ваков систем за снимање на разговорите од фиксната линија имало поставено и во новата зграда на Основниот суд Скопје 1, Скопје т.е. на Кскопскиот кривичен суд. И во двете институции се снимала целокупната внатрешна комуникација на обвинителите, истражителите, судиите и сите други вработени во ОЈО и во скопскиот кривичен суд. Сеуште се чека на одговор каде и дали има и други вакви опреми за снимање на внатрешната комуникација на други места.
2018-декември-02 - Опрема за прислушување во Министерството за животна средина и просторно планирање
На 02 декември 2018 година додека сеуште трае истрагата за прислушувањето во ОЈО и Кривичен суд, Министерството за животна средина и просторно планирање нарачало иста таква опрема како што има во ОЈО и во Кривичен суд во Скопје. Според официјална изјава таа опрема е наменета за примање на повици од граѓаните во врска со загадениот воздух, како и контрола на квалитетот на услугата, но според спецификациите на опремата истата може и не мора при јавувањето да известува дека „разговорот се снима“, како и тоа дека има можност да ги снима и дојдовните и појдовните повици на министерството.
2019-мај - „Бомбите“ на „Ел Чека“
Шеќерим Ахмети од Кичево под псевдоним „Ел Чека“ подолг период започнувајќи од мај 2019 година објавуваше снимени телефонски разговори, чија содржина беше пандан на т.н. „бобми“ од проектот на СДСМ „Вистината за Македонија“, само што овие „бомби“ претежно ги компромитира албанските политичари во Република Северна Македонија. Фесјбук неколку пати ги бришеше профилите на „Ел Чека“. Против него беше покренато обвинение за неовластено прислушување и тонско снимање, според чл.152 од КЗ на РСМ, кривично дело за кое е предвиден затвор до пет години. |
Основниот суд во Кичево, во јануари 2020 година на Шеќерим Ахмети - Ел Чека, му досуди условна казна затвор од една година, ако во наредните две години не стори ново кривично дело.
Со оглед на тоа дека Шеќерим Ахмети - Ел Чека од почетокот на објавувањето на снимките до носењето на пресудата се наоѓал во Чикако, САД не е ни чудно што му ја досудиле најлесна пресуда бидеќи не можеле да го обезбедат за судење, односно како што милуваат да кажат не бил достапен за органите на прогонот, а тоа е од проста причина што соработката за екстрадиција со сите држави низ светот на Република Северна Македонија е горе-доле рамна на 0.
Со оглед на тоа дека Шеќерим Ахмети - Ел Чека од почетокот на објавувањето на снимките до носењето на пресудата се наоѓал во Чикако, САД не е ни чудно што му ја досудиле најлесна пресуда бидеќи не можеле да го обезбедат за судење, односно како што милуваат да кажат не бил достапен за органите на прогонот, а тоа е од проста причина што соработката за екстрадиција со сите држави низ светот на Република Северна Македонија е горе-доле рамна на 0.
2019-јуни-1 - Бришење на УБК од системот на државната управа на Р. С. Македонија
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (Сл.Весник бр.110/19) од 30 мај 2019 година се избриша постоењето на УБК од системот на државната управа на Р. С. Македонија.
Во основниот Закон донесен уште во 2000-та година (Сл.Весник бр.58/2000) во став 1 и став 2 од член 16 стои:
„(1) Министерството за внатрешни работи ги врши работите што се однесуваат на:
- остварување на системот на државната и јавната безбедност;
...
(2) Во состав на Министерството за внатрешни ра-боти се:
- Управата за безбедност и контраразузнавање и
- Бирото за јавна безбедност.“
Имено, во чл.16 од Законот за организација и работа на органите на државната управа е извршена измена која гласи:
„Во член 16 став (1) во алинејата 1 зборовите: „државната и“ се бришат. Ставот (2) се менува и гласи: „(2) Во состав на Министерството за внатрешни работи е Бирото за јавна безбедност.“
Па така конечната пречистена форма на чл.16 гласи:
„(1) Министерството за внатрешни работи ги врши работите што се однесуваат на:
- остварување на системот на јавната безбедност;
...
(2) Во состав на Министерството за внатрешни работи е Бирото за јавна безбедност.
Оваа измена стапи на сила на 1 јуни 2019 година.
Од 1-ви јуни до 1-ви септември 2019 година во РСМ не постои контраразузнавачка служба за државна безбедност поради одложената примена на Законот за АНБ кој иако беше донесен на 28 мај 2019 година, стапи на сила дури на 1-ви септември 2019 година.
2019-септември-1 - Агенција за Национална Безбедност - АНБ
Основана: Со Законот за Агенција за Национална Безбедност (Службен весник на Р.М. бр.108/19) од 28.05.2019 година. Започна со работа на 01.09.2019 година.
Одговара пред: Собранието на РСМ, Народниот правобранител на РСМ, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Државниот завод за ревизија, Советот за граѓански надзор согласно со Законот за следење на комуникациите и други органи согласно со закон.
Опис на работа и надлежности:
Според чл.2:
(1) Заради заштита на националната безбедност на државата, односно заради заштита на независноста, суверенитетот, уставното уредување, основните слободи и права на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, како и други работи од интерес на националната безбедност на државата, се основа Агенција за национална безбед-ност на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Агенцијата).
(2) Агенцијата се основа како самостоен орган на државната управа со својство на правно лице.
Според чл.4:
(1) Агенцијата собира, обработува, анализира, про-ценува, разменува, чува и штити податоци и информации со цел откривање и спречување на активности што се поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата и тоа:
-шпионажа,
-тероризам и негово финансирање,
-насилен екстремизам,
-сите форми на сериозни и организирани криминални активности насочени против државата,
-спречување на кривични дела против човечноста и меѓународното право,
-незаконито производство и пролиферација на оружје за масовно уништување или нивни компоненти, како и материјали и уреди кои се потребни за нивно производство,
-нарушување на виталните економски интереси и финансиската безбедност на државата,
-нарушување на безбедноста на носители на високи државни функции и на објекти од стратешко значење за државата, -откривање и спречување на други активности поврзани со безбедносни закани и ризици за националната безбедност на државата.
(2) Агенцијата врши и безбедносни проверки во согласност со овој и друг закон.
Начин на работа:
Според чл.19
(1) Агенцијата во својата работа собира податоци и информации користејќи:
1. отворени
-јавни извори,
2. податоци и информацииод физички лица,
3. службени податоци и информации од органите на државната власт, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа и други правни лица, како и користење на податоци и информации од нивните службени евиденции, збирки и регистри на податоци кои ги водат согласно со закон,
4. тајно собирање на податоци и информации со:
а. следење на комуникации и собирање на мета податоци, согласно со Законот за следење на комуникациите,
б. следење и снимање на меѓународни телекомуникации,
в. следење и снимање на телефонски и други електронски комуникации со посебни технички уреди и опрема, без посредство на ОТА и операторите,
г. тајни соработници,
д. надзор над поштенски и други пратки,
ѓ. лица со прикриен идентитет,
е. таен откуп на предмети и документи и
ж. набљудување.
(2) За вршење на работите од својатанадлежност Агенцијата може да презема и мерки за прикривање на:
-идентитет на работници на Агенцијата или на други физички лица,
-сопственост над правни лица,
-сопственост над предмети и
-целта заради која се собираат податоците и информациите.
Извори
Види: Веб страна на АНБ© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.