Ниту една датотека, било да е тоа PDF книга, музика или филм, не се хостирани на оваа страна, туку истите се црпат преку линковите кои се дадени на страната.
Балкански Шпијун (1984)
„Балкански Шпијун“
1984, Унион филм, Београд Режија: Душан Ковачевиќ, Божидар Николиќ Кратка содржина: Београѓанинот Илија Чворовиќ (Данило Стојковиќ), кои неколку години ги поминал во затворот на Голи Оток заради приврзаност кон сталинизмот, е повикан на рутински разговор во локалната полициска станица во врска со неговиот потстанар Петар Јаковлјевиќ (Бора Тодоровиќ), кројач кој 20 години работел во капиталистичка Франција. Параноидниот и збунет Чворовиќ после разговорот во полиција, почнува да го следи, прислушува и прогонува Јаковлјевиќ, и погрешно сфаќа дека тој не е негов обичен потстанар туку терорист и државен непријател кој сака да ја руши власта. |
Balkanski spijun (1984) from gliso3006 on Vimeo.
Професионалац (2003)
„Професионалац“
2003, Ванс Режија: Душан Ковачевиќ Кратка содржина: Син на комунист и полицаец, до вчера универзитетски професор, писател, боем, припадник на белградската интелигенција и жесток противник на режимот на Милошевиќ, Теодор Тео Крај (Бранислав Лечиќ) денес е директор на една голема издавачка куќа. Еден ден во неговата канцеларија непоканет влегува необичен странец со голем куфер во рака. Тој човек е Лука Лабан (Бора Тодоровиќ), поранешен агент на српската служба за безбедност, денес таксист. Соочувањето на овие двајца луѓе, е полно со изненадувања и неверојатни пресврти. Токму на запознавањето со Лука, Тео дознава дека неговата мисија во последните десет години била следење на Тео, пишување извештаи за неговите делувања, шпионирање на најинтимните моменти во неговиот живот. |
Болеро - музички албум: „О Јесењину“ (1988)
Група: Болеро
Албум: „О Јесењину“ 1988, Дискотон Албумот „О Јесењину“ е инспириран од ликот и делото на рускиот поет Сергеј Јесењин (мак. Есенин). Низ песните на групата Болеро провејува пролетерскиот дух, животот на понижената и потчинета пролетерска подкласа на уметниците и писателите во социјалистичкиот затворен југословенски систем во кој слободата на творење и изразување била контролирана од системот. Пролетерскиот слободарски дух немајќи простор и можност да се издигне, најчесто се „задушувал“ во малите, тесни и влажни соби во предградијата на велеградовите, останувал во боемските чаши по кафаните и крчмите („Крчмарска Москва“), во креветите на блудниците („О Јесењину“). На крајот останувале само верните другари пролетери уште од времето на Втората Светска војна кога доброволно се бореле по планините („Коњух планином“), пролеаната крв, „гушењето“ на пролетерската мисла по југословенските затвори („Зашто умиру пролетери“) и на крајот сеќавањето за нив останува само во здравицата во нивна слава („На крају славја“) и во срцето на саканата („Кошчате руке“). |
Меч и штит во рацете на Партијата - Репресивниот систем во функција на обликување на јавното мислење (2010)
Наслов: Меч и штит во рацете на Партијата - Репресивниот систем во функција на обликување на јавното мислење
(ориг. Mač i štit u rukama partije – represivni sustav u funkciji oblikovanja korpusa javnog znanja) Автор: Гордан Акрaп Издавач: National security and future 4 (11), 2010 „„Службата е мач и штит во рацете на Партијата и Револуцијата во борбата против класните и сите други непријатели кои сакаат да го (с)рушат социјалистичко-комунистичкиот поредок и народната власт преводена од неговата авангарда: Комунистичката Партија.“ - Вака стокмена изјава може да се препише на било кое лице на должност или службено лице од разузнавачко-безбедносниот систем од било која држава со комунистичко-социјалистичко општество организирано по пример на Советскиот Сојуз.“ Линк до трудот: https://hrcak.srce.hr/file/129133 |
