★ Кога ќе отидете со глувчето (маусот) врз зборовите со црвени букви, курсорот ќе се појави со „?“ и ќе ви се појави дообјаснување за дадениот поим/термин.
★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
★ Кликнете на зелените букви пред кои има триаголник за да прочитате повеќе.
ВМРО ТЕРОРИСТИ
„Независна, самостојна и единствена Македонија“, „Целовита Македонија“, „Македонија во своите етнички граници“, „Егејска, Пиринска и Вардарска Македонија е само цела Македонија“, „Македонија на Македонците“, „Независна самостојна македонска држава со помош на СССР“, „Независна самостојна македонска држава со помош на Англо-Американците“, „Македонија како независна држава дел од Бугарија“, „Македонија во конфедерација со Грција“...
Ова е идејата и идеологијата или подобро кажано идеите и идеологиите на организацијата, денес партијата ВМРО-ДПМНЕ низ годините од нејзиното формирање во 1893 година па се до денес. Оваа идеја и идеологија или варијации од истите се вика идеја и идеологија „од каде дува ветерот“ или „од каде има маст од кај вас“. ВМРО-вците после неуспешната револуционерна терористичка борба, преминале во цивилизирана интелектуално – дипломатска борба – за „вистинските“ ВМРО-вци предавничка борба по светот, вртејќи се како сончогледи кон „исток“ па кон „запад“, зависно каде сонцето „посилно“ греело, т.е. кој бил повлијателен да им помогне да ја спроведат својата вековна идеја „сите Македонци во една држава - Македонија“.
Историски осврт на ВМРО-вската идеја и идеологија
Како се „роди“ организацијата?
Во 1893 година, во вековите под тешко турско ропство, после 4, 5 века пљачки, силувања, присилен арач, данок во крв, кога веќе не се издржувало, се собрале во Солун шестмина идеолози од сите етнички делови на територијата Македонија, од Егејот, Пиринот и Вардарот на состанок. Таму е оформена идеологијата за единствена и обединета, слободна Македонија во нејзините етнички граници, Македонија на Македонците и на сите други што живеат во тие граници. Нејасна е оваа нивна идеологија уште од самиот зачеток ако се земе во предвид фактот дека Грција се ослободила од османлиска власт во 1832 година, Србија во 1835 година, а во Бугарија во 1885 година веќе била ослободена и автономна областа Румелија, а подоцна во 1908 и цела Бугарија. Идејата од самиот почеток е демагогија и мисловна именка, желба и стремеж, зошто Македонците во Грција заедно со цел грчки народ заедно си се избориле за својата слобода, зошто Македонците во Бугарија заедно со цел бугарски народ заедно си се избориле за својата слобода, зошто Македонците во Србија заедно со цел српски народ заедно си се избориле за својата слобода.
Но на македонскиот народ не му требало идеологија, му требало Македонска револуционерна организација на народот, масовна за да ја победи многубројната турска војска и да се ослободи од османлиска власт. На вториот состанок во 1894 година во Солун се удрени темелите на револуционерната борба. На тој состанок се јавил за збор по еден иден револуционер од секој етнички дел на Македонија.
Гоце: „Ние Македонците во Егејска Македонија веќе не можеме да живееме под турско ропство.“
Јане: „И ние Македонците во Пиринска Македонија веќе не можеме да живееме под турско ропство.“
Питу: „Ние Македонците во Вардарска Македонија веќе не можеме да живееме под турско ропство.“
Гоце: „Епа браќа Македонци, ајде да го кренеме гласот, да се организираме, да го организираме македонскиот народ и да почнеме револуционерна борба. На почеток, додека се организираме ќе бидеме Тајна Македонско Револуционерна (Одринска) Организација“
Јане: „Добро, ама немаме карта до каде сѐ не има нас Македонците.“
Питу: „Ќе си нацртаме до каде ни одговара.“
Христо Татарчев: „Ајде браќа да одиме да го организираме народот, имаме држава за правење.“
Организирањето на револуционерната борба: привлекување на народот да оди да бидат комити, вооружување, спремање стратегија и тактика траело 10 години, се до 1903 година кога требало да биде зададен главниот удар врз Османлиите. Низ тие десет години имало многу неуспешни и крваво задушени селски буни и востанија, поради малубројноста и неорганизираноста наспрема турскиот аскер.
Но, најмногу од сѐ во тоа време имало кодоши меѓу македонското население на кое помили и полесни му биле турските грошеви, отколку да земе кама и пиштол во рака и да гине од турскиот аскер. Нивната филозофија била „Зошто да ја сечеш раката која што дава“. Оттаму е произлезена и една позната песна од охридскиот крај „Бог да го бие Шпионот Велјан од Речица“, во која е опеан дедо му на вмровскиот кадар Трајко Славески.

