СДСМ „Бомбаши“
Како СДСМ доаѓа на власт години наназад
2000.01.17, Бранко Црвенковски: „Во Македонија со оваа власт, ниту еден од 2.100.000 граѓани, освен двајца, не можат да бидат сигурни дека ја имаат своја, или на своето семејство приватност.“, „Ова што денес го ставаме на увид пред Вас и пред целата македонска и меѓународна јавност не е ниту 10% од она со што располагаме како доказен материјал“, „Она пак со кое ние располагаме, не е ниту 1% од она што се прави од актуелната власт на овој план“, „Со ваков широк опфат, со ваква бескруполозност...“, „Ова што е во моите раце е касета...“, „Ова е целосен мрак...“, „Ова не е скандал...“.
2015.02.09, Зоран Заев: „Значи сите биле ставени на машината, освен телефоните на Никола Груевски и Сашо Мијалков“, „Од тоа досега во овој момент, со десеттата боба е објавено тоа не е повеќе од 10% од тоа што го имаме.“, „Ова е само мал дел од сѐ што поседуваме како доказен материјал за противзаконско и криминално владеење во Македонија“, „Ваква широка операција, во ваков обем...“, „Само ова ЦД кое што е во пријавата која што е поднесена“, „...да ги ослободи граѓаните од мракот...“, „Ги надминува границите на скандал.“.
Погорните изјави се извадоци од прес-конференциите на Бранко Црвенковски и Зоран Заев кога и двајцата како опозициони лидери ги обзнаниле мега скандалите со илегално прислушување од страна на ДБК односно УБК во Р. Македонија. После поразот на парламентарните избори во 1998 година, СДСМ за првпат се соочиле со фактот дека на следниот изборен циклус ќе мора да ја победат силната националистичка политика на ДПМНЕ која иако државнички погрешна секогаш е поприфатена од широките народни маси. И во двата наврата и во 2000 и во 2015 година, методот на доаѓање на власт на СДСМ е истиот:
Добивање на илегално прислушувани материјали, со злоупотреба на опремата во ДБК односно УБК, свикување на прес-конференција и објавување на прибавениот материјал. И во двата наврата нив им паѓа улогата да го реформираат работењето на безбедносно-разузнавачкиот систем и кој и во двата наврата се претвора само во реформа на УБК.
Единствената разлика помеѓу овие два настана е тоа што Бранко Црвенковски мавтал со „касета-бомби“, а Зоран Заев со „ЦД-бомби“. Некој ќе рече Зоран Заев го копирал Бранко Црвенковски, но тоа колку и да изгледа дека е така всушност не е. Пред Бранко Црвенковски постоел Крсте Црвенковски (според Бранко не му е роднина) кој бил првиот бомбаш и за потребите на анализата ќе го наречеме „Алфа-бомбаш“. Крсте Црвенковски за разлика од овие двајца со бомбите не мавтал на прес-конференција туку на Седница на Извршниот Комитет на ЦК СКЈ на островот Бриони на т.н. Брионски пленум одржана на 01.07 1966 година, каде го презентирал извештајот на Комисијата со која раководел, а која ја истражувала работата на тогашна УДБ-а и работата на нејзиниот началник Александар Ранковиќ.
Крсте како што доликува времето не мавтал ниту со аудио касети ниту со ЦД-а кои тогаш не биле ни измислени туку „мавтал“ со магнетни снимки од илегалното прислушување снимени на магнетофон од прислушните уреди поставени во канцеларијата и резиденцијата на Јосип Броз Тито. И уште една сличност има помеѓу првиот бомбаш и двајцата негови следбеници, исто како што биле прислушувани и Зоран Заев и Бранко Црвенковски, така бил прислушуван и Крсте Црвенковски само што во неговиот случај тој сам си го наредил прислушувањето, со тоа што побарал од 4.оддел на тогашна УДБ-а за Македонија да постави прислушни уреди во неговиот кабинет. На тој начин го предомислил Тито дека УДБ-а и во Македонија нелегално прислушувала. Со тоа откога началникот на Сојузната УДБ-а Александар Раковиќ бил сменет од функција, УДБ-а била реформира во СДБ, за прв началник на Сојузната СДБ бил поставен Македонецот Борче Самоников од Прилеп.
Во својот извештај Крсте Црвенковски помеѓу другото навел: „Поедини органи на државната безбедност, користејќи современа техника, се впуштиле во последните години во големи операции на прислушување и контрола врз поединци и институции. Работата на Комисијата покажа дека тие методи се употребуваат доста масовно против поштените и луѓето верни на социјализмот, против одреден број државни и политички функционери. Тие методи се употребувани и со намера да се дискредитираат поединци, и конечно да се отстранат од функција... “
Дали Зоран Заев ќе остане да биде „Омега-бомбаш“ останува да видиме...