Тајните служби во светот (1999)
Наслов: Тајните служби во светот
(ориг. Tajne službe sveta) Автор: Марко Лопушина Издавач: Народна Књига, Алфа, Белград, 1999 Тајната политика, тајната дипломатија и шпионажата отсекогаш биле потпора на важните државни работи. Вилијам Кејси, некогашен прв разузнавач на САД, знаел искрено да признае дека шпионажата е толку озбилна работа што не треба да им се препушта на шпионите. Но постоеле и прилики кога владетелите не им верувале на своите шпиони, па Сталин својата доверба во Хитлер ја платил со 20 милиони жртви. Кој сака да владее, мора да има способност да ги види и предвиди случувањата во сопствената држава и околина. Линк до книгата: https://www.lopusina.com/2016/07/14/tajne-sluzbe-sveta/ |
Среќна Нова ’49 (1986)
„Среќна Нова ’49“
1986, Вардар филм Режија: Столе Попов Кратка содржина: „Среќна Нова ’49“ е македонски филм кој зборува за донесувањето на Резолуцијата на Информбирото и нејзиното неприфаќање во нашата општествена средина. Тоа е приказна за двајца браќa: постариот, Драгослав Ковачевски кој како студент се враќа од Советскиот Сојуз за веднаш потоа да биде лажно обвинет и затворен, и неговиот помал брат Коста кој го согледува неморалот на властите во СФРЈ и сака да живее свој живот, независен од сите други околу него. Шверцува пеницилин и заработува доволно пари. Негов интерес е и Вера, млада, убава и привлечна девојка на постариот брат додека овој е во затвор, за која на крајот се открива дека била советска шпионка. |
Политичкиот затвореник за Македонија (1991)
Наслов: „Политичкиот затвореник за Македонија“
Автор: Илија Максимовски Издавач: Македонска радио телевизија македонско радио, 1991 Исповед на Ѓорѓи Доцев член на организацијата ВМРО-ПРАВДА, која постоела во периодот на НР/СР Македонија, и имала за цел: „слободна независна и обединета Македонија под покровителство на Америка“ со кревање на вооружено востание. Во оваа книга може да се прочита за суровите методи на испрашување на УДБ-а и СДБ, лошите и нехумани услови во затворите, носењето на пресуди без докази, принудната макотрпна општокорисна работа. „Нам Фаик, Турчин, а беше во нашата организација, ни рече... „Слушајте, овој Ацо, професорот по историја, често го гледам со Невенка. Внимавајте, тој работи за Удба“... Еден ден со Добре стоиме, одеднаш се појавуваа тој Ацо. Се приближува... „Од каде вие двајца заедно? Ѓорѓи е ученик, а ти, што имаш ти со него заедничко?““ |
„Влегоа во ќелијата уште двајца, ме натераа рацеве да ги спружам, а Лазо Шалев ми застана на грбот, како што ми беа нозеве спружени... удри... тоа беше најстрашното и најболно тепање, по табаните. Тоа го доживував и тогаш, и во 1972, во 1981 година, тоа е класично најтешко тепање. По тие удари по табаните 13-14 дена не можев да застанам на нозе бидејќи набабруваат нозете...“