Прочитај повеќе: за Велјан Славевски
Велјан Славевски од Речица, на Србите им го Шпионирал Штабот на ВМРО на Охридското востание, поради што во битката кај Рашанец во нерамноправна битка се убиени водачите на востанието Наум Златарев, Стефан Куртелов, Ламбе Берберчето, Аргир Маринов и др. Народот, дедо му на Трајко Славевски, Велјана го воспеа во песната “Бог да го бие Шпионот Велјан од Речица“.Извори:
Види: КОЈ ГИ НАПРАВИ ДПМНЕ И СДСМ (буг/мак.)
Види: КОЈ ГИ НАПРАВИ ДПМНЕ И СДСМ
Од што имало толку многу кодоши меѓу македонскиот народ, Османлиите им велеле дека „им паднала цената“, т.е. ги плаќале помалку,наместо по едно кесе со грошеви за кодошка информација, добивале само по еден грош.
Па затоа тргнале да применуваат нови тактики и методи за да чуе светот за македонското прашање и секако, да дојде да пушти рака и да не ослободи од турското ропство. За таа цел во 1901 година ја киднапирале мисионерката од Велика Британија Мис Стон, но тоа не вродило со плод. Потоа преминале на уште по хард методи. Новите тактички методи ги нарекле „Солунски атентати“ а нивните изведувачи солунски атентатори или гемиџии поради тоа што со гемија (сплав) оделе до Солун да ги изведуваат овие атентати. Еден од нивните најпознати атентати бил оној кога го кренале во воздух францускиот брод „Гвадалкивир“ на пристаниште во Солун и кога ја кренале во воздух турската банка во Солун. Овие нивни атентати всушност биле терористички напади, а нивните изведувачи всушност биле терористи. Наместо да отишле и да ја ограбат турската банка во Солун и да купат подобро оружје за борба, тие отишле да ја кренат во воздух банката заедно со невиното тамошно население, да му предизвикаат страв и да направат терор врз него, за да ги чуел светот. Го кренале во воздух францускиот брод за да ги чуе светот, наместо да побараат помош од моќната во тоа време Франција (која подоцна заедно со Велика Британија и помогнале на Грција да се ослободи од османлиската власт), па не е ни чудно што и денес не стоиме добро со Франција, а Грција е во одлични односи.
Како комитите на организацијата паѓале за слобода, така и идејата на организацијата ги намалувала своите граници. Па така во 1903 година се одлучило да се крене Илинденското востание во Крушево, бидејќи таму во Битолскиот округ биле најмногу организирани. Го кренале востанието на 2 август 1903 година, го ослободиле Крушево и формирале Крушевска република која траела 10 дена. Овој момент во историјата на организацијата се смета за најсветол. Добро можеби е најсветол зошто 10 дена било „светло“ т.е. слободно, но сепак ако реално ги погледнеме работите, додека соседните држави веќе речиси декада биле слободни на цела територија во нивните држави, во северниот – вардарскиот дел на Македонија, само десет дена во границите на само едно место имало слобода. Илинденското востание било само неуспешен пуч, државен удар врз отоманската власт во Македонија.
После неуспешната револуционерна борба во 1908 година организацијата се расцепила на две струи: реформатори и конзервативци. Оттаму произлегла Народна федеративна парија на Јане Сандански и Димитар Влахов, па затоа Сандански го сметале за предавник и му направиле неуспешен атентат.
Во 1919 се формирала нова организација со иста цел наследничка на ТМРО, ВМРО – Автономистичка на чело со Тодор Александров и Александар Протогеров. Револуционерната борба ја замениле со интелектуално – дипломатска борба. Во тоа време биле насочени кон „Исток“ т.е. кон СССР. Под покровителство на Бугарската комуниситчка партија Александров и Протогеров биле на Втората Интернационала т.е. на вториот состанок на Коминтерната, за да го постават прашањето за независна Македонија под покровителство на Советскиот Сојуз. Таму СССР им дал поддршка да бидат слободни и независни во склоп на тогашната бугарска држава. Во Виена, без знаење на останатите членови на ВМРО, Протогеров и Александров го потпишале Мајскиот договор во кој стоела независна Македонија како дел од Бугарија. Но подоцна го повлекле потписот, плашејќи се од реакциите на своето членство. Сепак од своето членство биле прогласени за предавници и подоцна биле ликвидирани. Така ВМРО му го свртело грбот на „Истокот“. Во 1934 година ВМРО било разбиено од страна на Кралството Југославија.
За време на НОБ повторно се активирала идеја за обединета и автономна Македонија, овој пат од Методија Андонов-Ченто. Тој на 24 јуни 1944 година заминал на Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија - НКОЈ на чело со Јосип Броз Тито. Овде го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласил, но не сметал дека тоа требало да биде непосредна задача.