СДСМ откако дојде на власт – Моите овци не се како другите овци
СДСМ пред да дојдат на власт во 2016 година, беа со мотото дека на државната управа и е потреба целосна департизација и професионализација, дека тие целосно ќе го расветлат скандалот со илегалното прислушување, дека одговорните ќе се најдат зад решетки, дека веќе во Р. Македонија нема нелегално да се прислушува, дека на безбедносно-разузнавачкиот систем му е потреба сериозна реформа и дека УБК е проблемот, па затоа не може проблемот да биде решението.
Но, откако дојдоа на власт, по само 100 дена, тие нивни изјави чудесно се променија.
Така во својот отчет за 100 дена работа на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги истакна следниве работи:
Цитат 1: „Во почетна фаза е реформирањето на УБК за да го врати угледот на професионална и реномирана служба.“
Коментар:
За нештото да се врати прво требало да постои како такво.
Зборовите „професионализација“, „департизација“ и „транспарентност“ не може да се однесуваат за место во кое сите од првиот до последниот вработен се ангажирани директно од улица без оглас, или само со давање на значки на партиското обезбедување, тоа се луѓе кои при вработувањето им бил баран и ден денес им е баран само еден единствен критериум - а тоа е да се морално политички подобни.
Толку да му беше дојдено на Министерството да биде ако не департизирано барем професионално и транспарентно, немаше листата на дисциплински постапки да прекине да се објавува, или можеби ќе добија отказ тие што ги имаат вработено, а навеле дека немаат никакво образование, а можеа и транспаренто да предложат измена во законот за полиција и за внатрешни работи дека еднаш кривично осудено лице не може да се вработи никогаш во МВР, понатаму транспарентноста да била посакувана би одела во насока на запознавање на граѓаните за тоа какви дела сториле вработените во МВР кои биле кривично судени, итн...
Многу е интересно тоа што органограмот на УБК е класифициран нешто што го нема ни во ЦИА. Тоа можеби е заради тоа да се сокрие некоја единица за заштитување на нуклеарната програма на Груевски или можеби тоа што СДСМ како општествено одговорна партија која многу се грижи за националното и културно богатство, како наследник на Сојуз на Комунистите на Македонија - СКМ сеуште не ја предал архивата на СКМ во Државен архив да не се открие некое уште поголемо нагубување еве да речеме некоја Вселенска програма на Тито...
Има ли еден поранешен директор на УБК што не бил уапсен?!
Цитат 2: На прашањето на еден присутен новинар дали има илегални центри кои можат и ден денес да вршат илегално прислушување во РМ, Министерот одговори дека УБК денес работи исклучиво легално, а за други центри не би знаел да каже, а перцепцијата на јавноста и стравот се оправдани.
Коментар:
Граѓаните не сакаат да бидат прислушувани, а не дека граѓаните не сакаат да бидат прислушувани од УБК која сега работи легално. Не е битно дали е УБК дали е ОТА, ВМРО, СДСМ, ДУИ или некоја друга партија или субјект, битно е да не постои можност некој илегално да ги прислушува.
Оливер Спасовски една година дена како Министер за Внатрешни работи не негира дека постојат приватни центри, и стално на тоа прашање ја менува темата и одговара дека УБК работи законски, а никој не го прашува дали УБК работи законски или не.
Знаете во „Господарот на прстените“ се работи за прстен кој во себе содржи голема магична моќ и кој да го носи ќе владее со светот.
Кога сите од дружината одат да го фрлат прстенот во лавата за да се уништи, на сите по пат им се сонува дека добро би било и они така малку на кратко да го поносат да ја осетат неговата моќ. Муабетот е дека прстенот им дава моќ ама како за данок за тоа им го наплаќа во форма на тоа што им го одзема целиот човештилак до степен да се испотепаат меѓу себе.
Туку муабетот е во смисла на Господарот на прстените: „Некој ја украл галиба опремата да ги прислушува и да ги сотре сите.“
Цитат 3: „Наша цел е да го реформираме целиот овој систем да воспоставиме механизми на контролата и тоа пред се силна парламентарна контрола, граѓанска контрола и експертска контрола, да воспоставиме систем кој исклучиво би функционирал во заштита на уставниот поредок на Република Македонија и борбата против криминалот и корупцијата и систем кој што ќе ги содржи најдобрите европски пракси, и ќе има минимум можност за злоупотреба од било кој.“
Коментар:
Подеднакво важно е колку е голем бројот на луѓе кои се во позиција да можат да направат злоупотреба со обемот кој може да го опфати самата злоупотреба на следењето на комуникациите.
