★ Кога ќе отидете со глувчето (маусот) врз зборовите со црвени букви, курсорот ќе се појави со „?“ и ќе ви се појави дообјаснување за дадениот поим/термин.
★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
★ Н.З. означува „наша забелешка“, односно забелешка на авторите на анализата.
★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
★ Н.З. означува „наша забелешка“, односно забелешка на авторите на анализата.
УДБАШКО-НОВИНАРСКИ ЕСНАФ
Оваа анализа излегува после повеќе од година и половина од постоењето на проектот „Управување со дигиталната безбедност и анонимност – УДБА-МК“ поради неколку причини:
- беше потребно прибирање на докази за да може да се утврди фактичката состојба, докази кои се многу ретко достапни и на не толку познати места (иселенички форуми, веб страни на трети политички субјекти, енциклопедии...);
- беше потребно подолго време на следење на моменталната фактичка состојба во медиумскиот свет на Република Северна Македонија во однос на нивното работење и целокупно функционирање (финансирање, неутрално и навремено известување, веродостојност на изворите на вестите, лицата кои ги креираат, човечките извори на информации);
- беше потребна сеопфатна компаративна анализа на новинарството во Република Северна Македонија од првиот независен дневен весник до ден денешен 1944-денес.
Оваа анализа не е самостојна, туку освен што е поврзана со најголемиот дел од содржините на оваа веб страна е исто така директно поврзана и со анализата „ ДЕЛ IV. Северна Македонија 2019 година, среден век – ЕСНАФСКА ДРЖАВА“ објавена на Фејсбук на линк.
Овој еснаф беше намерно испуштен од анализата за ЕСНАФСКА ДРЖАВА, затоа што самиот по себе не е толку очигледен како се останато што е споменато во таа анализа а е дел од секојдневието на скоро секој граѓанин на Северна Македонија.
Зошто новинарската професија во Северна Македонија преставува еснаф?
- Новинарите се организираат во здруженија, сојузи, федерации, асоцијации исто како и занаетчиите. Секој медиум има свој статут исто како и секоја форма на нивно здружување. Во статутите се пропишани санкции за нивно непочитување. Во секое нивно здружение имаат собрание, управен и надзорен одбор. Нивните здруженија го регулираат новинарскиот пазар на информации (имаат кодифицирани цени на рекламен простор). Имаат членови и членства во нивните организации, исто како во еснафите.
Зошто новинарската професија во Северна Македонија е удбашка?
- Новинарството во Северна Македонија влече корени уште од времето на НОБ, па преку Југославија со нејзиниот АГИТПРОП во кој работеле високи партиски лица на КПЈ/КПМ а во исто време биле и високи чиновници на ОЗНА/УДБ-а/СДБ, па сѐ до денес кога новинарството е креирано по партиска директива од секторите за односи со јавност и од надворешни т.н. пи-ар експерти. Оваа анализа покажува дека начинот на функционирање на новинарската дејност кај нас нема претрпено никакви промени од нејзиниот зачеток до ден денес.
I. АГИТ-ПРОП (1944-1956)
АГИТАЦИЈА е: Усна или писмена дејност со цел да се дејствува на масите преку ширење на определени идеи; средство на политичка борба, поттикнување, наговарање.
ПРОПАГАНДА е: Систематско ширење на идеи, учења и ставови преку медиумите со цел да се влијае врз јавното мнение.
АГИТПРОП (Агитација и пропаганда) е политичка пропаганда, најповеќе комунистичка пропаганда користена во Советска Русија, која е ширена во јавноста преку популарните медиуми како литература, театар, филм, и други уметнички форми со експлицитна политичка порака.
Терминот изворно потекнува како кратенка од „Оддел за Агитација и пропаганда“ (рус. „отдел агитации и пропаганды“), оддели кои постоеле во Централните и регионалните комитети на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Одделот потоа бил преименуван во „Идеолошки оддел“.
Рускиот агитпроп театар бил познат по своите картонски ликови со совршена доблест и потполно зло и грубо потсмевање. Постепено терминот агитпроп опишува каков било вид на високополитизирана уметност.
Седиштето АГИТПРОП на ГШ на Македонија било во селото Горно Врановци, велешко, каде во тоа време се наоѓала и редакцијата на списанието „Млад Борец” и во чиј склоп биле подготвувани и издавани весниците: „Млад Борец“ и „Комунист“,, и каде што се подготвувал и првиот број на весникот „Нова Македонија”.
Во одделението за АГИТПРОП на Македонија членувале и работеле:
- Кочо Рацин - подготвувач, редактор и печатач на разни материјали
- Блаже Конески - организатор на преведувачко одделение при АГИТПРОП на ЦК и Главниот штаб
- Ацо Шопов - уредник на списанието „Огин“ што го издавало одделението за АГИТПРОП при Третата македонска бригада
- Владо Малески, авторот на денешната химна „Денес над Македонија се раѓа“ која му била доврена како партиска задача и првобитно била изведувана за да се мобилизираат антифашисти и борци за слобода
- Митко Зафировски - член на АГИТПРОП, подоцна прв директор на Институтот за национална историја
Новинарството продолжило по пат кој всушност не постоел.
Агитпроп првично служело за ширење на пропаганда за време на Втората светска војна, со две цели:
- Да се подигне свеста кај народот за борба за слобода, и
- Да се укаже на тоа дека комунистичкиот пат е единствениот вистински и прав пат за да се оствари првата цел.
Во повоениот период заклучно со распадот на ОЗНА и во почетокот на постоењето на УДБ-а, Агитпроп имало за цел да ги етикетира „државните непријатели“ како и „противдржавното делување“, односно да укаже на тоа како луѓето да бидат „примерни граѓани“, но неговото постоење после 1956 година, односно по прекинувањето на „Голи Оток“ да биде политички затвор, престанува да има смисла.
Политиката на Југославија „омекнала“ и повеќе не ги ликвидирала луѓето за поинакви мислења, туку најчесто ги осудувала на драконско високи казни затвор или општо корисна работа или во најчест случај комбинирано.
После 10-тина години мир и слобода (1944-1956), веќе сите знаеле дека се „Рамноправни граѓани во заедничка федерација“ и секое мислење спротивно од тоа се карактеризирало како сепаратистичко што и де факто и де јуре било и според Уставот на поранешна Југославија, постоењето на Агитпроп повеќе не било за доблесна цел, туку за чисто величаење, фалење, бранење па дури и возвишување на политиката и политичарите на чело со Маршалот па по него сите кои КПЈ ги „означувала“ за светли примери, макар биле и кодоши.
II. Агитпроп или Идеолошкиот оддел во СРМ
1943г. Прв весник на македонски јазик „Млад борец“
Новинарството во Република Македонија, денес Република Северна Македонија, започнува во 1943г. со излегување на првиот весник на македонски јазик „Млад борец“. На Првиот конгрес на антифашистичката младина на Македонија одржан на 22 декември 1943г. во село Фуштани (Егејска Македонија), 288 делегати изгласале потреба од печатење на гласило-весник кое ќе ја повикува македонската младина од сите делови на територијата МАКЕДОНИЈА да се мобилизираат и вклучат во сенародната борба против фашистичкиот окупатор, и преку кое ќе се пренесуваат новостите за напредокот на анти-фашистичката борба на македонскиот народ. Првиот број на весникот излегол по три месеци, на 22 март 1944г., печатен на слободната територија на планината Козјак, кумановско, напишан и издаден од Народноослободителниот младински сојуз на Македонија – НМСМ (НОМСМ).
Мотото на весникот било: „Со младината - за младината!“.
Први редактори на весникот биле: Лилјана Ахилова Чаловска, Крсте Црвенковски, Ацо Шопов, Веселинка Малинска, Борис Миљовски и Иван Мазов – Климе. На почетокот излегувал како двонеделеник, а потоа како неделник.
1944г. „Нова Македонија“ - прв македонски дневен весник
На третата седница на Президиумот на AСНОМ, која била одржана од 2 до 5 септември 1944, во манастирот Прохор Пчињски, била донесена одлуката за основање дневен весник. Веднаш потоа било задолжено Агитациско-пропагандното одделение (АГИТПРОП) при ЦК КПМ и Главниот штаб да формира и специјална комисија, која ќе го подготвува и ќе го издава овој дневен весник. За името на весникот уште веднаш паднале три предлози – Независна Македонија, Слободна Македонија и Нова Македонија. Најприфатливо било името Нова Македонија, бидејќи истакнувало дека станува збор за нова преродба, нова современа македонска држава, со поинакво општествено политичко уредување, со нови и поинакви принципи и начела на раководење и живеење. Иако битките за конечно ослободување биле во тек и интензивно се одвивале, во исто време до сите народноослободителни одбори и други органи и организации пристигнала директива на Поверенството за информации, во која дури и се дал потсетник за тоа „што да се пише во дописките“. Притоа се нагласува дека:
„Весникот нема да е еден сувоофицијален орган, кој ќе публикува само заповеди и решенија и ќе излегува само со некоја политичка статија, ами треба да се претвори во широк, масовен лист, да стане истински народен весник...“
Првиот број излегол на 29 октомври 1944 година во село Горно Врановци, велешко, каде што се наоѓала првата печатница, денес претворена во музеј, а за негов прв главен уредник е назначен Васил Атанасков Ивановски. „Нова Македонија“ е првиот македонски дневен весник, основан со решение на Президиумот на АСНОМ. Весникот кој сѐ на сѐ имал точно 8 страници излегол во мал тираж, бил дистрибуиран до бригади, штабови и многу здруженија и претставувал прв официјален документ испечатен на кодифициран македонски јазик. Вториот број бил отпечатен во Битола, а од третиот (22 ноември) се печати и излегува во Скопје.
Извори
Види: „Нова Македонија“1946г. Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија
Сите новинари членови на ЗНМ истовремено се и „професионални новинари“.
Според веб страната на ЗНМ:
„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е здружение на професионалните новинари од Република Македонија. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.
Во извадок од монографијата „Сребрен јубилеј на СНЈ“ – Сојуз на новинарите на Југославија стои: „После дискусијата за претседател на Здружението на новинарите на Македонија едногласно беше избран Мито Хаџивасилев – Јасмин, одговорен уредник на „Нова Македонија”.
Собранието избра Пленум, Надзорен одбор и Суд на честа. За почесни членови едногласно беа избрани: Димитар Влахов, др. Павел Шатев, Бане Андреев, Алексо Муртаклов, Димитар Поп Ефтимов, Киро Миљовски, Веселинка Малинска и Љиљана Чаловска.“ .
Меѓу првите претседатели на Здружението на новинарите на Македонија биле: Мито Хаџивасилев – Јасмин, Веселинка Малинска, Ванчо Апостолски, Љубен Апостолски.
Што „заборавиле“ тука од ЗНМ да наведат за другите професионални заложби на членовите?
Низ оваа анализа ќе се покаже и докаже за каква точно „професионалност“ станува збор.
Кратка ФАКТОГРАФИЈА за истакнатите новинари во новинарството на НРМ/СРМ/РМ/РСМ
Крсте Црвенковски
- Раководител на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија во Фуштани (1943)
- Редактор на весникот „Млад Борец“ (1943)
- член и потпретседател на Владата на НР Македонија.
- член на Сојузниот извршен совет (советот во 1953 ги презел надлежностите на Владата на ФНРЈ)
- сојузен секретар за образование и култура
- пратеник во Сојузното собрание на СФРЈ и во Собранијата на Македонија
- член на Советот на Федерацијата
- претседател на Комисијата за проверка на работата на УДБ-а во 1966 година
- Потпретседател на Претседателството на СФР Југославија (1971-1974)
Бане Андреев – Ронката
- почесен член на ЗНМ
- претседател на Централниот комитет на Комунистичката Партија на Македонија – ЦК КПМ
- прв началник на „ОЗНА за Македонија“
Веселинка Малинска
За време на Втората светска војна била курир што го изведува Тито од Белград на слободната територија околу Ужице.
Низ јавноста кружат информации дека „нејзиниот сопруг Ќостаров, е Бугарин, комунист и емигрант од Бугарија, долгогодишен директор на театарот и веројатно поврзан со тајна коминтерновска врска. Неговото семејство живее во Белгија, во замок покрај езеро.“
Политички функции:
- почесен член на ЗНМ
- секретар на Месен комитет на КПЈ во Скопје (мај 1942)
- раководител на Одделението за Агитпроп при ГШ на НОВ и ПОМ (20 мај 1943)
- делегат и втор секретар на работното Претседателство на Првото заседание на АСНОМ (1944)
- секретар на Главниот одбор на Антифашистичкиот фронт на жените - АФЖ за Македонија (1944)
- главен и одговорен уредник на весникот „Нова Македонија“
- директор на Македонското радио - Радио Скопје (1952-1961)
- претседател на Здружението на новинари на СРМ (1954-1956)
- потпретседател на Главниот одбор на Социјалистички сојуз на Работниот Народ на Македонија - ССРНМ
- член на Извршниот совет на Собранието на СРМ (од 1963 и 1965 година)
- претседател на Комисијата за испитување на работата на 4-та управа на „УДБ-а за Македонија“ (1 јули 1966)
- републички и сојузен пратеник, член на Претседателството на ЦК на СКМ
- претседател на Универзитетскиот совет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје
- член на Претседателството на СРМ

Лилјана Чаловска
родена во Софија, сопруга на Лазар Колишевски
- почесен член на ЗНМ
- член на КПЈ од 1940 година
- делегат на Второто заседание на АВНОЈ
- еден од организаторите на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, на 21 декември 1944 година во Фуштани и негов раководител
- учесник во АСНОМ
- народен пратеник во Собранието на Македонија и во Сојузното собрание на СФРЈ
Публикација:
- член на Друштвото на писателите на Македонија и автор на неколку збирки поезија како: „Бдение за Виетнам“ (1967)
Извори
Види: Лилјана ЧаловскаКирил Миљовски
завршил ветеринарен факултет во Загреб во 1939 година.
- почесен член на ЗНМ
Политички функции:
- именуван за јавен обвинител на Народна Република Македонија (од 1 мај 1945 до 27 јули 1946)
- прв Претседател на Планската комисија (декември 1946)
- избран за член на Владата на НРМ
- министер за трговија и снабдување (до март 1949)
- редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет (1949)
- прв ректор на Скопскиот универзитет (1949 - 1954)
- избран за член на Македонската академија на науките и уметностите, како и за секретар на Одделението за општествени науки во МАНУ (1967)
- амбасадор во Данска (1965 - 1967)
- амбасадор во Бугарија (1967 - 1971)
Во текот нa 31-годишнaтa нaстaвнa рaботa:
- предавал 15 години политичкa економијa и 16 години историјa нa политичкaтa економијa
- бил aктивен во Сојузот нa економистите нa Југослaвијa и еден мaндaтен период бил претседaтел нa Нaучнaтa секцијa нa Сојузот;
- нa Прaвниот фaкултет ги предaвaл предметите политичкa економијa I и политичкa економијa II во својство нa хонорaрен нaстaвник.
Извори
Види: Кирил МиљовскиПавел Шатев (познат и под псевдонимите Георги Манасов и Кратовалиев)
(Кратово, 15 јуни 1882 - Битола, 30 јануари 1951)
- почесен член на ЗНМ
Уапсен и осуден на смрт, но подоцна пресудата му е преиначена во доживотен затвор во областа Фезан во Либија. Во 1908 година по Младотурската револуција е амнестиран и се враќа да предава во Солунско-бугарската трговска гимназија.
По кусиот престој во Македонија, заминува во Брисел, каде студира на Правниот факултет.
Воспоставува соработка со претставниците на Коминтерната и СССР во Софија и од 1923 година станува професионален разузнавач за СССР.
Павел Шатев има две ќерки, кои долги години живеат во Загреб.
Функции:
- истакнат македонски револуционер и анархист
- член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори задолжен да го потопи со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“, акција што успешно ја извршил (април 1903)
- еден од основачите на ВМРО (Обединета)
- прв министер за правосудство на Македонија (април 1945)
- слободен ѕидар - масон (член на Българска масонска ложа)
Мито Хаџивасилев – Јасмин
(21 декември 1922 - 1 август 1968)
- македонски комунист,политичар и новинар, наречен „првото перо“ на македонското новинарство и публицистика.
- учествува во издавањето на речиси сите централни весници во Македонија во 1944 година.
- избран за прв претседател на Здружението на новинарите на Македонија од страна на Основачкото Собрание на ЗНМ (17 февруари 1946)
Политички функции:
- избран за кандидат, а потоа и за член на ЦК КПМ (на Првиот конгрес на КПМ)
- одново е избран во највисокото партиско раководство на КПМ (на Вториот, Третиот и Четвртиот конгрес на КПМ)
- член на Централниот комитет (на Седмиот конгрес на СКЈ)
- главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“, првиот дневен весник на македонски јазик (од крајот на 1945 до 1 јануари 1948)
- претседател на ЗНМ од 1946 до 1948 и од 1952 до 1954
- началник на Управата на Агитпроп на ЦК КПМ
- претседател на Идеолошката комисија на ЦК СКМ (од 1957)
- член на ЦК на СКЈ (од 1958)
- повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“ (1962)
- член на ИК на ЦК СКМ и секретар на ЦК СКМ за идеолошкиот сектор (1964 - 1967)
- член на Претседателството и Претседател на Собранието на Македонија со едногодишен мандат (од 12 мај 1967 до 1 август 1968 година)
Публицистичка и теоретска дејност:
- од областа на македонската национална историја се:
„ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“;
- од областа на општествените науки:
„Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“.