Од 28 до 30 декември 1944 година во Скопје се одржува Второто заседание на АСНОМ (кое патем било вонредно). Јосип Броз Тито не дошол, што директно значело дека нешто не било во ред, туку го пратил Едвард Кардељ како негов заменик. Пред да си замине од настанот Кардељ му рекол на Лазар Колишевски (тогашен претседател на КПМ): „Се ближи крајот на војната, а со тоа се ближи и денот кога ќе се поднесуваат сметки кој колку сторил. На сметката на Македонија има пет големи минуси:
- најдоцна почнала со востанието,
- најудобно ја минала окупацијата,
- имала најмали разурнувања,
- имала најмалку жртви, и конечно,
- не учествувала во ослободувањето на Југославија.“
Колишевски избезумен го прашал Кардељ што да се прави, на што овој му одговорил: „Првите три работи не можете да ги исправите, но четвртата и петтата може да се поправат. Затоа ОЗНА треба веднаш да почне да апси и стрела, а вие под итно да испратите голема единица на Сремскиот фронт.“
Колишевски го повикал Апостолски, и тогаш почнале интензивните подготовки на војската која била стационирана на скопското Кале. Бил формиран 15-от Корпус, а војниците со обука и искуство од герилска војна, сега се обидувале да се подготват за сремската рамнина каде германските војски биле добро закотвени. Тоа, ним, очигледно не им се допаднало.
На 7 ми јануари 1945 година македонските партизани не сакале да ја послушаат одлуката на Белград да одат на Сремски фронт да се борат против Германија за да се ослободи Србија, туку сакале да одат да ги ослободат своите браќа Македонци во Егејска Македонија.
За ваквата нивна идеја не добиле поддршка од Југославија од проста причина што на Четвртата Московска Конференција во октомври во 1944 година на состанокот помеѓу Сталин и Черчил за поделба на влијанието после Втората Светска војна, Грција паднала под британско влијание. Доколку Југославија ги поддржела во оваа идеја, тоа ќе значело дека ќе треба да се борат против своите сојузници од војната против кои реално земено немале изгледи дека ќе победат.
Неправдата е во тоа што „Гоце Делчев“ * не го викнале на тајни преговори како да се подели Грција во Москва во 1944 година, кога на маса седнале Черчил и Сталин, да им ја завери салфетката.
(* Делот е ироничен посветен на неписмените емигранти на ВМРО што не знаат која година умрел Гоце Делчев, а кои ги глуми Цацко од К-15 кога вели: „Тито што не му ја даде на Гоцета Делчев Македонија самостојна да биди 45-тата.“)
За време Југославија од 1945-1990 ВМРО повторно станало организација која дејствувала под името ВМРО Правда, но овој пат со идеја Македонија да биде слободна и независна држава со помош на Англо-Американците кои ќе им дале вооружување и ќе им помогнеле да ја победат југословенската армија. Затоа биле сметани за внатрешен непријател и биле прогонувани од страна на службите.
За да ги избегнат суровите затвори на Југославија и политичкиот прогон бегале од Југославија и се иселувале во земјите на запад: Германија, Франција, Австралија, Канада, САД. Иако таму добро заработувале, сепак продолжиле со различни дејности да го подриваат југословенскиот уставен поредок, па така од внатрешен станале надворешен непријател на Југославија со кои се бореле безбедносно-разузнавачките служби. Југославија ги прогласила членовите и поддржувачите на ВМРО за терористи и сепаратисти, а ВМРО ја прогласила за терористичка организација, што всушност и била, затоа што Македонците кои од Македонија (од внатре во Југославија) работеле на остварување на нивната идеја биле домашни терористи и сепаратисти кои сакале со оружје да ја отцепат Македонија, што нормално било спротивно на уставните норми на Југославија, а нивните членови поддржувачи од странство биле спонзори на тие кои останале во Македонија. Важно е да се направи дистинкција дека имало разлика како некоја република може да се отцепи од Југославија. Имено во Уставот на Југославија од 1963 година стои дека сукцесија на некоја од републиките е можна само доколку сите останати републики се согласат со тоа.
Ова всушност има многу логика, затоа што доколку некоја држава се отцепи на сила тоа значи дека Југославија како нејзин сосед ќе стави вето на нејзиното аплицирање за членство во ООН, па нејзиниот статус би бил многу полош, сличен како на Република Српска во денешно време.
Тоа што вмровците не го разбирале ни тогаш а ни сега е тоа што не знаат која е разликата помеѓу термините: востание, револуција и граѓанска војна.
- Востание настанува кога народот со оружје се бори со постоечката власт со цел да и отцепи определено место и да го стави под свое владеење.
Неуспешно востание се вика дека е крваво задушено, што означува дека постоечката власт против која се побуниле побунениците/востаниците безмилосно ги убила на начин што „се задушиле во својата крв“.
- Револуција настанува кога народот имајќи ги на своја страна поголемиот дел од вооружените сили со оружје се бори со постоечката власт со цел истата да ја симне од власт, и на нејзино место да ги постави своите водачи.
Неуспешна револуција е акт за обид на државен удар и акт на тероризам (тероризам заради тоа што морално е народот да се исплаши од тој настан на кој извршителите вршеле кривични дела и сееле страв од политички причини)
- Граѓанска војна е кога и народот и вооружените сили се поделени и завојувани меѓу себе во еден ист град без надворешни непријатели, туку тоа е војна меѓу едни исти граѓани на еден ист град. Граѓанската војна почнува во еден град но најчесто се проширува на територијата на целата држава, иако останува да се вика граѓанска војна а не државна војна. Карактеристично за неа е тоа што таа не се прелива кај соседните држави и истата може да трае со години.
