★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
Социјалистичката работничка партија на Вториот конгрес во Вуковар во јуни 1920 година се преименува во Комунистичката Партија на Југославија - КПЈ.
Во 1937 година на чело на партијата е поставен Јосип Броз Тито.
Сметајќи ја Комунистичката партија за закана, Кралот Александар Караѓорѓевиќ, ја обвинил КПЈ дека спрема преврат и објавил „Обзнана (прев. проглас)“ со кој наредил да се донесе нов Устав со кои ќе се забрани секоја комунистичка активност. Овој Устав бил донесен на 2 август 1921 година.
Прочитај повеќе за: Коминтерната против ројализмот
Руското царство на династијата Романови била на иста страна со Кралството Југославија на династијата Караѓорѓевиќ, додека Коминтерната во која членувале сите комунистички и работнички партии остро се бореле против ројализмот (царските/кралските династии). Па така Белогардистите - војската на Руското царство се борела против Црвената Армија на Комунистичката партија на Болшевиците, а Четниците - војската на Кралството Југославија предводена од Драгољуб Дража Михајловиќ се борела против Комунистичката партија на Југославија, а потоа и против партизанските одреди кои настанале од неа.КПЈ била дел од Информбирото од 1947 до 1948 година, по што во 1948 година Тито се оградил од политиката на Сталин, на што Информбирото одговорило со резолуција која го прогласила Тито за националист, а во Југославија започнал прогонот на приврзаниците и поддржувачите на Сталин и резолуцијата на Информбирото од страна на УДБ-а.
Кој ги организирал партизанските одреди?
Сакајќи да се прикажат како единствени вистински борци за создавање на нова југословенска држава, партискиот врв на советувањето во Загреб, одржано во април 1941 година донел одлука со која партискиот врв станал истовремено и воен врв. Се основал „Воен комитет на Централниот Комитет (ЦК) на КПЈ“ на чие чело бил именуван Секретарот на ЦК КПЈ Јосип Броз Тито.
Прочитај повеќе за функциите на Јосип Броз Тито:
1. Генерален секретар на Комунистичката Парија на Југославија – КПЈ;2. Врховен командант на Народно ослободителната војска – НОВ и Партизанските одреди на Југославија - ПОЈ, а потоа и Врховен командант на Југословенската Народна Армија – ЈНА;
3. Претседател на Народниот комитет за ослободување на Југославија – НКОЈ (функција денес еднаква на премиер, односно претседател на влада);
4. Маршал на Југославија (функција денес еднаква на доживотен монарх на федерација);
5. Повереник за народна одбрана (функција денес еднаква на министер за одбрана).
Зошто Југославија и Сојузна Р. Македонија во Југославија биле про-руски ориентирани, а во различни периоди добивале економска помош од западните земји на пример по земјотресот во Скопје во 1963-та година?
Прочитај повеќе за: Процентуалниот договор Черчил-Сталин:
Процентуалниот договор бил таен неформален договор помеѓу британскиот премиер Винстон Черчил и советскиот лидер Јосиф Сталин за време на Четвртата Московска Конференција во октомври 1944 година. Била дадена процентуална поделба на контролата врз источно-европските земји, делејќи ги на сфери на влијание. Американскиот претседател Франклин Рузвелт бил консултиран процедурално и истиот се согласил со договорот.
Содржината на договорот за првпат била јавно објавена од страна на Черчил во 1953 година во последното издание од неговите мемоари. Американскиот амбасадор Авирел Харимен, кој требало да го преставува Рузвелт на овие состаноци, бил исклучен од оваа дискусија.
Винстон Черчил го предложил договорот, во кој Велика Британија и СССР се сложуваат да ја поделат Европа во сфери на влијание, каде едната држава ќе има предност во една сфера а другата во друга сфера. Черчил предложил Советскиот Сојуз да има 90% влијание во Романија и 75% во Бугарија, додека Велика Британија да има 90% влијание во Грција, а во Унгарија и Југославија, Велика Британија и СССР да имаат по 50% влијание. Черчил го напишал тоа на салфетка и му ја подал преку масата на Сталин, овој ја штиклирал и му ја вратил назад. Резултатот на овие разговори било процентот на Советското влијание во Бугарија и уште позначајно во Унгарија да биде до 80%.
На 31 мај Черчил му рекол на Рузвелт дека предложениот Англо-Советски договор се однесува само за време на војна (воени услови) и нема за цел да го распарчи Балканот. Рузвелт не бил импресиониран и на 11 јуни рекол дека резултатот ќе биде: „поделба на Балканскиот регион на сфери на влијание, и покрај намерата тоа да се ограничи само за воени прашања.“ Черчил го повикал Рузвелт да го поддржи договорот на кој му се дава 3 месечен пробен период. На 13ти Рузвелт одлучил да се повлече од преговорите и покрај приговорите од Стејт Департментот. Ова подоцна произлегува дека била одлука од огромно значење.
На Јалта конференцијата во 1945 година Рузвелт предложил за процентите од договорот да одлучат Обединетите Нации. Сталин бил разочаран затоа што сакал советско влијание во источна Европа.
Според Мелвин Лефлер, Черчил се обидел „да го отфрли“ процентуалниот договор од кога веќе конечно војната била завршена и Грција обезбедена. Тоа било особено случај затоа што Черчил и Рузвелт го држеле ова во однос на договорот во дискреција, додека нивните политички наследници не биле свесни за истото.
Сталин во меѓувреме првично верувал дека тајниот договор е поважен од јавниот склучен во Јалта, што довело до тоа да тој смета од негова перцепција дека се работи за предавство и растечка итност да се обезбедат пријателски влади на границата на СССР.
Во интервју од 1956 година со КЛ Сулцбергер, Черчил рекол:
„Сталин никогаш не го прекрши зборот што ми го даде. Се договоривме за Балканот. Реков дека тој може да ги има Романија и Бугарија, а тој рече дека ние можеме да ја имаме Грција... Кога влеговме во 1944 година Сталин не се мешаше.
Сите држави станаа народни републики под комунистичка контрола со исклучок на Грција каде комунистите ја изгубија цивилната војна во Грција.“
Кога првпат се јавува идејата за разузнавачка служба во Југославија?
На ден 15 август 1941 година Централниот Комитет на Комустичката партија на Словенија донел одлука за основање на ВОС ОФ (сло. „Varnostno obaveščalna služba Osvobodilne Fronte“) односно разузнавачко-безбедносна служба на Словенечката комунистичка партија. ВОС ОФ делувал по налози на ЦК КП на Словенија.
Во почетокот на јануари 1943 година ЦК КП на Словенија донесува „Упатство за создавање на ВОС на терен и војската“ со потпис на Едвард Кардељ.
Прочитај повеќе за: ВОС ОФ Словенија
„Упатството“ налага исполнување на нови задачи кои стојат пред ВОС со користење на сите расположливи методи на делување, вклучувајќи и ликвидации на противникот. Утврдено е дека ВОС, преку „Централната комисија за разузнавачко-звестувачки служби“ раководи и истовремено врши надзор над делувањето на ЦК КП на Словенија,, односно дека „целокупниот апарат на ВОС подлежи под контрола на Партијата“. Истовремено се основани воени сили на ВОС кои потоа станале дел од идниот КНОЈ. Со тоа ВОС станал во полно значење партиска разузнавачко-безбедносна служба со силно изразено репресивно делување.
ВОС со одлука на Извршниот одбор на Ослободителниот фронт – ОФ е укинат на 19 февруари 1944 година. Неговата улога и неговите задачи ги презел II одел на Генералштабот на НОВ и ПО на Словенија. Истовремено во составот на „Словенскиот народноослободителен одбор“ е воспоставен „Отсек за внатрешни работи“ кој имал 3 сектори: за борба против петтата колона, за народна заштита, и внатрешна администрација.
На ден 7 март 1944 година ГШ НОВ и ПО Словенија донесува наредба со која се утврдува нов начин на организација воените известувачки центри. И во овој случај, иако се работело за организирање на силите во воените структури, клучни улога (наредбодавачка и надзорна) има врвот на Партијата. Словенски ВОС со своето основање, начинот на внатрешна организација, задачите кои ги извршувал, методите и работите со кои се користел посебно нагласуваат цврста и потполна зависност од Партијата, служел за пример за организирање на слични разузнавачко-безбедносни системи во другите делови на Југославија.
Кога првпат се јавува идејата за сојузна разузнавачка служба во Југославија која ќе делува на целата територија?
На ден 27 ноември 1942 година ВШ НОВ и ПОЈ донесува „Упат за разузнавачка служба“, документ кој го потпишува Врховниот командант и секретар на КПЈ Јосип Броз Тито.
Што е ОЗНА?
Одделенија за заштита на народот потоа се формирани за сите републики во состав на федерална Југославија.
Со која цел е создадена ОЗНА?
Со основањето на ОЗНА се посакувало да се создаде „... единствена моќна организација која би управувала со политичката разузнавачка служба во странство и на окупираната територија и контра разузнавачка служба во Народно ослободителната војска и на ослободената и неослободената територија. Единствена структура и централизирано раководство овозможувале обезбедување единствени и тврди политички линии во разузнавачката и конктраразузнавачката служба и им даваат на Врховниот командант и раководството на НОД моќно оружје за нанесување истовремени удари по фашистичките и други непријателски елементи низ целата држава.“ Заради тоа ОЗНА се пополнува со најдобрите и Партиски најлојалните кадри. На 18 мај 1944 година било издадено посебно „Упатство“ за ОЗНА потпишано од Александар Ранковиќ – кој бил поставен за прв началник на ОЗНА.
„борба против шпионите, диверзантите, терористите и други антинародни елементи во народноослободителното движење.