Во негова чест, во Македонија од 1969 година се доделува државната награда „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ , со која се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Ванчо Апостолски*
(Штип, 22. 11 .1925 – Скопје, 2008)
Функции:
- член на СКОЈ и учесник во НОБ (1941)
- член на КПМ (од февруари 1945)
- главен и одговорен уредник на обласниот весник „Народен глас” (Штип)
- соработник и уредник на весникот „Нова Македонија”
- главен уредник на неделниот весник „Репортер” (Скопје)
- дописник на весникот „Борба” (Белград) од НРМ
- претседател на ЗНМ (1949-1952)
- потпретседател на ЗНМ (1952-1954)
- началник на Одделението на ЦК на КПМ за пропаганда во странство и член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК на КПМ (август 1950 – крајот на 1951)
- заменик на главниот уредник на весникот „Нова Македонија” (1951 – јули 1956)
- директор на Уредот за информации на Извршниот совет на НРМ (јули 1956-1959)
- советник во Кабинетот на претседателот на Народното собрание на НРМ (1959-1965)
- началник на Бирото за односи со странство на Извршниот совет на СРМ и републички секретар на Извршниот совет на СРМ (1960-1966)
- генерален директор на НИП „Нова Македонија” (ноември 1973-1982)
- директор на Уредот за информации на Македонија, пратеник, потпретседател на Собранието на СРМ (од мај 1969)
- член на ЦК на СКМ (во пет мандати)
- член на Секретаријатот на ЦК на СКМ (јануари 1967 до мај 1969)
- член на Претседателството на ЦК на СКМ (април 1982 до 25 април 1985)
- во еден мандат претседател на Претседателството на СРМ (25 април 1985 до 25 април 1986)
- претседател на Републичкиот општествен совет за меѓународни односи со странство
- потпретседател на Матицата на иселениците од Македонија
Публикации:
„Современите аспекти на великобугарскиот национализам“, Скопје, 1981;
„На великобугарски националистички позиции“, Скопје, 1979.
Извори
Види: Апостолски ВанчоЉубен Апостолски*
- потпретседател на ЗНМ (1962)
Владо Апостолски*
- претседател на ЗНМ од 1981 до 1982
>>>
* Н.З. Битно е да се нагласи дека фамилијата Апостолски не може да се оддели од ЗНМ, а со тоа ни да го напушти новинарскиот еснаф.
<<<
Михаило Митев Апостолски - Дончо *
роден на 8 ноември 1906 во Ново Село, Штипско - починал на 7 август 1987 во Дојран
На 18 години се запишал на Воена академија во Белград и дипломирал по 3 години во 1927 година на негови тогашни 21 година, потоа се запишал на Висока воена академија и ја завршил во 1933 година, и потоа запишал и завршил Генералштабната академија во 1938 година.
Бил со чин генералштабен мајор* со служба во Љубљана на должноста началник на штаб на дивизија на почетокот на Втората светска војна.
> > >
*Н.З. Кај нас во Република Северна Македонија кога ќе дипломираат на воена академија излегуваат со чин поручник или потпоручник зависно од смерот и законот кој е на сила во даден момент, а со завршувањето на дополнителните степени како специјализации, магистратури и докторати чинот не им се качува.
< < <
Германија ја нападнала Југославија (Кралството Југославија) на 6 април 1941 година.
Михаило Апостолски наредил да се срушат сите мостови за да се успори напредувањето на фашистичките војски.*
> > >
*Н.З. Со тоа дал таков неверојатен придонес што Југославија капитулирала по 11 дена на 17 април. Издржале еден ден повеќе отколку Крушевската Република.
< < <
По капитулацијата на југословенската војска паднал во заробеништво на Италијанците.
На 23 јуни 1941 година татко му на Михаило, Мите Апостолов Матовски испратил молба до бугарскиот министер за одбрана Теодоси Даскало да биде ослободен неговиот син и таа била одобрена на 2 јули 1941 година. Михаило одбил да се приклучи кон бугарската армија и се приклучил кон комунистичкото партизанско движење.
Во јули 1941 година веќе бил женет за Цвета Глигорова, сестра на Киро Глигоров кои исто така се со потекло од Ново Село, Штипско. Цвета Апостолска по војната се вклучила активно во општествено-политичкиот живот на Македонија и Југославија. Одреден период работела и како службеник во УДБ-а. Била член на КПЈ од 1948 година.
Веќе во август 1941 година, Апостолски се сретнал со повеќе видни членови на комунистичкото движење меѓу кои Љиљана Чаловска, Веселинка Малинска, П. Богданов-Кочко, Љ. Цветков и други.
Учествувал на состанок во Скопје кој се одржал на 11 септември 1941 година. На состанокот учествувале и Лазар Колишевски, Страшо Пинџур и Мирче Ацев. На состанокот се разговарало за подготвување на востание за ослободување на Македонија. Исто така бил формиран и Покраинскиот воен штаб (ПВШ) за Македонија за чиј член бил избран Михајло Апостолски, со што така се вклучува во Националноослободителното движење (НОД).*
> > >
*Н.З. Е сега, разговарале за востание на 11 септември 1941 година, а го кренале тек на 11 октомври 1944 година – ден среда, среќно да им тргне, после три години, последни од сите поранешни југословенски републики.
Зошто на 11 Октомври 1944 година во Прилеп и Куманово?
Во Прилеп и Куманово ден денес се соединуваат двете македонски идеи:
- Прилеп е лулка на националистичката идеја на чело со Методија Андонов - Ченто.
- Куманово е лулка на комунистичко-социјалистичката идеја на чело со КПМ.
На 2 август 1944г. се оформила Демократска Федеративна Македонија - ДФМ во рамки на Демократска Федеративна Југославија - ДФЈ.
Во септември 1944 на Ванчо Михајлов му било понудено од страна на Германија да направи Независна држава Македонија во Скопје кое сеуште било под фашистичка бугарска окупација, но Михајлов после неколку дена престој во Скопје се откажал од идејата и отишол во капитулирана Италија каде години потоа и умрел.
Па така, во октомври 1944 година фактичката состојба во Македонија била следна:
- деловите окупирани од Бугарија (источна, централна и јужна денешна Северна Македонија) биле со ВМРО идејата за Независна држава Македонија на чело со Ванчо Михајлов под бугарско, односно германско фашистичко влијание (впрочем како што е и влијанието денес - т.е. не е случајно вадењето на бугарски пасоши, а не пасоши на друга ЕУ земја и одењето на работа во 90% од случаите во Германија, не во други земји-членки на ЕУ, има историска нишка).
- деловите окупирани од Кралството Југославија (северна и делови од централна денешна Северна Македонија) биле со комунистичката идеја за Независна држава Македонија во склоп на Федерација Југославија потпомогнати од братските југословенски народи.
Во третиот квартал од 1944 година веќе почнал да се наѕира крајот на Втората светска војна и кои ќе бидат победниците во неа.
Па така во тогашна Македонија, денес Северна Македонија, победила комунистичката идеја со создавање на Демократска Федеративна Македонија – ДФМ во рамки на Демократска Федеративна Југославија - ДФЈ на 2 август 1944г, а пропаднала пробугарската ВМРО-вска идеја за Независна држава Македонија на чело со Ванчо Михајлов, бидејќи Бугарија од фашистичка станала комунистичка земја, раскинувајќи го пактот со Германија. На 26 август 1944 година кога веќе било очигледно дека Фашистите ја губат војната, Бугарите им наредиле на Германците да ја напуштат територијата на Бугарија. На 5 септември 1944 година, Советскиот Сојуз и објавил војна на Бугарија. Бугарите се предале без отпор. На 9 септември 1944 година Бугарија и објавила војна на Германија и нејзините сојузници.
Членовите и поддржувачите на ВМРО не им преостанало ништо друго туку само да се приклучат на борбата на партизаните, затоа што освен Егејска Македонија која сеуште била фашистичка територија под фашистичка Грција, сите останати делови на територијата Македонија биле комунистички.
Тогашна Македонија била последната земја која се кренала на востание против фашистичкиот окупатор т.е. на 11 октомври 1944г.
Иако сите во Македонија биле со единствена цел - Независна држава Македонија, сепак поделеноста помеѓу тоа со чија помош и под чија закрила да се ослободи - бугарско-германска или југословенско-советска, направила да бидат последниот народ кој се кренал на борба против фашистичкиот окупатор, а со тоа и народ кој најмалку допринел во ослободителната борба, а тој допринос веќе од 2 август 1944г. се мерел во рамките на ДФЈ во која и тогашна Македонија била дел - ДФМ.
Пушките не пукнале случајно во Прилеп и Куманово. Тие два града се симболика на македонското обединување: Прилеп на ВМРО-вско-бугарско-германската кауза, а Куманово на комунистичко-југословенско-советската кауза.
(Факт е дека Прилеп беше омилен град на Груевски за време на неговото владеење, како и тоа дека половина од истакнатите дејци и членови на ВМРО се родени во Прилеп и прилепско; Факт е дека во Куманово освен што е локалната самоуправа континуирано е на СДСМ, тука е создадена и ОЗНА, како и тоа што тука е потпишан Договорот помеѓу Србија и Косово после војната во 1999г.)
Поради фактите дека Македонците дале најмал допринос и биле последни во ослободителната борба, а веќе биле дел од ДФЈ, не било само на нив да одлучат дали да се оди и да се ослободува Солун, со југословенски ресурси кои веќе во јануари 1945г кога и ВМРО-вците ја дале таа идеја (Крвав Божиќ), на сеуште неослободена цела југословенска територија (делови од Србија) како и тоа Југославија да тргне против интересите на Сојузниците, кои веќе Грција ја поделиле на салфетката (Договорот од Јалта).
Не е ни чудно што Македонија првпат станала самостојна држава дури во 1991 година. Единствената точна мисла на целата Агитација и Пропаганда во било кое време и постоење е и единствената жива вистина за секој народ: „ЕДЕН НАРОД ЌЕ ГО СТЕКНЕ ПРАВОТО НА САМОПОРЕДЕЛУВАЊЕ САМО КОГА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДИ САМ СО СОПСТВЕНИ СИЛИ И ПОКРАЈ СИТЕ СОЈУЗНИЦИ!“

Во април 1942 година Апостолски станува член на КП, а во јуни истата година бил назначен за командант на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија.
Најсилен придонес дава во раководењето со завршните операции за ослободување на Македонија, а по завршните операции за ослободување на Југославија, Михаило Апостолски е унапреден во чин генерал-потполковник.
На 7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија. Пратениците на Тито, Светозар Вукмановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на "бугарскиот окупатор". Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви "бугараши", "Ванчомихајловисти", "ВМРО-вци" и "фашисти". Ген. Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје "за да разговараат за ова прашање". Таму веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери. Пред испрашувањето Темпо на секој му велел: "Хочеш Солун, еве ти га...".
Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат против нив безмилосна автоматска стрелба. Убиени на плоштадот се околу 100, а над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6ти спрема 7ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани "бугараши" и "помагачи на бугарскиот фашистички окупатор", без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласан закон за "Заштита на македонската национална чест". Во овие репресии во 1945 година само во Охридско и Преспанско биле убиени околу 23.000 Македонци, а дополнително уште околу 130.000 биле иселени, прогонувани и испраќани во концентрационите логори на Титова Југославија. Голем број се убиени крај Охридското и Преспанското Езеро, на планината Галичица, во близина на селото Отешево, а телата на убиените се фрлени во Преспанското Езеро. Убиени биле 63 лица во Скопје, 54 во Велес, 48 во Куманово, 36 во Битола, 77 во Штип, 35 во Прилеп, а дури 330 Македонци биле убиени во селото Владимирово, Беровско. Телата на убиените од Велес се закопани зад црквата „Св. Спас“ и крај месноста Пуста Кула.
Пензиониран е во чинот генерал-полковник во 1958 година.
Функции во општеството:
- пратеник на Уставотворното собрание на Југославија (есен 1945)
- пратеник во сите парламентарни состави заклучно со тој од 1969 година
- прогласен за народен херој на Југославија (1953).
- директор на Институтот за национална историја (1965 - 1970)
- претседател на МАНУ (1976 - 1983).
- претседател на Советот на академиите на науките и уметностите на СФРЈ (1978 - 1981)
- доживотен претседател на Сојузот на друштвата на историчарите на Македонија (од 1986)
- прв доктор по воени науки (1976)
- носител на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ (1976)*
- носител на наградата АВНОЈ - највисоката награда која ја доделувала СФРЈ (1978)
>>>
* Н.З. Не е јасно по кој повод му ја дале наградата.
<<<
Воената академија во Скопје го носи неговото име „Генерал Михаило Апостолски“.*
>>>
*Н.З. Како што може да се види фала Богу не е многу јасно што толку „херојско“ направил за Југославија, а најмногу за македонскиот народ, ама очигледно од тоа малку што е направено он направил најмногу или КПЈ најмногу му препишала него.

Гордана Стошиќ, екс-директор на МРТВ, ќерка на воен обвинител.
Слободан Унковски, екс-министер за култура, и зет на Веселинка Малинска.
Горица Попова, екс-шефицата на Информативната програма на МРТВ, и член на СДСМ, е ќерка на Благој Попов, претседател на Извршен совет на PM во комунизмот.
Панде Колемишевски, транзицискиот директор на„ Нова Македонија“, внук на Тени Колемишевски, комунистички началник на УДБ-a.
Љупчо Арсовски, екс-амбасадор во Атина, син на Страте Арсовски, комунистички директор на „Нова Македонија“ и член на ЦК СКМ.
III. АГИТ-ПРОП = Сектор за односи со јавност - ПиАР
1. Како се станувало новинар?
Во светот настаните за време на Втората светска војна, па дури и за време на Првата Светска војна биле покривани од страна на професионални новинари, репортери и фотографи на терен кои фотографирале и известувале за заминувањето на чети војници со бродови, воени транспортери, авиони-бомбардери, состојбите во концентрационите логори, а често фотографирале и известувале и од терен од бојните полиња.
Пред и за време на Втората светска војна се чини дека професионални новинари со завршени новинарски студии во тогашна Република Македонија немало. Можеби и имало со оглед на тоа дека новинарски студии во Кралство Југославија и во Бугарија сигурно имало, а често имало Македонци кои оделе на студии во Белград, Загреб, Љубљана, Софија.
Да, можеби и имало професионални новинари, но тие не биле ПАРТИЗАНИ!!!
Партизаните сами ги покривале настаните поврзани со војната во Македонија, Југославија, Европа и Светот. Тие самите пишувале текстови, издавале весници – со еден збор – биле новинари кои го креирале јавното мислење, но онака како што ним им одговарало, без професионална наобразба, без професионална етика, без новинарска чест. Бидејќи немало професионални новинари кои би известувале за настаните директно од терен, сами прибирајќи информации, докази, факти, фотографии, дали нешто што се случило било пренесено така како што се случило останува само да нагаѓаме. Она што го зборуваат „новинарските“ текстови во тогашните весници: „Млад Борец“, „Народен Глас“, „Огин“, „Комунист“, потоа и првиот дневен весник на македонски јазик „Нова Македонија“ се само тоа – зборови на тогашните партизани и тоа е останато и запишано како приказна за едно време.
Интересно е како тогашните партизани сите биле способни да напишат текст за било кој настан во времето на војната: напредокот на партизанските одреди во Македонија, организацијата на НОБ во Југославија, Советската офанзива...
Како изгледала таа способност?
„Веселинка, уклучи го радиото слушај вести за напредокот на Советите и напиши еден текст и предај ми го до два часот напладне.“
„Киро, ти слушај за состанокот на Јалта.“
„Лилјана, ти слушај и напиши за Заклучоците од Првото Заседание на АВНОЈ.“
Е сега, ако некој речел: „Ама, друже пуковниче, јас не знам да пишувам новинарски текстови.“, пуковников сигурно им викал: „Зами препиши тогаш од некој српски или бугарски текст. Препиши кога ти велам, луѓе цели книги препишуваат, па за еден текст.“. И така сите партизани биднувале новинари. Луѓето немале дома радио да слушаат вести, среќа било ако во едно маало имало едно радио па се собирале сите да слушаат. За тие што немале, а најчесто немале, читале тоа што им пишувале Веселинка, Киро, Лилјана, Бане и за народот во тоа време вистината била една - само таа што била напишана - друга вистина немало!
Но, уште поинтересно е тоа што и после завршувањето на војната истите овие луѓе продолжиле паралелно со партиските функции активно да се занимаваат со новинарство: пишувале текстови, уредувале весници, биле редактори, потпретседатели, претседатели или почесни членови на Здружението на професионални новинари на НРМ. Замислете, потпретседатели, претседатели или почесни членови на Здружението на професионални новинари на НРМ! За професионален новинар се смета новинар со завршени новинарски студии, а овие биле: со ветеринарен факултет, јавни обвинители, министри, пратеници, началници во УДБ-а, терористи, масони. Каде и тогашното и денешното ЗНМ како наследник го виделе професионалното новинарство во овие луѓе ден денес е нејасно. Кога ќе се спојат политичките функции и „новинарството“, заклучокот е дека сите тие работеле во АГИТПРОП или идеолошкиот оддел на КПЈ/КПМ.
„Обидот за влијание на знаењето и сеќавањето на народот бил навистина голем. Секаде биле истакнувани „светлите примери од НОБ“ (градинките, училиштата, улиците, фабриките добивале имиња по партизанските херои), додека личностите кои се осудувале да споменат, па макар и да начнат, поедина мрачна страна на НОБ биле предмет на судски прогон и драконски пресуди. Секаде се подигале споменици во чест на партизаните и комунистичкото движење. Партијата (КПЈ) имала за цел делување спрема знаењето и сеќавањето на народот преку институцијата „Агитпроп“ (агитација и пропаганда) која ја основала во јули 1945 година како оддел во составот на ЦК на КПЈ. Тито тоа едноставно го објаснил: „...јас сум против тоа под изговор на слобода на книжевно творење да се пишува и она што е штетно“ ... „оние кои пишуваат прогресивно никој нема да им замери ако тие дела не бидат обработени уметнички онака како би требало.““
Ни денес не се стасани никаде подалеку од тогашното стојалиште на Тито. Денес постои македонски веб портал за книжевност lektira.mk која колку и да има општо и генерално име кое подразбира дека тој портал треба да биде достапен за секоја напишана книга која барем обработува живот на деца сепак неговите основачи во неговиот статут нагласиле дека порталот содржи единствено книжевни дела кои го поминале книжевниот филтер!!!