Нападот на Собранието на Р.М. на 27ми април 2017 година беше насочен кон демократски оформеното парламентарно мнозинство, со намера со сила да го смени од власт. Да успееше тогаш ВМРО како Внатрешна Македонска Револуционерна Организација ќе направеше револуција во Македонија и ќе донесеше нов Устав и ќе воспоставеше нов уставен поредок, но бидејќи тоа не се случи и револуцијата беше неуспешна истата сега се смета за обид за државен удар и за терористичко загрозување на уставниот поредок.
Факти за Македонската револуционерна организација и паралели со денешното ВМРО:
- 10 години од 1893 од кога се создале па се до 1903 се спремале за кревање на вооружено востание против отоманската власт;
- Гоце Делчев бил врховен инспектор на тајната полиција исто како Сашо Мијалков во УБК.
- 10 години од 1893-1903 имале воспоставено ефективна власт на тајна држава во државата или подземна република исто како што ВМРО 11 години имаа власт на држава во државата и подземна криминална република;
- Илинденското востание траело 10 дена и всушност било неуспешен пуч врз отоманската власт во Вардарска Македонија оти немало доволно народ и организација, зошто останатите Македонци од Егејска и Пиринска Македонија се ослободиле заедно со народот во нивните држави (Грци и Бугари) исто како неуспешниот Пуч на ВМРО врз собранието на 27 април кога немаше пак доволно народ оти седеа дома во папучи;
- ВМРО не ја ослободило цела Македонија зошто очигледно немало доволно вооружен народ комити т.е. војска која ќе ја победи османлиската војска исто како што Љубчо Ѓорѓиевски во 1990/91 година не собрал 8.000 војници за да биде нашата армија „Македонска армија“, а не Армија на Република Македонија (составена од сите народности кои се дел од неа)
- во 1908 година престанала да постои ВМОРО и се расцепила на две партии Народна федеративна парија на Сандански и Влахов и Бугарски конституциони клубови на дел од дејците на конзервативната струја, исто како и во 2003 година кога ВМРО се расцепи на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Груевски и ВМРО-Народна на чело со Љубчо Ѓорѓевски и Љубе Бошковски и „кружокот“ на Доста во Бугарија;
- организацијата се создала кога Турците посегнале по животите, честа и имотите на сите Македонци во 1893, како божем претходно 4 века и 70 и кусур години да не посегнувале;
- Кралството Југославија во 1934 година ги избришала од списокот на партии т.е. им ја разбила организацијата исто како што сега сака СДСМ да ги избрише од регистарот на партии да не постојат како ВМРО;
- „организацијата се бори против шовинистичките пропаганди и национални расправи кои го цепат и омаловажуваат населението во неговата борба против општиот непријател, дејствува за внесување на револуционерен дух и сознание и ги употребува сите средства и усилби за поскорешно и понавремено вооружување.“ т.е. против странски пропаганди, исто како што ВМРО денес се бори против странски служби;
- Бугарската, грчката и српската пропаганда дејствувале ретроградно врз националното ослободување на Македонскиот народ, исто како што и ВМРО цело време имаше проблем со соседите 11 години оти ни се мешаа во политиката;
- „се грижи за културното и економското издигнување на организираното население“ исто како што и ВМРО се грижеше 11 години да ни каже и покаже дека потекнуваме од Александар Македонски, од Филип и од Аминта Трети;
- ВМРО биле клеронационалисти во 1891 година што се гледа од примерот кога Митрополитот Теодосиј Гологанов во писмото испратено до проигуменот Дионисиј, напишал: „Ние Македонците немаме толку мака од Турците да ни е жив падишахот, колку од Грците, Бугарите и Србите, кои како орли на мрша се впуштија на оваа наша многустрадална земја и сакаат да ја расчеречат.“ исто како и ВМРО денес кога Архиепсикопот Повардарски Агатангел проповедаше вмровска идеологија во црквата во Велес;
- по принципот на историското ВМРО „Да се чува самостојноста на организацијата за да не падне под влијание на политиката на соседните држави“ и денешното ВМРО се чуваше да не падне под влијание на друга политика на соседните држави кои се во ЕУ и НАТО, па 11 години Македонија беше заробена држава;
- „Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеат во Македонија“ исто како денешното ВМРО да се со педигре: Сашо, Кољо од Јордана, Трајко Славески од дедо му Велјан Славески;
- по неуспешното Илинденско востание во 1903 година се поделиле на две крила: Реформско и Конзервативно исто како денес по неуспешниот 27 април се поделија на реформатори и конзервативци;
- исто како што историското ВМРО си имало свои Македонски литературен кружок на кој литературно се творело т.е. се регрутирале членови каде им велеле да се фатат за камата и пиштолот и да одат во револуционерна борба, така и денешното ВМРО ги има Вечерите на поезија „Патар Поп Асов“ каде на своето членство му велат да фати да седне на Фејсбук и да пишува и допринесува за партијата во фејсбук групите;
- историското ВМРО имало тајна пошта исто како што денешното ВМРО има тајна пошта само во Фејсбук групите.