Истовремено, ОЗНА од самиот почеток е користена и против сите личности од антифашистичко-комунистичкото движење кои не мислеле како Тито. ОЗНА од почетокот на своето делување активно работела на собирање информации за членовите на АВНОЈ како истите покасно би можеле да се искористат, односно да се злоупотребат. Со користење на речникот на ОЗНА „би се извршило чистење на тие тела од внатрешни и надворешни непријатели на Партијата, Револуцијата и народот“.
По чиј модел била организирана ОЗНА?
Како била организирана ОЗНА?
ОЗНА се организира при „Комисии за народна одбрана на КНОЈ“. Со обѕир на поставените задачи, утврдена е внатрешната организациска структура со 4 „отсеци“ (петтиот е основан на 3 март 1945г.):
- „1. отсек – разузнавачки“, кој претежно делувал во странство и на окупираните подрачја;
- „2. отсек – контраразузнавачка служба на ослободената територија“, се занимавал со т.н. „внатрешна проблематика“, односно помеѓу останатото, како што е наведено во Наредбата „...Бдее над активноста над разни политички групи во Народноослободителното движење...“;
- „3. отсек – контраразузнавачка служба во војската“, делува внатре во воената структура на контраразузнавачки план;
- „4. отсек – статистичко-технички“ води евиденции, бази на податоци, дава техничка поддршка, се занимава со криптологија и криптографија, и други слични делувања; и
- „5. отсек“, со подрачје на делување „борба против сите странски агентури во Југославија“ во соработка со КНОЈ.
Каков бил кадарот на ОЗНА и кои биле неговите овластувања?
Првиот началник на ОЗНА, Александар Ранковиќ му бил подреден и одговорен исклучиво и единствено само на Врховниот командант и претседател на НКОЈ Јосип Броз Тито, на кого му бил и заменик.
За началници на ОЗНА биле назначени луѓе од самиот врв на комунистичката партија.
Во Македонија за прв началник на ОЗНА бил поставен Бане Андреев-Ронката, кој во тоа време бил претседател на Централниот комитет на Комунистичката Партија на Македонија – ЦК КП Македонија.
Она што е посебно интересно и што укажува на постојаната желба на врвот на Партијата со помош на безбедносно-разузнавачкиот систем да ги контролира како поединци така и одредени заедници, се правата и овластувањата кои им се дадени на службениците на ОЗНА:
- отворање и вршење истраги,
- пишување кривични пријави,
- апсење,
- организирање и управување со затворите.
Пријавите напишани од страна на „органите на ОЗНА“ генерално веднаш се прифаќале како факти и потпирајќи се на нив се носеле пресуди, често многу драконски. Всушност, во наведената наредба стои: „Истрагата над уапсените народни непријатели, дезертери и слично ги врши оној отсек на основа на чиј материјал е извршено апсењето. Првиот отсек – по правило – не вршел апсења и не се занимавал со истраги“.
Од агресивната политика и бруталните методи на испитување на „осомничените“ со текот на времето произлегле изреките „ОЗНА све дозна“ и „Ако ОЗНА дозна“.
Како ОЗНА го обликувала јавното мислење?
Со одлуки на Партијата е створена моќна, потполно централизирана, „интегрална политичка разузнавачка служба“, цврсто поврзано со воено-политичкиот врв и со јасна задача за спроведување на политиките на КПЈ.
Речиси сите оние кои зборувале спротивно на она што го зборувала Партијата, биле сметани за „Контрареволуционери“, „Непријатели на револуцијата кои ги напаѓаат најсветите текови на нашата НОБ“... Поради тоа нивното тргање од јавноста, а неретко и ликвидирање, биле дел од секојдневното делување на ОЗНА.
Во пракса, во времето на крајот на војната и непосредно после војната, тоа делување го имало следниот правен облик: во моментот на влегување во новоослободените места и градови, припадниците на ОЗНА и КНОЈ ги заземале главните делови на градовите / местата и ги извршувале „првите чистења“ од „непријателските елементи“. Службениците на ОЗНА истовремено први се однесувале како „управна власт“ во градовите и местата во кои влегле. Во тие „чистења“ убиен е голем број луѓе на кои единствено кривично дело им било/била припадноста кон некоја политичка партија или организација кои би можеле да претставуваат проблем за Комунистичката партија, после победата над пронацистичките и профашистичките режими.
Како изгледало тоа „чистење“ во пракса се гледа од депешата (телеграмата) која ја испратил началникот на ОЗНА, генерал Александар Ранковиќ, на 17 мај 1945 година упатена до началникот на ОЗНА за Хрватска, Иван Крајчиќ-Стево: „Вашата работа во Загреб е незадоволителна. За 10 дена во ослободен Загреб е стрелано само 200 бандити. Не изненадува оваа ваша неодлучност за чистење на Загреб од лошите. Работите спротивно од нашите наредби, бидејќи рековме да работите брзо и енергично, и се да завршите во првите денови... Меѓутоа, шефот на II отсек на Загребското одделение има некој свој став. Него инаку го сменуваме од оваа должност... Оваа депеша да му ја покажете на Владо (Владимир Бакариќ), потврдете го приемот и бидете почесто во контакт со нас.“
На „I советување на началниците и раководството на ОЗНА за Хрватска“ одржано во средината на јули 1945 година Душко Бркиќ во функција на ЦК КП Хрватска ја потврдува врска помеѓу безбедно-разузнавачкиот систем: „... сето она што ќе ви пристига од Одделенијата на ОЗНА за Хрватска не се само одлуки на другарот Стево (Генерал Иван Краичиќ-Стево, началник на ОЗНА за Хрватска), туку тоа е одлука на партијата ЦК КПХ, ЦК КПЈ. И вие треба да водите сметка за... стриктно извршување на своите задачи... не само затоа што сте на работа во ОЗНА... туку и затоа што тоа е директива од нашата партија, нашиот Централен Комитет“.
Прочитај повеќе: Кои биле сите тајни служби во СССР и потоа во Руската Федерација?
(1917-1922) Руската Чека - Всероссийская Чрезвычайная Комиссия(1922-1923) ГПУ под НКВД - Государственное политическое управление при НКВД РСФСР
(1923-1934) ОГПУ - Объединённое государственное политическое управление при СНК СССР
(1934-1943) НКВД - Народный комиссариат внутренних дел
(1943-1946) НКГБ - Народный комиссариат государственной безопасности
(1946-1954) МГБ - Министе́рство госуда́рственной безопа́сности СССР
(1954-1995) КГБ - Комите́т госуда́рственной безопа́сности
(1995-денес) ФСБ - Федеральная служба безопасности Российской Федерации
Извори:
Види: КГБ (анг.)
Достапната документација укажува на масовни злочини кои ги вршеле припадниците на ОЗНА и КНОЈ. Во извештајот од 10 јули 1945 година по посетата на Славонија, а во врска со тамошната безбедносна ситуација која ја составил претставник на „Отсекот за народна милиција, Одделот за јавен ред и безбедност на Министерството за внатрешни работи на Федерална Република Хрватска“ се истакнува: „ ...Органи на ОЗНА вршат пљачки, убиваат луѓе без да им се суди, не ги закопуваат, или не ги закопуваат честито. Народот стравува. Се чувствува несигурност не само кај народот, туку и меѓу членовите на Народно ослободителните одбори - НОО.“
Што е КНОЈ?
На 15 август 1944 година со наредба на „ маршалот на Југославија Ј.Б. Тито“ е донесена одлука за основање на КНОЈ – „Корпус за народна одбрана на Југославија“.
Како бил организиран КНОЈ?
КНОЈ бил организиран во 8 дивизии:
1-ва Хрватска дивизија - 5 август 1944
2-ра Хрватска дивизија - декември 1944
3-та Босанско-херцеговачка дивизија - декември 1944
4-та Белградска дивизија - декември 1944
5-та Српска дивизија - 10 јануари 1945
6-та Црногорска дивизија - септември 1945
7-ма Војводинска дивизија - 18 декември 1944
8-ма Македонска дивизија - 6 декември 1944
Кои биле целите и задачите на КНОЈ?
- борба против: антинародните востаници, а во позадина на Народно ослободителната војска и ликвидација на бандитските групи: четници, усташи, балисти, белогардисти;
- чистење на ослободените територии од: шпиони, домашни предавници, соработници со непријателот, петоколонаши, саботери и дезертери по налог на ОЗНА;
- заштита на централната власт и другите објекти на НОД: НКОЈ, ВШ на НОВ и ПОЈ, антифашистичките комисии, ГШ, и ОЗНА;
- обезбедување на: крајбрежјето, пристаништата, националните граници, одредени објекти на железницата, објекти и фабрики за наменско производство за војската;
- извршување на задачи доверени од ОЗНА: следење, заседи, претрес на објекти и идентификација на лица, апсење на осомничени.
Извори
Dr. sc. Gordan Akrap, „Mač i štit u rukama partije – represivni sustav u funkciji oblikovanja korpusa javnog znanja“,2010. National security and future 4 (11), стр. 185-186Види: Корпус на народна одбрана на Југославија (срп.)
Види: Корпус на народна одбрана на Југославија (сло.)
Види: Милиција на СФРЈ (срп-хрв.)
Види: Дивизии на КНОЈ (сло.)
Како делувале КНОЈ и „ОЗНА за Македонија“ во Македонија?
Првата официјална форма на разузнавачка служба во Македонија била Организацијата за Заштита на Народот – ОЗНА, која имала за цел да го заштити чесниот народ и да ја исчисти територијата на ослободена Македонија од домашните непријатели и бандитски вооружени групи, како и противниците на одлуките на второто заседание на Антифашистичкото Собрание за Народното Ослободување на Македонија - АСНОМ како и од остатоците од фашистичкиот непријател.
Во Македонија, ОЗНА е формирана во јули 1944 година во селото Рамно, Кумановско.
За прв началник на ОЗНА за Македонија бил поставен партизанот Бане Андреев – Ронката.
Во остварувањето на целта, на ОЗНА во 1945 година и се приклучил и КНОЈ во кој учествувала и 8-та македонска бригада.