„Лектира.мк е местото каде што ќе ја најдете современата македонска литература што поминала низ филтрите на книжевните критериуми – сите македонски автори чии заеднички карактеристики се пред сè квалитет и докажан успех – како кај книжевните критичари, така и кај македонските читатели.“
Со други зборови сето она што ќе го помине нивниот „книжевен филтер“ е сеедно какво е тоа и дали е „обработено уметнички така како што треба“, а тоа што е „штетно“ или вистинито, грубо и грдо, такво какво што е и самото општество и дадени појави во него, или ќе се игнорира или ќе се негира неговото постоење. Таков пример би биле книжевните дела на Димко Тасевски-Дитас, кои поради нивната политичка и општествено критичка форма насочена претежно кон владеењето на СДСМ низ времето биле забранувани, конфискувани, така што не можат да се најдат во повеќето книжари или продавници за книги ширум државата. Во Скопје е позната само една книжара (Блиску до кафе „Лондон“ на плоштад „Македонија“) која во својата понуда има некои од неговите наслови. Сите останати книги се негирани до тој степен што можат да се нарачаат единствено само од авторот лично. Некои од тие книги со промената на власта во 1998 година се потпомогнати од страна на истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ (Сашо Мијалков), и оттогаш насловите кои обработуваат стриктно тематики кои го оцрнуваат владеењето на СДСМ може да се најдат и во градските библиотеки низ градовите ширум државата, додека другите добри наслови кои се исто така квалитетни не се дел од понудата на библиотеките. Во градските библиотеки се води детална евиденција за изнајмувањето на насловите на овој писател.
2. Како се станува новинар денес?
По логика на нештата би требало секој новинар да биде дипломиран новинар со студии по новинарство завршени во прв циклус, и тука би дошло дека со тоа „општо“ новинарство би требало да работат како спикери, известувачи од јавни настани, да вршат интервјуа за општествени теми, јавен живот, естрада, интелектуална сопственост, здравство, европски интеграции, јавна администрација, меѓународна политика и толку. Точка. Овде набројувањето не завршува со „и друго“ или „и слично“ нема ништо друго, нема ништо слично - толку, тоа им е описот на образование кое го имаат и толку можат да покријат.
Во втор циклус (на магистерски) студии се определуваат соодветно по области:
- Политичко новинарство (покриваат: политички системи, гласања за избори/референдуми, уставни права, меѓународни организации)
- Економско новинарство (покриваат: БДП, економски раст, носење/гласање буџети (републичкиот и локалните), берзи, компаниско/деловно работење)
- Спортско новинарство (покриваат: домашни/странски натпревари, првенства, олимпијади)
- Судско известување (покриваат: правосудство т.е. судство/обвинителство, граѓански постапки (парнични, управни, стечајни) и кривични постапки, како и казнен/санкциски (пенелошки) систем).
Зависно од специјалистичкото профилирање некои од новинарите со 5 годишно образование односно со завршени прв и втор циклус на студии зависно од изборните предмети покрај главната гранка ќе се специјализираат дополнително и во: односи со јавноста и невладините организации, односи со јавноста во време на кризни ситуации (елементaрани непогоди, војна, епидемии, трагедии) маркетинг и медиуми, лобирање, истражување на публиката т.е. гледачите на ТВ, слушателите на радио и читатели на штампа.
Сепак Здружението на новинари на Македонија-ЗНМ (уште не му го смениле името во ЗНСМ) во „Услови за членство“ не наведува дека новинар треба да има било какво квалификувано образование, туку доволно е за да биде член да работи 1 година во било кој медиум и да плати 600 денари за членство. И би НОВИНАР!
3. Ре-идентификација
На просторот на денешна Северна Македонија е познато дека низ вековите поради континуираната окупација од различни окупатори е вршено различно влијание врз идентитетот на Македонецот. Тоа се однесува и на имињата и на презимињата.
Во најраните времиња од кога потекнува личната документација па сѐ до денес можат да се издвојат неколку периоди:
1. Нај на почетокот уште од пред нашата ера со оглед на малубројноста на населението личниот идентитет се врзувал со местото на потекло на личноста и наведување на имињата на родителите.
Пример: Александар од татко Филип и мајка Олимпија од Пела.
Понатаму низ времето изостанало името на едниот родител, најчесто на мајката.
Уште понатаму изостанало и местото на потекло, а се употребувала присвојната форма по родител, најчесто по татко, на пример: Александар на Филип.
2. Првите презимиња дошле директно поврзани од местото на потекло, пример: Александар Македонски.
3. Кога бројот на население се зголемил некаде во текот на 19 век се наложило да се додаде и презиме покрај даденото лично име на лицето.
Во Македонија презимињата биле под бугарско влијание. Па така презимињата уште во тоа време ако презимето потекнувало по машка линија завршувало на „-ов“, „-ев“ односно „-ова“, „-ева“. Пример: Петров, Ставрев, Петрова, Ставрева, доколку потекнувале по женска линија на „-ин“ на пример: Ружин, Калин, а понекогаш доаѓале и од името на некое место „-ски“, „-чки“ и „-шки“ Солунски, Охридски, Беровски, Велешки, Галички.
Неретко презимињата во Северна Македонија се добивале и според занаетот во едно домаќинство плус со додавање на гореспоменатите суфикси како на пример: Оцедарови, Ременски, Камењарови, Којунџиеви, Кафеџиски, Медарови.
4. Кога тогашна Македонија била под власта на Кралството Југославија на почетокот на 20-ти век презимињата претрпеле насилна промена со заменување на дотогашните суфикси на презимињата со српскиот суфикс: „-иќ“.
5. Во времето на Втората светска војна презимињата во тогашна Македонија додека била под бугарска окупација повторно биле вратени во своите првични форми.
6. После 1945-та година, односно после крајот на Втората светска војна и стапувањето на тогашна Македонија во федеративна Југославија и создавањето на Обединетите Нации, тогашна Народна Република Македонија морала да изврши промена со дистинкција на македонските презимиња од соседните, за да ја добие својата посебност, и како единица на федерацијата да не биде светски оспорувана. Така повторно е почната да се врши присилна промена на личниот идентитет на граѓаните каде молчешкум административно при редовното обновување на личните документи на граѓаните им се менувани презимињата на начинот со додавање на „-ски“ односно „-ска“ со задржување или испуштање на „-в“ како на пример од „Петров“ во „Петровски“ или „Петроски“. Испуштањето на „-в“ во презимињата е карактеристично за југозападниот дел на денешна Северна Македонија.
Презимињата кои завршуваат на „-ов“ и „-ова“ се карактеристични за северниот, централниот и источниот дел на денешна Северна Македонија.
Презимињата кои завршуваат на „-ев“ и „-ева“ се карактеристични за Македонците кои потекнуваат и се доселени од т.н. Егејски дел на територијата МАКЕДОНИЈА, односно од регионот Македонија во северна Грција.
Пример: Делчев, Груев.
Неслучајно е даден овој историски осврт за да може да се направи компарација со една друга општествена ре-идентификација.
Имено едно од задолженијата на Агит-проп за Македонија кој бил составен од партизани и членови на КПМ била систематската промена на презимињата. Таа не била општа, туку селективна и се извршувала на начин што со помош на УДБ-а таргетирале граѓани за кои знаеле дека се без образование или со сиромашно образование (4-то одделение) кои најчесто биле неписмени или недоволно писмени па таквата промена во личните документи или немало воопшто да ја забележат или ќе ја сметале за ирелевантна. Агитпроп преку извршните органи на КПМ влијаело и со наредба до своите членови вработени во административниот сектор да го изоставаат обраќањето на презиме па „сви су били другови и другарици“ односно званично им се обраќале само на име. На пример денес на Трајко Трајков ќе му со обратат званично со „Г-дине Трајков“, а во тоа време му се обраќале со „Другар Трајко“. На граѓаните им се обраќале со нивното име и презиме само на суд и во затвор, па не е ни чудно што членовите на ВМРО се најинформирани и најревносни во борбата за задржување на своите оригинални презимиња со оглед на тоа дека виселе по судовите и гниеле по затворите за нивните противуставни идеи и дејства.
На недоволно блескавите примери на членовите од НОБ како и на вработените во безбедносните служби презимињата им биле целосно променувани, на пример од Трајков во Панов.
Во времето на распадот на Југославија од почетокот на 80-тите години и најавата за промена на политичкиот систем од еднопартиски во повеќепартиски, како и поради процесите на Лустрација во одредени земји кои почнале да ги попримаат западните вредности кои значеле осуда на „едноумието на комунизмот“, прифаќање на демократските вредности (пример: Чешка) го кренало алармот во КПМ да преземат дејствија со кои ќе ја осигураат иднината на своите идни поколенија. Тоа значело да се осигура државна работа, работа во безбедносните служби, како и работа во истиот еснаф на идните генерации. При тоа имајќи го во предвид западниот демократски постулат дека „Секое работно место му е достапно на секого под еднакви услови“ (кај нас предвидено со чл. 32 од Уставот на РСМ) како и отповикувањата на работните договори кои се поврзани со случаи на непотизам, промената на презимињата се правела крајно длабински и внимателно. При менувањето останувал коренот на презимето на пример од Малински во Малиновски, од Апостолски во Апостоловски. Се труделе да нема директни наследници по презиме во еснафот, па така на пример во новинарскиот еснаф нема да најдете примери кога деца на вработените во Агитпроп или новинарството ја наследиле професијата на своите родители, од што се подразбира дека не наследувале синовите кои го носеле презимето туку најчесто тоа биле ќерките или зетевците кои носеле различно презиме.
Пример: Слободан Унковски, екс-министер за култура, и зет на Веселинка Малинска.
Во Северна Македонија се случија неколку примери за промена на личните имиња на познати личности. Па така:
- Поранешниот претседател на државата Борис Трајковски, пред да стане претседател, на телевизија неколку пати го напишаа како Борче Трајковски.
- Моменталниот (2020г.) претседател на ЗНМ и главен и одговорен уредник на „Телевизија 24“, Младен Чадиковски, додека работеше како новинар во поранешна А1 Телевизија се викаше Младенче Чадиковски.
- Како историски пример би се навел Даме Груев, кога по чие име тогашната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ реши да отвора нов државен универзитет кој ќе го носи неговото име, во Република Северна Македонија никој дотогаш не беше чул дека Даме Груев е всушност Дамјан Груев.
- На поранешниот директор на Царинска Управа Драган Даравелски татко му се вика Томе Стојановски, а син му Томислав Божиновски. Во овој пример може да се работи и за променување на презимето при склучување брак, така што го земаат од сопругите.
Денес податоци за овие преименувања не можат да се најдат со оглед на тоа дека ДБК/УБК и самите новинари низ годините работеле на нивно масовно бришење.
Интересно е тоа што повеќето почесни членови на ЗНМ имаат некаква хрватска или бугарска врска:
- Лилјана Чаловска е родена во Софија;
- Павел Шатев е амнестиран од Бугарија, бил дел од Масонската ложа на Бугарија,
а двете негови ќерки живеат во Загреб, Р. Хрватска;
- Кирил Миљовски завршил факултет во Загреб и бил амбасадор во Бугарија;
- Михаило Апостолски додека бил затворен за време на Втората светска војна од Италијанците бил ослободен со ургенција од страна на тогашниот бугарски министер за одбрана Теодоси Даскало.
Бугарија и Хрватска за време на Втората светска војна во најголемиот период од времетраењето на војната биле фашистички!
4. Новинарите и тајните служби
Најчесто новинарите се со правен факултет или би требало да бидат во смислата да имаат завршено правен насока новинарство.
Интересно во медиумите е тоа што секој, ама баш секој може да биде новинар.
Исто така интересно е тоа што законот за лустрација за волја на вистината не опфати ниту еден жив новинар. А знаете новинарството е јавна и само јавна професија по дефиниција.
Во филмот „4та власт“ во Р. Бугарија се зборува за тоа дека крим рубриката во еден дневен весник ја работи новинар кој 30 и нешто години е поранешен регистриран но сепак постојан непрекинат соработник на службите, чија пак поранешна жена моментално работи во нивната 5-та управа.
Уредникот вика дека пред да го отвори весникот за сите вработени барал од нивната тајна полиција да му издаде потврда дека не биле нејзини соработници.
Кај нас ваков тип на потврда/уверение се издаваше од УБК, ама ваква пракса за вработување во весник како услов фала Богу нема ниту некогаш имало.
Ова во Бугарија подразбира дека новинарите смеат да ги користат сите извори на информации, освен изворите од тајните служби, и обратно дека не смеат да бидат новинари ако се во моментот или некогаш претходно биле соработници на тајните служби.
Оттука се надоврзува прашањето дали ниту еден новинар не соработувал со тајните служби, т.е. дали никој не бил соработник/кодош?!
На пример информирањето за тоа кој е Фуфо и податоци за неговиот приватен живот слушнавме дека Драган Павловиќ-Латас новинар, и тогашен главен и одговорен уредник на „Сител ТВ“ му ги даде на директорот на УБК, имаше информација дека поранешни новинари на една затворена телевизија се вработија во МВР (што мислите каде поточно во МВР?). Александар Чомовски новинар во „Телма Телевизија“ континуирано се фали дека правел необјавено интервју со првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков - и континуирано не го објавува као божем да заштити углед на умрен човек пред 20 години – значи крие фактичка состојба која е од јавен интерес за лице по кое е крстен скопски „Јужен Булевар“ а која не може да се репродуцира поради сплет на околностите, а воедно за Никола Груевски што стана премиер инаку внук на Јордан Мијалков зборуваше од лошо полошо на телевизија во секоја емисија и дебата во која ќе му се пружеше прилика, и на крајот кога му се пружи прилика овој да гостува кај него во негова емисија, новинаров не му постави ниту едно „лошо“ прашање, најверојатно повторно за да не му го наруши угледот или пак не? Од сите телевизии и новинари во државата поранешниот директор на тајната полиција Слободан Богоевски исто така го одбра овој новинар за да му гостува во емисија, па низ неговата кариера можевме да посведочиме на уште една конекција со УБК, а тоа беше гостинот со „гунчето“ кој кажуваше дека УБК политички му го монтирала случајот,.. па се до еден друг случај исто така класифициран како политичка намештајка во која штотуку излезена ќерката на газдата на поранешна А1 телевизија што се затвори од каде што некои од вработените отидоа да работат во МВР, го одбра баш него да му даде интервју, итн...
Доколку новинарите се соработници на службите т.е. кодоши, значи дека работат за тајната служба, во која пак директорот и најголемиот дел од вработените и служат на партијата/коалицијата која е на власт, од каде пак следува дека наместо вести кои новинарите ги дознале и анализирале на гледачите ќе им бидат прикажани рафинирани информации, спремни за консумација такви какви што во одреден момент им служат на службите, без ниту тронка објективизам, затоа што новинарот ќе добие информација спремна за објавување, а не изворните податоци кои ги има тајната служба од што произлегува таа информација па по нив новинарот да има можност да изгради етички новинарска вест од повеќе аспекти.
Битно е да се направи разлика:
Во случаите кога до новинар ќе стигнат изворните податоци кои ги има тајната служба во врска со даден случај за даден скандал, по нив новинарот сам ќе може да изгради новинарска вест со поткрепени податоци кои даваат конкретна информација како би се оформила етичка новинарска вест од повеќе аспекти, во последно време ова би било повикување на Законот за свиркачи.
Од се ова произлегува дека за решение некој да биде вработен во весник или телевизија би требало да мора да покаже уверение дека не е и не бил соработник на тајните служби.
На ова се надоврзува можноста тајните служби да ги дискредитираат новинарите со тоа што ќе изработат фалсификат дека некој потпишал своеволна соработничка изјава, затоа треба да се оди со посигурно решение - а тоа е за проверка во однос на етичкиот профил на секој новинар да се користи приватна услуга од приватна детективска агенција домашна или странска за секој случај поединечно.
Мора да биде поединечно, во обратна варијанта доколку газдата на весникот побара групна проверка, или доколку таа услуга ја бара еднаш годишно, тогаш се исклучува можноста да дојдат некои „дечки“ да му кажат сега од која точно детективска агенција, или детектив-поединец да се обрати за таа конкретна услуга, како што беше случајот со агенциите за обезбедување, па 80% од објектите во државата да ги обезбедува една агенција.
Според дефиницијата на Wikipedia на англиски јазик за новинар стои:
Новинар е лице кое собира, пишува или дистрибуира вести или други тековни информации на јавноста. Работата на новинарот, се вика новинарство или новинарска дејност.
Според дефиницијата на Wikipedia на англиски јазик за новинарство стои:
Новинарство е продукцијата и дистрибуцијата на извештаи за тековни или минати настани.
Во македонската верзија на Википедија за Новинарство односно анг. Journalism стои поинаква дефиниција:
Новинарство е дисциплина на собирање, потврдување, прикажување и анализирање информации врзани за актуелни настани, вклучувајќи трендови, жешки теми и луѓе. Професионалците што се занимаваат со новинарство се познати како новинари.
Според дефиницијата од Законот за медиуми во член 2 став 5 стои:
„Новинар е лице кое врши активности на прибирање, анализа, обработка, обликување и/или класифицирање на информации кои се објавуваат во медиум и е вработен кај издавач на медиум или има склучен договор со истиот или е лице кое врши новинарска дејност како самостојно занимање (слободен новинар).“
Слободен новинар (анг. freelance journalist) односно лице кое врши новинарска дејност како самостојно занимање се разликува од обичното новинарство со тоа што овие новинари не работат за едно издаваштво, туку тие се самовработени.
Процесот на разузнавање пак според дефиниција „опфаќа 4 фази: собирање, обработување, анализа на безбедносни информации, кој завршува со изготвување на план за превентивно делување за заштита на интересите на државата.“
Од ова може да се заклучи дека во Северна Македонија новинарите за разлика од новинарите во светот освен што прибираат/собираат информации, тие вестите не ги пишуваат, но затоа анализираат, обработуваат, обликуваат и класифицираат информации што директно означува дека во С. Македонија новинарите се во исто време и разузнавачи.
5. Има ли професионални новинари во Република Северна Македонија?
По слобода на медиуми за 2018 година тогашна Република Македонија, а денешна Северна Македонија, е оцената како единствена неслободна држава во Европа!
Во учебната 2018/2019 година на сите севкупно 3 државни универзитети на правните факултети на студии по новинарство во Скопје, Тетово и Штип, сѐ на сѐ вкупно се запишале 21 студент, од кои 12 во Скопје, 6 во Тетово и 3 во Штип.
21 се запишале, а колку од нив ќе завршат останува да видиме, а најповеќе останува да се види и колку ќе магистрираат за да можат по логика на нештата од професионална гледна точка зависно секој од специјализацијата да можат зборовите „политика“ „економија, и „судството“ воопшто во уста да ги стават!

Во 2019 година според „Репортери без граници“ Северна Македонија според индексот за слобода медиумите се наоѓа на 92-то место.
