ПОИМОВНИК
ознаш / ознашица – службеник/службеничка во ОЗНА
удбаш / удбашица – службеник/службеничка во УДБ-а
еСДеБеовец / еСДеБеовка – службеник/службеничка во СДБ
кнојевец / кнојевка – припадник/припадничка на КНОЈ
скојевец / скојевка – член на СКОЈ
чекист – службеник во советската ЧЕКА
еНКаВеДеовец / еНКаВеДеовка – службеник/службеничка во советското НКВД
ѓиласовци – приврзаници на Милован Ѓилас кој бил критичар на југословенскиот комунизам
клер – скратено од клерикализам - е појава кога свештенството настојува на одлучувачки начин да влијае на политичкиот и општествениот живот, реализирајќи ги своите верски вредности и морални начела на начин кој најмногу му одговара на свештенството. Клерикализмот е спротивен на начелото на секуларност т.е. одвоеност на црквата од државата.
клеронационалисти – националисти со нагласени религиски т.е. клерикални компоненти
клерофашисти – припадници на организации и движења кои ги комбинираат религиските елементи со фашизам, или подржуваат фашистички режим предводен од свештенството
белогардисти – припадници на Белото движење кое било воено-политичка организација основана во 1917 година за време на Руската граѓанска војна. Белогардистите стоеле на страната Руската Империја и царската династија на Романови и се бореле против Црвената армија (Болшевиците) која била воена формација основана од страна на Советите.
информбировци/ИБ-овици – приврзаници на политиката на Информбирото (Комунистичкото информациско биро (познато и како Коминформ)). Основано е на 27 септември 1947 година и претставува прв официјален форум на меѓународно ниво на комунистичките партии по распуштањето на Коминтерната во 1943 година
пролетери - приврзаници на социјалистичката теорија, ултра марксисти, т.е. крајно левичарски веруваат дека силата е во работничката класа и дека капиталот и власта треба да биде кај народот и сите да бидат еднакви „Другари и Другарки“. Пролетерите се сметаат за подкласа во комунизмот кои се без сопствени средства и за да заработат за живот работат најмени кај капиталистите за дневница. Најчесто биле интелектуалци (поети, писатели,уметници, филозофи), вљубеници во марксистичката теорија, но од професиите со кои тие се занимавале немало леб, па затоа често морале да работат за дневница кај буржоазијата (капиталистите) кои се однесувале сурово кон нив, па затоа овие ги презирале. Немајќи пари да си дозволат да живеат пристојно, најчесто живееле во предградијата, во изнајмени соби или гарсониери кај постари лица. Биле боеми (парите ги трошеле по кафани) а нивниот морал често паѓал на најниско ниво поради немањето основни средства за живот, па често се оддавале на криминал и разврат. Затоа биле сметани за дно од општеството.
За време на Втората Светска Војна, КПЈ ги организирала како пролетерски борбени бригади со цел да делуваат на територија на целата Југославија и да ја шират социјалистичката мисла која во тоа време бил дел и од идеологијата на КПЈ.
Водејќи се од начелата на социјализмот и ултра марксизмот, пролетерите во Југославија правеле големи протести во форма на пролетерско движење, на кои Титова Југославија, која била комунистичка раководена во која капиталот бил на државата, одговорила жестоко. Покрај ова истовремено пролетерите ја подржале и Резолуцијата на Информбирото и затоа биле протерувани и угнетувани од системот на Југославија, а некои од нив биле затворени и на Голи Оток. На крај, со давањето на акции на работниците и со преминувањето на државниот капитал во рацете на работниците, пролетерското движење ја остварило својата цел. Празник на Пролетерите, т.е. на работничката класа е Први мај – Денот на трудот.
петтоколонаши – припадници на „петта колона“ која преставува група на луѓе која делува тајно и субверзивно против поголема група.
Во политичка смисла „субверзија“ е подла/лажна активност која прикрива активност која за цел има соборување од власт односно преврат.
Со други зборови припадниците на „Петта колона“ се предавници.
Терминот „Петта колона“ настанал за време на Шпанската граѓанска војна (1936-1939г.) Терминот го употребил генералот Емилио Мола за време на опсадата на Мадрид во 1936 година, кога под контрола на републиканците марширале четири националистички колони, но во самиот град постоела и петта, односно тоа биле националистички симпатизери кои на републиканците ќе им заријат нож во грб и така од внатре ќе помогнат при падот на градот. Таа закана не се реализирала, затоа републиканските власти направиле темелна чистка на сите сомнителни кадри, а Мадрид останал под власта на републиканците се до самиот крај на граѓанската војна. Мадрид издржал се до 1939 година кога сепак на крајот бил освоен баш со помош на луѓето внатре т.е. од „петтата колона“.
Изразот „петта колона“ во повоена Југославија користел за оправдување за етничко чистење од сите Германци и Италијанци.
Во САД после нападот од Јапонија врз Перл Харбор, Јапонците и Американците со јапонско потекло кои биле околу 150.000 биле присилно депортирани во логори кои биле далеку од западниот брег затоа што САД очекувал напад од Јапонската армија. Јапонците и Американците со јапонско потекло биле означени како потенцијална Петта колона.
усташи – членови на Усташко-Хрватското Револуционерно движење кое било хрватска фашистичка, расистичка, ултранационалистичка и терористичка организација.
четници – познати и како равногорци (што доаѓа од Рамна Гора или на српски: Равна Гора) кои биле членови на остатокот од војската на Кралството Југославија кои ги реорганизирал полковникот Драгољуб Дража Михајловиќ како движење наречено Југословенска војска во татковината или Равногорско движење кои застанале на страната на нацистичка Германија, и делувале како југословенска, српска, ројалистичка (кралска) и националистичка герилска организација во Втората Светска Војна под мотото: „За кралот и татковина – Смрт или слобода“ или оригинално на српски: „За краља и отаџбину – Смрт или слобода“.
балисти* – припадници на албанското националистичко и профашистичко движење, организирани во националниот фронт Бали Комбетар (алб. Balli Kombëtar, прев. Национален фронт) основан во 1939 година. Дејствувале за создавање на Голема Албанија. Го сочинувале оружениот дел на организацијата и биле испраќани директно во судир со партизанските единици во Македонија, Србија и Црна Гора.
балии* – балија е навредлив термин со кој христијаните ги нарекувале муслиманите кои говореле словенски, односно оние кои биле потурчени (слично како торбеши).
*Балија е различно од Балист.

© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.