Службата-Партијата-Миграцијата
Македонската емиграција главно ја подразбира ВМРОвска емиграција.
- По 1950-1980 година – бил првиот бран на иселување на ВМРОвската емиграција.
Тие се иселувале за да го избегнат политичкиот прогон од страна на безбедносно-разузнавачките служби во Југославија.
Во иселеништво продолжувале со нивните активности за остварување на идејата за самостојна Македонија надвор од Југославија. За таа цел печателе весници, и ширеле пропаганда, а во таа пропаганда активно била вклучена и православната црква што не е ни чудно што добиле поддршка од неа со оглед на нејзината забранета положбата во Југославија.
Овие нивни дејствувања не се сметаат кривични дела во земјите во кои се иселиле бидејќи не се насочени кон тамошниот политички систем. Тоа е исто како кај нас да дојде некој иселеник од Коста Рика или од Јамајка и да зборува и делува против тамошниот систем од кај нас со пропаганден материјал. Таквото делување не постои околност во која било како би ја загрозило Македонија.
Иако со оглед на овдешниот стандард тие таму добро заработувале проблемот бил во тоа што таму работеле тешки и макотрпни работи најчесто од областа на градежништвото со оглед на тоа дека не го знаеле тамошниот јазик. Велеле дека немале намера да се вратат во Македонија и покрај носталгијата за неа, но тоа било спротивно на нивните политички делувања.
Нема никаква смисла да верувале дека Македонија откога би се осамостоила дека стандардот на граѓаните во неа ќе станел како нивниот таму.
Делувањата им биле во насока да се оствари нивната идеја во Македонија, а со самото тоа тие би биле победници и би станале власт во таа нова држава, па таму би биле интелектуалци политичари наместо обични физички работници во емиграција.
Од 1991-1995 година – Вториот бран бил за време војната во Југославија.
Од 1999-2002 година – Третиот бран беше за време на Војната во Косово и воениот конфликт во Македонија.
Вториот и третиот бран иселувања биле под превезот дека иселениците се плашеле да не за својот живот поради војните.
Ова нема никаква смисла со оглед на фактот дека Македонија е единствената земја од бивша Југославија која се осамостоила без војна, додека пак во 2001 година во Македонија никогаш беше прогласена воена состојба.
Заклучокот од ова е дека и овие два брана на емиграција се всушност политички бранови во главно на ВМРО-ДПМНЕ и преку нивните канали за иселување кои ден денес функционираат главно преку Матицата на иселениците на Македонија и Црквата која користи посебен основ за иселување различен од сите останати основи по кои некое лице може да добие иселеничка виза.
Дека ова е вака ќе споменеме два примера:
1. Во 2001 година Канада давала визи за иселување на македонските граѓани поради конфликтот од 2001-вата, за луѓе кои биле жртви на истиот. Во овој период, после воениот конфликт, во 2002 година едно велешко семејство доби иселеничка виза за Канада поради ова, иако Велес како град не видел ниту една жртва од конфликтот.
2. Во 2013 година еден млад брачен пар од Велес се исели за Австралија без претходно да ги има исполнето условите за селење како на пример да има работна понуда, туку преку канал на македонската православна црква во Австралија, преку која и претходно сопружничката како дете била иселена таму.
Дека и овие два брана се политички денес сведочи фактот дека луѓето од овие два примери се подржувачи на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, се дел од Матицата на иселеници на Македонија и редовно присуствуваат на културните настани што ВМРО ги организираше во изминативе 11 години за нашата емиграција таму.
Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ се случува четвртиот бран на политичко иселување, овој пат со бугарски пасоши т.н. доброволно побугарување на македонскиот народ.

ВМРОвската матрица за кодошење и местење
Во владеењето на ВМРО кога во УБК се слевал буџет од 80.000.000 (80 милиони) евра, тие пари треба да претпоставите како се имаат користено.
При правење на споменици е најлесно да ги извадиш - тоа е уметност - уметникот си ја цени колку што си ја цени изработката и работната рака - таму нема проценка, нема вреднување на материјали, нема ништо што би можело да биде предмет на отчет, државата му ја плаќа и парите се извадени од државната каса.
Тоа по промената на власта, новата влада го карактеризира како „непродуктивно трошење“ и го укинува.
Како и да е, прашањето е што се случувало со тие 80 милиони евра во УБК.
Со најголем дел од тие 80 милиони евра се финансира соработничката мрежа. Еден куп легачки фамилии вбројани во мрежата седат дома зимаат по минимум 8.000 денари дополнителен приход на месечно ниво и поднесуваат извештаи до УБК за све и свашта. Не се дели битно од не битно, се е битно, информациите не се за безбедност на државата туку за интерес на партијата.