Според Законот за следење на комуникациите, рокот за следење на комуникациите според член 23 најмногу е 6 месеци, кои по барање на Јавен Обвинител до Врховен судија, според член 25 може да го продолжи најмногу до две години, вбројувајќи ги првичните 6 месеци од основниот рок.
Е сега, цените на „услугите“ во УБК има да рипнат до таванот, и еве ја најреалната ситуација - овие што биле до вчера колеги што седеле маса до маса во УБК од кој едниот одлетал во ОТА ќе се чујат на некој „чет“ да си објаснат на кого што му треба.
Пример.
---Корумпиран од УБК на стар колега сега ново вработен во ОТА:
„Јас ќе испратам барање за на кого ти треба број (ако има некој заинтересиран/и да направиме една тарифа и да тераме), ќе речам основано ги сомничиме овие за ова што беше што се растураше дрога на стадион на натпреваров кога играше репрезентација ми е гајле, кој ќе може тоа да провери, ќе речам овој на сликиве како тој и тој ми изгледа, ќе го напнам обвинителот за 100-200 души, он мислиш за сите ќе се замара, па ќе ги споредува во личните карти тој ли е - не ли е, ќе мисли дека се навивачи хулигани и ние сеа ги бараме дилерите меѓу нив или некој Х човек шо божем внел експлозивна направа (голема петарда) на стадион. Јавниот Обвинител ќе побара што треба од кај треба, ќе се обезбеди наредба, и ќе ја наредиме, па тоа шо ти треба тебе снимките од тие броеви шо ги бараш ќе ти ги закачам негде ќе се договориме да не се гледаме лично да не посумја некој, а за парите ќе се раздолжуваме некако од време - на време.“
А овој му вика:
„Абе се супер ќе си завршиме работа меѓу себе, ама нема да можеме да ги слушаме за секогаш после ќе истече наредбата за 6 месеци или за максимум 2 години и тогаш?“
- првиот одговара:
„Де, де шо се секираш за две години, па дури и за 6 месеци знаеш ли ти колку масовни организации се одржуваат, ќе побараме за истиве броеви у некое ново дело на бавтанана демек кај шо па ќе напикаме 100 души сега да речеме концерт, и така 2-3 пати, ти е гајле, после и да се смени власта у меѓувреме ќе му заврши мандатот на Јавниот Обвинител, ама и тоа не е важно оти па тој по него што ќе дојде нити ќе ги чита претходните наредби, а и да ги чита што има да се сфаќа таму, а и тој случајно да не ќе ги брои новите 100 души?!“---
Факт е дека под капата на горниот пример ќе можат да се швајцуваат проверка за проверка кога некое лице ќе му стане „интересно“ на некој што е во можност да изведе за тоа дадено лице да биде издадена наредба и да биде додадено за следење на комуникациите.
Цитат 4: „Во МВР 80% се професионалци кои одвај чекаат да почнат да работа професионално“. Тие само слушале наредби, инаку ќе ги избркале од работа.
Коментар:
Прво викаа дека нема професионалци, за кога дојдоа на власт да ја сменат приказната и да кажат дека 80% од вработените се професионалци, само работеле непрофесионално под закани и притисоци.
Ова се сведува на тоа како да во Втората Светска Војна во случајот на германските СС-овци како да рекле: „Што да правиме еве мораме да ги буткаме луѓево по гасните комори, оти инаку ние дома пари не треба ли да однесеме.“ Чисто за информација попопустливите СС-овци ги разместувале на други позиции, не ги бркале од работа.
Секој има право за сработеното да добие надоместок, и секој има право за предизвиканата штета да биде обесштетен, е сега прво нека ги вратат парите од платите за 11 години што не работеле професионално па после нека останат на работа.
Што се однесува до професионалците во безбедноста... сега што да се бркаат, за таа работа треба т***ци, туку истите криминалци и неписмењаци вадени во трета смена од затвор и вработувани по службите за безбедност ќе ги задолжите да се запишат на факултет како што направија тие пред вас, и нормално вие сега ќе им речете дека не можат да се запишат на кулинарство и така ќе се оправдате ем пред вработените, ем пред граѓаните да не можат да ве обвинуваат за непрофесионализам.