Едно од најзначајните делувања на ОЗНА и КНОЈ во Македонија била пресметката со албанските Балисти во западна Македонија.
Прочитај повеќе за Балистите
Балистите биле припадници на албанското националистичко и профашистичко движење, организирани во националниот фронт Бали Комбетар (алб. Balli Kombëtar, прев. Национален фронт) основано во 1939 година. Дејствувале за создавање на Голема Албанија. Го сочинувале вооружениот дел на организацијата и биле испраќани директно во судир со партизанските единици во Македонија, Србија и Црна Гора. Особено жестоко се пресметувале со припадниците на Народноослободителните војски - НОВ од Западна Македонија, вршејќи убиства, терор и пљачкосување на македонското и на другото неалбанско население. Политичката програма на оваа организација вклучувала обединување на етничките територии на Албанците и создавање на Голема Албанија. Иако декларативно балистите биле антифашисти, сепак им помагале на Силите на оската во воените операции во текот на Втората светска војна, особено во Македонија, Грција и на Косово. На денот кога е објавена капитулацијата на Италија (8 септември 1943 година) Бали Комбетар склучил спогодба со Германците и објавил дека Албанија е обединета и независна, оправдувајќи го привременото присуство на германските сили како потреба на борбата против англоамериканско-советската коалиција. Со овој договор Бали Комбетар се ставил во отворена служба на Германците и ги прифатил германските офицери како главен команден кадар на своите оружени формации или како инструктори. Во оваа смисла, некои историчари, главно етнички Албанци, гледаат на балистите како на квинслиншка националистичка власт која остварила контрола над етничките албански територии. Во 1943 година Комунистичката партија на Албанија им објавила војна на балистите што довело до граѓанска војна. Со крајот на Втората светска војна и победата на комунистите во Југославија и Албанија, балистите биле прогонувани, затворани и убивани. Голем дел од нив емигрирале во Европа и САД.
Извори:Види: Балисти
Види: Бали комбетар
Албанските Балисти кои биле дел од националниот фронт „Бали Комбетар“ во 1942 година извршиле масовен прогон на македонското и неалбанското население од краиштата на западна Македонија претежно од дебарскиот и реканскиот крај. Протераното население се населило во велешките села Папрадиште и др...
Поради ова настанало промена во етнографската структура на западна Македонија.
Во 1944 година се случил масакрот во село Беличица каде загинале 17 селани (жени, деца и старци) и 21 партизан.
Една од најголемите пресметки на НОВ и ПОЈ и ОЗНА за Македонија со неистомислениците и противниците на одлуките на АСНОМ и поборниците за самостојна и обединета Македонија, се случила на 6-ти и 7-ми јануари 1945 година или т.н. Крвав Божиќ кога биле стрелани над 1.200 Македонци.
Прочитај повеќе за „Крвав Божиќ“ - Македонска крвава коледа (1945)
На 7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Пратениците на Тито, Светозар Вукмановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на "бугарскиот окупатор". Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви "бугараши", "Ванчомихајловисти", "ВМРО-вци" и "фашисти". Ген. Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје "за да разговараат за ова прашање". Таму веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: "Хочеш Солун, еве ти га...".
Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат против нив безмилосна автоматска стрелба. Убиени на плоштадот се околу 100, а над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6ти спрема 7ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани "бугараши" и "помагачи на бугарскиот фашистички окупатор", без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласан закон за "Заштита на македонската чест".
Во овие репресии во 1945 година само во Охридско и Преспанско биле убиени околу 23.000 Македонци, а дополнително уште околу 130.000 биле иселени, прогонувани и испраќани во концентрационите логори на Титова Југославија. Голем број се убиени крај Охридското и Преспанското Езеро, на планината Галичица, во близина на селото Отешево, а телата на убиените се фрлени во Преспанското Езеро.
Убиени биле 63 лица во Скопје, 54 во Велес, 48 во Куманово, 36 во Битола, 77 во Штип, 35 во Прилеп, а дури 330 Македонци биле убиени во селото Владимирово, Беровско. Телата на убиените од Велес се закопани зад црквата „Св. Спас“ и крај месноста Пуста Кула.
Крвава Коледа (1945)
ОЗНА и во текот на 1945 година продолжила да се пресметува со неистомислениците стрелајќи околу 23.000 Македонци.
Најголемиот маскар извршен врз цивили од страна на ОЗНА во ослободена Македонија бил масакрот на 53 затвореници од велешкиот затвор на 15 јануари 1945 година. Тие биле прогласени за противници на Народно ослободителната борба - НОБ и соработници со окупаторот. Според бугарскиот историчар Коста Црнушанов затворениците се убиени, затоа што биле Македонци со бугарско национално чувство, а меѓу нив имало и припадници на ММТРО на ВМРО на Иван (Ванчо) Михајлов. Според него, за масакрот биле одговорни Ратко Петровски (помошник-началник на ОЗНА), Боро Коробар и Киро Попадиче (командант на Велес).
Без заокружена истражна постапка и без јавно судење за докажување на нивната вина, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена во 1996 година.
Кога била првата реорганизација на Разузнавачко-безбедносниот систем на Југославија?
ОЗНА постоела до 31.01.1946 година во склоп на Министерството за народна одбрана.
Дотогашниот „1. отсек“ на ОЗНА, се поделил на два дела:
- од првиот се основала разузнавачка служба „Управа за Истражување и Документација – УИД“ која постоела од 1946 до 1949 година, а потоа била преименува во „Служба за Истражување и Документација – СИД“ и распределена во состав на Сојузното министерство за надворешни работи;
- од вториот дел се основала „Воено разузнавачката (срп. обавештајна) служба - ВОС“ која била распределена во состав на Сојузното министерство за народна одбрана.
Дотогашниот „3. отсек“ е издвоен во посебна служба (со исти задачи): „Контраразузнавачка служба на Југословенската Армија“, позната и под името КОС (срп-хрв. Kontraobaveštajna služba), кој останал во Сојузното министерство за народна одбрана од 1946-1955 година.
Еден дел од КОС во 1955 година преминал во ЈНА, а другиот дел останал во Сојузното министерство за народна одбрана именуван најпрво како Орган за безбедност, па како XII контраразузнавачка управа, па на крај на 14.12.1955 во Управа за безбедност.
Воената разузнавачка служба останала позната како „II Управа на ГШ (Генералштабот на ЈНА)“.
Што е УДБ-а?
Иако веќе не биле во составот на Министерството за одбрана, службениците на УДБА го задржале статусот на воени лица, а носеле и воени одори со посебни ознаки (како за време постоењето на ОЗНА). Партијата (КПЈ, а подоцна СКЈ – Сојуз на Комунистите на Југославија) го задржуваат полниот надзор над работата и делувањето на сите служби кои станале дел од безбедносно-разузнавачкиот систем на Југославија. Истовремено и на ниво на југословенските сојузни републики оформени се републички управи за државна безбедност кои по систематизација се сместени во републичките министерства за внатрешни работи, но под директна надлежност на сојузната УДБ-а. Службата ја задржала силната идеолошка (комунистичка) линија како и строгиот ланец на командата со потекло од Белград.
Во документот „Принципи на работа и средства на УДБ-а“, донесен во 1947 година јасно е наведена надлежноста, односно редоследот на надлежноста над работата на службата: прво Партијата, а потоа Владата: „Со цел остварувањата на задачите кои пред органите на УДБ-а ги поставуваат Партијата и Владата (обрнете внимание: прво е Партијата!), органите на УДБ-а имаат разновидни средства со кои се служат во секојдневната борба против антинародните елементи и агентите на странските разузнавачки служби“.
Со кој закон било регулирано работењето на ОЗНА и УДБА?
Од 1944 година со ОЗНА до 1956 година со УДБ-а, односно во првите 10 години од постоење на Југославија работењето на службата за државна безбедност не била опфатена со ниту еден стриктен закон. ОЗНА била формирана со Упат/Упатство на маршалот Јосип Броз Тито. Со реорганизирањето на отсеците II, IV И V на ОЗНА во 1946 била формирана УДБ-а како организациона единица на Сојузното Министерство за внатрешни работи.
Со оглед на тоа дека стриктен закон за нејзината организација не постоел, таа била предвидена со акт за систематизација и организација кој бил објавуван во Посебен Службен весник (срп-хрв. Службени лист - Поверљиво гласило) кој бил класифициран како државна тајна и не бил достапен за јавноста. Голем дел од тие материјали денес се декласифицирани.
Види: PDF
Како била организирана УДБ-а?
Која била работата на 1.оддел на УДБ-а?
Се борел против Надворешниот непријател во смисла на тоа дека југословенската политичка емиграција е третирана како „непријателска и фашистичка и е во служба на странски разузнавачки служби“. По пример на СССР, УДБ-а извршила „распоредување“ на емигрантите по степен на очекувана опасност како и во предвид на мерките и работите кои треба да бидат превземени спрема истите.
Така според моделот на советскиот НКВД, направени се 6 листи на лица: О, A, B, C, D и E.
Во група О набројани се „сомнителни лица“, по пример на советската служба;
Во група A набројани се „лица кои активно непријателски делуваат“ и „кои треба да бидат елиминирани“;
во група B се: „лица во врска со лицата“ од групата A, односно „резервен состав на усташки криминалци кој не бил предвиден за елиминирање, туку за други облици на активности како запалувања, фалсификати, претепувања, провали на станови и слично“;
во група C се: „лицата кои како непријатели се пасивни“ односно „оние емигранти за кои се очекувало дека со текот на времето ќе дојдат или на листа A или на листа B“;
во група D се: „апсени и осудувани лица“;
во група E се: „лица со сомнително минато“.
Која била работата на 2.оддел на УДБ-а?
Се борел против Внатрешниот непријател. Времето непосредно по завршувањето на Втората светска војна било време на голем страв и репресија. Го обележувало организирањето спроведување насилства и злочини над сите кои не мислеле исто како и Партијата.