Како што е наведено на веб страната на ЗНМ за „Советот на честа“:
„Секој граѓанин може да достави претставка до Советот на честа ако се сомнева дека некој новинар во неговото известување ги прекршува професионалните стандарди и етика.
Советот на честа има обврска да ја разгледа претставката и да утврди дали новинарот известувал согласно со Кодексот на новинари.“ *
>>>
Н.З. На кого да се пожалиш, на сите членови?! Кај кого, пак кај нив?!
<<<
Етички вредности врз чии основи се темели Кодексот на новинарите се:
„Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.“
Кодекс:
5. Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.
13. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Пример за историска новинарска непрофесионалност е почесниот член на ЗНМ, Павел Шатев кој бил масон и во исто време новинар кој работел во насока на јавниот интерес! Тоа е апсурдно и не е можно самото по себе да се одвива паралелно. Најнов пример за вклучување на масон во јавниот живот во 2020 година е со барањето на владата на Република Хрватска за оставка на главниот државен јавен обвинител на Република Хрватска, Дражен Јелениќ, за кого министерот за правда Дражен Бошњаковиќ рече:
"Членството во такво здружение на граѓани е неприфатливо, иако е регистрирано со закон. Сепак, неговите активности се опфатени со превез на тајност; затоа членството претставува одреден ризик за постапките на јавниот обвинител и на другите кои се членови на такви организации". Јелениќ поднесе оставка следниот ден.
5.1 Денешни примери на новинарска непрофсионалност:
1. Новинарот Томислав Кежаровски за случајот „Ликвидација“ во кој беше обвинет дека го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“, вика дека зборувал со сведокот лично, бил кај него дома и за него вика дека во тоа време не бил „заштитен“ сведок. Обвинет е за текст во списанието „Репортер 92“ во кој бил главен и одговорен уредник и текстот го базирал според него врз записник на МВР, од што приложил копија кон текстот во списанието.
Проблемот е што весникот е печатен во црно-бело па со оглед на тоа, не е јасно каков записник Кежаровски имал на располагање. Со оглед на тоа дека судот како докази прифаќа само оригинали и најчесто воопшто не прифаќа ни фотокопии заверени на нотар, излегува дека сепак не е јасно дали Кежаровски известувал за информации добиени по оригинален документ или по фалсификат, и на крај сепак изнел премногу информации поврзани со идентитетот на заштитениот сведок во статијата, на пример го изнел целото име наместо да се користи барем со иницијали и открил премногу од неговиот телефонски број, со што пак без разлика на кривичното дело за кое се товари дека му го загрозил животот на заштитениот сведок, дополнително постапил и спротивно на Кодексот на новинари на Македонија каде според член 7 не ја почитувал приватноста на личноста како и член 8 каде не ја почитувал пресумпцијата на невиност, со оглед на тоа дека судската постапка била во тек, како и член 16 поради тоа што не го чувал угледот и достоинството на новинарската професија.
2. Новинарот Васко Ефтов дотолку ја искривува перцепцијата за информацијата која сака да ја даде, што кај него воопшто ја нема новинарската објективност, туку станува збор за чист субјективизам. Од неговиот субјективизам произлегуваат гости чија веродостојност е толку многу ниска што неговата емисија „Во Центар“ успеа да ги „прошета“ сите телевизиски куќи и на крај место да најде само на YouTube каде сензационалниот број на гледања е општ податок дека може да биде платен, или остварен преку ботови. Во секоја емисија прави сензација ковајќи теории на заговор кои никогаш не се докажуваат, што е спротивно на член 8 од Кодексот на новинари на Македонија каде се вели: „Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.“ Таков пример се честите негови емисии кои обработуваат теми за војната во Југославија, војната на Косово, воениот конфликт од 2001 во Република Македонија, смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски...
3. Новинарот и сопственик на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, сѐ до неговата смрт се шпекулираше дека рекетирал за да не објави или за да изостави одредени информации во даден текст на неговиот медиум. Како и да е, после неговата смрт, во „Фокус“ речиси и да нема ексклузиви, како во неговото време.
4. Иако основа цел според Кодексот на новинари е „независното новинарство“, сепак во Република Северна Македонија има доста примери на секаков вид на спонзорирање на медиуми.
- Еден таков пример е „НоваТВ“ која е „поддржана“ од Кралството Холандија, па според ова како може да се очекува еден ваков медиум да биде независен?! Навистина е прашање дали било кога објавиле некој текст против државата која ги финансира и дали воопшто некогаш ја имаат споменато во негативен контекст?! И самата „НоваТВ“ според нејзиниот основач, Борјан Јовановски, е основана со капитал 50.000 долари/евра од странска донација.
- Друг пример е Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) кој е поддржан од УНЕСКО и Европската Комисија, патем УНЕСКО го поддржал дури и создавањето на нивната веб страна. Не е ни чудно што никако да му го одземат статусот на Охрид за заштитено светско културно и природно богатство од страна на УНЕСКО, кога ќе се земе во предвид дека најзаинтересирани се „Телевизија 24“, каде „случајно“ главен и одговорен уредник е Младен(че) Чадиковски, во исто време и претседател на Здружението на новинари на Македонија - ЗНМ и член на Советот за етика на медиуми на Македонија.
5. Во Завршни одредби на Кодексот на новинари на Македонија стои: „Во согласност со нашите закони, новинарите ќе го прифатат судот во однос на професијата само од своите колеги и ќе бидат надвор од политичко и друго влијание.“
Пример за чиста спротивност од ова е „Сител Телевизија“ која буквално му се поклонуваше на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот поранешен лидер Никола Груевски. Дополнително, поранешниот главен и одговорен уредник на „Сител“, новинарот Драган Павловиќ-Латас, во една од протечените т.н. „бомби“ вели: Ја сум им кажал (зборува за власта на ВМРО-ДПМНЕ), кога ќе тонеме, тонеме заедно.“ (парафразирано). Најеклатантен пример за нивната политичка приврзаност и небалансираност во известувањето и третирањето на гостите во нивните емисии и вести се интервјуата на поранешниот премиер Никола Груевски.
Никола Груевски испаѓаше на интервју на „Сител“ кое всушност не беше интервју, затоа што интервјуто самото по себе подразбира одговарање на прашања, туку даваше „Овервју“, односно испаѓаше и зборуваше една реклама што ја смислил и се заблагодаруваше за „поканата“.
6. Многу често кога новинарите сакаат нешто „погласно“ да си кажат, а тоа да биде јавно обележано и запаметено и во насока да отвори можност за евентуална правна разрешница со приватна тужба за навреда на чест и углед, ги користат медиумите за препукување, што е спротивно на Кодексот на новинари на Македонија, поконкретно на член 16 каде стои дека: „новинарите нема да го употребат својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.“ Пример за вакво препукување е помеѓу новинарите: Бранко Геровски и Жарко Трајановски во колумни насловени како „Арчење думи на тема „пиарчење“, од јануари 2018 година.
7. Новинарот Зоран Божиновски во своите ТВ гостувања дава поинаква слика од ускладената за новинарската професија и новинарското „професионално“ работење.
З.Б.: Не сум сам во оваа моја мисија, туку сум човекот, кој само финално ги реализира работите. Инаку има цела екипа луѓе прибира податоци.
Новинарка: Колкава екипа стои зад вас?
З.Б.: Па 11 соработника имам во Македонија, 40 се од Словенија до Македонија вкупно. Значи не се тие мои соработници, туку дел од нив и разменуваме податоци затоа што на пример словенечки капитал влегува во Македонија, македонски капитал зборувам за оној валканиот иде во Србија, од Србија валканиот капитал иде у Босна, значи мафијата Југославија си ја задржа во оној еден облик.
З.Б.: Груевски беше инсталиран од Белград, дојде со Теленор оператор, српска картичка користеше кога стана премиер на Република Македонија. Беше таму советник на српската влада за финансии, а врска нема од финансии. Значи инсталиран од Белград! И сега од Белград инсталираат нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Новинарка: Еве што ќе се случи во тие, зошто да мора баш од Белград да е инсталирано, веројатно тука телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе си...?
З.Б.: Заради досиејата.
Новинарка: Заради кои досиеја?
З.Б.: Значи 300.000 досиеја на УДБ-а сеуште се активни.
Новинарка: Добро таму ли се тие досиеја сеуште во Белград некаде?
З.Б.: Секако во Белград се.
Новинарот: Како вие тоа правите такви договори, какви се тие консултантски услуги, бидејќи еве не знам многу новинари кои имаат консултантски услуги со бизнисмени да речеме? Какви консултации им давате?
З.Б.: Па видете да ви кажам, еве го мобилниот телефон, а имав пред тоа и 10-тина други апарати, и лаптоп и и-мејл комуникација, сето тоа е достапно на овие истражители. Значи низ нив идат информации кои се ценовно чувствителни, за берза интересни, за бизнис, за криминал и свашта. Значи информациите во Република Македонија благодарение на мојата мрежа на колеги од Словенија до Македонија, а не има 40 души, таа мрежа ја градевме 15 години, доаѓаат кај нас, доаѓаат во Македонија кај мене. Бизнисмените сакаат да знаат што-е-што, кој-е-кој, кој-од-каде-доаѓа. Ако сакаат да ги имаат ќе си платат. Плаќаат со нашите пари, наши украдени пари. Инаку вториот пат е да идете у влада, да молите кој е на власт да ви даде пари, ќе ви даде пари, ќе си бидете потрчко, ќе ве качуваат по авиони таму да бидете папагал ко ќе даваат изјава да пренесувате и така нешто. Ја тоа никогаш не го направив, меѓутоа таму кај шо сум се договорил со луѓе како Минчо Јорданов да си ги платат моите, моето познавање на информациите, и да си, или како Орце, ја не сум се продал, ја сум потпишал договор дека имаат право, Минчо нејќеше да потпише договор, Орце потпиша, дека имаат право во секој момент за некоја тема да ме прашаат, ја сум достапен додека трае тој договор наш. Во момент кога се наљутија на мене, затоа шо над нив беа Сашо Мијалков и бившиот премиер кој не сакам да го спомнам вечерва, значи кога почнаа да се однесуваат во правец „ама чекај, овој ми е пријател, оној ми е пријател“, ние завршувавме соработка. Тоа е со сите други, некои платиле помалку, некои платиле повеќе. Значи јас сите овие години опстанувам благодарение на она што најдобро го знам, а тоа е пишување и имање и располагање со информации. Оној шо сака информација ќе си ја плати.
Коментар: Еден аспект кој Божиновски го задржува низ сите интервјуа е тој за неговата соработничка мрежа како и тоа кои му се клиентите и кој му е предметот на обработка на податоци како и начинот на кој тој и неговата мрежа функционираат. Или резимирано тоа е вака:
Низ просторот на поранешна Југославија денес циркулираат само 300.000 досиеја (според негово кажување) од времето на УДБ-а/СДБ на кои право полагаат сите земји кои се осамостоиле после распадот на СФР Југославија на нејзиниот простор, а со самото тоа додека со тие информации се тргува на истиот простор тоа не преставува шпионажа. Зошто велиме само 300.000? – Од причина што Александар Ранковиќ – првиот министер за внатрешни работи и началник на УДБ-а уште во 1951 година изјавил пред Сојузното собрание на Југославија дека низ логорите на Југославија од 1945 до 1951 година поминале 3.777.776 (политички) затвореници, што директно означува дека само дотогаш имало близу 4 милиони досиеја. Но очигледно е дека луѓето кои им се клиенти на Божиновски и неговата мрежа како и криминалните шеми за кои самиот вели дека „Југословенската мафија си го задржала својот облик“ и учесниците во неа ги има или за нив само има интересни податоци во овие 300.000 досиеја.
Вели дека биле група од 40 луѓе и ги има од Република Словенија до Република Македонија кои работат со продажба на „чувствителни информации“. Потоа зборува дека освен тоа што е член на Здружение на новинари на Македонија, бил поддржан од Здружение на новинари на Србија и Здружение на новинари на Црна Гора, а во корелација со ова групата која продава информации во која тој членува била од Словенија до Македонија... од што севкупно може да се заокружи дека се работи за информации кои се поврзани со луѓе кои се во некаква заемно-причинителска и должничко-доверителска врска во границите на просторите на поранешна Југославија. Ако добро се внимава со каков тип на податоци располага човекот, ќе се увиди дека тој не спомнува имиња од Грција, од Албанија, од Бугарија, од Романија. Ако неговите податоци ги ограничиме во таа рамка дека произлегуваат од и се поврзани со луѓе кои потекнуваат од просторите на поранешна Југославија и истите ги означиме како што ги означува тој „како чувствителни“ , тогаш тоа се сведува дека тоа се поранешни досиеја на УДБ-а/СДБ кои службата ги водела и по распаѓањето на Југославија биваат распродавани. Со оглед на распадот и војните кои следуваат во тие периоди, овие досиеја немаат некоја којзнае каква важност. За нив е битно дека СДБ не ги процесуирала понатаму во судски постапки, туку најдалеку што стасале било до архива на сојузната централа на СДБ и до архивите на СДБ по федеративните членки на СФР Југославија. Освен архивите на СДБ, неминовно е да се додадат и архивите на КПЈ од проста причина што овие две функционирале сосема синхронизирано, со оглед на тоа дека истакнати членови на КПЈ истовремено работеле и во безбедносните разузнавачки служби на Југославија. Со масовизирањето на Интернетот и онлајн изданијата на весниците како и на крај со излегувањето на социјалните мрежи, овие информации добиваат на вредност, бидејќи луѓето кои ги компромитираат сега конечно може таа компромитација да стаса до секого, до нивни деца, роднини, пријатели, денешни соработници. Во однос на старите податоци, знаејќи колку службите од неписменлак можат да забегаат, кузнее што разбрале, а па кузнее што од тоа што го разбрале, колку правилно го изанализирале, а што се однесува на новите податоци, истите разузнавачи, истите луѓе, истите шеми, ако има пари од старите податоци зошто па да не ги ажурираат (апдејтуваат) со нови. На крајот на краиштата у денешните безбедносни служби кои настанале како наследнички на СДБ, се исповработени деца на старите разузнавачи, можеби не одма по распадот на Југославија и за време на војните, ама по 2-3 изборни циклуса и ротација на власта, најверојатно над 90% од сите разузнавачи кои имале интерес и желба успеале да вработат по некој свој во службите. И ете го денес изворот на податоци на мрежата на Божиновски.
Друг аспект за кој често на неговите телевизиски гостувања зборува Божиновски е прислушувањето во Република Северна Македонија.
Новинарот: Интересно е тоа што со тие прислушувани разговори, прислушувани материјали, ми се чини дека не постои друга земја во светот, во која тоа е толку застапено во политиката, во секојдневниот живот, еве една влада ни падна поради тоа, поради прислушувани разговори. Што се случува тоа во нашата земја, зошто е, еве пак излегуваат, и само излегуваат нови, и нови и нови, сѐ се базира на тоа?
З.Б.: Еве ја ќе ви кажам. Ја сум присутен во Република Македонија од осамостојување. Со секои нови избори, секоја нова власт, нам ни се ветува врвен приоритет борба против корупцијата. Корупцијата иде од прислушувањето.
Затоа што ако тој што прислушува има пристап слободен да слуша кого сака, тој во 8 саат сабајле знае колку Зоран Божиновски има пари на сметка, и праќа свои луѓе курири, идат кај бизнисменот и му викаат „Абе тебе ти стигнал прилив милион евра, види за партијата 500.000 евра.“. И тоа иде циклично, циклично, циклично до еден момент кога се увезе онаа фамозна опрема 23 и нешто милиони од Израел меѓутоа претходно има внесено прислушна опрема од параполициска станица „Макстил“ кај што Минчо Јорданов, сите началници на аналитика кои се пензионирале или се пред пензија ги вработуваше кај себе, и имаше внесено прислушна централа и од „Макстил“ слушаше.
Коментар: Божиновски поставува теза дека со прислушувањето се вршело рекет и како за пример издвојува дека ако на некој му стаса 1 милион евра прилив од странство тоа партијата на власт ќе го разберела преку прислушување, и на тој ќе му рекле „сега половина да ги дадеш у партија“. Дали ќе му речат или не, не е важно, важно е дека не е потребно прислушување за да разбере дека некој добил прилив, сите горе-доле во НБРМ се вработени преку партија, а скоро сите партии имаат свои лица во одделенијата за девизен прилив по сите банки, така да за што ќе им е прислушувањето?!
Друг проблем што не го сфатил се приватни опреми за прислушување, како и самиот технички процес на неконтролираното прислушување, а во секое негово ТВ гостување редовно добива прашања од оваа тема.
За било кој да прислушува не може да го прикачи телефонскиот број на оној кој сака да го прислушува сам преку својата приватна опрема. Телефонските броеви се прикачуваат за прислушување единствено од централата на петта управа на МВР или петта управа на поранешна УБК зошто само таму имаат администраторски привилегии за тоа и зошто единствено дотаму водат главните водови на телекомуникациската структура на Северна Македонија, каде впрочем и биле отсекогаш, бидејќи телекомуникациската структура е државна, а операторите само ја користат.
Оптичкиот кабел инфраструктурно се поставува под земја. За да може да се закачи било кој број на следење тоа значи дека мора да се има пристап и рефлексија на сигналот од главната жила на Телеком. Тоа треба да се посматра и од финансиски и од физички аспект колку е возможно. Главната жила е кабел кој е барем 7-10 см широк, тоа е како да мине цевка за вода. Таков кабел со таа дебелина не виси по бандерите. Тоа треба да биде јасно како ден! Главната оптичка жила на Телеком мине паралелно со пругата кај Нова железничка, под бул. Никола Карев. Поради немање на технички можности ОТА, е денеска сместена во истите простории каде што е сместена и 5-та управа на МВР (не 5-та управа на УБК, таа е башка). АНБ ден денес е сместена во МВР на истото место во истата физичка зграда каде што беа сместени и ДБК и УБК пред нејзе како нејзини претходнички. Понатаму, за нова локација за АНБ е одбрана зградата на Сава Табак, која се наоѓа блиску до Тутунски комбинат по истата таа линија кај Нова железничка. Таа локација е единствено веројатна дека би можело тука физички да се копа и да се модификува оптичката инфраструктура при што би морало да биде изведено да се рефлектира сигналот од главната комуникациска жила на Телеком до АНБ како АНБ би можела да следи комуникации без посредство на операторите и без посредство на ОТА. Во превод, тоа означува дека модификувањето на инфраструктурата мора да биде со истата технологија и величина за да може во паралелно време да го апсорбира комуникацискиот сообраќај 1:1.