За новиот модел за реформа на УБК
Прво да тргнеме од тоа дека смислата на моделот на реформите беше да се реформира безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Македонија кој го сочинуваат сите безбедносно-разузнавачки служби. Барем ова беше барањето на странските експерти, а тоа беше и целта на новата влада, барем така министерот за внатрешни работи го најавуваше и преку т.н. национален проект „Интелигенција“. Некаде по пат оваа реформа им се виде не практична и многу обемна, сигурно се испокарале службите меѓу себе која од која да се раздвои, која во која да се претопи, кој да биде директор на некоја нова формирана, па што ќе речат вработените ако дел треба да избркаме, тоа би било политички непопуларен потег... Па си рече новата влада дека најпросто е да се реформира само УБК и таа реформа да биде мала реформа. Потребата од реформа на целиот безбедносно-разузнавачки систем е произлезена од неговата целосна нефункционалност и несоработка помеѓу разузнавачките служби. Оваа потреба не произлезе само од скандалот за илегално прислушување кое го спровело УБК туку и од терористичкиот напад од 09 мај 2015 година во кој не потфрли само УБК туку целиот безбедносно-разузнавачки систем на Р. Македонија. Втората причина е тоа што овој немил настан не би се случил да би имало соработка меѓу службите. Дека службите никогаш не соработувале како факт го разбрав од мој професор по разузнавање, тогашен раководител (началник) на ССВБиР, кој на едно предавање на факултет истакна дека на моралните редовни координативни состаноци помеѓу шефовите на разузнавачките служби, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков никогаш не доаѓал, како и тоа дека УБК во многу ретки случаи соработува со останатите разузнавачки служби, а и во тие ретки случаи им барале нешто за возврат, или за дадената помош им велеле: „Ама за информацииве вие што ќе дадете?“
Во Република Македонија има 8 (осум) самостојни разузнавачки центри или во склоп на други државни органи, а тоа се:
1. УБК - Управа за безбедност и контраразузнавање при Министерство за внатрешни работи
2. БЈБ - Биро за јавна безбедност - Единица за следење на комуникации (т.н. 5та управа на МВР) во Секторот за прикриени операции на Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал
3. АР - Агенција за разузнавање
4. J-2 - Разузнавање, контраразузнавање и безбедност при Генералштаб на АРМ
5. ССВБиР - Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана
6. Управа за Финансиско разузнавање при Министерство за финансии
7. Царинска управа - Одделение за разузнавање во Секторот за контрола и истраги при Министерство за финансии
8. Управа за финансиска полиција - Сектор за криминалистички разузнавачка анализа при Министерство за финансии
*ОТА - не е разузнавачка служба туку нејзината структура е многу карактеристична. ОТА всушност е истата Единица за следење на комуникации т.н. 5та управа на МВР која се наоѓа во зградата на Телеком во истите канцеларии. ОТА работи со се на се 7 луѓе од кои 3 преземени од 5-та управа на УБК и 4 преземени од 5-та управа на БЈБ. Ова е вака и според Законот за ОТА и според изјавата на директорот. Директорот досега по закон требаше да објави оглас за вработување, што се нема случено. Но колку 7 луѓе можат да работат со полн капацитет во 3 смени тоа е веќе и медицинско прашање. Дали тие 7 души се човечки суштества или модификувани андроиди, хуманоиди, киборзи со оглед на проектот „Интелигенција“ на Министерот кој го води уште од Техничката влада – се е можно. Сепак според наша анализа реалноста е дека сите вработени од 5-та управа на БЈБ на МВР со плус 3 лица од 5-та управа на УБК работат во новата Оперативно-техничка агенција – ОТА која не е ништо друго туку истата 5-та управа на МВР со која раководеше Горан Груевски, само со сменета табла на влезната врата.
Е сега интересен е моментот со уништувањето на опремата затоа. Наредба на хартија била дадена за уништување. Уништувањето било во преса па во дробилица, па во печка, сето тоа било снимено на видео снимка, и по тоа бил изготвен записник, на крајот снимката била уништена, и останале само наредбата и записникот, од што следува дека комотно може ништо од ова да не било така и наредбата и записникот да се мртво слово на папиру од измислена приказна која никогаш не се случила.
Присетете се само на една од „бомбите“ помеѓу поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и новинарот Драга Павловиќ-Латас, каде Сашо Мијалков му вика: „У денешно време нема кој да ти позајми 2.000 евра а не 20.000 евра.“ од што следува дека Сашо Мијалков бил големи икономист и шпараџија па повеќе е веројатно дека ако уопште некогаш воопшто му паднала идеја да се уништува опремата во последен момент се премислил, па се случила сцената:
батучедот ќе се фрли пред дробилицата како Стив Мартин во „Father of the Bride II“ кога застанува пред кранот со тегот само да не му ја руши куќата – само во овој случај да не се уништи опремата. Добро нека уништуваат хард дискови, цд-а, картички, мемории, колку за записникот ама опремата за снимање не.
