Анализа на безбедносно-разузнавачкиот систем и примената на репресивните мерки на Југославија
Системот на Југославија бил поставен или подобро речено превземен од само една партија – КПЈ која го креирала јавното мислење до тој степен што не сакала дури ни да признае дека постоеле партизани кои не биле комунисти или социјалисти, туку луѓе со различни политички гледишта, тоа не ги правело помалку домољуби и патриоти од нив самите. Овие луѓе кои имале различни политички гледишта биле осудувани со многу високи казни кои голем дел од нив биле извршувани на суров начин. Јосип Броз Тито за да постигне да функционира принципот на „Братство и Единство“ и народот да верува во тој принцип, бил принуден да отстрани два битни елементи од општеството: религијата и класната поделба. После Втората Светска војна, со формирањето на ДФЈ, а пота на ФНРЈ од страна на КПЈ и со носењето на Уставот од 1946 година, јасно се дефинирал уставниот поредок. Луѓето кои размислувале на спротивен начин и делувале за идеали кои биле спротивни на уставното уредување, се подразбирало дека ќе бидат под тешка репресија на службата за државна безбедност на која и било работа да го штити уставниот поредок. Овие луѓе со право биле сметани за внатрешни непријатели, а кога истите ќе емигрирале во странство и ќе продолжеле да се занимаваат со истата противуставна дејност, исто така со право биле сметани за надворешни непријатели на Југославија. Југославија со расформирањето на ОЗНА престанува да досудува смртни пресуди за луѓето кои работат против уставниот поредок на ненасилен начин.
Неправдата се состоела во тоа што за време на судските процеси не била докажувана вината. Како докази на државата и на судот им биле доволни само искази на сведоци, т.е. на информанти на службата односно кодоши. Обвинетите, ниту на суд, ниту за време на суровите испрашувања од страна на т.н. Комисии кои биле формирани за секој случај поединечно од страна на КПЈ, а кои работеле заедно со службите, речиси никогаш не го признавале делото за кое биле обвинети. Денес осудените велат дека сѐ било вистина што им пишувало во пресудите, но дека немало докази и превисоки биле казните.
Во однос на постапувањето со затворениците и извршувањето на пресудите, суровите и нечовечки постапувања на припадниците на службите и припадниците на затворските управи, немало од кого да бидат осудени правно земено, затоа што во 1948 година Југославија не ја потпишала Универзалната декларација за човекови прави на ООН.
Изјавите денес на членови на ВМРО-ДПМНЕ дека за жртвите на југословенскиот систем кои биле испратени на општокорисна работа на Голи Оток, а велат дека биле казнувани неправедно затоа што не правеле ништо лошо и единствено што посакувале било независна и самостојна Македонија, не се вистина. Тоа што всушност го правеле било дејствување со акти на радикализам, сепаратизам и конечно целосно противуставно дејствување, затоа што Уставот на Југославија пропишувал правен начин на кој може една држава да се отцепи од Федерацијата. Имено во Уставот на Југославија од 1963 година стои дека сукцесија на некоја од републиките е можна само доколку сите останати републики се согласат со тоа.
Ова всушност има многу логика, затоа што доколку некоја држава се отцепи на сила тоа значи дека Југославија како нејзин сосед ќе стави вето на нејзиното аплицирање за членство во ООН, па нејзиниот статус би бил многу полош, сличен како на Република Српска во денешно време.
АНАЛИЗА на Морално-политичката подобност – МПП
Со новиот закон за Внатрешни работи (Сл. Весник бр.37/80) од 10.11.1980 година се менува начинот на вработување, така што во чл.81, ст.2 точка 1 стои дека:
„Во органите на управата надлежни за внатрешни работи се заснова работен однос без конкурс за вршење на работи и работни задачи на:
- 1. Службата за државна безбедност“.
Е ова е моментот од кој се гледа дека и покрај тоа што постоела Висока школа на УДБ-а и други стручни школи, одвај го исчекале Тито да умре и да можат да вработуваат со основно школо неписмењаци и сељаци во службата. Единствен услов што го барале да го исполнува некој кандидат за вработување бил да биде „морално политички подобен – мпп“, а не стручен.
На секои 10-15 години во Македонија се реформира системот на кодошење, а не системот на разузнавање, иако на секои 10 години на Македонија редовно и се случуваат скандали со прислушување од страна на разузнавачките служби, и терористички загрозувања на уставниот поредок поради нефункционирање на разузнавачкиот апарат.
И денес на разузнавачките служби во Македонија не им се потребни стручни кадри, туку само морално политички подобни личности. Стручните лица се образуваат за да знаат да ја работат разузнавачката работа. Колку и какво образование ќе добијат зависи од образовниот систем и професорскиот кадар. Ако добро забележите ќе видите дека професорите на факултетите за безбедност најчесто се или поранешни вработени во службите и министерството за внатрешни работи или нивни поранешни и/или моментални соработници, па во договор со политичките партии наставните програми по безбедност се полни со непотребни и општи информации, како и најголемиот број на предавања, токму поради фактот што идните безбедњаци или разузнавачи да не го добијат практичното образование. Невозможно е кога ќе се вработи стручен образован кадар во разузнавачките служби на Македонија, да не дојде до заклучок дека: скандалите со прислушување ги прави опозицијата, а терористичките загрозувања на уставниот поредок партијата која е моментално на власт. И така од 1991 година до денес.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.