Постојаната идеја за потребата за репресија на различното политичко мислење и ставовите видливо е и во дефиницијата „поим за внатрешен непријател“ од 1983 година, напишана и објавена дури 6 години пред падот на Берлинскиот ѕид:
„Под поимот внатрешен непријател се подразбираат сите антисоцијалистички и антисамоуправни сили во нашето општество, кои како класни и идејни противници организирано делуваат на поткопување и рушење на уставниот поредок на СФРЈ и спремни се вонредните ситуации да ги искористат за преврат со помош на надворешен фактор, на кој би му се приклучиле во случај на агресија на СФРЈ. ...Во политичката терминологија внатрешен непријател често се нарекува и опозицијата... а означува појавување на постоење спротивни ставови и движења во однос на власта. Официјалната политичка теорија во социјалистичките земји одбива постоење на опозиција, што не значи дека ја нема. Иако со револуционерен чин е укинат повеќепартискиот систем, сепак во социјализмот се јавуваат носачи на опозициска дејност во вид на остатоци од класното општество, негативни тенденции и структури кои се репродуцираат во спротивност во понатамошната социјалистичка преобразба на општеството...“. За внатрешни непријатели исто така биле сметани и црквата и националистите односно сепаратистите.
Каде било седиштето на УДБ-а за Македонија?
„...Удба за Македонија беше во една зграда која надворешно беше многу убава. Таа зграда денес има спомен плоча, се наоѓа спроти црвениот крст на Македонија Имаше голем двор, не носеа со возила. Ќелиите беа во визбите. Јас бев во подобра положба од другите, мoјата ќелија беше на првиот кат, над мене се движеа службениците. А подот беше од армирано стакло.“
Какви кадри работеле во 2.оддел на УДБ-а за Македонија?
Во времето на „УДБ-а за Македонија“ најактивен бил вториот оддел, кој се борел против внатрешните непријатели. Во Македонија најчесто тоа биле приврзаниците на идејата за ВМРО: „Самостојна, независна и обединета Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска), надвор од границите на Федеративна Југославија со помош на англо-американците.“ Често биле нарекувани и „чентовисти“ т.е. поддржувачи на идејата за самостојна Македонија на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ.
Во тоа време во вториот оддел најголемиот дел од вработените биле со завршено 4-то или 8-мо одделение. Поради нивната голема неписменост и необразованост ја доведувале нивната неразумност до бесмислени размери.
Најдобар пример за тоа е случајот кога барале американска подморница во Преспа!
„Барале американска подморница во Преспа!
Првите години по војната удбаши од Ресен мислеле дека во Преспанското Езеро има подморница на Шестата американска флота. За време на истрагата го обвинувале Крсте Коњаноски дека знае каде се наоѓа, тврдејќи дека се состанувал со нејзиниот командант и со разузнавачи на САД, од кои, според нив, добивал злато за борба против Титова Југославија и за отцепување на НРМ од неа.
„Три дена и три ноќи непрекидно ме измачуваа, држејќи ме на една нога и со една рака крената. Така, стојам на десната нога, а левата рака морам да ја држам над глава. И обратно: стојам на левата нога, а десната рака морам да ја држам над глава. Ме тепа ли ме тепа Пецо Нечоски. ’Зошто ме тепаш?‘, се обидов да го прашам. ’Зошто си предавник, шпион...‘, реди тој. ’Како, бре, предавник!. Не сум ни за Србија, ни за Бугарија, ни за Грција, туку за Македонија. Македонци сме и Македонци ќе умреме...’ Кога ова му го реков пак ме удри. ’Што ме тепаш, не сум стока!‘, му се спротивставив. ’Молчи!‘, ми се заканува човекот идиот Пецо Нечоски. Едно време ми вели: ’Крсте, биди маж, герој биди, кажи за подморницата!’“, раскажува Коњаноски за тоа време кога на неписмени млади луѓе новата власт им доверувале да вршат значајни работи за заштита на државата.
„Му велам, Пецо, три дена и три ноќи ме мачите. Искрено ти велам, нема никаква подморница. Како може да дојде подморница од море во нашето езеро? И да има водена врска, кај може во волку плитка вода да има подморница? Од каде сум можел да се состанувам со Американците од подморницата кај Нивици? Вие таму имате партизани. Проверете, прашајте дали може да има подморница во Преспанско Езеро, иако има навистина подморница самиот ќе се обесам среде Ресен“, се обидувал Коњаноски да ги разубеди ресенските удбаши што верувале дека такво американско чудо стасало во нивното езеро.
Најверојатно, сфатиле дека прават голема глупост, па го оставиле на мира.“
Како работел/а 4.оддел (IV-та управа) на УДБ-а за Македонија?
Според Атанас Забазноски–Руски - тогашен помошник-началник на Четвртата управа на УДБ-а за Македонија:
Прислушувањето, озвучувањето и контролата на писмените пратки во негово време се одвивало според строги правила и процедури. Имено, писмениот налог доаѓал од оперативните служби во кој се наведувала личноста што треба да се прислушува и што се бара од прислушувањето или контролата на писмените пратки. Тие ги доставувале своите барања на потпис кај потсекретарот одговорен за ДБ, кој можел, но и не морал да го потпише налогот.
Притоа тој можел да го запознае со тоа барање Секретарот (министерот) за внатрешни работи, но и не морал да го стори тоа, туку директно можел да го повика раководителот на Службата за прислушување или началникот на Четвртата управа. Откако налогот ќе стигнел во службата, веднаш се одржувале работни средби со оперативците што биле задолжени за налогот, а тоа најчесто биле началниците на соодветните служби во Управата. Потоа се пристапувало кон техничкото решение, а добиениот материјал за конкретното лице им се давал на оперативните служби.
Во неа имало и контрола на писмените пратки во која работел стручен образован кадар кој одлично владеел со странски јазици.
На кој начин точно се вршело прислушувањето (во техничка смисла)?
Прислушувањето се вршело на начин што во една просторија се поставувал магнетофон (уред за запишување/снимање на разговорот на магнетна лента - сличен на касетофон), кој бил поврзан со микрофон кој се наоѓал во просторијата во која се прислушувало односно се одвивале разговорите кои биле предмет на снимање.
Во истата просторија каде што се наоѓал микрофонот постоело и копче преку кое тој се вклучувал.
Просторијата во која бил поставен магнетофонот било потребно да биде физички поодалечена од просторијата во која бил микрофонот заради тоа што доколку двете простории ги делел само еден ѕид или една врата би можела жртвата на која и го снимаат разговорот да го слушне движењето на магнетните ленти на магнетофонот.
Магнетофон
|
Микрофон кој се приклучува на магнетофонот
|
Дали 4.оддел (IV-та управа) на УДБ-а за Македонија прислушувал/а во Македонија?
Да. Легално по наредба на сојузниот секретар за внатрешни работи и началник на УДБА на Југославија, Александар Ранковиќ, била дадена наредба да се прислушува телефонот на генералот Михајло Апостолски, како и домашниот телефон на семејството на Веселинка Малински, виден челен на СКМ, поради следење на нејзиниот сопруг.
Дали 4.оддел (IV-та управа) на УДБ-а за Македонија прислушувал/а илегално во Македонија?
Да. Според тогашниот началник на 4-та управа на УДБА за Македонја, Атанас Забазноски–Руски, Крсте Црвенковски, тогашен претседател на Комисијата за проверка на работата на УДБА, му побарал да го озвучи неговиот кабинет.
„Имено, Крсте Црвенковски ме повика во неговиот кабинет и ме задолжи кабинетот да се озвучи за да може кога сака, и кога има потреба, да ги снима разговорите што се водеа кај него во кабинетот. Посебно ми нагласи дека за тоа не смее никој да знае, освен изведувачите на озвучувањето и јас. Инсистираше копчето за снимање да биде добро скриено, а магнетофонот да се постави во малата просторија за да не се слуша дека се снима. За изведување на ова задолжение одредив еден наш дипломиран електроинженер од Службата.
Тој изработи проект и со двајца електро-техничари ја заврши работата. Откако завршија уште еднаш им потенцирав дека за тоа никој друг не смее да знае, односно дека треба да заборават што работеле во Кабинетот на Црвенковски. За жал, иако проектот за озвучување беше наш, нашата служба никогаш не доби лента за репродукција. Каде завршувале снимените материјали не знам...“
Дали имало контрола и надзор врз прислушувањето во УДБ-а за Македонија?
Во 1966 година, после познатиот Брионски пленум, Тито формирал Сојузна комисија на чело со Крсте Црвенковски, за да изврши контрола над работата на ниво на цела УДБА, а посебно над работата на Четвртата управа на УДБА на Југославија. Таа комисија била составена од стручни лица, по еден стручњак од секоја република. Според Атанас Забазноски–Руски: „Таа комисија имаше за цел да ги провери и испита озвучените објекти, поконкретно кабинетот и резиденцијата на Јосип Броз Тито.“ Од Македонија за Белград било испратено стручно лице од УДБ-а за Македонија.
По враќањето тој му раскажал на тогашниот началник на 4-та управа на УДБ-а за Македонија, Русински, за работата на работната група во Белград:
„Посебно ми кажа дека Комисијата била повикана кај Маршалот, а тој се интересирал за нивната работа и за задолженијата што ги имале добиено. Кога нашиот човек му се претставил, Маршалот му рекол дека „во Македонија нема никаква потреба да се испитува овој случај“.“
Но сепак, Крсте Црвенковски како претседател на Комисијата за испитување на работата на УДБА, наредил да се формира и комисија за испитување на работата на 4-та управа на УДБ-а за Македонија. На чело на таа Комисија ја назначил Веселинка Малинска од ЦК СКМ.