Искрено опремава гарант може да се поврзе на секоја локална централа на Телеком во секој град, па зошто да ја уништуваат, кога може да ја сместат во некој стан, локално да ја поврзат и да си тераат?!
Вака би изгледала ИДЕАЛНА ПОСТАПКА доколку овие 8 разузнавачки служби би се координирале и соработувале меѓу себе, претставена преку еден пластичен пример:
---УБК има информација од свои доушници дека се спрема терористички напад негдека во Македонија.
Тој терористички напад се спрема од соседна држава.
Во нашата држава треба најпрво да бидат прошверцани десетина сандаци со оружје и униформи на парамилитантната терористичка група.
УБК има информации дека 2 фирми на територија на РМ ја финансираат оваа операција, и дека сандаците со оружје и вооружената терористичка група ќе бидат сместени на за нив непозната локација некаде во западна Македонија.
Бројката на терористи како и нивните идентитети не им позната.
Директорот на УБК иницира состанок на координативното тело за соработка помеѓу безбедносно разузнавачките служби во РМ.
На состанокот на кој присуствуваат сите директори на разузнавачки служби во државата, директорот на УБК ја изложува ситуацијата.
И оттука си ги разделуваат задачите:
Управа за финансиско разузнавање - има задача да го истражи финансирањето на терористичката група преку двете фирми со седиште во РМ.
Царинската управа - преку своето одделение за разузнавање има за задача да разузнае да го пронајде возило во кое ќе бидат пренесувани горенаведените сандаци со оружје.
ССВБиР - преку свој разузнавач во соседната земја има за задача да разузнае преку канали во нивното министерство за одбрана дали истото е поврзано со учесниците од групата.
Ј-2 на ГШ на АРМ преку своето воено аташе во нашата амбасада во соседната земја, разузнава дали армијата на соседната земја има информации за терористичката група и нејзините планови и дејствувања.
Потоа...
Кога веќе УБК има основани сомненија за лица поврзани со насилен екстремизам и тероризам кои се во подготовка на извршување на терористички напад во Р.М., го известуваат Јавниот обвинител од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и судија во врховен суд да даде наредба за посебни истражни мерки врз овие лица.
Управата за финансиско разузнавање открила нелегални трансакции на една од фирмите и ја задолжува финансиска полиција да оди да им тропне на врата и да го уапси раководството на фирмата, и потоа да го однесе на сигурна локација одредена од УБК за понатамошно процесирање.
Царинска управа разузнава дека во камион кој доаѓа од друга наша соседна земја и е веќе на граница се превезуваат сандаците, и оваа информација им ја пренесуваат на УБК.
УБК им викаат дека ќе го следат возило.
ССВБиР разузнале дека во тендер на тамошното министерство за намена за тамошната воена академија биле нарачани 40 униформи, а спорно било тоа што воената академија не работела.
Ј-2 на ГШ преку аташето разузнале дека 40 припадници на армијата на соседна земја пред 4 месеци си дале оставка.
Разузнавач на АР испратен во соседната земја на прикриена мисија праќа информација дека лицето ХХ од село УУ во РМ е јатакот каде ќе бидат сместени сандаците со оружје и кој ќе треба да им ги однесе на групата на дадена локација. Локацијата ќе ја добие по пат.
УБК му бара на врховен судија да и даде наредба на ОТА да му ги следи комуникациите на јатакот.
Информаторите/соработниците на полицијата (кодошите) од селото на јатакот им кодошат на полицајците дека во селото има некое невообичаено раздвижување.
Оваа информација Директорот на БЈБ ја споделува со Директорот на УБК.
Преку информациите обезбедени од ОТА, УБК добива информација од следењето на комуникациите на јатакот дека терористичката група ќе се сретне со него и примопредавањето на сандаците ќе се случи кај кенефот на Димче кодошот, во село НН, на 150м од селската чешма.
УБК после добиените и анализирани информации од останатите разузнавачки служби изготвува план за неутрализирање на терористичката група и превенирање на терористички напад на територија на РМ.
Припадниците на УБК со енергична и одлучна акција преправени како обични полицајци со полициски униформи што ги немаат па ги позајмуваат од колегите, а всушност разузнавачи-антитерористи херојски ја сузбиваат и неутрализираат терористичката група, и нејзините припадници ги носат во истражниот затвор Скопје во Шутка.
На крај се свикува прес-конференција во министерството за внатрешни работи, за МВР да ја извести јавноста, и на тој прес излегува министерот/министерката за внатрешни работи, позади него/нејзе стојат директорите на УБК и БЈБ и тој/таа почнува потресено да плаче за изгубените 7-8 животи на припадници на МВР кој загинале во таа енергична успешна акција.---
Ова да беше вака граѓаните на РМ за тероризам ќе има слушнато само на филм, но за жал граѓаните видоа тероризам среде главниот град во законодавниот дом пренесен преку ТВ.