За да можел Минчо Јорданов сам да си прикачува телефонски броеви за прислушување, требало од главната жила од која доаѓаат сите сигнали на телекомуникацијата во Северна Македонија, да направи мост (да постави разводник за рефлексија) и да извлече свој оптички кабел до својата приватна опрема за прислушување или во превод морал физички да копа канал од минимум едно метро длабочина за да повлече кабел од централата на Телеком на плоштад „Македонија“ до Макстил во Автокоманда, минејќи преку плоштад, ГТЦ, под реката Вардар, покрај Кале, Мавровка, Универзитети, па покрај МТВ, Земјоделски и Шумарски факултет. Кој нормален би верувал во ова?
И дополнително за време додека би се изведувал овој зафат, цела Северна Македонија да остане без секакви телекомуникации, односно да падне во телекомуникациски мрак, како и да купи хардверско-софтверска единица со привилегии за прикачување на броеви.
Бидејќи ова е скапо и речиси невозможно (ни новата АНБ не го изведе), Минчо Јорданов единствено прислушувал, ако прислушувал, на начин што тие поранешни или пензионирани аналитичари на поранешна ДБК/УБК кој работеле за него им плаќале на техничари вработени во петта управа на МВР или петта управа на поранешна ДБК/УБК за да ги прикачуваат броевите кои биле од интерес на Минчо Јорданов, а на прислушната приватна опрема само да ги препраќаат преку директна мрежна врска (ЛАН опција која отсекогаш ја нуделе операторите за брза комуникација помеѓу два компјутери во нивната мрежа). Ако техничарите биле фатени од нивните надредени, на нивните компјутерски станици немало да бидат пронајдени снимени рaзговори од прислушување за кои немале наредба (писмена или усна) бидејќи тие само ги прикачувале телефонските броеви, а за тоа како се нашле тие броеви таму, овие ќе кажеле дека по грешка ги внеле во системот додека внесувале друг број.
Според тоа што го кажува Божиновски, тоа што сите влади на Северна Македонија претходно не успеале да го направат, дури на крајот не успеаја за 3 години ни АНБ да ја извадат и преместат надвор од МВР, Минчо успеал тоа да го изведе и тоа на другата страна од градот преку Вардар и тоа без никој да го види. Значи Минчо е магионичар!
Во однос на новинарот - тој е грешка, не е една влада туку се две кои паднале поради илегално прислушување и тоа и двете се на ВМРО-ДПМНЕ и таа на Никола Груевски во 2016-та година и таа на Љубчо Георгиевски во 2001 година е распадната од аферата „Големото уво“, и е наследена од комбинирана привремена влада наречена „Влада за спас“, но поради воениот конфликт во 2001 година не се одржани предвремени парламентарни избори.
Новинарката: Верувам дека вашиот инбокс и натаму се полни со доста информации, можеби дел невистинити, дел треба да се истражат, меѓутоа вие веројатно претпоставувам сте до тој степен сензибилизирани да можете да утврдите што е што, и претпоставувам дека сѐ не објавувате во јавноста?
З.Б.: Така е.
5:20-5:52
З.Б.: Значи ПИ мерките овозможуваат селекција на докази, селекција на докази е правена во случајот „Шпион“ за да не седнат на обвинителна клупа пратениците Влатко Ѓорчев, Антонио Милошовски и Илија Димовски од Велес, затоа што тие исто така биле во комуникација со Марјан Ефремов и исто така му давале одредени податоци кои што стигале, онаму каде што тие планирале да стигаат.
Коментар: Е тука имаме проблем, човекот се коси самиот со себе. Првично вели дека поради спроведени ПИ (посебни истражни) мерки врз него во случајот „Шпион“, доказите кои произлегле од ПИ мерките не биле вклучени во целост во градење на случајот за пред суд, туку се работело за селектирани докази, и од тоа вади паралела дека во државата има „селекциона правда“, а тој 4 минути претходно самиот вели дека селектирал што ќе објави што не.
З.Б.: Јас сум човек кого го убија во 2002 година во Радио „Тумба“. Преживеав затоа што тој што дојде да пука, се предомислил, не пукаше, туку го сврти кундакот и ме тепаше со кундак. Ја бев цела ноќ у кома. Сабајле се будам со сосема нов поглед на свет. Бев у нешто сиво, мрачно и ладно, и сфатив дека на „оној свет“ нема ништо. Значи научив после тој напад, атентат, да си го ценам животот. Ја ви викам дека на човек освен основни потреби кои јас си ги исполнувам, ниту имам кола, ниту имам возачка, ниту сакам да имам, ниту ми треба стан, поевтино е да се плати кирија отколку да купите стан, па да му робувате, да го отплаќате или да не можете утре режиските трошкови да ги платите. Значи ние треба да се избориме за едно општество во кое луѓето ќе живеат најнормално. Ја иако сум за сите контраверзен, ненормален, ја имам две ќерки и имам внучиња. Еве сега живеам со жена која има прекрасни две ќерки и кај да одам, чувам деца, помагам фамилија. И овие пари од Минчовци, од Орцовци, од овој оној што сум земал, сум ги разделил, сум дал на мои соработници кои ми помогнале на терен со информации, на многу луѓе вака сум ги разделил (мафта со раката), пошто тие пари се украдени од сите нас. Јас само сум безобразен, дрзок, им ги земам и ги враќам на терен и истражувам против нивни најблиски. Ко ќе ми се наљутат, доаѓаат други, други помагаат. Тоа се вика у Европа „бизнис ангели“, само е поставено на многу порегуларни основи. Во Македонија не функционираат законите за да имаме слободен човек, слободен новинар, слободен стручњак.
Коментар: Зоран Божиновски се нарекува себеси и 40-членската мрежа во која членува „Бизнис ангели“. Не е јасно дали само он или и сите луѓе од мрежата се сметаат за истото. Но како и да е, според описот на работата што го дава тоа е 100% погрешна самосебе квалификација.
Имено според дефиниција: Бизнис ангел преставува лице - приватен инвеститор кое најчесто вложува приватен капитал пополнувајќи ја финансиската празнина помеѓу старт-апот и почетниот бизнис влог. Таа финансиска празнина која треба да биде пополнета не надминува 25.000 американски долари. Освен финансии, бизнис ангелите го вложуваат и своето време, како и врски до нивната поголема мрежа, со цел да му помогнат да го насочат претприемачот во новиот бизнис.
Во САД успешноста да им се врати инвестицијата на бизнис ангелите е околу 10%, и поради тоа се смета како многу ризична работа. Денес во Северна Македонија Бизнис ангели преставуваат приватните фирми – т.н. акцелератори или забрзувачи на старт-апите преку државна владина програма. Не треба да биде преку државата, ама толку е транспарентноста, независноста и демократијата во државата.
- Во емисијата „Само Вистина“ на „Канал5“ Телевизија од 11 декември 2017 год.

- Во емисијата „Само Вистина“ на „Канал 5“ Телевизија од 11 декември 2017 год.
З.Б.: Груевски беше инсталиран од Белград, дојде со Теленор оператор, српска картичка користеше кога стана премиер на Република Македонија. Беше таму советник на српската влада за финансии, а врска нема од финансии. Значи инсталиран од Белград! И сега од Белград инсталираат нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Новинарка: Еве што ќе се случи во тие, зошто да мора баш од Белград да е инсталирано, веројатно тука телата на ВМРО-ДПМНЕ ќе си...?
З.Б.: Заради досиејата.
Новинарка: Заради кои досиеја?
З.Б.: Значи 300.000 досиеја на УДБ-а сеуште се активни.
Новинарка: Добро таму ли се тие досиеја сеуште во Белград некаде?
З.Б.: Секако во Белград се.
- Во емисијата „24 анализа“ на „24 Телевизија“од 11 декември 2019 год.

- Во емисијата „Само Вистина“ на „Канал5“ Телевизија од 17 декември 2018 год.
Новинарката: Верувам дека вашиот инбокс и натаму се полни со доста информации, можеби дел невистинити, дел треба да се истражат, меѓутоа вие веројатно претпоставувам сте до тој степен сензибилизирани да можете да утврдите што е што, и претпоставувам дека сѐ не објавувате во јавноста?
З.Б.: Така е.
5:20-5:52
З.Б.: Значи ПИ мерките овозможуваат селекција на докази, селекција на докази е правена во случајот „Шпион“ за да не седнат на обвинителна клупа пратениците Влатко Ѓорчев, Антонио Милошовски и Илија Димовски од Велес, затоа што тие исто така биле во комуникација со Марјан Ефремов и исто така му давале одредени податоци кои што стигале, онаму каде што тие планирале да стигаат.
Коментар: Е тука имаме проблем, човекот се коси самиот со себе. Првично вели дека поради спроведени ПИ (посебни истражни) мерки врз него во случајот „Шпион“, доказите кои произлегле од ПИ мерките не биле вклучени во целост во градење на случајот за пред суд, туку се работело за селектирани докази, и од тоа вади паралела дека во државата има „селекциона правда“, а тој 4 минути претходно самиот вели дека селектирал што ќе објави што не.
- Во емисијата „24 анализа“ на „24 Телевизија“од 11 декември 2019 год.
З.Б.: Јас сум човек кого го убија во 2002 година во Радио „Тумба“. Преживеав затоа што тој што дојде да пука, се предомислил, не пукаше, туку го сврти кундакот и ме тепаше со кундак. Ја бев цела ноќ у кома. Сабајле се будам со сосема нов поглед на свет. Бев у нешто сиво, мрачно и ладно, и сфатив дека на „оној свет“ нема ништо. Значи научив после тој напад, атентат, да си го ценам животот. Ја ви викам дека на човек освен основни потреби кои јас си ги исполнувам, ниту имам кола, ниту имам возачка, ниту сакам да имам, ниту ми треба стан, поевтино е да се плати кирија отколку да купите стан, па да му робувате, да го отплаќате или да не можете утре режиските трошкови да ги платите. Значи ние треба да се избориме за едно општество во кое луѓето ќе живеат најнормално. Ја иако сум за сите контраверзен, ненормален, ја имам две ќерки и имам внучиња. Еве сега живеам со жена која има прекрасни две ќерки и кај да одам, чувам деца, помагам фамилија. И овие пари од Минчовци, од Орцовци, од овој оној што сум земал, сум ги разделил, сум дал на мои соработници кои ми помогнале на терен со информации, на многу луѓе вака сум ги разделил (мафта со раката), пошто тие пари се украдени од сите нас. Јас само сум безобразен, дрзок, им ги земам и ги враќам на терен и истражувам против нивни најблиски. Ко ќе ми се наљутат, доаѓаат други, други помагаат. Тоа се вика у Европа „бизнис ангели“, само е поставено на многу порегуларни основи. Во Македонија не функционираат законите за да имаме слободен човек, слободен новинар, слободен стручњак.
Коментар: Зоран Божиновски се нарекува себеси и 40-членската мрежа во која членува „Бизнис ангели“. Не е јасно дали само он или и сите луѓе од мрежата се сметаат за истото. Но како и да е, според описот на работата што го дава тоа е 100% погрешна самосебе квалификација.
Имено според дефиниција: Бизнис ангел преставува лице - приватен инвеститор кое најчесто вложува приватен капитал пополнувајќи ја финансиската празнина помеѓу старт-апот и почетниот бизнис влог. Таа финансиска празнина која треба да биде пополнета не надминува 25.000 американски долари. Освен финансии, бизнис ангелите го вложуваат и своето време, како и врски до нивната поголема мрежа, со цел да му помогнат да го насочат претприемачот во новиот бизнис.
Во САД успешноста да им се врати инвестицијата на бизнис ангелите е околу 10%, и поради тоа се смета како многу ризична работа. Денес во Северна Македонија Бизнис ангели преставуваат приватните фирми – т.н. акцелератори или забрзувачи на старт-апите преку државна владина програма. Не треба да биде преку државата, ама толку е транспарентноста, независноста и демократијата во државата.
Но од она што новинарот Божиновски го објаснува дека е негова професија и професија на членовите на мрежата во која членува се нарекува „Брокер на информации“. Брокер на информации или брокер со податоци според дефиниција: е самовработен човек кој собира информации за поединци од: јавно достапни извори, приватни збирки, податоци од избирачки список, промени на адреси, податоци за моторни возила и возачки дозволи, податоци за придонес во општеството (спонзорства, донации), социјални мрежи, новинарски и судски извештаи, историја на стокови нарачки (според листинг од кредитни картички), листа на најбарани криминалци и терористи, записи од трансакции со кредитни картички, здравствени картони и историја на интернет/веб пребарување. Податоците се сублимираат за да се создадат индивидуални профили (или новинарот како што вели за тоа „кој е кој“), направени од илјадници податоци како што се: возраст, раса, пол, висина, тежина, брачен статус, религиозни погледи, политички погледи, занимање, домашен приход (семејно и материјално), нето вредност (т.е. колку некој „тежи“ во пари), катастарски податоци, навики на инвестирање, преферирање на продукти, здравствени интереси. Потоа брокерите ги продаваат профилите на други организации кои главно ги користат да таргетираат специфични рекламни и маркетиншки групи, да го потврдат личниот идентитет со цел спречување на измами и да ги продадат на индивидуалци и организации за тие понатаму да можат да вршат истраги за луѓе од различни причини. Брокерите на информации исто така често ги продаваат профилите на владините агенции, како што се УБК/АНБ, БЈБ, ССВБиР, Финансиско разузнавање, Финансиска полиција, Царинска управа, со што им овозможуваат на безбедносните агенции да ги заобиколат законите кои ја штитат приватноста, како што е Законот за заштита на лични податоци, како и кога агенциите не можат да обезбедат судска наредба за посебни истражни мерки (за следење).
Како заклучок на сето ова новинарот Божиновски и целата мрежа во која учествува освен што имаат новинарска легитимација која одамна не ја користат, во последните 18 години како што и самиот кажува преставуваат приватни разузнавачи според дефиницијата за разузнавање каде стои:
„Процесот на разузнавање според дефиниција опфаќа 4 фази: собирање, обработување, анализа на безбедносни информации, кој завршува со изготвување на план за превентивно делување за заштита на интересите на државата.“
Разликата кај овие луѓе е тоа што планот за делување не е насочен спрема заштита на државните интереси, туку спрема интересите на купувачот на информацијата.
Ако на сето ова се додаде територијата на која тој и неговата група делуваат, т.е. просторот на поранешна СФР Југославија, тогаш заклучокот е дека тоа се приватни удбаши или приватни југословенски контра-разузнавачи или дел од последните остатоци на УДБ-а/СДБ.
Зошто почетоците на нивното делување се некаде 2002 година, а не претходно?
Тоа е така од три причини:
- Прво, во 2001 година е завршено последното воено дејствие на просторите на поранешна Југославија;
- Второ, после војните во Југославија заради усогласување на безбедносните системи на новонастанатите републики во насока на евро-атлантските интеграции е распадната првобитната форма на НКВД начинот на работење на безбедносните служби, односно во 2003 година официјално се реорганизирани српски КОС и македонска ДБК. Во тоа време се раздвојувани воените и цивилните разузнавачи, како и внатрешното и надворешното разузнавање, односно разузнавањето и контраразузнавањето.
- Трето, тоа е времето за кое поради распадот на стариот безбедносен систем, се шпекулира дека многу разузнавачи со одредена збирка на досиеја пребегале на Јужно-американскиот континент, најмногу во Уругвај и Парагвај.
Божиновски себеси се испостоветил со Робин Худ - он зема од богатите и им дава на сиромашните, а всушност кажува дека им дава пари на неговите соработници што инаку го викаме „хонорар“, а „останати луѓе“ на кои им помага, освен неговите семејства, другите не ги конкретизира. Ако се замислува „бизнис-ангел“, тогаш тоа им преставува само на неговите сопруги или ќерки, родени или прифатени, во смисла ако ги финансирал нивните старт-ап бизниси.
- Во емисијата „Само Вистина“ на „Канал5“ Телевизија од 17 декември 2018 год.
Новинарка: Зошто толку ви било намерачено условно речено ВМРО-ДПМНЕ и да ве инволвира во овој случај...?
З.Б.: Затоа што „Буревесник“ беше 2 години финансиран од фондација „За отворено општество“ од Македонија, значи Сорос-Македонија, имавме ние 5 души, јас и уште 4 соработници по 21.000 евра имавме буџет, стана истражувачки портал, објавуваме докази кои ми ги испраќаа луѓе, свиркачи од сите институции во Република Македонија и конкретно во септември 2013 година објавив текст „Шифрата Прага 6“, целата мрежа на фирмите на Мијалков во Прага, тоа се 18 фирми...
Коментар: Додека има надворешен интерес со инјектирани пари нема независно новинарство! Ај прашајте те го Сорос кои медиуми и новинари ги финансира во САД?
Што се однесува на ексклузивните информации кои ги пласира на неговите портали: сите информации кои Зоран Божиновски ги пласира во јавност му датираат откога даден криминален-бизнис е веќе завршена работа, нема пример за криминал обелоденет кога се договара или во време на екот, сите информации се стари околу 2-3 години минимум, и најчесто кога почнува да се крчка промена на власта, а во тоа време политичарите раскрстуваат со нечистите бизниси и криминали кои ги правеле, ако пак се случи некој криминал уште да е во тек, тогаш пак станува збор дека најголемите пари веќе одамна поминале и којзнае каде се пропрани. Ако е тоа така, тогаш неговиот портал „Буревесник“ всушност преставува „Отпис весник“. Зошто „отпис“? - па од проста причина што таму информациите што ги објавува исто така се сензитивни, но се бесплатни, од што па следува дека таму ги објавува информациите за кој веќе нема кој да плати за нив.
Од неговата „новинарска“ работа на неговите портали јасно се гледа квалитетот на доказите кои Зоран Божиновски ги нуди. Човекот редовно објавува фотокопирана документација, што самото по себе и ја намалува вредноста, најмногу кога не се гледа на видео како се врти оригиналната документација или барем да е сликан/скениран оригиналниот документ каде што потписот и печатот се во боја (најчесто плава). Тоа што оди во негова полза е тоа што ниту некој го демантира во однос на тоа што тој го известува како криминал, ниту некој го тужи. Интересно е тоа што неговиот глас е безгласен за Јавното обвинителство колку и да тоа апсурдно звучи. Тоа се однесува на фактот што иако тој преставува јавна личност, иако е регистриран новинар, иако има свој веб портали, иако тие портали имаат .мк домеин, иако вестите излезени на нив и други медиуми ги споделуваат, било што тој што кажува не преставува допрен глас за обвинителството. Со оглед на таквата поставеност тој добива поддршка само од колегите новинари и гостува во ТВ емисии.