Атанас Забазноски–Руски раскажува како работела Комисијата:
„Се сеќавам дека Комисијата претрча низ сите оперативни одделенија за да се испита работата на УДБ-а и начинот на кој се проследуваат барањата за прислушување и контрола на писмените пратки. Потоа дојде на ред да се испитува и севкупната работа и организациската поставеност на службата за прислушување и контрола на писмените пратки. Комисијата со мене работеше најмалку 40 дена од пладне до полноќ. Се интересираа за нашата соработка со другите сродни служби во републиките, а посебно за соработката со српската прислушна служба и сојузната лабораторија. На оваа соработка немаше некој негативен коментар од страна на комисијата, но на последните средби Малинска почна да ме потпрашува за озвучувањето на резиденцијата на Маршалот.“
„Интересно е тоа што тие ми донесоа лента каде беше снимен разговорот на Крсте Црвенковски со една редакција, и дека магнетофонот веднаш се вклучува штом ќе се дигне слушалката, и дека тој што го симнува разговорите не умее да ги одбира личностите, иако таа лента никој ја немаше преслушано. Ме обвинија зошто снимениот материјал не е веднаш симнат од лентата. Јас им ги дадов речиси сите материјали што ги имав во сефот.
За секој прислушуван објект посебно запишуваа и ме распрашуваа. Во еден момент им го дадов целото досие на снимен материјал од телефонските разговори на генералот Михајло Апостолски, а воедно им ги дадов и писмените налози за прислушување на генералот од Сојузниот секретар за внатрешни работи.“
Како заклучок од работата на Комисијата, произлегло обвинение против тогашниот началник на 4-та управа на УДБ-а за Македонија, дека го прислушувал кабинетот на Крсте Црвенковски.
„Значи, ниту јас, ниту некој друг можел сам да донесе одлука за прислушување или пак да изврши некакво озвучување, но сепак токму јас бев избран да бидам жртвено јагне, односно да бидам виновен без вина за некакво прислушување на кабинетот на Крсте Црвенковски.“
Како се воделе досиејата и евиденцијата во УДБ-а?
Види: галерија
Извор: Црните Страници на УДБА
Наша Забелешка (н.з.):
ВНИМАНИЕ!
Доколку ја читате „Црните страници на УДБА“ издадена од државен архив на Р. Македонија, имајте во предвид две работи:
– прво, дека истата е пишувана под надзор на тогашниот директор на Државен Архив Филип Петровски – ВМРОвски идеолог, и
- второ и тој самиот не можел да знае што од документите кои се донесени во Државен Архив се оригинали, односно дали во просториите на тогашна УДБ-а/СДБ/ДБК е уништуван материјал, дали е вршен фалсификат на старите документи пред тие да бидат доставени до Државниот Архив. Постои можност оригинална документација да била уништена како што беше уништена документацијата на УБК во 2015 година.
Земете во предвид дека оганот е пронајден уште во камено доба, за уништување не е потребна дробилица.
Црните страници на УДБ-а, СДБ, ДБК, УБК, треба да ги пишуваат паталците од нив, а не партиските и политички гаталци кои се во вечна служба на разузнавачките служби.
Што е „класен непријател“, односно која е разликата помеѓу „другар/другарка“ и „господин/госпоѓа“ ?
Социјализмот, како општествен систем, е замислен како еднакво рамноправно општество во кое сите припаѓаат на иста економска класа, односно не постојат богати и сиромашни, туку сите граѓани се граѓани од средна класа. Капиталот и производството се целосно во државна сопственост. Економската филозофија по која се водел социјализмот во Југославија била: „Работи колку можеш, а ќе добиеш онолку колку што ти е потребно.“
Бидејќи општеството било еднокласно и граѓаните биле економски еднакви, сите во Југославија, од чистачот до Маршалот, меѓусебе биле другари и другарки и така официјално и се ословувале и отпоздравувале. Заради оваа идеологија настанала национализацијата т.е. конфискацијата на имотот на побогатите кој бил разделуван на посиромашните.
Капитализмот, како општествен систем, е економски систем во кој капиталот и производството се во приватна сопственост на граѓаните. Слободната пазарна трговија е заснована на принципот: „цените и производите се одредуваат според силите на понудата и побарувачката на пазарот“.
Во капитализмот луѓето не се исти и пред се, се разликуваат по својата способност која го одредува степенот на нивното богатство и моќ. Тоа е систем во кој луѓето класно се разликуваат: бездомници, сиромашни, средна класа, средно богати, богати, ултрабогати (милионери и милијардери). Во овој систем ословувањето со „господине“ и „госпоѓо“ се користело само за богатата класа.
Државите кои сакале да го променат системот во Југославија од социјализам во капитализам, биле сметани за држави кои сакале да го „уништат“ братството и единството, односно еднаквоста и „другарството“ и истите да ги заменат со капиталистички класни вредности. Шпионите на овие држави кои делувале во насока на остварување на оваа цел биле сметани за „класен непријател“, против кого службите за државна безбедност на Југославија се бореле.
Комунизмот, како општествен систем, се потпира на теоријата за револуционерен социјализам на Карл Маркс која ја негувале, почитувале и ширеле пролетерите низ Светот во форма на пролетерско движење - Пролетеријат. Тие се залагале да се замени империјалистичкиот систем (кралските династии и буржоазијата), на начин што капиталот и производството да преминат од рацете на државата во рацете на работничката класа по пат на револуција. Пролетерските движења формирале работнички партии кои се бореле за правата на работниците. Комунизмот како општествен систем бил распространет во целиот Советски Сојуз, и тој бил главната идеја заради која се формирало Информбирото.
Пролетерите во Југославија всушност биле комунисти кои го подржувале Марксистичкото а потоа и Сталинистичкото учење. За овие нивни идеи и залагања од 1948 година по донесувањето на Резолуцијата на Информбирото за Југославија која тие ја подржале биле затворани во политичкиот логор Голи Оток. Нивната пролетерска идеја конечно успеала во последните 2 години од постоењето на Југославија односно во периодот од 1989 до 1990 година кога Анте Марковиќ како премиер на последната влада на Југославија ги спровел најпознатите југословенски економски реформи: стабилизирање на југословенскиот динар, кој претходно доживеал светски рекорден пад од 2.679 %, намалување на инфлацијата и најважно од се, ја започнал приватизацијата на претпријатијата со почетокот на поделба на акциите на работниците.
Демократијата, како општествен систем, се однесува на принципот: „власта е во рацете на народот“. Народот ја извршува власта непосредно или посредно преку народните избраници во парламентот кои ги бира на повеќепартиски, периодични, слободни, фер и демократски избори.
Што преставувал „Голи оток“?
Бил организиран како казнена установа со најстрог режим на ниво на логор, непосредно по избувнувањето на конфликтот на релација Тито-Сталин и резолуцијата на Информбирото (ИБ) од 1948 година.
Според изјава на Владимир Дедијер (историчар, советник за надворешна политика на Тито и амбасадор во ООН на Југославија) идејата за физичка изолација на сталинистите, па дури и за правото во Југославија да се формираат концентрациони логори била на Едвард Кардељ кој пак му бил заменик на Тито на функцијата премиер на Југославија.
Самото место каде ќе биде изграден затворот т.е. островот Голи Оток, хрватскиот вајар Антун Августинчиќ му го предложил на генералот Иван Крајчиќ-Стево (тогашен министер на хрватската министерство за внатрешни работи).
Овој предлог генералот Стево му го претставил на Едвард Кардељ, кој заедно со хрватскиот писател Мирослав Крлежа му го презентирале на Тито, по што Тито донел одлука УДБ-а да го изгради затворот/логорот на Голи Оток.
Во контекст на ова, Александар Ранковиќ, началник на сојузна УДБ-а и министер за внатрешни работи на СФРЈ, на вработените во УДБ-а им рекол: „Таму на Јадранот постои остров на кој нема ништо освен камења, а има и мермер, па би требало таму да изградиме прифатилиште за тие луѓе (мислејќи на поддржувачите на Сталин, односно информбировците), а попатно би се вршело и ископување на мермерот.“
Задолжен за затворскиот систем бил Јован Јово Капичиќ кој бил генерал во УДБ-а и министер за внатрешни работи на Сојузна Република Црна Гора. Тој еднаш им рекол на затворениците: „Вие сте подале рака на непријателот, вие како штетни сте издвоени од нашата општествена средина, овде изолирани на овој остров, поради својот предавнички политички став и казнени сте со мерка – општокорисна работа...“.
Под „општокорисна работа“ како казнена мерка која била изрекувана на сите затвореници се подразбирала тешка физичка работа во каменолом, на екстремни услови и температури.
Тортурата која била вршена била по пример на сибирските и германските логори.
Затворениците до островот биле превезувани со брод кој го викале „ПУНТО“, термин што бил инспириран и од крајбрежната населба „Пунат“.
Голи Оток како политички затвор функционирал од 1948 до 1956 година, кога е ослободен и последниот политички затвореник.
Во 1956 година преминал од федерална надлежност во надлежност на Сојузна Република Хрватска и бил користен за лица сторители на тешки кривични дела.
Голи Оток како затвор е укинат во 1988 година.
Прочитај повеќе: Што било Информбирото?
Во првата половина на 1948 година Јосиф Сталин бил незадоволен од тоа што раководството на КПЈ на чело со Јосип Броз Тито се осамостојувало и одбивало да се потчини на советскиот диктат. Затоа на второто заседание на Информбирото одржано меѓу 20 и 28 јуни 1948 година била донесена познатата „Резолуција на Информбирото“ со која се осудувала работата на раководството на КПЈ. Во неа ги повикале сите следбеници на марксизмот и ленинизмот да работат на тоа да го сменат тогашното раководство на КПЈ и да постават луѓе верни на Информбирото. КПЈ ја отфрлила Резолуцијата и поради тоа и следела изолација на Југославија од останатите комунистички држави – членки на Информбирото. Информбирото е расформирано во 1956 година после нормализацијата на односите СССР-Југославија.Вук Трнавски: „Со праќањето на затворениците во логорот „Голи Оток“ целта на главните во УДБ-а била логорот да го убие човекот во човекот.“
Поради суровиот начин на работа на УДБ-а се пројавила изреката „УДб-а е наша судба“ (прев. УДБ-а е наша судбина) во смислата на тоа дека УДБ-а „кроела“ многу човечки судбини.