Сигурно овој пластичен пример опишан погоре ве потсетува на многу случени „терористички“ напади (или барем така квалификувани) во Р. Македонија, како што беа во годините: 2001, 2007, 2012, 2015 и 2017.
Овие не спречени терористички напади како очигледен заклучок го даваат фактот дека „Нешто е труло во безбедносно-разузнавачкиот систем на Република Македонија!“ ова може да биде вака единствено од две причини кои не се исклучуваат меѓу себе, па така или терористичките напади се случуваат заради тоа што службите воопшто не соработуваат меѓусебе, или како второ службите сами или по иницијатива на партиите ги организираат терористичките напади, или и двете варијанти заедно. Дека службите организираат терористичко рушење на уставниот поредок денес се покажува низ исказите на учесниците-сведоци на терористичкиот напад од 27 април 2017 година кои сведочат дека: „Нападот бил организиран, воден, и логистички поддржан од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК, како и со помош од припадници на другите безбедносно-разузнавачки служби како што се АР, ССВБиР и Ј-2 на ГШ на АРМ, а како иницијатор на целата операција стојат целокупно поранешно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на државата Ѓорѓе Иванов.“
Чисто за споредба:
Во САД има 17 разузнавачки служби на 325 милиони граѓани.
Во Русија има 3 разузнавачки служби на 146 милиони граѓани.
Југословенскиот модел на безбедносно-разузнавачкиот систем во почетокот после Втората Светска војна во 1946 година имал 6 разузнавачки служби и тоа: УДБ-а, КНОЈ, КОС, ВОС, УИД, и II Разузнавчки отсек на Врховниот Штаб на НОВ и ПОЈ, за во 1966 година да ги намалат на 4 разузнавачки служби и тоа: СДБ, СИД, Управа за безбедност и II Управа на ГШ на ЈНА на тогашни 23 милиони граѓани.
И ако веќе се зема пример од денешна Република Хрватска, во однос на безбедносно-разузнавачкиот систем, таму службите од последните југословенски 4 служби кои постоеле пред распадот на Југославија денес се преполовени на само 2 служби, цивилна и воена, и тоа СОА и ВСОА на 4 милиони граѓани.
За разлика од тоа во Македонија наместо да се постави безбедносно разузнавачкиот систем вертикално организациски, тој се поставува хоризонтално организациски отцепувајќи само делови од веќепостоечките служби и правејќи ги посебни органи во државната управа со нови имиња и исти надлежности кои целовремено се преклопуваат.
И ако земеме во предвид дека само се менува името и таблата на институцијата тогаш се работи за козметичка измена а не за вистинити коренити реформи.
Што е УБК во МВР ако не дуплирање на работните места и описот на работа со оние во БЈБ?
Во полициските списи (во обичната полициска секојдневна предметна документација) има поле „Информант“ т.е. кодош, кој се води под име и презиме или под кодно име, што во превод значи дека и во обичната полиција има разузнавачка активност, така што постоењето на УБК не е ништо друго освен дуплирање на веќепосточките Сектори на МВР – со една разлика криминалот да биде насочен спрема државата т.е. сторителот да сака да дојде на власт по секоја цена без избори.
Испадна дека УБК сака да дојде на власт и тоа во нејзиниот опис на работа:
УБК делува за борба против организираниот криминал и тероризмот насочен кон рушење на уставниот поредок, каде се бришат зборовите „борба против“ па се претвори во:
УБК делува за организираниот криминал и тероризмот насочен кон рушење на уставниот поредок.
Во САД еве нема нагласена контраразузнавачка агенција - таа работа ја врши ФБИ, Значи во МВР фали сектор кој ќе лоцира и неутрализира луѓе кои сакаат да дојдат на власт без избори односно да го срушат уставниот поредок кој во меѓу другото подразбира владеење преку фер повеќепартиски демократски избори.
Управата за безбедност и контраразузнавање - УБК - не спроведува никаква безбедност, туку организира државни удари, разгорува тензии со цел да започне граѓанска војна, врши терористички акти, со истите не може да се справи, скоро сите нејзини директори кои раководеле со неа биле апсени, и сега треба да и се даде поголема автономност, се слагам треба да се извадат сите нејзини вработени надвор од МВР автономно да им се даде отказ и фајронт.
Со математика на Министерот за внатрешни работи дека во МВР 80% се професионалци - па тоа значи дека во МВР не треба реформа, туку реформиче. Па дури и тие 20% што ги кажуваат се всушност 2.400 од 12.000 севкупно вработени што пак значи дека се потребни 2.400 дисциплински постапки, кои МВР тие ќе ги заврши на свети никад.