При разговор со неколку специфични луѓе кои живеат на малку по различен начин, пример таткото пензиониран од 6-та управа, мајката вработена на државно во едно погранично село, а тие единствени Македонци таму, синот не вработен, а прима 8.000 денари работи во својата стручна сфера, и со пола уста кажува дека државата му дава пари, само не може да објасни по која основа точно. Јесте срамота е наместо разузнавач да бидеш кодош, и искрено кога му ја кажав разликата меѓу кодош и разузнавач само си ја наведна главата се виде му падна тешко. Добро во него имало барем доблест барем за толку. Во најголем дел од случаите, најчесто необразованите кај нив нема ни чувство ни доблест има само легачење и кодошење лапање пари за џабе од информации од типот „види го комшија трет пат се враќа од продавница“ или „ако треба за тие 8.000 денари шо ми ги даваат за џабе има да спијам на балкон, и кога ќе излезат комшииве да седат на тераса ќе им го слушам муабетот па да пренесам“.
Овој хаос од информации едно време бил толку голем што не биле проблем да се плаќа туку немало човечки ресурси да го анализира и обработува и тогаш доаѓаат до ламњата на денешницата, мрежата се дигитализира комплетно, се децентрализира, се вади од УБК, се става на клауд во форма на ПРИВАТНА ФЕЈСБУК ИНФОРМАТИВНА ГРУПА каде што се слеваат тони и тони информации по дадена потреба на било кој нејзин член. Па така доколку некој член го интересира нешто за некого пишува тоа што знае, а другите му даваат информации или пластично тоа изгледа вака:
Прв член: Трајко Трајков, работи во судот во Велес.
Втор член: Кај нас вработен е на позиција таа и таа.
Трет член: Кај нас во социјалното е осигурен на основица 23.980 денари.
Четврт член: Јас имам учено со сестра му, преселена е у САД.
Пет член: Човекот настрана од ова пишува правни договори на приватно, зима по илјадарка.
Шести член: Имаат фамилијарна печатница, Шумското ги штампаат деловните книги кај него.
Седми член: Ја учев со него во средно, на прекар го викавме така и така.
Осми член: Татко му беше адвокат, ама умрен е. Познат е по случај тој и тој, кога падна овој босов што беше...
Деветти член: Кај нас у катастар, пишува дека 2 ниви гласат на негово име, и на име на сестра му.
Десетти член: Мени ми должи пари, може да ја правиме работава да му речам да ми ја даде една од нививе, па ако има некој да му ја рентам, иначе нема да ми се вратат парите.
И така до недоглед.
Сето ова е целосно легално, а фрчат само приватни информации, групата не е јавна, се базира на трач, или жолта штампа, и членовите за себе сметаат дека никој на никого не обработува податоци.
Вака е направено за секого се да се знае, и на овој начин, во комбинација со еден куп легачи се спонзорира вмровската матрица, и се контролира општеството и што е уште поважно се контролира членството.
ВМРОвци
Јас сум ВМРО = Јас сум терорист и клерофашист; Јас сум пропаднато востание, измислена историја, поддржувач на лица осудени за воени злосторства, бугарофил, лажго најголем на светот, губитник на национална војна, човечките вредности не се дел од мене...
Прочитај повеќе: за клеронационализам и клерофашизам
клер – скратено од клерикализам - е појава кога свештенството настојува на одлучувачки начин да влијае на политичкиот и општествениот живот, реализирајќи ги своите верски вредности и морални начела на начин кој најмногу му одговара на свештенството. Клерикализмот е спротивен на начелото на секуларност т.е. одвоеност на црквата од државата.
клеронационалисти – националисти со нагласени религиски т.е. клерикални компоненти
клерофашисти – припадници на организации и движења кои ги комбинираат религиските елементи со фашизам, или подржуваат фашистички режим предводен од свештенството.
Познавам еден куп вмровци пола од Македонците се вмровци. Ги познавам отсекогаш од кога бевме деца. Не ми беше јасно зошто во претсобјето после влезната врата во куќата имаат метро-на-метро црвена плакета со жолтиот лав – симболот на ВМРО (а кај еден мој комшија симболот беше и две-на-две во гаражата, џоа таму ВМРО се родило). Во денешно време ги нема тие плакети, само сепак се размислувам дали тоа бил симбол на отпорот спрема власта? Верувам дека за таква ствар во Југославија Тито на Голи Оток ќе ги прател.
ВМРО наместо да им го покачат стандардот на луѓето да не им е тешко за една куќа и две ниви што ги изгубиле во Егејска Македонија, или пак да се трудат да го решат проблемот со името и потоа да договорат некоја праведна репарација за сатисфакција на народот, и да се помират со соседите, со векови го трујат и лажат народот дека ќе се изборат за нивните изгубени права, а тоа е толку веројатно колку и тоа во Грција да падне метеор и да го убие целото население, и така празната територија ВМРО да оди и да ја прогласи за своја.
Моите родители не ме труеја со политика, и многу сум им благодарен за тоа. На школо децата не ги делев по партии нашите-вашите, верувам дека тие кои повеќе тоа го истакнуваа добиле или изгубиле нешто од некоја партија и нејзиното владеење.