Прочитај повеќе: Жртви на Голи Оток
Најпознат пример од жртвите на времето на Информбирото е случајот со Хрватот Андрија Хебранг, кој во тоа време бил Министер за Индустрија.
Андрија Хебранг - Министер за Индустрија на ФНРЈ, ја прифатил резолуцијата на Информбирото, односно поддржал дека треба Тито да се смени од власт. КПЈ освен неговиот јавно искажан став дека ја прифаќа резолуцијата немала никаков друг доказ дека соработувал со странски советски служби, или на било каков друг начин дека соработувал со непријателот, па немала со што да го извади пред суд, и затоа формирала комисија која ќе одлучува за неговата вина. Го чувале долго време во притвор/затвор но не успеале ништо да докажат, и едно време само произлегла веста дека се самоубил во затвор обесувајќи се на цевките од радијаторите за греење, додека други затвореници кои биле во истиот затвор раскажувале дека таму воопшто греењето не е преку радијатори, и дека нема никакви цевки.
Потоа КПЈ на неговата фамилија и го сменила презимето, и тие имале големи потешкотии додека се избориле истото да им се врати назад, во што конечно успеале по смртта на Тито.
Потполковник Владо Дапчевиќ - учествувал во формирањето на Првата пролетерска бригада. Заради своите тврди ставови бил три пати исклучуван и враќан во КПЈ. Во 1942 година бил поставен за командант на Првата чета на Првиот (ловченски) баталјон на Првата пролетерска бригада. (Ловчен е место во Црна Гора). Во животот бил осудуван неколку пати. Во 1950 година бил осуден на 20 години затвор но излегол во 1956 година. До тогаш бил во најсуровите логори Голи Оток, Стара Градишка, и Билеќа, каде врз него и врз другите кои го подржале Информбирото биле применувани најтешките форми на мачење вклучувајќи ги и „шпалир“, линч и злогласното „шпанско пливање“. Починал во 2001 година во Белград.
Во затворот на Голи Оток од Македонија попознати затвореници се:
Панко Брашнаров - човекот кој го отворил првото заседание на АСНОМ. Застанал на страната на Информбирото, а имал став за соработка со Бугарската Комунистичка Партија - БКП, и обединување на Македонците во една држава. За тој став во 1951 година бил осуден на 2 години општокорисна работа во затворот на Голи Оток каде по две недели од пристигнувањето починал.
Никола Кљусев (ВМРО-вец) - прв премиер на експертската влада на самостојна Република Македонија.
Во време на НОБ бил партизан но потоа ја подржал резолуцијата на Информбирото и одлежал 3 години затвор од 1948 до 1951 година.
Прочитај повеќе: Методи на мачење на Голи Оток
Секој осуденик, штом пристигнувал, морал да оди на рапорт кај својот иследник. Морал задолжително да ја симне капата и рацете да ги стави зад грб. Првата грешка која што можел да ја направи осуденикот била да му се обрати на својот иследник со зборовите „Друже иследниче“. На тоа би добил одговор: „Не сме ние другари, ти си бандит, а јас не сум“. Со доаѓањето на островот осуденикот го губел сопственото име станувал „бандит“. Втората голема грешка била ако осуденикот му речел на иследникот: „Јас не сум крив“. Тоа било голема грешка, затоа што со тоа тврдење осуденикот ја навредувал УДБ-а, а тоа пак би значело дека УДБ-а апси невени луѓе. На Голи Оток осуденикот морал да сфати дека е крив и морал да и биде благодарен на УДБ-а што му овозможила да сфати дека е крив и дека УДБ-а му овозможила да се покае за својата вина. Тоа било основно правило.
Доктор Никола Николиќ за најстрашните методи на мачење сковал нов термин: хорор-ози, со оглед на тоа дека дотогашната наука не регистрирала такво човечко искуство низ кое поминале многу затвореници на Голи Оток.
Јапонска јака:
Тоа е кога на затвореникот ќе му обмотаат воден коноп, па го затегаат со намотка, која лесно врти како воденички камен. Еден чвор (јазол) од конопот се наоѓа на слепоочницата на затвореникот, а други два на очите. Со вртење на намотката и стегањето најпрво му прснуваат очите на затвореникот. Болката е огромна и неподнослива и доколку не попушти и признае тоа што го бараат од него, процесот се завршува со пукање на черепот почнувајќи од слепоочницата и на крај целиот се скршува. Тоа е една од најболните бавни видови на смрт - која може да се пролонгира толку колку што на џеладот му одговара, а всушност е болка која без признание не може да се поднесе. (Д. Михаловиќ)
Кофа (хрв. Кибла):
Ноќен суд за мала и голема нужда во бараките и затворските ќелии на Голи Оток. Тоа е една кофа изработена од тврдо дрво, со зафатнина од 80 литри, висина од 70cm. Дијаметарот на дното доволно широк за стабилно да стои, а горниот дијаметар доволно голем да може и најдебелиот југословенски газ да го собере. Всушност оваа голема кофа преставувала клозет-чучавец. Двајца стари издајници во раце носеле полни кофи со измет. Големата Кофа имала две цевки во кои ги ставале рацете и ги истурале кофите полни со измет од затворениците во дупката на Големата кофа т.е. во клозетот-чучавец, и на крајот од хигиенска цел и смрдеа истурале по 10-15 литра чиста вода. (Д. Јовановиќ)
Освен функционалната намена, Кофата служела и за постојано ноќно додатно мачење на тие кои не ја исполниле дневната квота и бојкотираните. Тие денски морале да дежураат, за време на попладневниот одмор, и ноќно време во двочасовни смени стоејќи со главата наведната над кофата и со раширени раце потпрани на нејзе, да ја дишат нејзината смрдеа.
Еднократна казна била нурнување на главата во нејзе. (П. Костиќ)
Подморница:
Главата на жртвата се забива во кофа или буре со морска вода. Жртвата морала да пати но не и да умре. Џелатот постапувал според упатството: Жртвата со своите дланки да си го покрие лицето. Малите прсти да ги пикне во устата на страните помеѓу образите и забите, со прстите до малите прсти да си ги притисне ноздрите на носот, со средните прсти да си ги притисне очите, а палците да си ги пикне во ушите. Потоа Џелатот да и ја турне главата на жртвата во кофата или бурето со морска вода, но да пази да не се задуши.
Пресување:
На маченикот во лежечка положба му се става тешка камена плоча на градите или дрвена количка натоварена со камења. Со минење на времето дишењето станува се потешко и на жртвата и ослабува телото.
Шпанско пливање:
Метод на мачење познат уште од времето на инквизицијата. Овој метод го избегнувале и најсуровите полиции на светот, затоа што луѓето при таа постапка често умирале од срцев удар.
На жртвата и се врзувале рацете и нозете, во устата и ставала некоја крпа, главата се влече кон назад и низ носот и се истурало вода. Жртвата се дави како во најдлабока вода. На Голи Оток УДБ-а вовела значајна новина со која се избегнувале несаканите последици. Превентивно за жртвата да не умре и да се спаси од понатамошно мачење лекар и го слушал срцето за време на мачењето, и кога ќе оценел дека може да експлодира, со раката давал знак да измачувачите да престанат. (П. Костиќ)
Доктор Николиќ заборувал и за мачење со термокаутеризација, палење на вжештено железо.
Шпалир:
Кога ќе пристигнел нов затвореник/логораш за „добредојде“ на Голи Оток старите затвореници/логораши наредени во две колони во шпалир морале да го претепаат до бесвест. За оние затвореници за кои стражарите сметале дека не доволно силно удирале, морале и тие исто така да поминат низ „крвавата патека.“
Линч:
Судење од народот без суд.
Извори:
Види: Синови на Голи Оток (хрв.)
Види: Политички логор Голи Оток (хрв.)
Извори
Види: Голи Оток (анг.)Види: Едвард Кардељ (анг.)
Види: Мирослав Крлежа (анг.)
Види: Крлежа го предложил Голи Оток (хрв.)
Види: Антун Августинчиќ (хрв.)
Види: Владимир Дедијер (срп.)
Види: Јово Капичиќ (срп.)
Види: Населба Пунат (срп-хрв.)
Dr. sc. Gordan Akrap, „Mač i štit u rukama partije – represivni sustav u funkciji oblikovanja korpusa javnog znanja“,2010. National security and future 4 (11), стр. 198 и 230
Марко Лопушина, „Тајне службе света“,1999. Народна кнјига АЛФА, стр. 211
До кој екстрем одела лојалноста на Службата - УДБ-а кон Партијата (КПЈ)?
Партијата е над се, над законот, над моралот, над правдата, над чесноста, над пријателите, над семејството. Партијата не се лаже, во судот на Партија не се сомнева. А оној кој се сомнева во судот на Партијата, не му посакува добро ниту на Тито, ниту на Партијата, ниту на народот. Кој се сомнева во Партијата е непријател на Партијата и на народот, затоа што Партијата е авангардата на работничката маса, а со народните непријатели треба брзо и потполно да се пресмета. Така размислувал Миле Милатовиќ, генерал на УДБ-а.
Во една забелешка од 1952 година, Милатовиќ напишал: „Хебранг, како можело да се случи тоа, вие да пишувате дека се држите како еден од Бабините, а да го лажете својот Бабо.“ – „Бабо“ преведено од босански јазик значи татко, што во писмената комуникација била ознака за КПЈ.
Кога првпат државната безбедност била опфатена со закон?
Во 1956 година за првпат во новиот Закон за Органите на внатрешните работи се наведува и државната безбедност како дел од внатрешните работи.
Со Општиот Закон за службата на внатрешните работи (Сл. лист на СФРЈ бр.46/64) од 25.11.1964 година, УДБ-а за првпат е опишана во закон како „посебна служба“.