Сите негови гостувања се во крајните месеци од тековната календарска година.
Најмногу телевизиски гостувања има на „Канал 5“ телевизија, секогаш кај истата водителка. Но интересно е што никогаш за сопственикот на телевизијата Емил Стојменов кого го имаше во т.н. бомби, како и за неговиот татко Борис Стојменов поранешен министер за финансии кого го следеле контроверзии, Божиновски нема што да каже. Еве според Љупчо Палевски, сопственик на порталот „Трета политика“, има објавено колумна на неговиот веб портал трета.мк - Трета: „Големо Уво“; (објавена на 15.07.2018г. од: Љупчо Палевски), каде наведува за аферата за прислушување „Големото Уво“:
„Операцијата била изведена со логистичка поддршка на тогашниот министер за одбрана Никола Кљусев и тогашниот помошник-министер за одбрана за воено разузнавање и безбедност, Сашо Мијалков. Тие набавиле софистицирана опрема за прислушување од тогашни реномирани светски производители преку фирма-увозник „БЕМА-ДООЕЛ“ сместена во населбата Капиштец и нема ниту еден вработен.
Парите за опремата биле платени од Министерството за финансии со кое тогаш раководел Борис Стојменов“.
Извори
Види: Службите во МакедонијаЗоран Божиновски нема ли информации за Борис Стојменов, него го нема ли во 300.000 досиеја на УДБ-а? Ни неговиот син и сегашен сопственик на „Канал 5“ Телевизија, Емил Стојменов, и него ли го нема или за тоа може да замижи во размена за медиумска промоција?
Божиновски како новинар има углед кој тежнее кон нула и кој го признаваат само неговите колеги, затоа што новинарската професија бара точно, непристрасно и навремено известување на јавноста, а он со своите објави на неговите портали со фотокопирани докази, и кога за информацијата нема кој да му плати, ги прекршува принципите на новинарството така што ниту е веродостојно, ниту е навремено, а факт е дека сигурно штом е добро платен од клиентите, информациите кои ним им ги продава се и веродостојни т.е. во оригинал и навремени за да можат со нив работа да си завршат, но ако е евентуално добар, па дури и одличен брокер со информации. тоа автоматски за негова жал не го прави и добар, а камоли па одличен новинар!
Чудна работа е тоа што соборците-новинари колеги на Божиновски многу се интересираа што ќе биде со дактилографите и чистачите од СЈО, а не одат да пекаат пред врата кај Републичкиот Јавен обвинител Јовевски да го прашуваат тука па тука што бидна со информациите што ги изнесува Божиновски? Исто така за 30-тина години еден новинар не се најде да посвети доволно внимание на изворот на приказните и поштено да ги обработи книгите на Дитас. Тоа е банирана литература, а интересно е што сѐуште го немаат расветлено случајот за атентатот на Борис Трајковски, поранешниот претседател на Република Македонија.
- Во емисијата „24 анализа“ на „24 Телевизија“од 11 декември 2019 год.
Новинарот: Вие пишувате сега на Фејсбук цело време нешто дека као се подготвувате некоја партија да формирате, тоа кажете ми го правите како сериозно или...?
З.Б.: Значи не некоја, туку се работи за политичко движење „Буревесник“.
Новинарот: Навистина сакате да формирате?
З.Б.: Да. Дали ќе се вика партија, или политичко движење мене ми е исто, значи имаме иницијатива. Почнав со одредени луѓе да соработувам, па им влегоа, почнаа да ги притискаат, па преминав на друг начин на организирање. После Нова Година ќе собереме потписи и „Буревесник“ како политичко движење или партија ќе го регистрираме. Се работи за исклучиво онлајн делување, значи нема да искачаме на митинзи, нема да правиме штабови, нема да идеме од врата на врата, пошто ако направиш штаб ти пуштаат да ти дреме цел ден пензиониран полицаец, дали бил у УБК, дали бил уличен полицаец и пренесува со кого се видел Зоран, кој дошол, кој што збори итн. Ќе правиме само онлјан кампања. На вакви ТВ дебати, ако доаѓаат-доаѓаат, ќе имаме право да се презентираме, ако не ќе седат помеѓу мене и вас празни столчиња како и вечерва, ќе имаме YouTube канал, и ќе се промовираме што сакаме. Имаме програма како да се реши проблемот со џелатското извршување во Република Македонија, еве го елаборатот ексклузивно, ама нема да го промовирам, не е промотивна емисијата, само ќе кажам дека имаме стручна екипа која работи на систем за автоматска наплата на задоцнети побарувања од физички лица или во превод замена за блокирање на трансакциски сметки преку извршители.55-30 ... И партијата Буревесник ако влеземе двајца внатре пратеници или еден тој нема да зима пратеничка плата туку ќе зема просечна плата на Република Македонија, разликата до полната пратеничка плата ќе ја остава кај навистина загрозени категории, нема да наплаќа патни трошкови, ќе се вози со градски автобус и меѓуградски автобус, како што ја што се возам. Нема да има привилегија на пратенички имунитет... Ќе се бориме за воспоставување на регистер на станбени и деловни единици во Република Македонија...
Коментар: На почетокот на емисијата ја рекламира својата професија и давањето услуги од неа – „брокер на информации“ и на крај на емисијата ја промовира партијата што ќе ја основал. Емисијата му дава простор од чисти 5 минути промоција за политичка партија јасно и гласно, а за промоција е потребно да се плати и назначи дека е платена политичка програма! Заедно со новинарот и главниот и одговорен уредник на медиумот, а воедно и претседател на ЗНМ, Младен Чадиковски, тргнале да го заобиколуваат законот, па Божиновски прокоментирува дека ова не е промотивна емисија, но сепак му се оставени чисти 5 минути за непрекината промоција во смисла дека партијата сеуште не е основана.
- Во емисијата „Само Вистина“ на „Канал5“ Телевизија од 11 декември 2017 год.
З.Б.: Јас 2002г. после атентатот во радио Тумба, дојде од Њујорк третиот човек на ОН, во да кажам во аранжман на Суад Месини и неговиот Центар за граѓанско општество, Хина Ѓилани дојде, Пакистанка која беше на Кофи Анан помошничка на генералниот секретар. Таа беше помошник на генералниот секретар за бранители на човекови и мали права на акционери и ми рече вака: „Те штитиме и ќе те штитиме до оној момент додека не добиеме докази дека уценуваш или рекетираш со, значи си ја преминал црвената линија, не стоиме веќе зад тебе.“ Истото го имам, истите инструкции ги имам добиено и од Европска Унија.
- Во емисијата „24 анализа“ на „24 Телевизија“од 11 декември 2019 год.
З.Б.: Значи јас сум еден од оние кои во 2001-ва и 2002-ра до изборите го вративме Здружението на новинари на Македонија во Светската новинарска организација со реформа со нивна помош, бевме исклучени 10 години пред тоа. Имав чест да бидам регионален координатор на ЗНМ за Куманово, Крива Паланка и Кратово. Задачата си ја извршив одговорно. Го вративме значи ЗНМ во редот на Светската новинарска заедница и на европската. Имам нивна членска книшка. Член сум на Европската федерација на новинари.
04:14-04:52
З.Б.: И за цело време Здружение на новинари на Македонија, Здружение на новинари на Србија и Здружение на новинари на Црна Гора заедно со Европската Новинарска федерација беа со мене и во екстрадициониот притвор додека бев во Нови Сад 10 и пол месеци и 19 месеци додека бев под мерки на претпазливост и чекав екстрадиција и до ден денеска се заедно со мене пошто се бориме да ја одбраниме новинарската професија од таквите напади, значи обвинувања без докази.
Коментар: Колегите новинари, Здружение на Новинари на Македонија-ЗНМ, Здружение на Новинари на Србија, Здружение на Новинари на Црна Гора, Европската Федерација на Новинари, Европската Унија, Обединетите Нации – ОН – сѐ на се што подржуваат е човек кој многу одамна не е новинар, човек кој бил новинар до 2002 година, а од 2007 година па сѐ до ден денес не е ништо друго туку само брокер на информации на просторот на поранешна Југославија и заедно со неговата мрежа се истурена неконтролирана контра-разузнавачка испостава. Штом Божиновски не го исклучуваат од новинарските здруженија во Северна Македонија и Европската Федерација на новинари, очигледно е дека имаат и те каква корист од него и овие и сите што го бранат.
- Во емисијата „ТВ Дуел“ на „1ТВ“ во 07 октомври 2018 година.
Поради таа причина следниот текст е парафразиран:
Б.Ј. (водителот): Вие Божиновски сте рекетар, и продавате информации, тоа не е новинарски!
З.Б.: Најдете ми новинар што не продава информации!
Коментар: Бидејќи и после година и пол од ова тврдење на Зоран Божиновски дадено јавно на телевизија ниту еден новинар не се огради, ниту го демантираше, а уште помалку некој да го тужеше за навреда на чест и углед, а при тоа и бидејќи ниту ЗНМ не реагираше, единствено што преостанува е дека тоа тврдење е целосно вистинито тврдење.
На вака поставената ситуација очигледно во Северна Македонија нема новинари, туку има само брокери на информации. Во ваков случај, сите новинарски легитимации треба да бидат укинати и сите новинарски здруженија расформирани, односно распуштени. На сите треба да им биде забрането вршење на професија, должност и дејност. Старо-новата дејност „брокерство на информации“ можат да ја работат, но надвор од границите на Северна Македонија бидејќи кај нас ова е кривично дело. Тоа значи дека сите новинари и новинарски здруженија се кривично одговорни за Злоупотреба на лични податоци од член 149 од Кривичниот Законик на РСМ каде се вели:
„(1) Тој што спротивно на условите утврдени со закон без согласност на граѓанинот прибира, обработува или користи негови лични податоци, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казна од став 1 се казнува тој што ќе навлезе во компјутерски информатички систем на лични податоци со намера користејќи ги за себе или за друг да оствари некаква корист или на друг да му нанесе некаква штета.
(3) Ако делото од ставовите 1 и 2 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(4) Обидот е казнив.
(5) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.“
6. Како работат новинарите во Северна Македонија?
Случај 1.
Жарко Ѓуров: Во април 2015 година добив понуда по телефон од новинарот Стефан Рашковски од дневниот весник „Вечер“ за интервју по повод мојот магистерски труд. По прифаќањето на понудата од моја страна, новинарот ми ги испрати прашањата за предметното интервју на е-маил. Уредно ги одговорив прашањата, кои потоа ми беа вратени со молба да ги скратам одговорите на две прашања во интерес на печатениот простор. Интервјуто во печатеното и електронското издание на „Вечер“ излезе во викенд број 24-25 април 2015 година. На мое огромно непријатно изненадување во интервјуто увидов дека во воведот на интервјуто стои: „ ...и дополнува дека моментално работи на предлог идејно решение за соработка на граѓаните со полицијата за сузбивање на криминалот.“ Ова беше само дел од мојот одговор на поставеното прашање кое всушност гласеше:
„Каде си моментално работно ангажиран и кои се твоите работни обврски? (кажи ни нешто повеќе за твојот професионален ангажман)“, а на кое го дадов следниов одговор:
„Во моментов не сум работно ангажиран. Но моментално со мојата вереница работиме на проект-идејно решение, кое сигурно, доколку биде прифатено и имплементирано, ќе го подигне на највисок степен моделот community policing - односно соработката на граѓаните со полицијата, се со цел сузбивање на криминалот.“

Новинарот Стефан Рашковски и тогашниот главен и одговорен уредник на весникот „Вечер“ Ивона Талевска своеволно одлучиле да го отстранат делот „со мојата вереница“ од мојот одговор препишувајќи ми ги сите заслуги мене. На тој начин го прекршиле член 13 од Законот за медиуми, како и принципот против цензура и искривување на веста како и принципот на објавување на точни и проверени информации од Кодексот на новинари на Македонија.
Што друго да се заклучи од овој бизарен субјективизам освен тоа дека бил на лична основа на главната и одговорна уредничка која очигледно имала проблем со статусот „вереница“, која колку што ние знаеме, дотогаш не го носела.
Случај 2.
Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска: На 16 јануари 2018 година објавивме „Граѓанско предлог-решение за спорот со името помеѓу Р. Македонија и Р. Грција“ на Фејсбук профилот на Жарко Ѓуров. На 22 јануари 2018 година беа контактирани неколку медиуми кои ги известивме за истото, а воедно од телевизиските куќи побаравме можност јавно да го образложиме, преставиме и приближиме решението до граѓаните. Тогаш дојде до е-маил коренсподенција помеѓу нас преку е-маилот на Жарко Ѓуров и тогашниот главен и одговорен уредник на „Канал 5“ телевизија Иван Мирчевски.
Според Законот за медиуми член 8 став 3:
„Одговорниот уредник ја води реализацијата на содржините што се објавуваат, односно емитуваат и одговора за секоја објавена информација во медиумот согласно со закон.“,
Иван Мирчевски како тогашен главен и одговорен уредник на „Канал 5“ телевизија е оној кој ја цензурираше нашата јавна презентација која беше од општ јавен интерес. Во е-маил коренспонденцијата се гледа дека има целосно субјективен став кон темата што е спротивно на принципот „на улогата на новинарите да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.“, како и принципот на „почитување на плурализмот на идеите и ставовите“ и двата од Новинарскиот кодекс, како и членот 13 од истиот кодекс каде се вели: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“.
Од самото видео може да се види субјективноста, неволноста да се пренесе информацијата идејата и мислењата, и не правењето разлика помеѓу веста, фактите, мислењата и коментарите. Единствено нешто што Мирчевски го разбира е тоа дека и тој има право да коментира. Во тоа се сведува севкупното негово разбирање. Од коренспонденцијата се гледа дека доколку ставот, идејата или мислењето не доаѓа од политички чинител, зад него не стои извор на моќ (политичка партија, невладина организација, странска држава, меѓународна организација) истото не вреди да биде почитувано и да му се даде простор за презентација во етерот.
Како факт на субјективизмот и заземањето на личен став во однос на официјалната употреба на уставното име тогашниот главен и одговорен уредник на „Канал 5“ а сегашен управник Иван Мирчевски, како и моменталниот главен и одговорен уредник Гоце Михаиловски, е тоа што „Канал 5“ телевизија во своите вестите на веб страната на „Канал 5“ не го користат уставното име на државата Република Северна Македонија дури не го користат ниту скратеното име „Северна Македонија“ ниту скратениците РСМ и/или СМ, туку тоа го прават исклучиво само кога преземаат вести и во официјално цитирање. Во секој друг случај го користат само името „Македонија“ и со тоа секојдневно прекршувајќи го Уставот.

Слоганот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори 2020 година „Исправи се Македонијо!“ е исто така противуставен. И тоа не го забележа ниту еден новинар до сега!
А и знамето на општина Македонска Каменица кое го содржи 16-кракното сонце од Вергина или т.н. Ѕвезда од Кутлеш денес е противуставно, исто така иако на општината и беше укажано од страна на Владата на Р.С.М. да го променат, фала Богу уште не го смениле. Замислете и тоа не го забележа ниту еден новинар до сега!
Случај 3. Банирање на јавно знаење и бришење на конкретни вести
Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска: На 16 јануари 2018 година напишавме „Граѓанско предлог-решение за спорот со името помеѓу Р. Македонија и Р. Грција“ кое беше објавено на Фејсбук профилот на Жарко Ѓуров. На 22 јануари 2018 година беа контактирани неколку медиуми кои ги известивме за истото, а воедно од телевизиските куќи побаравме можност јавно да го образложиме, преставиме и приближиме решението до граѓаните.
Освен веб порталот „Либертас“, сите останати медиуми не беа заинтересирани да ни дадат можност за јавна презентација на нашето предлог-решение, а со тоа да го испочитуваат новинарскиот принцип за „почитување на плурализмот на идеите и ставовите“.
Но она што уште повеќе загрижува е фактот што од видеото се гледа дека и од веб порталот „Либертас“ е избришана содржината каде беше објавено нашето предлог решение. Но и тоа не е сѐ. Како што може исто така да се види веб порталот „Скопје 24“ кој самоиницијативно ја презел веста од „Либертас“ истата ја отстранил исто како и „Либертас“.
Ова само докажува дека новинарството во Северна Македонија работи по принципот на партиска директива од нивните сектори за односи со јавност, од каде доаѓа директива за бришење на конкретни вести од целокупниот достапен јавно-регистриран интернет простор, со цел бришење на веста од колективната меморија на граѓаните. Ова денес што е направено во време на СДСМ која е директна наследничка на КПМ не е ништо поразлично од тоа на КПЈ/КПМ и нивниот АГИТПРОП каде по директива се оставале само светлите примери на НОБ, и кој ќе се осудел да спомене и мал дел од неговата темна страна се соочувал со драконски казни. Ова вака може да има само една и единствена цел:
„Само Зоран Заев преговараше за спорот со името, само Никола Димитров даваше предлози за името.“
Случај 4. Апсолутистичко консензуално новинарско банирање (блокирање), игнорирање и негирање на вести
Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска: На 13 декември 2018 година го стартувавме проектот „Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност - УДБА-МК“ на нашата веб страна udba-mk.weebly.com, проект кој е од висок јавен интерес за граѓаните на Република Северна Македонија во насока на заштита и унапредување на приватноста и анонимноста на нивната дигитална комуникација што е човеково право.
За отпочнувањето на нашиот проект ги известивме сите медиуми (според Регистарот на медиуми на АВМУ и други листи): печатени медиуми, телевизиски куќи, радио станици, електронски веб портали, како и независни слободни новинари (Зоран Божиновски).