А за УБК конкретно, за таму се вика дека работат негде околу 200 луѓе, и сега Министерот изгледа чека да види кој ќе му се пријави за пензија и така 20 души редовно, 20 души инвалидска, троа народ пратен во ОТА и оп - ете реформиче од 20% и УБК автоматски реформирана.
УБК беше проблемот аналогно на зборовите на премиерот Зоран Заев „Проблемот не може да биде решение“ означува дека ЦЕЛА УБК Е ПРОБЛЕМ. НЕ треба да се зајакнува уште повеќе отколку што е сега силна, па од висината на тајна служба да се искачи на висина на тајно министерство. ЦЕЛА УБК ГИ КОРИСТЕЛА ИНФОРМАЦИИТЕ, ЦЕЛА УБК УЦЕНУВАЛА, НИКОЈ ОД УБК 11 ГОДИНИ НЕ ПРИЈАВИЛ ЗЛОУПОТРЕБА. Тоа означува дека треба ЦЕЛА УБК, ДА СЕ РАСФОРМИРА, Т.Е. колку што има вработени или во превод ако има 200 вработени во различни одделенија во УБК треба да им се дадат 200 откази, не 200 прераспределувања во Сектор за организиран криминал во БЈБ па со информациите да ги уценуваат колегите и да метастазираат таму. Ако оваа влада не знае како се прави тоа нека го праша Бучко како поделил 2.000 откази во Министерство за одбрана по основ „Ви се случи војна нема што да ви објаснувам“ и замислете никој не се жалел во тоа време.
Избраниот модел на реформа на УБК да стане посебен орган во државната управа односно да се одвои од МВР најверојатно со ново име како: „Агенција за безбедност и контраразузнавање - АБК“ или „Биро за безбедност и контраразузнавање - ББК“, е модел кој несомнено ќе доведе до формирање на безбедносна служба од рангот на германското Штази наречено „Министерство на стравот“ што ќе биде паралелно министерство на МВР.
Подемократска варијанта од оваа е УБК да се одвои но да и се одземат полициските овластувања, со што ќе стане информативна агенција за безбедност, по примерот на српска БИА – Безбедносно Информативна Агенција – само што тоа име во комшии е земено, кај нас е веќе зафатено МИА – Македонска Информативна Агенција, па нашиве ќе мораат да одат имиња од типот: Информативно Безбедносна Агенција – ИБА, Информативно Безбедносно-контраразузнавачка Агенција – ИБКА,Информативна агенција за безбедност – ИАБ, Информативна агенција за безбедност и контраразузнавање – ИАБК, и овие имиња во комбинација со „Биро“ наместо „Агенција“ оти сирно нема да се вратат во „Дирекција“ т.е. па да бидат ДБК.

ЗАКЛУЧОК
После година и половина власт на СДСМ се што се има променето е само ПРИВИДНО, затоа што било морално, затоа што така бараат евроинтеграциите, за да се земат пари и донации од странски проекти. Промените се само козметички, а не коренити реформи како што беше побарано уште со извештајот на Прибе. За нив се кажа една позитивна работа дека имало некакво постигнување во правосудството, но и тоа е многу далеку од тоа што им го побара Прибе „на судите кои работеле нелегално да им се забрани да го практикуваат правото на било кое ниво“ – што во превод значи да им се укинат дипломите од правен факултет.
Сите забелешки и добронамерни сугестии и предлози, ги ставаат во фиока, најверојатно во папка за „ВО ИДНИНА“.
Матрицата на функционирање остана иста. Иако велеа дека администрацијата ќе се „департизира и професионализира тоа не се случи. Прво во делот да се „департизира“ значи на вработените во државната администрација да им се забрани да бидат членови на некоја партија, што е противуставно и на крај е ван памети, секој граѓанин може да членува во политичка партија, здружение итн.... Ден денес партиските војници на ВМРО-ДПМНЕ работат низ државните институции. Што се однесува на професионализмот, остана тој да се мери во партиските штабови, каде стои вагата за морално политичка подобност како предуслов за вработување. Реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем се претвори во мала шминка-реформа на УБК. На прашањето дали сеуште има центри со мобилна опрема за прислушување, ден денес немаат одговор, а секојдневно излегуваат нови и нови скандали со прислушување преку опреми за снимање на разговорите низ институциите на целиот државен апарат, кои очигледно им се потребни и нив за нелегално прислушување. И повторно, за секој државен проблем во Р. Македонија решение е АМНЕСТИЈА, иста каква што изгласаа и ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ во 2011 година. Ова нѐ води само до еден и единствен заклучок а тоа е дека СДСМ очигледно се фасцинирани од вмровската матрица која мора да се признае дека, можеби нелегално, ама сепак функционираше успешно цели 11 години, па се со ниет комплетно да ја прекопираат. Кај нив нема такви што ќе укапираат дека вмровизмот на ВМРО е изграден врз социјалистичкиот систем на Тито со додавање на црквата и масовна експлоатација на прислушувањето. Впрочем ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш биле и денес се партија со најголемо членство и со комплетна поддршка од дијаспората. Па ако не го департизираат и професионализраат вмровскиот кадар во државниот апарат, очигледно само сакаат да му облечат плав дрес и да почне да навива за нив. Сепак, изгледа се одлучија за девизата „Тим што победува не се менува!“.