„...А претходниот ден, недела, ден за чистење, станот исчистен, а тие 13 полицајци. И јас им велам да извршат претрес, но претходно да си ги собујат чевлите. Тие зачудени, ме прашуваат дали сум нормален, не сакаат да се собујат... јас не пи пуштам да влезат во станот, тие не сакаат да се собујат, дури навредени... јас упорен, претрес само ако ги собујат чевлите. Настана една врева на влезот од станот... и, се собуја. Подоцна во истражната постапка нивниот шеф Иван Бабамов ме пцуеше затоа што сум му ги собувал полицајците.... Бараат, превртуваат... нема ништо. Славе издава наредби... „Ѓорѓи каде е експлозивот“?... Го гледам, ми личи на искусен полицаец... „Долу, во визбата“. Одиме во визбата, а врска нема каков експлозив. А во визбата, гаража, стари делови, стара покуќнина, прашина, валкано со месеци некои предмети нефатени. Почнаа да бараат,... „Каде е?’... „Тука беше некаде“... Едно седум-осум полицајци, оние што сака најмногу да се покажат, се направија како... црни од глава до петици, а беа доторани, во костуми. И на крајот, нема ништо, и се чудат... Нема експлозив, динамит... „Е, нема, бре, луѓе, нема затоа што воопшто го нема, не постои“. Налутени, изнервирани, а јас и натаму одречувам дека има основа за апсењето. Бараа и оружје, пиштол. Не најдоа ништо, а беше скриен длабоко во каналот за вентилација во шпајзот...“
Линк до книгата:
https://ia902608.us.archive.org/21/items/PolitickiotZatvorenikZaMakedonija/PolitickiZatvorenikZaMakedonija-ilijaMaksimovski.pdf
Животите на другите (2006)
„Животите на другите“
(анг. „The lives of others“; гер. „Das Leben der Anderen“) 2006, Wiedemann & Berg Bayerischer Rundfunk Arte Режија: Florian Henckel von Donnersmarck „Животите на другите“ е германски филм за тајното следење и снимање од страна на поранешната источно германска разузнавачка служба „Штази“ во Источен Берлин, додека Источна Германија била под влијание на СССР. Во овој филм може да се увидат методите на озвучување на простории, начините на претрес, долгочасновното вршење на надзорот врз тогашната интелектуала на Источна Германија. Со оглед на тоа дека југословенскиот безбедносно-разузнавачки систем бил направен по примерот на советскиот, а под чие влијание работела и оваа служба, овој филм може да ви ја долови сликата за работењето на разузнавачките служби во Југославија од '60-тите до '80-тите години на минатиот век. |
Четврта власт (2013)
„Четврта власт“
(буг. Четвърта власт) 2013, Българска национална телевизия - БНТ Режија: Димитър Коцев-Шошо, Стоян Радев Начинот на користење на ФинФишерот односно сличен софтвер на него е обработен во бугарската тв серија „Четврта власт“. Во кратко се работи за видео снимка за убиство на младата девојка Велина по професија балерина. Видео снимката е направена со помош на таен проект на бугарската служба за државна безбедност „Биро за национална сигурност - БНС“ (буг. Бюро по национална сигурност) под кодно име „Венерина стапица“ (буг. „Венерина клопка“; лат. „Dionaea muscipula“). Шеф на проектот е Лидија Лазарова агент на БНС, поранешна сопруга на Андреј Крстанов кој е истакнат новинар во весникот „Четврта власт“, и мајка на Ирмена Александрова која е блогерка и штотуку започнува да работи како новинар во „Четврта власт“. |
Сноуден (2016)
„Сноуден“
(анг. Snowden) 2016, Endgame Entertainment Режија: Oliver Stone Сноуден е биографски филм за Едвард Сноуден. После тешката повреда на двете нозе за време на тренинг на Специјалните Сили во армијата на САД, Едвард Сноуден е принуден да се откаже од сонот да стане војник кој ќе и служи на својата земја. Потоа се пријавува за работа во ЦИА за тоа како после повредата на нозете и покрај големата желба да и служи на својата држава како војник, наоѓа друг начин да го прави тоа, вработувајќи се во ЦИА. Потоа филмот раскажува за неговото работење во НСА, делокругот на работа со кој таму се сретнал и моментот како се родила во него желбата да му покаже на светот колку е висока цената на безбедноста платена преку приватноста на луѓето. |
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.