Со оглед на точка 5 од нашата мисија кој се однесува на:
„- намалување на можностите за злоупотребата на приватноста на комуникациите на граѓаните да се користи против нив по пат на уцени и изнуди.“
во рок од повеќе од 1 и пол година постоење на проектот Управување со дигиталната безбедност и анонимност - УДБА-МК (од 13 декември 2018 година), и покрај илјадниците преземања на бесплатните дигитални алатки на македонски јазик кои им овозможуваат на граѓаните сами да управуваат со својата дигитална безбедност и анонимност, а со тоа и приватноста, како и покрај тоа што фактот за македонското локализирање на Тор прелистувачот денес е наведен и на официјалната Тор веб страна на Википедија на македонски јазик, овој проект наиде на комплетно медиумско игнонирање, и негирање, кое очигледно за крајна цел имаше и ден денес има во моментот на пишување на оваа анализа - ширење и поткрепување на единствено унифицирано мислење на сите македонски читатели на весниците односно пишаните медиуми, како и на слушателите преку радио-медиумите, па така и преку телевизиските медиуми, и интернет-порталите дека граѓанскиот активизам може единствено да постои или преку учество во плуралниот политички систем односно членството во политичка партија, или работењето во/за невладина организација која во сите случаи според закон е потпомогната од државниот буџет а со тоа директно и зависна од органите на државната управа и моменталната владина политика, а во некои случаи и финансиски потпомогната од странски субјект а со тоа и директно зависна од странско влијание.
Интересно е што се гледа од видеото дека вести поврзани со нашиот проект има единствено од нашата веб страна и од Википедија. Замислете, ниту проектот, ниту било каква содржина која произлегува од него Google не пронаоѓа никаде, дури ни на македонските форуми, каде се пишува за сѐ и сешто. Ова е крајно нереалистична работа и очигледно е дека модераторите и администраторите на форумите бришат било каква содржина поврзана со проектот што е во директна корелација со тоа дека и тие се дел од политичките партии и безбедносните служби или работат по нивна директива.

И покрај тоа што повеќе од 80 различни медиуми и уредници на медиуми, како и независни самостојни новинари, беа контактирани со официјален допис до нив и нивните редакции, како и покрај директниот официјален контакт, и покрај тоа што имаше платените реклами во оптек на социјалната мрежа Фејсбук кои имаа успех поголем од очекувањата, вака оформената „новинарска“ матрица и покрај нивната наводна медиумска борба против масовното илегално прислушување, не дозволи повеќе од 18 месеци пропуштање на ниту една единствена вест за овој проект и бесплатната придобивка за граѓаните од него.
Тор во Република Македонија, денес Република Северна Македонија, првпат официјално и академски се обработува од страна на лидерите на проектот УДБА-МК во декември 2014 година за време на изработката на магистерскиот труд на Жарко Ѓуров, ко-основач на овој проект. Иако во минатото медиумите пренеле вест дека дури постоела и невладина организација која „килаво“ и крајно неуспешно се обидела да ја запознае мала група на луѓе за постоњето на Тор во 2016 година, сите медиуми заедно, без исклучок, покажаа 100% не интересирање и БАНИРАЊЕ, односно изолирање на граѓаните од знаење кое преставува ЈАВЕН ИНТЕРЕС според светски стандарди со оглед на тоа дека:
Во март 2011 година, Фондацијата Слободен Софтвер на проектот Tor му ја додели Наградата за 2010 година за проекти од општествен интерес врз основа на следново: „Користејќи слободен софтвер, Tor им овозможи на околу 36 милиони луѓе од целиот свет да ја искусат слободата на пристап и изразување на интернет, имајќи контрола врз својата приватност и анонимност.“
За стручен технички (софтверско-хардверски) превод цената на преводот се пресметува $0.15 американски долари по преведен збор и доколку е потребно, а најчесто е потребно, дополнително плус уште $0.08 по збор за рецензија и лектура, или севкупна цена од $0.23 американски долари по збор.
Име на софтвер:
Tor Project Onion Browser NoScript Briar Orbot Tor Sandbox Tor Web ObscuraCam PixelKnot Orfox POE CameraV |
Број на зборови
13.788 1.825 1.016 4.979 3.041 3.968 64.725 638 218 171 272 ? ВКУПНО: |
Вредност (цена во $ USD)
3.171 419 233 1.145 700 912 14.886 147 50 39 63 / $21.765 |
Оваа пресметка е само теоретска, бидејќи овие апликации се преведени и адаптирани од страна пишувачите на оваа анализа со вршење на волонтерска и бесплатна работа, односно комплетно про-боно. За разлика од лицата кои се ангажираат како волонтери во Северна Македонија, немавме волонтерска книшка и не добивавме 4.000 денари за хранарина и патни трошоци.
Во периодот на алфа тест-фазата во период од 09 јули - 21 октомври 2019 година имаше 2.168 преземања односно тестирања на инсталационите датотеки на македонски јазик на Тор прелистувачот.
Од излегувањето на првата стабилна верзија во период од 22 октомври 2019 - 21 април 2020 година имаше 14.973 преземања на инсталационите датотеки на македонски јазик на прелистувачот Тор, од овие дури 1.743 корисници барале „мостови“ - кои се користат за поврзувањето кон Тор мрежата кога интернет провајдерот го блокира поврзувањето кон Тор, што означува дека во Северна Македонија 1.743 лица биле предмет на цензура и ограничување на дигиталната слобода на Интернет.
До 21 април 2020 година Тор прелистувачот на македонски јазик е преземен над 17.000 пати.
Во Северна Македонија бројот на корисници на Тор прелистувачот на дневна основа во просек е околу 2.000 до 2.500, но ова ги опфаќа сите верзии на Тор на сите платформи и на сите јазици, затоа што подразбирливо го користат и корисници кои преферираат прелистувачот да им биде на друг јазик како англиски, германски итн...
Северна Македонија и по 8 месеци од излегување на Тор прелистувачот на македонски јазик е единствената држава од Балканот која го има Тор преведен на својот јазик.
По пуштањето на верзија 9 на Тор прелистувачот на македонски јазик директно-поврзаните корисници се зголемени за 4 до 5 пати сметано во период од една година, односно помеѓу април 2019 и април 2020 година.
Извори
Види: Тор мерењаНие, пишувачите на оваа анализа Лилјана Ацковска и Жарко Ѓуров, од сите преведени апликации го користиме само Тор на англиски јазик, не е ни на македонски. Илјадниците преземања на сите апликации на македонски јазик се од македонските граѓани. Едни од најпреземаните верзии на апликациите на македонски јазик се тие за iPhone. Ние iPhone немаме. Со оглед на тоа колку чини еден iPhone, повеќе од јасно е дека сме донеле дигитална слобода на оние кои земаат најголеми плати и рекети во Северна Македонија: политичарите, пратениците, директорите, бизнисмените, новинарите. Нашата вредност како борци за човекови права е 200% во споредба со сите овие, а пред сѐ со новинарите - 100 позитивни проценти за нас, 100 негативни проценти за нив. Некој добил 50.000 евра/долари да го основа порталот „НоваТВ“, некој на двапати добил по 21.000 евра од Сорос за да тргува со информации за да пишува за „Шифрата Прага 6“ (оти изгледа Чесиве не се заинтересирани да разменуваат податоци со Македонците, ете нив информациите од 300.000 досиеја на УДБ-а не им вршат работа), а ние и на таквите како нив, и на сите граѓани на Република Северна Македонија им подаривме проект тежок $21.765 американски долари – работа која е завршена само од волонтирање и про-боно за да ги заштитиме и унапредиме нивните човекови права за дигитална слобода на нивните дигитални комуникации.
7. Новинарски и етички принципи
Новинарите се организираат во здруженија, асоцијации, федерации, синдикати...
1. Здружение на Новинари на Македонија - ЗНМ
Според веб страната на ЗНМ:
„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) е здружение на професионалните новинари од Република Македонија. Основано е на 17 февруари 1946 година во Скопје како Здружение на професионалните новинари на Народна Република Македонија.
Работата на новинарите е пропишана со Кодекс на новинарите на Македонија.
За потребите на анализата, Кодексот на новинарите на Македонија во продолжение е искоментиран од наша страна.
- Кодекс на новинарите на Македонија -
ПРИНЦИПИ НА ОДНЕСУВАЊЕ:
Слободата на медиумите е неприкосновено право.
Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од нашиот Устав.
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Коментари:
- Пример за необјективност е субјективниот став на новинарот Иван Мирчевски кој од позиција на главен и одговорен уредник на „Канал 5“ Телевизија од кого не ни беше овозможено да го презентираме нашето Граѓанско предлог-решение за спорот со името.
- Во случајот со интервјуто во дневниот весник „Вечер“ и фактот дека еден од одговорите на интервјуираниот Жарко Ѓуров е пренесен нецелосно т.е. е изваден делот во кој стои дека „заедно со својата вереница работат на идејно решение за поголема соработка на граѓаните со полицијата“, автоматски се крши објективизмот и целата заслуга му се препишува на оној кој го дава интервјуто, а фактички го местат и го прават крадец на интелектуална сопственост.
Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите.
Коментари:
- Цензурирање е вадењето на делот во кој стои дека „заедно со својата вереница работат на идејно решение за поголема соработка на граѓаните со полицијата“ од интервјуто во дневниот весник „Вечер“.
- Цензура е консенузалното необјавување на Проектот „Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност УДБА-МК“ од страна на сите медиуми и новинари без исклучок.
Следејќи ја својата улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, новинарите ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат за јакнење на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.
Коментари:
- Непочитување на плурализмот на идеите и ставовите е необјавувањето и неовозможувањето на јавна презентација на нашето Граѓанско предлог-решение за спорот со името од страна на сите контактирани медиуми, со исклучок на веб порталот „Либертас“.
- Во Проектот „Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност УДБА-МК“ овој принцип е целосно прекршен, со оглед на тоа што веб прелистувачот ТОР кој е дел од овој проект добил награда за проект кој преставува светско општо добро, па со самото ова и проектот „Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност УДБА-МК“ во кој е преведен Тор на македонски јазик претставува општо добро и е од јавен интерес за граѓаните на Северна Македонија, најмногу поради тоа што обезбедува заштита на приватноста на комуникациите на граѓаните како одговор на илегалното децениското прислушување.
ВРЗ ОСНОВА НА ОВИЕ ПРИНЦИПИ И ЕТИЧКИ ВРЕДНОСТИ:
1 Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.
Коментари:
- Во случајот со интервјуто во дневниот весник „Вечер“ и фактот дека еден од одговорите на интервјуираниот Жарко Ѓуров е пренесен нецелосно т.е. е изваден делот во кој стои дека „заедно со својата вереница работат на идејно решение за поголема соработка на граѓаните со полицијата“, ја прави самата информација неточна.
2 Ако новинарот е спречен да дојде до бараната информација има право за тоа да ја информира јавноста.
3 Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.
4 Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.
5 Новинарот ќе ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.
Коментар:
- Проектот „Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност УДБА-МК“ ниту е противзаконит, ниту е против јавниот интерес, а сепак е целосно консенузално игнориран и баниран како вест од страна на сите медиуми (по Регистарот на Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и од страна на сите новинари во Северна Македонија.
6 Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.
Коментари:
- Зоран Божиновски, новинар: Најдете ми еден новинар што не продава информации!
- Се шпекулираше дека Младенов, сопственикот на „Фокус“ рекетирал, како и да е, за разлика од неговото време, денес во неделникот „Фокус“ речиси и да нема ексклузиви.
- Во времето на министерувањето на Гордана Јанкуловска во МВР, беа вработени 5 новинари. Што мислите во кој друга служба на МВР освен УБК, и што тие прават по затворањето на УБК со информациите оттаму?!
7 Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост.
Коментари:
- Новинарот Томислав Кежаровски не ја почитувал приватноста на личноста со оглед на тоа дека во статијата во весникот „Репортер 92“ открил повеќе отколку иницијали и податоци кои не би го откриле идентитетот на заштитениот сведок, а дополнително на тоа и се товари за кривично дело кое е очигледно дека го сторил со оглед на тоа дека не само името на заштитениот сведок, туку му објавил и дел од мобилниот број.
- Како не е од јавен интерес интервјуто на првиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков (татко му на Сашо Мијалков) од кое новинарот Александар Чомовски тврди за Јордан Мијалков дека бил аналфабет (прост и неписмен), а по човекот е крстен Јужен Булевар во Скопје – тоа нели е предизвикување на штета во смисла на нарушување на угледот на целиот народ, на општина Центар и на Градот Скопје со оглед на именувањето на булеварот по таква личност како што новинарот ја опишува?! Нели е тоа против јавниот интерес?
8 Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. Во судските постапки треба да се почитува принципот на пресумпција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
Коментар:
- Пример за правење на сензационализми се емисиите „Во центар“ на новинарот Васко Ефтов во кои обработува теми за војната во Југославија, војната на Косово, воениот конфликт од 2001 во Република Македонија, смртта на поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски...
9 Новинарот не смее да интервјуира или фотографира деца под 16 години без согласност од родителите или старателите, освен ако тоа не е во согласност со правата на детето. Истото се однесува и за лица со посебни потреби, кои не се во состојба свесно да расудуваат.
10 Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).
11 Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.
12 Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.
Коментар:
- Медиумите во РСМ, а па и претходно во РМ, имаа и ден денес имаат идентични новинарски вести од збор до збор, и запирките им се на исто место, и насловот, и насловната слика е истата на различни медиуми. Тоа во превод е директива.
13 Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Коментар:
- Новинарот Иван Мирчевски од позиција на главен и одговорен уредник на „Канал 5“ Телевизија во случајот со недозволувањето да го презентираме нашето Граѓанско предлог-решение за спорот со името се гледа дали прави разлика, можете и самите да се уверите од видеото дадено погоре, мислиме вака како за уредник.
14 Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Коментар:
- Они сиротитете од кога е кукнат медиумот известуваат прво од нивната фаворитна политичка страна, барем со пренос и една кратка изјава, а од спротивната може само и податоци да прочитаат, без да имаа пратено новинар во спротивниот штаб.
15 Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.
16 Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.
Коментари:
- Новинарот Томислав Кежаровски ем апла го протекол името на заштитениот сведок, ем „професионалниве“ новинари го бранат, го жалат и го штитат. Е што штитат, газењето на членовите 7, 8 и 16 ли од овој Кодекс?!
- Јавната пресметка помеѓу новинарите: Бранко Геровски и Жарко Трајановски во колумните насловени како „Арчење думи на тема „пиарчење“, од јануари 2018 година. Ќе му кажам на Геро, ќе му кажам на Жарко, ако тоа не е препукување, тогаш што е?!
17 Новинарот има право да одбие работна задача доколку е во спротивност со принципите на овој Кодекс.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ:
Новинарите кои работат во согласност со овој Кодекс ја уживаат поддршката на својата медиумска куќа и на својата професионална организација.
Во согласност со нашите закони, новинарите ќе го прифатат судот во однос на професијата само од своите колеги и ќе бидат надвор од политичко и друго влијание.
За почитувањето на принципите од Кодексот се грижи Советот на честа на „Здружението на новинарите на Македонија“.
Советот на честа
Советот на честа е саморегулаторно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство наведени во Кодексот на новинарите на Македонија.
Доброто или етичното новинарство е во интерес на јавноста. Тоа нуди информации кои се точни, проверени, избалансирани. Таквото новинарство е глас на јавноста и тоа не е и не смее да биде партизирано и мора да прави разлика меѓу фактите, коментарот и мислењето – со што практично ќе се разликува од пропагандното новинарство, или од таблоидното – кои задоволуваат некакви други цели или интереси и кои не се придржуваат целосно на Кодексот. Со запазувањето, почитувањето и промовирањето на Кодексот се подобрува кредибилитетот на медиумите во јавноста и тие се доживуваат не само како слободни туку и како одговорни. Во исто време, почитувањето на Кодексот го штити и самиот новинар – бидејќи му дава право да не прифати нешто што не е во согласност со професионалните стандарди и воедно го иззема од судот на другите оставајќи го на судот на колегите.
Секој граѓанин може да достави претставка до Советот на честа ако се сомнева дека некој новинар во неговото известување ги прекршува професионалните стандарди и етика. Советот на честа има обврска да ја разгледа претставката и да утврди дали новинарот известувал согласно со Кодексот на новинари.
Сега претседател е Мира Костиќ од МРТВ.
Коментар:
- Тие работат ли нешто, работеле ли било кога нешто, затоа што првично ниту тие треба да се таму каде што се, а секундарно има ли еден новинар исфрлен од ЗНМ?!
Како забелешка мора да наведеме дека за време на целото пишување на анализата веб страната на ЗНМ https://znm.org.mk постојано беше заразена од малициозен софтвер (вируси) што ја правеше опасна за користење па истата мораше да се отвора исклучиво во виртуелна изолирана околина.
2. Македонска Асоцијација на Новинари – МАН
Која е улогата на МАН дали се пандан на ЗНМ или не, ние не бевме во можност да ја утврдиме од проста причина што нивната веб страна е толку многу заразена од малициозен софтвер (вируси) што дури и прелистувачот го блокира пристапот кон неа.
3. Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ
Улогата на самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници – ССНМ е иста како и на сите останати синдикати – заштита и унапредување на работничките права на новинарите и медиумските работници.
Работата на синдикатот е уредена со Статут.
Од Статутот на ССНМ интересна е Глава 5, поконкретно член 11 - Членство на ССНМ каде
стои:
Член 11
Во Синдикатот може да се зачленат сите лица на кои новинарството им е главно и постојано занимање;
алинеја 7
- Останати работници вработени во правните сектори кои делуваат во областа на медиумите;
алинеја 9
- Вработени во сродни и останати области кога тоа е во интерес на синдикатот и медиумската заедница и кога тоа е дел од стратешкиот развој и политика на синдикатот;
Коментар: Смислата на имање на синдикат е всушност да се заштитат ранливите категории кои не можат сами да се изборат за своите права, впрочем здружувањето е и со таа цел во смислата дека здружени се посилни. Но треба да биде синдикат на новинари, а не да ги вклучува и лицата од категориите опишани во алинеи 7 и 9. Со оваа ваква поставеност пак можат Ронката, Шатев и компанија од ОЗНА да ги приклучат.
Извори
Види: Статут на ССНМ4. Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ
Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) е невладина, неполитичка и непрофитна организација која, по принципот на слободна волја, ги здружува своите членови заради остварување на целите и дејностите утврдени со Статутот на организацијата и со општите принципи на мисијата и визијата на СЕММ.
Со оглед на тоа работата на СЕММ е утврдена во неговиот Статут, во продолжение истиот е искоментиран од наша страна.