Викаат дека добар играч е играч кој може да победи со било кои карти што ќе му бидат поделени. Сепак овој пример не е практичен во секој сегмент од животот.
Ако треба да се оперира некој човек, а вас наместо доктори и медицински сестри на располагање ви се дадени музичари, градежни работници и правници, тие и да направат се што знаат, - и да пеат, и куќа да изградат, и закон да напишат човекот нема да го спасат. Нема да можат ни да се обучат за да бидат доктори, прво затоа што ниту има време, ниту некој треба да ги чека, а второ затоа што тоа не оди така, веќе се во години и им поминал векот за учење и надградување... а и ако обука може да замени факултет, тогаш што ќе ни се факултетите, така да можеби вие сметате дека доколку нестручниот кадар го избркате од дадено работно место ќе го изгубите како гласач, но да ви кажеме дека доколку не го вработите стручниот кадар на негово место и стручните не видат дека има ред и закон и дека нестручните нема да го дишат воздухот околу нив, туку ќе одат таму кај што им е местото, ова ќе биде првиот и последниот пат што ќе седнете на премиерското столче, затоа што ПОДОБРО Е ПАРТИСКО ВРАБОТУВАЊЕ ОТКОЛКУ ПАРТИСКО ПРАВДАЊЕ ЗА НЕ ДАВАЊЕ ОТКАЗ НА НЕСТРУЧНО ВРАБОТУВАЊЕ.
Вака испраќате порака до граѓаните:
„НИТУ ЕДЕН ГЛАСАЧ ВРАБОТЕН НА ДРЖАВНО НЕ Е ВИШОК, ВИЕ ШТО РАБОТИТЕ НА ПРИВАТНО ЌЕ РАБОТИТЕ И ОД ВАШИТЕ ДАНОЦИ НИЕ ЌЕ ГИ ПЛАЌАМЕ НИВ, И НЕМА ДА ГИ БРКАМЕ ОД РАБОТА ЗА ДА ГЛАСААТ ЗА НАС А НЕ ЗА ВМРО-ДПМНЕ ЗАТОА ШТО СО НАС ЌЕ ИМ БИДЕ ПОЛЕСНО, НИЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА И ВАКА И ТАКА НЕ ЗНААТ ДА ЈА РАБОТАТ РАБОТАТА КАЈ ШТО СЕ СТАВЕНИ, ДУРИ ЌЕ ИМ ДОЗВОЛУВАМЕ ДА ПРОДОЛЖАТ ДА НЕ ДОАЃААТ НА РАБОТА, ПЛУС НА ТОА ЌЕ ДОДАДЕМЕ И ОЛЕСНУВАЊЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА ОДАТ НА МИТИНЗИ, СЕ СО ЦЕЛ ДА ДОБИЕМЕ ГЛАСАЧ ПОВЕЌЕ, А ВИЕ АКО ЗАРАБОТИТЕ НАД 1.000 ЕВРА ЌЕ ВИ ГО ЗГОЛЕМИМЕ ДАНОКОТ ЗА ДА МОЖЕТЕ ДА ДАДЕТЕ ДАНОК ЗА ПЛАТА ПЛУС ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР НЕ САМО ВО ВТОРА ТУКУ И ВО ТРЕТА СМЕНА ДА РАБОТИ АКО Е ПОТРЕБНО.“
Реформите кои им се ставаат на товар ги прават затоа што мораат. Не го бираат моделот кој е најсоодветен, најлогичен и најпрактичен, туку моделот кој најмногу им одговара и со кој се ќе остане исто, само ќе се промени името и таблата на институцијата. Во реформите што ги прават сепак има и една скриена, а сепак примарна цел: за спроведувањето на реформите ЕУ и САД даваат пари, во смисла „Да им ги земеме парите на странциве за нова фасада, џамови, врати, нова табла со новото име за УБК“, а после да одиме нова опрема да купиме.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.