Tails - The amnesic incognito live system
„Tails“ (The amnesic incognito live system) – Амнезирачки анонимен жив систем со македонски јазичен интерфејс (македонско мени) кој е всушност само-бутирачки оперативен систем (анг. LiveCD) базиран на Линукс дистрибуцијата „Debian“ верзија 10, и претставува дел од Тор Проектот. Tails како само-бутирачки оперативен систем може да биде покренат од DVD диск, или USB стик. Во него го носи Тор Прелистувачот (анг. Tor Browser) верзија 9 на македонски јазик. Tails претставува врв на анонимноста и екстремна безбедност! |
Користете го секаде, не оставајте трага никаде!
Користејќи го Tails на компјутер, тој ниту го менува ниту зависи од инсталираниот оперативен систем на компјутерот на кој е покренат. Со оглед на тоа можете да го користите на истиот начин како на вашиот компјутер, на компјутерот на ваш пријател или на компјутер во локалната библиотека. По исклучувањето на Tails, компјутерот ќе се рестартира нормално со обичниот оперативен систем.
Tails е конфигуриран со специјална грижа истиот да не ги користи постоечките хард/тврди дискови на компјутерот, дури иако на нив постои простор за виртуелна меморија (pagefile).
Единствениот просторен склад кој Tails го користи е РАМ меморијата, која автоматски се брише при исклучување на компјутерот. Според ова, нема да оставите никаква трага на компјутерот ниту дека Tails бил користен или пак за што бил користен. Затоа го викаме Tails дека е „амнезирачки“ - едноставно се ќе заборави исто како компјутерот да има амнезија.
Ова ви овозможува да работите со чувствителни документи на било кој компјутер и ве штити од враќање на податоци по исклучувањето, додека вие сепак можете доколку сакате да зачувате одредени документи на друг USB стик или екстерен/надврорешен хард/тврд диск со цел за нивна употреба во иднина.
Најсовремени криптографски алатки
Tails исто така доаѓа со избор на алатки за заштита на вашите податоци со силна енкрипција:
★ Енкриптирајте ги вашите USB стикови или надворешни хард дискови користејќи го „LUKS“ - Линукс стандардот за енкрипција на дискови.
★ Автоматски користете го „HTTPS Насекаде“ - проширувањето за Firefox од Electronic Frontier Foundation да ги енкриптирате сите ваши комуникации на најголем број од најпознатите веб страни.
★ Енкриптирајте и потпишете ги вашите е-пошти и документи користејќи го де факто стандардниот OpenPGP од Tails е-пошта клиентот, текст уредувачот или прелистувачот на датотеки.
★ Заштитете ги вашите разговори/четови преку инстант пораки со користење „OTR“ (Off-the-Record Messaging прев. Разменување на пораки кои не се зачувуваат никаде) - криптографската алатка која пружа енкрипција, автентичност и оградување.
★ Безбедно избришете ги вашите датотеки и исчистете го вашиот простор на дискот користејќи „Nautilus Wipe“.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.