„Член 16
Собранието одржува најмалку една седница годишно, а по потреба се свикуваат и вонредни седници.“
Коментар: Значи ако нема потреба нема што да се состануваат фазла од еднаш само за пред Нова Година, еден коктел да си честитаат и доста е. Толку е сѐ идеално во новинарството во РСМ што се ограничиле дури на една седница годишно. За што го основале?!
„Член 19
Управниот одбор има седум члена и седум заменик - членови. Членовите на Управниот одбор и замениците ги избира Собранието на здружението за период од четири години, со можност за реизбор. Четворица од членовите на Управниот одбор се бираат од претставниците на сопствениците на медиумите, а тројца од новинарите што ги предлага ЗНМ.“
Коментар: Значи во основа 14-те избрани со можност за реизбор можат да владеат 8 години. И на пример да речеме во 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, претставникот сопственик на „Сител“ телевизија и новинарот Миленко Неделковски можеле да седат во ССНМ и да ја оценуваат етиката 8 години како им одговара на тие што се на власт.
„Член 20
Управниот одбор се состанува по потреба, а најмалку четири пати во годината.“
Коментар: Овие ужи круг 7/14 души, они како ложата, сами си се состануваат до 4 пати. Што ќе им е повеќе, и тоа сите состанувања може да им бидат во декември за да го организираат приемот на Собранието за Нова Година. А ова е вака затоа што во член 21 стои:
„Член 21
Управниот одбор ги има следниве надлежности:
- Ги подготвува седниците на Собранието
- Ги подготвува нацрт-статутот и другите акти кои ги донесува Собранието
- Ја спроведува политиката, заклучоците и одлуките на Собранието...“
„Член 33
Комисијата за жалби, во меѓудругото, во алинеја 2 ја има следнава обврска и надлежност:
- посредува меѓу лицата кои упатиле жалба и медиумот на чија содржина се однесува жалбата.“
Коментар: Тоа во пракса на пример најверојатно изгледа вака: чекајте госпоѓа Петровска, ќе ви дадам бројче од правната служба на „Алфа“ телевизија кај што го објавиле прилогот, па вие таму јавете се, договорете се што-како. - Тоа е бре услуга на нивоу!
„Член 37 алинеја 2 Советот се финансира и во меѓудругото од:
- донации и подароци од јавни институции, физички и правни лица, како домашни така и странски, во готово, со услуги и имот од било како вид.“
Коментар: Од ова јасно произлегува дека во него имаат влијание и Владата, односно политичката партија/коалиција која моментално е на власт, и приватни лица бизнисмени и домашни и странци, и амбасадите, а овие ги примаат донацииве и подароците толку многу од секаков вид, фали уште во физичка натура да ги примаат. Каков независен синдикат!
„Член 40
На лицата на избраните функции на Советот и останатите лица може да им се одреди паричен надоместок за покривање на трошоците кои ги имаат со вршење на доверените работи и задачи.
Одлуката за надоместок од претходниот став ја донесува УО на Советот.“
Коментар: Е ова е за чист рекет и перење пари. Бизнисменот што не може да продаде некој движен имот, да речеме џип, ќе им го поклони на овие, овие ќе го продадат, па сите ќе си ги делат парите. Или ако некој бизнисмен не сака да пишуваат за неговите криминали, овие ќе го изрекетираат за да престанат да пишуваат.
Биле невладина организација - значи со оглед од кого се поддржани, ги створиле за свои потреби и ги финансираат ОН преку УНЕСКО и ЕУ преку Европската Комисија.
Не е ни чудно што никако да му го одземат статусот на Охрид, кога ќе се земе во предвид дека најзаинтересирани се „Телевизија 24“, каде „случајно“ главен и одговорен уредник е Младен(че) Чадиковски, кој во исто време е и претседател на ЗНМ и член на Советот за етика.

Види: Статут на СЕММ>>>
Н.З. За што се толку многу здруженија, за да утврдат цена на информација?! Ставки за рекет, за продажба за странски пласман итн. ли...???
<<<
8. Зошто „Сектор за односи со јавност“ е всушност Агитпроп?
АГИТ-ПРОП = Сектор за односи со јавност - ПиАР
Агитпроп или Идеолошкиот оддел продолжил да постои, и постои и ден денес, само што денес се вика „Сектор за односи со јавност“.
СДСМ како наследничка на КПМ нормално задржала сѐ што следувало од неа, а ВМРО кои пак се восхитувале на „цврстата владејачка рака на Тито“ го прекопирале во целост, и го надградиле со „ботови“.
Што се однесува до кадарот кој го сочинувал Агитпроп тој доста често се „шалтал“ помеѓу едната и другата страна.
Зошто „Сектор за односи со јавност“ е всушност Агитпроп?
- Затоа што „Сектор за односи со јавност“ се грижи за имиџот на институцијата што во основа значи „да не се чуе лош глас за институцијата“ и „сликата кај граѓаните за институцијата да биде во најдобро светло“.
„Сектор за односи со јавност“ ова го прави преку ПР (PR е пи-ар, и кај нас подразбира плаќање за рекламирање со цел исполнување на двете погоре наведени цели). Жално е што во Македонија и PR исто како и „интелигенцијата на Оле“ е грешно разбрана. ПР на англиски е „public relations“ или на македонски „односи со јавност“ а не CA - commercial and advertisement - односно рекламирање.
Плус Агитпроп во денешна модерна смисла, за разлика од порано во Југославија кога за државни непријатели се сметале само соработниците на фашистите и сепаратистите, денес има разнолики непријатели - претежно тоа се политичарите од спротивниот табор.
Заклучок на анализата
Корените на македонската новинарска дејност во нејзините зачетоци во времето на Народно ослободителната војна од 1941 година до 1944 година не се темелат на професионализам, со оглед на фактот дека првите весници „Млад Борец и „Комунист“ биле пишувани од страна на партизаните кои биле претежно полуписмени поради почетокот на Втората светска војна. Уште од овие времиња оваа дејност била дел од т.н. Агитпроп на КПЈ. И првиот дневен весник „Нова Македонија“ бил дело на Агитпроп на Македонија. После осамостојувањето и станувањето на дел од федерацијата на Југославија, новинарската дејност во Македонија продолжува како дел од одделот за Агитација и Пропаганда – Агитпроп/Идеолошкиот оддел на КПМ сѐ до распадот на Југославија. За целиот овој временски период од 50 години „новинарска дејност“ во тогашна Македонија, денес Северна Македонија, неизбежни се имињата на Малинска, Чаловска, Ронката, Шатев, Миљовски, речиси целата фамилија Апостолски... Сите овие имиња се: партизани, политичари, министри, амбасадори, пратеници, чиновници на УДБ-а, обвинители, ветеринари, партиски членови на КПМ, масони, терористи, сѐ, само не новинари! Иако во 1946 година се формирало Здружението на професионални новинари на Македонија, спорно е колку навистина имало образовани и професионални новинари во тогашна Македонија, со оглед на фактот дека сите овие чинители станале почесни членови, претседатели или потпретседатели на ЗНМ.
Не знаеме зошто по стариот пример во почесни членови на ЗНМ сега не ги зачленат Кољо – како доктор на науки, Горда - она е со магистратура од странство – треба минимум еден таков, некој што се запишал на еден факултет па после пишува дека завршил на друг па кога му тргнало го довршил првиот – Сашо – како му одеше муабетот со Латас – исто како началник на Агитпроп на времето, па Крсто Муковски би бил пандан на Павел Шатев – амнестиран терорист. Е вакво било тогаш новинарството а исто е и денеска, само што откога настанало било полно само со разузнавачи/шпиони, кодоши и удбаши што сакале да го обликуваат јавното мислење, а што немале две чисти и што ги ставале уште од 1946-та на позиција по принципот на „Ефенди многу да не си ги измешуело“ – што исто како и во скечот на К-15 „Ако не ги измешувале нити султанот ќе бил султан, нити везирот ќе бил везир, нити браварот ќе бил Маршал“!
После осамостојувањето на тогашна Република Македонија од федеративна Југославија, денес Северна Македонија, во новинарството како дејност се променил само делот во однос на образованието, односно веќе се вработувале новинари со завршени студии по новинарство, но се било повторно далеку од професионализам, и пред сѐ ги задржало корените на функционирање и наследување во професијата. Па така деца (синови/ќерки), зетевци, внуци на истакнати партиски членови станувале дел од новинарската фела (Слободан Унковски, Гордана Стошиќ, Тени Колемишевски) станувајќи директори на државната Македонска Радио и Телевизија или директори на најпрестижниот и највлијателниот дневен весник „Нова Македонија“. И ден денес новинарството е професија од која се станува дел по наследна фамилијарна основа (Малински, Чаловски), но овие фамилијарни корени масовно започнале да се менуваат со промената на презимињата од страна на Агитпроп/Идеолошкиот оддел на КПМ, не само на денешните новинари, туку и на голем број политичари во денешна Северна Македонија со цел да опстанат некои презимиња во новинарскиот еснаф или кај политичарите да се прикрие некаков „несветол“ пример. Единствено кај нас во денешна Северна Македонија, по дефиниција новинар е лице кое освен што врши активности на прибирање на информации врши и: „анализа, обработка, обликување и/или класифицирање на информации“. (Закон за медиуми чл.2, ст.5) Па поаѓајќи од оваа нивна самоизведена дефиниција, не е ни чудно што оваа нивна професија се врзува директно со разузнавањето со оглед на тоа што по дефиниција тоа се состои од „собирање, обработување, анализа на безбедносни информации“. Кога на ова ќе се додаде и дека новинари, поранешни или моментално вработени, соработуваат или стануваат дел од безбедносните служби во Северна Македонија, тогаш не може да се види каде е разликата од времето кога вработени во Агитпроп/Идеолошкиот оддел на КПМ и високи чиновници во УДБ-а, во исто време биле и професионални новинари. Директната корелација на новинарите со безбедносните служби ја има како пример и ден денес кога ќе се земе во предвид фактот дека „новинарот“ Зоран Божиновски зборува за својата „новинарска работа“ од аспект на продавање на „чувствителни“ информации на заинтересирани страни од страна на 40 члена мрежа од Словенија до Македонија во која и самиот учествува, притоа нагласувајќи го фактот дека ден денес на просторот на бивша Југославија циркулираат уште 300.000 активни досиеја на УДБ-а/СДБ, како и фактот дека Југославија ден денес ја задржала својата мафија и бизнис релациите и учесниците во неа кои секако дека со оглед на нивната старост се дел од страните на тие 300.000 досиеја. Дополнително како шпекулации секогаш излегуваат вести за рекетирање на бизнисмени, политичари од страна на новинарите во Северна Македонија.
Денес во Северна Македонија имаме „новинари“ и медиуми чија работа е далеку од професионална, со оглед на фактот што принципите и начелата од Кодексот на новинари не ги почитуваат и применуваат, нивната работа е по директна партиска директива „обработена“ онака како ним им одговара, исто како и во поранешна Југославија, а понекогаш и директива од странски фактор кој финансира или потпомага некој медиум или новинар. Со ова директно се руши основниот новинарски постулат дека „слободата на медиумите е неприкосновено право“. Дали има слобода на медиуми во Северна Македонија укажува и тоа дека по слобода на медиуми за 2018 година тогашна Република Македонија, а денешна Северна Македонија, е оцената како единствена неслободна држава во Европа! Денес се наоѓа на 92-то место според извештајот на „Репортери без граници“.
При пишувањето на вестите новинарите заземаат субјективен став и не прават разлика помеѓу фактите и мислењата, и помеѓу веста и коментарот, не го почитуваат плурализмот на идеите и мислењата, не ги објавуваат вестите кои се од јавен интерес за граѓаните и кои ги штитат нивните човекови права и слободи, не ги објавуваат вестите навремено и точно со што ја ускратуваат правдата, не користат веродостојни извори, цензурираат текстови по директива, а многу често и на лична основа, што е забрането според чл. 16 од Уставот на РСМ, не ја штитат приватноста и безбедноста на изворите, ги користат своите медиуми за лични пресметки, работат во корист на политички партии и директно во полза на власта, прават сензационализми од трагедии, несреќи, војни. Најголемиот парадокс е изјавата на Зоран Божиновски „најдете ми новинар кој не продава информации“, по која и после речиси 2 години никој новинар не ја негираше!!!
Нивното здружување во здруженија, сојузи, асоцијации, федерации, синдикати, како и нивните Кодекси и Статути, се исто така во полза на власта и политичките партии, а често и во полза на меѓународни институции и организации кои дел од истите ги потпомагаат. Со оглед на фактот дека новинар во Северна Македонија се станува со уплата на 600 денари за членство во Здружението на новинари на Македонија – ЗНМ и дека нема ниту еден новинар на кој му е укината новинарската легитимација и е јавно дискредитиран од нивната фела, единствено што прават новинарите така здружени е тоа што се штитат меѓусебно во секоја ситуација, и кога не ги почитуваат новинарските принципи и начела, и кога го газат новинарскиот Кодекс, и кога го кршат Уставот, и кога прават кривични дела.
На тоа ниво е денес новинарството во Северна Македонија, исто како во 1946 година. Затоа и нема разлика помеѓу денешните „Сектори за односи со јавност“ и југословенскиот Агитпроп. И „Секторите за односи со јавност“ и Агитпроп на Југославија биле/се со заедничка цел: грижа за имиџот на институцијата, што во основа значи „да не се чуе лош глас за институцијата“ и „сликата кај граѓаните за институцијата да биде во најдобро светло“.
На крај политичарите за одредени прашања постигнуваат консензус (заеднички став) и во тој момент сите идеолошки оддели по партиите, односно Агитпроп одделенијата, односно одделенија за односи со јавност, пропагираат една единствена верзија за една дадена вест и таа се прикажува на сите медиуми во идентична форма (од-збор-до-збор, дури идентични се и точките и запирките во текстот). Исто така ако консензуално е постигнато да не се говори за одредена тема, таа тема бива банирана (блокирана), негирана и игнорирана како никогаш да не ни постоела, иако има еден тон факти што укажуваат на нејзиното постоење како и факти за јавен интерес по темата – ништо од тоа не е важно, тоа за македонските медиумски куќи ќе биде невидливо со цел што е можно повеќе да биде невидливо и за граѓаните. Новинарите се истурени членови на „Агитпроп“/Секторите за односи со јавност, т.е. тоа се членови за кои немало место во рамките на партиите. Како и да е, уредниците се тие кои кажуваат што-оди-а-што-не-оди во јавност. Тие секогаш имаат цврста партиска поткрепа и никогаш не страдаат. Фактички од сѐ ова може да се заклучи дека новинарите се хонорарци на Агитпроп одделенијата/Секторите за односи со јавност на политичките партии во Северна Македонија.
Поголемиот дел од новинарите кои се сметаат за врвни „новинарски пера“ имале блиска соработка или работеле во службата за државна безбедност.
Весниците тогаш ги пишувала УДБ-а, а денес со наследената структура... па и денес исто така.
За разлика од тогаш, тогаш немало Интернет и не биле толку многу синхронизирани како денес, па од време на време се случувало и по некоја црна дамка да излезе за НОБ или за Југославија или за КПЈ/КПМ итн..., денес имаме апсолутистичко консензуално новинарско банирање (блокирање), игнорирање и негирање на веста „Почитувани, од денес 13 декември 2018 година започна со работа проектот УДБА-МК, проект наменет за Управување со дигиталната безбедност и анонимност...“ Потоа, банирањето не запра тука, никој медиум „не разбра“ дека излезе на македонски јазик најпознатиот софтвер ТОР за анонимно пребарување на Интернет, кој патем има добиено награда за софтвер од светски јавен интерес! А за целото ова да биде уште побизарно е тоа што истиот тој ТОР го користеа еден куп народ за создавање и водење на веб страните за „ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ“, за кои тогаш сите медиуми пишуваа и го величаеја големиот македонски досетлив криминален изум, чак излезе на телевизија и тогашниот градоначалник на Велес, Славчо Чадиев, да им даде јавна поддршка за криминалот на пишувачите на вестите. За УДБА-МК и за предлогот за името Централна Балканска Република Македонија ни кажуваат луѓе дека „во службиве сѐ следеле.“ Едно знаеме, дека секој еден од службите кога ќе сака троа приватност ќе сврти прво спрема Бриар и Тор, а колку (не)писмени ги имаше во УБК вработено, е тоа веќе беше човек да им „позавиди“, а од кога ги вработија 200 души илегално во еден ден во АНБ гарант е исти ку*ац друго паковање, само без лисици и тие неписмењаци што не успеале курсот за ФинФишерот да го поминат и те како ќе користат и Тор и Бриар, и Онион на македонски и око нема да им трепне, чак и секој во себе благодарен ќе ни биде. Мора да биде, едноставно така следува. Но од нивна перспектива зошто тој благодет да го користи обичниот човек?! Обичниот човек за кој првично е наменет проектот во најголем дел од случаите ќе остане заладен и заблуден, кодошен и прислушуван засекогаш и тоа никогаш нема да излезе на било кој медиум, затоа што според историјата во оваа наша држава се смета дека само политичарите и новинарите „страдаат“ т.е. се жртви на нарушувањата на приватноста, а они половината потекнуваат од фамилии на удбаши или кодоши. Само тие имаат право на оштета и само ним им се нарушени човековите права. Сепак дури и молчешкум без медиумска слава (среќа Фејсбук маркетингот не е под капа и контрола на агитпроп (политиката) на Северна Македонија) бројот на преземањата на Тор прелистувачот на македонски јазик сѐ повеќе и повеќе расте.
Кога сите новинари продаваат информации, како што тврди нивниот колега Божиновски и притоа никој не го тужи за навреда на чест и углед, кога ден денес тргуваат со 300.000 досиеја на УДБ-а/СДБ, кога новинарите се соработници или директно вработени во државните служби за разузнавање, кога медиумите објавуваат една иста вест иста од-збор-до-збор, кога консензуално банираат (блокираат), игнорираат и негираат вести кои се од јавен интерес и ги штитат човековите права и слободи, кога не ѝ даваат простор на секоја страна да го каже своето мислење, кога се спонзорирани од надворешни субјекти, и на крај кога Новинарскиот кодекс им служи како тоалетна хартија, тогаш единствен заклучок кој произлегува од оваа анализа е дека
во Северна Македонија имаме УДБАШКО-НОВИНАРСКИ ЕСНАФ, а не професионално новинарство!

© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.