Во ст.1 од чл.34 од законот се вели: „За вршење внатрешните работи од исклучивата надлежност на федерацијата и на работите од интерес за целата земја во сите органи на внатрешните работи постојат, како посебни служби, служба за сузбивање на криминалитетот и служба на милиција, а во Сојузниот секретаријат за внатрешни работи и во републичките, покраинските и околиските органи на внатрешните работи — и служба на државната безбедност.“
Во чл.35 само многу општо се наведува описот на работа на УДБ-а:
„Работите на службата на државната безбедност опфаќаат управни и други работи со цел за спречување и отстранување на дејностите насочени против поредокот утврден со Уставот.“
Во ст.1 од чл.87 од законот се наведува дека за „Службена Тајна - СТ“ се сметаат:
„податоците и документите што се однесуваат на работата на службата на државната безбедност“
а понатаму во ст.2 и:
„податоците за внатрешната организација на службата на државната безбедност и за систематизацијата на работните места во организационите единици што вршат работи на државната безбедност“.
Кога првпат настанала децентрализација на државната безбедност?
Во ст.2 од чл.34 од Општиот Закон за службата на внатрешните работи (Сл. лист на СФРЈ бр.46/64) од 25.11.1964 година се појавува првата официјална форма на децентрализација на УДБ-а по општините низ републиките и покраините.
Имено се вели: „Ако собранието на општината, во смисла на членот 31 од овој закон, донесло одлука работите на државната безбедност да се вршат во општината, во општинскиот орган на внатрешните работи се формира и служба на државната безбедност како посебна служба.“ каде во чл.31 стои дека ова се остварува „во спогодба со старешината на републичкиот орган на внатрешните работи, а со претходна прибавено мислење од сојузниот секретар за внатрешни работи.“.
Кога и зошто се распаднала УДБ-а?
На 1 јули 1966 година на островот Бриони во Хрватска е одржана IV седница на ЦК СКЈ, подоцна позната како „Брионски Пленум“. Од страна на ЦК СКЈ била формирана Комисија за испитување на работата на УДБ-а. Со комисијата претседавал Крсте Црвенковски. Тогаш УДБ-а и нејзиниот челник Александар Ранковиќ доживеале осуда од Партијата. Поради тоа по налог на партискиот врв, извршена е реорганизација на УДБ-а во кадровска, но и во секоја друга смисла. Ранковиќ бил сменет од сите должности (партиски и државни) во склад со заклучоците на партиските комисии кои го прогласиле за виновен за злоупотреба на службата, и нејзино „затворање и деформирање“.
Во времето на одржување на седницата, Ранковиќ бил на следните должности (набројани се само клучните):
- Потпретседател на СФРЈ,
- Член на „Извршниот комитет на ЦК СКЈ“ и „Организациски секретар ЦК/СКЈ“,
- Сојузен министер за внатрешни работи, и
- Началник на сојузната УДБ-а.
Така Ранковиќ имал увид и потполно влијание на сите кадровски поставувања внатре во партискиот систем, но и во целиот безбедносно-разузнавачки систем, што го правело исклучително влијателна личност. Тој ја обединил инфраструктурата на Партијата и Службата која обилно ја користел. Тоа довело до значителни злоупотреби на Службата како и до непотребни репресии врз населението. Иако би се очекувало причината за смената на Ранковиќ и реорганизацијата на УДБ-а да била насилството и репресијата врз населението кои УДБ-а ги спроведувала, тоа сепак не било така. Пронаоѓањето на прислушни уреди на УДБ-а во работните и станбените простории на Јосип Броз Тито е искористено, внатре во партиските и безбедносно-разузнавачките задкулисни игри, за смена на Ранковиќ и врвот на целиот цивилен дел на безбедносно-разузнавачкиот систем кој бил контролиран од страна на Ранковиќ. Ранковиќ е обвинет за злоупотреба на положбата како и за поставување на наведените технички средства, што било доволно за негово потполно тргнување од јавниот живот.
Тогаш почнува процесот на отворање на безбедносно-разузнавачкиот систем и првата демократизација на самиот систем. Меѓутоа, се работело за почетена илузија, затоа што Партијата продолжила со полно контрола врз целиот безбедносно-разузнавачкиот систем и општеството, но со други луѓе кои поинаку гледале на процесите и случувањата во однос на Ранковиќ и „неговите луѓе“.
Што е СДБ?
После Брионскиот пленум на ЦК СКЈ во 1966 година дошло до реорганизација на УДБ-а која го променува називот а донекаде и улогата. Добива назив: „Служба за државна безбедност - СДБ“ (освен во Хрватска каде што била викана „Служба за државна сигурност - СДС“). За прв началник на СДБ во 1966 година бил поставен Борче Самоников од Прилеп. Меѓутоа она што не се променило е зависноста на СДБ од Партијата, делувањето во склад со одлуките и налозите на Партијата затоа што вистинската власт се наоѓала во врвот на Партијата (Централниот комитет), а не во телата на државните власти (претставничката, извршната, судската). Така СДБ ја продолжила традицијата на своите претходници, да биде „меч и штит во рацете на Партијата“.
За време на комунистичката власт еден од битните услови кои требало да се исполнат за вработување во безбедносно-разузнавачкиот систем било членството во Партијата (КПЈ).
Сојузната служба имала задача да го координира работењето на републичките/покраинските служби кои имале задача да ја известуваат сојузната служба за сѐ што е значајно. Истовремено сојузната служба имала овластувања, кога ќе процени дека тоа е потребно, врз поединечни делови во СФРЈ активно да делува без знаење на „матичната - тамошната“ СДБ.
Како била организирана СДБ?
Кои методи на работа се применувале во СДБ?
Во учебниците за државна безбедност, наменети за идните оперативци се споменуваат: психолошки дејства, пропаганда, шпионажа, диверзија, саботажа, предизвикување кризни ситуации, преврати и пучеви, тероризам, инфилтрирање на вооружени групи, специјални операции, како и насилни методи на работа, кои преставуваат „не-разузнавачки дејства на разузнавачката служба“. Киднапирањето и ликвидацијата на државните непријатели не се споменуваат, но токму тие, речиси 30 години биле карактеристични методи на југословенската тајна полиција.
Кои биле најзначајни управи на СДБ и која била нивната работа?
II и III управа на СДБ кои се истакнувале со агресивно репресивно дејствување и примена на „најостри мерки“ спрема политичките и другите противници на Партијата и СФРЈ, како во земјата така и во странство.
Во II управа на сојузната СДБ се водени обработки на сите важни и влијателни емигранти кои се истакнувале по својот антикомунизам и антијугословенство. Во тоа, покрај републичките и покраинските СДБ/СДС, многу блиско соработувале и со Службата за истражување и документирање на Сојузниот секретаријат за надворешни работи на СФРЈ (срп-хрв. СИД ССИП СФРЈ; прев. СИД ССНР СФРЈ). Републичките служби не смееле директно да комуницираат со СИД, туку единствено преку сојузната СДБ. II управа била надлежна и за репресивно делување спрема емигрантите. Многу често биле ангажирани веќе осудувани криминалци и убијци за вршење на ликвидации и киднапирања во странство. Но ваквото дејствување не било можно да се спроведе без налог и одобрување од Јосип Броз Тито (додека бил жив, т.е. до 1980г.), Сојузниот совет за заштита на уставниот поредок, а неретко и од самото Политбиро/Извршниот Комитет/Претседателството на ЦК СКЈ.
Спрема комунистичките мерки, речиси сите не-комунисти кои директно не учествувале во антифашистичката борба можеле да бидат прогласени за воени злосторници. Затоа и опсегот на примена на репресивни мерки (прогонувања, малтретирања, депортирање до затворање, мачење и убиства) за време и по војната па се до распадот на СФРЈ опфатил повеќе стотини илјади луѓе.
Во III управа на сојузната СДБ биле водени обработки на сите лица кои го загрозувале уставниот поредок (комунизам-социјализазм, еднопартиски систем) со различни позиции (национални, политички, општествени, верски), а кои дејствувале на територија на СФРЈ.
Анонимна исповед за моделот на работење на II управа на СДБ е опишан во песната „Сведок (сарадник/соработник)“ на српската група „Београдски синдикат“ од 2010 година
Изворно извадок од текстот на српски јазик:
(1980-те години)
Гилиптери ме навукли, кад сам отиш'о за Франкфурт, да с' чарапом на глави возим их у банку. Ту сам мало одроби'о, јебига, клинац сам био... Кад изаша'о сам „вани“ из Службе су ме звали, да обавим неки послић, нови пасош су ми дали. Ја гледам - моја слика, али пише друго име. Ништа нису рекли - само где треба да идем. Из Хамбурга сам трајектом отиш'о за Штокхолм, Четнике и Усташе - све сам их изрок'о. Рекли ми: „Задржи све оно што си покр'о“... Скупило се друштво, све из бивше Југе, тамо беснео је рат... Тад' се распала и Служба, али не и наша дружба...
(1995 година војната во Босна)
Видим +381... Кад неки непознат глас каже: „Знаш ти ко је овде, ти се ту зајебаваш, док се наши овде боре, брзо пакуј торбе, још сутра да си овде, немој да нам врдаш, да не правимо проблем“... има 15 година да ни сам био доле... ето мене усред Босне. Са чином и екипом, блиндираним џипом, све по наређењу, ја ништа нисам пит'о. Ништа нисам пип'о, сем мало беле технике, којекаквих к*раца смо трпали на шлепере.
Слушни на YouTube.