Но, сепак децата не е беа лоши, не беа терористи или клерофашисти, бевме само деца. Некои од нас викаа вие вака - тие така, но партиската тема не фаќаше ни повеќе од 5% од нашите муабети дури и кај најтешките случаи на пример кај некој што дедо му бил градоначалник, или татко му бил директор у некоја голема фабрика а тие двајца поддржуваа различна партија.
Некои што поминаа малку потешко во животот со дрога или со малолетничка проституција викаа „еднаш се живее“ односно треба да се обезбеди иднината. Тие девизи не им поминаа ни во животот ни во средината. Имаше и деца чии родители беа бркани од работа заради кражби од работно место.
Сепак тоа беа добри деца, добри другари/ки. Кога ние бевме деца на професорите им беше забрането да зборуваат на школо за партии, и да изразуваат свои партиски ставови. Без разлика колку некој професор(ка) бил партиски активен дури и ние децата да го прашавме нешто, па дури и да се осмелеше нешто да каже, никогаш не спомнуваше име на ниедна партија, никогаш не можеше да се види некое одмаздувачко постапување спрема било кое дете како партиски неподобно, или дури и на некого да му попуштеле поради партиска врска тоа би било на совет, и никогаш со негово фаворизирање на часовите.
Во денешно време имаме професори терористи – човече влегуваат 100% во дефиницијата за терористи, клеронационалисти и клерофашисти, за поддржувачи и потпомагачи на терористичко загрозување на државата. Па ме интересира искрено што ќе рече некоја професорка не дај Боже професорка по македонски јазик, иако сеедно е по кој предмет кога некое дете ќе стане и ќе ѝ ја прочита на професорката дефиницијата за тероризам, клеронационализам и клерофашизам, и уште да и заклучи дека она е терористка, клеронационалистка и клерофашистка?! Па како тие професори ќе можат да ги погледнат децата во очи?!
Лани, (во 2017г.) после 27-ми април на Интернет имаше некој видео клип снимен со мобилен во некое училиште каде застанала професорката и вика: „Арно им направија во собрание си заслужија.“ – АЛООО треба човек со инка у главата да ти напика дека со тоа што го кажуваш подржуваш тероризам, после може да се облечеш у елек со бомби да застанеш пред децата во паркот и да им речеш „Јас сум добра професорка еве гледајте што правам за вас. Сега ќе ви покажам како да станеш бомбаш самоубиец. Ајде тргнете се настрана и гледајте внимателно оти ова ќе го направам само еднаш, а после кога ќе ме нема мене, не се секирајте ќе пратат од партија некој на замена.“
Фанатизмот кој го развиваат вмровските членови навистина ги надмина сите граници на нормалното и разумното. Слепото следење на бесмислената идеологија под водство на било кој лидер, поставувањето во крајна сервилност кон партијата, кога треба, каде треба и што треба кога ќе свирне лидерот, продавајќи се за сендвич и 8.000 денари кодошарина, и враќањето на историјата уште малку па до пред да настане човештвото, е надвор од умот. Доволно е членството да биде нахрането за да биде верно кому треба и кога треба.

Драги ВМРО-вци, меѓу 20.000 нелегално прислушувани граѓани на РМ. во периодот од 2008-2015 (според СЈО до 2017) верувајте дека најприслушувани сте биле вие, затоа што вашата партија беше на власт, а на партијата и е најважно да се одржи што подолго на власт, а тоа е можно само со партиско-зависни членови, а не самостојни и прогресивни членови. Вашите идеи, вашите бизниси, вашите напредни планови биле саботирани да не успеваат за да останете зависни од Партијата, а кои од вас да бидат прислушувани Управата го одлучувала откако оперативните врски - КОДОШИТЕ на оперативните работници на УБК ќе им јават за некој од вас дека е интересна личност (иновативна или финансиски добро ситуирана личност или многу е веројатно истото таа тоа да стане во блиска инднина), па вашиот број 5та управа ќе го стави на следење.
Разбивање на Обратниот инженеринг на матрицата на ВМРО-ДПМНЕ направена по моделот на КПЈ
ВМРО-ДПМНЕ со купување на озлогласениот софтвер за следење на комуникациите FinFisher, кој го имаат купено само земји со кои владее режим, и докажаа дека се тоа: тоталитарен режим кој сака да има тотална контрола, односно контрола врз сѐ! Иста онаква контрола каква што имала Комунистичката партија на Југославија – КПЈ од 1945-1990 и од која ВМРО-ДПМНЕ кажува дека страдале, дека интелектуално биле задушувани и измачувани по озлогласените затвори и логори на Југославија, а всушност им се восхитувале на КПЈ и на системот на титова Југославија кој толку добро функционирал, што нивната вмровска идеја и идеологија 45 години не победила и не го видела светлото на денот. Ова пак значи дека КПЈ имала тоталитарна контрола над сѐ во Југославија и дека токму таква тотална контрола посакувало ВМРО-ДПМНЕ, па затоа и тргнале да го копираат системот на КПЈ, правејќи му обратен инженеринг (анг. reverse engineering) во речиси сите сфери на општественото живеење, а најмногу во безбедносно-разузнавачкиот систем. УБК и функционираше како југословенската УДБ-а со огромни мрежи за кодошење , само овој пат во форма на Фејсбук групи, зошто кодошењето се исплати. За седење дома и споделување на информации на Фејсбук или пак за било какво друго кодошење ќе добиеш парична награда или награда во форма на услуга која ти е потребна. На УБК и беа потребни само морално политички подобни кадри како на СДБ во Југославија, а не стручни и способни кои ако ги вработеа, дефинитивно ќе ја хакнеа нивната матрица на работење. УБК ги следеше сите комуникации за да нема интелектуални , бизнис или партиски изненадувања за ВМРО-ДПМНЕ, за се да бидат превентивно известени.
Со пресудите без докази направија политички затвореници какви што биле и нивните претходници по југословенските затвори. Тито велел дека: „не треба да се држи до законот како пијан за ограда (во смисла на: слеп за стап)“. Груевски во бомбите автентично ни толкуваше која е разликата по закон помеѓу донација и рекет, искуство кое сигурно го има здобиено од гласањето на неговата партија за автентично толкување за амнестијата на Хашките случаи во 2011 година.
Со контролата на медиумите како онаа на Тито во Југославија го креираа јавното мислење и слободната мисла кај народот: што се случило и како се случило ќе каже ВМРО-ДПМНЕ.
Преку медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ се агитираше и се ширеше пропаганда по нивна мерка со цел да делува спрема науката и сеќавањето на народот, иста онаква каква што имала КПЈ во Југославија преку својот Агитпроп (посебно тело за агитација и пропаганда на КПЈ).
Тито ќе кажел: „Слободата на печатот не може да биде безгранична и не треба да му се дозволи на печатот да беснее... ...Мораме да бидеме остри кон печатот... барем привремено да ги затвориме можностите. Ќе одржиме итен состанок со печатот... ...Штом некој нешто напише во печатот, тоа е доволен материјал и на тој основ може веднаш да се уапси и да се изнесе пред суд... ...Нашиот печат дивее. Јас мислам дека на печатот треба да се удри, да не може да дивее како досега. Треба да се преземат потребни мерки и да се оствари контрола тоа да не може повеќе да се прави“.
Груевски пак, за незгодно прашање поставено од новинарите ќе каже: „Ќе си го добиете.“
Со местењето на низа изборни циклуси од 2008 до 2014 година ни покажаа дека на избори граѓаните имаат да избираат помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и Никола Груевски, исто како во Југославија во која системот бил еднопартиски па изборот бил само КПЈ и Тито.
Каква историја ќе учиме и знаеме и кој има заслуга да биде дел од неа ни кажуваше ВМРО-ДПМНЕ извртувајќи го целото историско и културно богатство преку нивните споменици и музеи, другите се заборавени исто како во Југославија после НОБ.
А што правеа вмровците од 1945 до 1990 година, Македонија не постоеше ли, немаше ли историја? Битен е Пирузе, не е битен Тито, а и тие во 45 години испишале историја во своите животи: се родиле, се образувале, се ожениле/омажиле, имале деца, работеле, имале внуци, остареле, а некои и умреле. Ама не, вмровците 45 години не живеа во Југославија, туку живееја во облаци гушкајќи ја својата идеа за самостојна и обединета Македонија.
Историјата е таква каква што е срамна или славна, и најбитно од се е да биде во континуитет затоа што само така еден народ и една нација можат да го докажат своето постоење и трагот и печатот што го оставиле низ своето време.
Иако до следната 2019 година ќе поминат 100 години од формирањето на КПЈ, во Р. Македонија се нема променето ништо, затоа што ВМРО-ДПМНЕ го прекопираа системот и моделот на функционирање на Југославија. Единствено различни се во две работи:
Првата, ја издигнаа Црквата да им помогне во владеењето во државата, која благословува кој да стане градоначалник, како да се вика државата, да повика на вооружена борба на протести. Со ставањето на Црквата во позиција да може да им помага и да го подржува нивното владеење со државата, а во комбинација со паролите од типот: „Македонија на Македонците!“ и „За Шиптари гасна комора!“, покрај тоа што и претходно беа прогласени за терористи сега се декларираа и како клеронационалисти и клерофашисти.
Второ, времето во кое живееме е дигитално, па го заменија магнетофонот за прислушување на УДБ-а, со напредниот FinFisher, за 11 години да водат сајбервојна со сопствениот народ и им ги „ловеја“ т.е. им ги крадеа, уништуваа и забрануваа нивните напредни: идеи, планови, проекти, бизниси, решенија и мисла.
© 2018-2024, Управување со Дигиталната Безбедност и Анонимност, Жарко Ѓуров и Лилјана Ацковска. Сите права се задржани.
© 2018-2024, Managing with Digital Security and Anonymity, Zharko Gjurov & Liljana Ackovska. All rights reserved.