Превод и објаснување на македонски јазик:
(1980-те години)
Гилиптерите (постари криминалци) ме навлекоа, кога отидов за Франкфурт, со чорап на глава да ги возам во банка. Тука малку отслужив затвор, ***га, бев детиште... Кога излегов „надвор“ (од затвор) од Службата (Службата за државна безбедност - СДБ на Југославија) ми се јавија, да завршам некое работиче, нов пасош ми дадоа. Јас гледам - моја слика, ама пишува друго име. Ништо не ми рекоа - само каде треба да одам. Од Хамбург со траект отидов за Стокхлом, Четниците и Усташите - сите ги изрокав (убив). Ми рекоа (од СДБ му рекле): „Задржи се што си украл“... Се собра друштво, сите од поранешните републики на Југославија, таму беснееше војна... Тогаш се распадна Службата (СДБ), но не и нашата дружба...
(1995 година војната во Босна)
Гледам +381 (повикувачки/позивен број на Србија)... Кога некој непознат глас ми вели: „Знаеш ти кој е овде, ти таму се заебаваш, додека нашите овде се борат, брзо пакувај си ги торбите, уште утре да си овде, немој да ни измрдаш, да не правиме проблем...“ има 15 години откога не сум бил „доле“ (во Југославија)... ете ме мене во среде Босна. Со чин (на униформа) и екипа, во блиндиран џип, се по наредба, јас ништо не прашував. Ништо не пипав (фаќав), освен малку бела техника, секакви ку*ци (ствари) товаравме на шлепери.
Како се борела СДБ против емиграцијата?
Партискиот врв, кој навистина одлучувал за сите клучни прашања и управувал со сите клучни настани во државата, политичката емиграција (посебно онаа која емигрирала после Втората Светска војна) ја сметал за еден од двата клучни непријатели во борбата против кого било дозволено користење на сите средства. Емиграцијата била „во надлежност“ на II управа на СДБ. Меѓутоа, значајно влијание врз работата спрема емиграцијата имале и службениците од III управа на СДБ, кои низ „борба против внатрешниот непријател“, оперативно ја покривале и емиграцијата.
По мислење на Партијата, политичката емиграција била олицетворение на сите проблеми бидејќи:
- ја сочинувале припадници на „профашистичките и пронацистичките сили поразени во Втората Светска војна“;
- биле орудие и оружје во рацете на „реакционите сили на Западот“, но и на земјите потписнички на „Варшавскиот договор“ во спроведување на нивните „противјугословенски политики“ во голема мера организирани, поддржани и управувани од страна на странските разузнавачки служби чии налози извршувале;
- водечките политички емигранти биле активни агенти-соработници на странските разузнавачки и контраразузнавачки служби во нивното дејствување против СФРЈ на сите нивоа;
- биле расадник за регрутирање лица за изведување „субверзивни и терористички дејности“;
- биле збир на „класни и политички противници на СКЈ, општествено-политичкото уредување на СФРЈ“ како што се „ѓиласовци, Информбировци, ранковиќевци, либерали, анархолиберали, технократи, буржоазија, граѓански политички партии“ а посебно „усташи, четници, белогардејци, балисти, ВМРО-вци, клер и клерофашисти и клеронационалисти, интелектуалци...“ односно збир на лица, здруженија и организации кои, генерално, сакале да ја срушат постоечката комунистичка власт во Југославија и да создадат сопствени национални држави, како самостојни политички субјекти.
Специјален метод на делување на СДБ на Југославија биле и убиствата на значајни емигранти по светот. Најмалку 200 политички неистомисленици убила југословенската тајна полиција во емиграцијата. Налозите за ликвидација доаѓале од политичкиот врв на земјата, а смртта на емигрантите била казна за нивното предавство и тероризам.
Основниот принцип кој го користеле УДБ-а и СДБ во пресметката со политичката емиграција, бил тој дека хрватскиот дел од службата требало да ги ликвидира усташите, словенечката тајна полиција членовите на „белата гарда“, македонската припадниците на ВМРО. Само српската политичка полиција покрај четниците, била задолжена и за балистите, затоа што албанската служба наводно поради крвната одмазда не можела, односно не сакала да испраќа албански ликвидатори на албанската емиграција.
Во 1991 година пред референдумот за независност на Република Македонија началник на СДБ на Сојузна Република Македонија бил Стеван Павлевски.
Како се воделе досиејата и евиденцијата во СДБ?
Види: галерија
Извор: Црните Страници на УДБА
Наша Забелешка (н.з.):
ВНИМАНИЕ!
Доколку ја читате „Црните страници на УДБА“ издадена од државен архив на Р. Македонија, имајте во предвид две работи:
– прво, дека истата е пишувана под надзор на тогашниот директор на Државен Архив Филип Петровски – ВМРОвски идеолог, и
- второ и тој самиот не можел да знае што од документите кои се донесени во Државен Архив се оригинали, односно дали во просториите на тогашна УДБ-а/СДБ/ДБК е уништуван материјал, дали е вршен фалсификат на старите документи пред тие да бидат доставени до Државниот Архив. Постои можност оригинална документација да била уништена како што беше уништена документацијата на УБК во 2015 година.
Земете во предвид дека оганот е пронајден уште во камено доба, за уништување не е потребна дробилица.
Црните страници на УДБ-а, СДБ, ДБК, УБК, треба да ги пишуваат паталците од нив, а не партиските и политички гаталци кои се во вечна служба на разузнавачките служби.
Кога настанала децентрализацијата на централно поставениот систем за државна безебдост?
Во Законот за Внатрешни работи (Сл. весник на СРМ бр.45/72) од 29.12.1972 година, доаѓа до уште поголема децентрализација на службата за државна безбедност каде се во ст.2 од чл.2 се вели:
„Работите на државната безбедност ги врши Републичкиот секретаријат.“ (Републичкиот секретаријат (денешно министерство) за Внатрешни работи на СР Македонија).
Кога надлежностите на СДБ биле првпат опфатени во закон?
Во делот III од Законот за Внатрешни работи (Сл. весник на СРМ бр.45/72) од 29.12.1972 година се наведени ПОСЕБНИТЕ ОДРЕДБИ ЗА ДРЖАВНАТА БЕЗБЕДНОСТ каде во чл. 15 стои:
„Работите на државната безбедност се работи кои се однесуваат на собирање на податоци и известувања и преземања на други потребни мерки врз основа на закон и прописи донесени во согласност со законот заради откривање и спречување на дејности на поединци, групи или организации насочени кон поткопување или уривање на поредокот утврден со Уставот.“
Во чл. 16 стои дека работите на државната безбедност ги извршува Службата за државна безбедност - СДБ:
„Работите на државната безбедност од член 15 на овој закон ги врши Службата за државна безбедност, како самостојна стручна служба во Републичкиот секретаријат.“
а став 2 од истиот член предвидува дека:
„За вршење на работите на државната безбедност на определени подрачја можат да се формираат посебни организациони единици на Службата за државна безбедност.“
Со СДБ раководи републички потсекретар за државна безбедност (денес директор на УБК) кој за својата работа непосредно му одговара на републичкиот секретар за внатрешни работи (денес министер за внатрешни работи), кој пак за работата на СДБ му одговара на Собранието и е должен да поднесува извештаи за работата и состојбите во СДБ.
Кој вршел контрола и надзор на СДБ?
Во чл.22 од Законот за Внатрешни работи (Сл. весник на СРМ бр.45/72) од 29.12.1972 година, се вели:
„Собранието, преку посебно тело, остварува увид и врши надзор над законитоста на работата на Службата за државна безбедност.“
На што се однесува фразата: „Излегуј СДБ!“ ?
Вработените во СДБ имале посебно овластување да можат во итни случаи да го запрат кое возило сакаат и да му наредат на возачот да излезе и да им го отстапи возилото, тоа произлегувало од чл.51 од Законот за Внатрешни работи (Сл. весник на СРМ бр.45/72) од 29.12.1972 година, каде се вели:
„Заради фаќање на извршителот на кривично дело кого непосредно го гонат, како и заради превезување до најблиската здравствена установа на жртвата на кривичното дело, елементарна несреќа или друг несреќен случај овластените службени лица имаат право да се послужат со сообраќајните средства и со средствата за врска до кои можат да дојдат, ако тоа не можат да го извршат на друг начин.
За употребата на сообраќајното средство или средството за врска му се издава потврда на држателот на сообраќајното средство или сред ството за врска.
Држателот на сообраќајното средство или средството за врска има право на надоместок на стварната штета предизвикана со употребата на сообраќајното средство или средство за врска.
Надоместокот на штетата паѓа на товар на Републиката односно општината на која и припаѓа органот за внатрешни работи чии работи ги вршело озластеното службено лице што го употребило сообраќајното средство или средството за врска.“
Оваа фраза подоцна во Р. Македонија преминала во „Излегуј ДБК!“.
Каков бил начинот на вработување во СДБ ?
До 1980 година вработувањата во службите за безбедност се одвивале преку конкурс кој го распишувало секретаријатот (министерството) за внатрешни работи. Дотогаш конкурс не бил потребен само за унапредување.
Со новиот закон за Внатрешни работи (Сл. Весник бр.37/80) од 10.11.1980 година се менува начинот на вработување, така што во чл.81, ст.2 точка 1 стои дека:
„Во органите на управата надлежни за внатрешни работи се заснова работен однос без конкурс за вршење на работи и работни задачи на:
- 1. Службата за државна безбедност“.
Што е Морално-Политичка Подобност (МПП)?
Членството во Партијата било задолжителен услов за било каков озбилен напредок во државната служба, посебно во средните и високите позиции во безбедносно-разузнавачкиот систем и државната управа. На тој начин средната партиска организација создавала и одржувала (низ државните институции) монопол на власта, моќта и информациите, како и во секој друг тоталитарен систем.
Дури и началниците на главните центри на СДБ/СДС на таа должност доаѓале од партиските, а не од стручните структури. Партијата и Службата од составот на безбедносно-разузнавачкиот систем внимавале на „морално-политичката подобност (МПП)“ на лицата кои биле поставувани на различни должности. Позитивен, комунистички ориентиран МПП бил темел за напредување, а недостаток на темелот за „идејно-политичко диференцирање“, односно отстранување од сите функции и должности, а веројатно и процесирање.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.